И одеднаш заплака, мртво, стегнато и лудачки, покривајќи го со рацете лешинското лиценце.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зошто плачеше? Тој самиот не знаеше ништо за тоа, но секако не плачеше по својот минат живот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Речиси никогаш не плачеа ниту за време, ниту по ќотекот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Немој, Мими, не плачи, - ја повлекува за лактот пониската од двете жени.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Денеска никој од нас не плаче.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Почувствував дека некој ја подотвори вратата и влезе во собата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Не, врати ги солзите, мажите не плачат - откако паметам секогаш така ми вели тато. И затоа не можам да плачам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
— Не плачи, сину, не плачи. Гледаш? Бегот тебе сака да ми те удоми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не, Мишо, немој. Не плачи, не парај ми го срцето. Јас ти реку и пак ти вела оти си стоа на зборот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И Толе го јавна коњот, го дупна по Јована и си ја запеа старата омилена арамиска песна: Не плачи, мајко, не жалај мори, не жалај Не рони с'лзи крвави, мале, крвави По твојте бели јобрази, мале, јобрази Оти ќе стана ајдутин, мале, бунтовник Турчинот не го јоставам, мале, јостапам Турчин да ми се башари, мале, тамбари, На татковото јогнишче, мале, јогнишче На мајкиното катишче, катишчо На сестрината постела, мале, постела...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го позастана малку коњот и виде дека Трајко ги задржа Турците, му ја пушти уздата и го потера полека нагоре, дочекувајќи ги другарите по него, и како секогаш што правеше, си ја викна својата мила песна: Не плачи, мајко, не жалај, мори, Оти ќе станам ајдутин...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мажите не плачат како нас жените.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но Даскалов не пропушти да ме укори: „Ајде, не плачи!“ Не, не грешам!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали имаше некоја жена која не плачеше?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Не плачи, те молам,“ повторуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од кујната одново почнува да се слуша пијаното пеење на Фезлиев: „Не плачи, мило моме, не жали, Јас пак ќе се вратам...“)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Пее, како и на почетокот од овој дел, додека сам стражареше: „Не плачи, мило либе, не жали Јас пак ќе се вратам...“
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Не плачи, Малино моме, не жалај, утре ке одам партизан, на Караорман славен планина.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Не плачеме, вели, тоа дождот ни тече по образите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така, така, ми угасна... Капинка моја. А како да не плачам?! Тогаш не можев, не ми останаа солзи. 169
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На крајот чита и поздрав до мене, и поздрав до Ангелета... Да не плачам ама не можам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Е, добро не плачам повеќе. Ама солзата ме плакне кај што ме боли. На болачето. 115
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ај, не плачи, вели Уља, оти ако чуе волкот, ќе ѝ каже на мечката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оти оган веќе не држи и деца веќе не плачат во таа куќа. Само бурјани трева, бозје и цволика ѝ се пикаат во темелите, во ѕидовите и ја поткопуваат отсекаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И тогаш без лелек и солзи оставила деверите да ја одведат до вдлабнатината во ѕидот на кулата: чунки и самата знаела дека мора да умре, барем можела да се воздржи да не плаче.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И кога чедото ѝ го тргнале од боските, таа наредила да се однесе на спиење, но цела ноќ под ѕвездите се извивала топла приспивна песна, која и оддалеку била доволна за да не плаче детето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сетне и срцето, секогаш во согласност со животот, ги проретчило своите отчукувања.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во тој миг можел да и се слушне старечкиот глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Како и денес, и тогаш се знаело дека птиците не плачат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кога умирал дедо ми, за да ги успокои домашните што плачеле околу него, им рекол: „Не плачете...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Никој не плачеше, ни од рисјаните, ни од Турците. Човекот што толку љубеше, се покажа дека не бил толку љубен од никого.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По нив се точкаше многубројниот народ. Никој не плачеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој се свртел и им рекол: - Ќерки Ерусалемски, не плачете за мене, туку плачете за себе и за своите деца.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Не плачи мајко што настран сум станал времето е модерно, времето е анал педер да бидеш ич не е срамота таквите најмногу ги примаат на работа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Чуј, ти реков. Не плачи. Сите приказни ти ги оставам. Уште малку и тие ќе процветаат на нашите три маслинки во паркот. Сите, приказни, Марија.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Молчи, мајко, не плачи! - ја утешуваше тој.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Немој, мори мајко, не плачи за Силјана, ѝ велел Велко, оти за Велигден ќе си дојде аџија.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
„Што се случува?” „Ништо”, рече Ренди. „Ти плачеш.” „Не плачам”, рече Ренди.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Оној кој не плаче никогаш
освен кога лаже, се поигрува
како ли ја збори вистината
премолчуван, преименуван
преиначуван, забрануван
со амајлии истеруван
со клетви застрашуван?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Мамо“, реков. „Не ми зборувај за ништо што веќе не го знам”, рече таа. Не плачеше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ме лажеш дедо... Ме лажеш за да не плачам...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
„Враг нека носи сѐ... Не плачи... И ова ќе помине”, ја успокојуваше Трајан, но таа му олцкаше во градите; се обидувеше да ја смири, но и нему срцето му олцкаше и бегаше со лицето настрана за да не му ги види очите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
РАЈНА: Не плачи сине. Мама е тука. Сѐ е во ред.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Госпоѓице Софи извинете, заради нас тато ве искара. Ве молам не плачете, толку ми е жал...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И ме прашуваат, Како ти оди љубовта, душо?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сѐ уште не сум мажена затоа што не сум го нашла правиот човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не знам кој е тој, но ќе знам штом ќе го видам, и тој ќе личи на нешто, и нема да се курва.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Јас не плачам. Сите жени на оваа маса носат очила. И пушат. Мензата е како оџак.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Еве ја превисоката порта на оној еден тетин, исто така, тетин Герман каде што Шишман скрши стомне и после за да не плаче некоја жена му даде цела свадбарска џувка со шекерчиња.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
— Не плачете од денеска за утре, вели Апостол Макаровски, изгледа одново ќе нѐ судат во Букурешт.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ај, да не плачам, ама како?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Не плачи, те молам Саше, не плачи, не си ти виновен, јас сум! – го прегрнав и се расплакав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Саше, Сашенце мој, не плачи, Бак се врати – викав јас истовремено, ама од неговите пискотници, толку силни и неутешни како некој близок да му умрел, и од викањето на Тета, тој мене не можеше да ме слушне.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но, таа ме чу. - Каков Бак, што е тоа со Бак, за што зборуваш? – ми се сврте.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Е, сега претеравте – згрме страшно со тој нејзин глас од кој, кога е навистина многу лута, коските ми се стресуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)