не (чест.) - пишува (гл.)

- Ти не пишуваш. Ти толку ретко ни се јавуваш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ама, дедо, во книгата не пишва така. Ти тоа сам го измислуваш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шеретски ме погледна дедо, се потсмевна под мустак и продолжи: - Така де, во книгата не пишува така, ама со умот треба да си кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа, можеби, апсолутните личности и не пишувале: Исус Христос...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во оваа смиспа тој не пишува за да ја замени својата жива реч туку поради тоа што постои несовладлива разлика меѓу човекот и напишаното: тоа е, пред сѐ, големата, егзистенцијална оддалеченост меѓу него и - записот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Прва негова стихотворба. Убава? Којзнае. Тој не знае. Тој никогаш не пишувал стихови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тавел, не пишуваше класични сценарија, туку смислуваше ситуации кои ќе предизвикаат инцидент, односно предтекст којшто на протагонистите ќе им даде само­доверба и истовремено простор за импровизација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто ја срамиш професијата на рускиот поет?“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А тој одговара: „Срам ми е, Гаврил Романович, но што да се прави: не можам да не пишувам...“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Помилувањето од претседателот на републиката врз него делуваше, како што се знае, како завршен удар, бидејќи шест години потоа не пишуваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Ти да не пишуваш романи?“ „Така некако“, вели авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо беше толку возбуден од тоа што себеси се најде во телефонската книга на Сан Диего и задоволен со тоа што најде блок каков што несвесно барал можеби сиве овие години откако не пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јазикот мој превртлив зарем не е? Не пишувам ли за да заборавам?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој сив примрак рамениците на заробениот уште повеќе се подвиткуваат, неговиот нос го допира писмото. Не пишува со носот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знам дека не пишувам и не осознавам ништо ново, дека и јас живеам или се обидувам да живеам нечиј живот, нечија стереотипна визија преполна со перверзии.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Држејќи го паспортот сѐ уште отворен, тој ја праша со променет службен глас: – Колку години имаш, Мајко? – Да ти кажам колку години имам, зар не пишува на пасошот?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го подигна весникот. „Тука нема ништо за тоа.“ „Сите знаат, затоа не пишуваат.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)