не (чест.) - поминува (гл.)

Но зашто тогаш не поминуваше никаков воз по железничка линија, кој би можел да биде бомбардиран, а не допираа ни шумови на моторни возила што се точкаа по Битолско Џаде, појавата на аеропланот силно ги изненади и ги возбуди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не поминуваше ни ден, а шпиони и саботери што работеле под негова директива да не беа разоткриени од Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не поминуваше ни една недела а таа самата да не ни спомне што било за мајка ни, да не нѐ потсетува на нејзините особини за кои ѝ раскажувал татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И, сум дошла неподготвена, да не речам ненајавена, а таквите не поминуваат добро. Тие поминуваат лошо, многу лошо...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во било која од комшиските... за да знае дали веќе поминал. Но тој не поминуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ми личат на чуденки кои заскитале по патеки што водат низ ормани, честари, гори!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На што ли ќе личат кога ќе се појават на чистинката низ која води изгазена јасна патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми никогаш не спомнуваше имиња од нејзиниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и сознанијата до кои божем доаѓам не поминуваат без многу прашалници.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓу масонските браќа на Карер се наоѓаа припадници на сите сталежи, нации и религии, така и ложата од Закинтос токму поради тоа цутеше од братска активност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Престанете да се правите луд - мирно проговори есесовецот - тоа кај мене не поминува!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Бидејќи, еве гледам, твоите играчки се тврди за забите на моите мечиња, значи не се јадат, продолжи си го патот и другпат не поминувај одовде, оти јас немам многу доверба во оние што личат на тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но не поминува многу време, тој пак се сеќава за колачињата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе зинам пак да викам, вели, и тоа е некое празно место, кај што никој не поминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)