Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мисирков не беше и не можеше да биде против самата ТМОРО, но тој многу продорно, уште во самиот тек на настаните, ги согледа слабостите што загрижено и ги потсилуваа некои заинтересирани странски фактори, не одбирајќи притоа методи и средства.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога чумата ќе заминеше понатаму влечена од широкиот, пијан замав на својата коса која сече не одбирајќи, зрело и незрело, портата на замокот повторно стануваше мост.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не одбирам сега место за одење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, и јас уште не сум за фрлање: ми идат некако назгодно и мавам, не одбирам место.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе од ништо не се гнасам, што се вели, ништо не пребирам. ,Гладна свиња не одбира помија", велеше дедо. 18.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се тркаламе по лединките од сува трева, не одбираме место.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, не знае на кој јазик зборуваме, ни еден збор не одбира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таквите сцени се случуваа и во бавчите пред работниците, тој не одбираше место, штом ќе се најдеше во нејзина близина таа или мораше да седне за тој да се смести во нејзиниот скут, или да остане простум кога набрзина ќе се счепчеше на нејзината половина чиниш како кога се качува по стеблото на некое дрво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Никој, вели Дуковица, чекаме да разбереме. - Што да разберете, велам, ништо не одбирам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не бре, вели Мисајле Ковачот, тие не одбирале села. Тие секаде влегувале, вели и земале сѐ што ќе најдат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)