Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Ване, не молчи му. Удри! Арсо се сврте кон Цанета и зачудено го погледна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оди, моли, не молчи, вика Оливера по Манол Форевски.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не молчам, вели татко, сакам да пеам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Литературата не е соучесник во овие процеси, туку по налог на својата специфична функција таа е само сведок, честит и храбар сведок, којшто не молчи туку гледа и кажува, добро гледа и добро кажува и трајно посведочува.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Им кажува нешто но само тие да го слушнат а тие како да го разбрале легнуваат на грб и се грвалаат по правта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)