Еден од нив го фрли шишето во ѕидот, белки ќе се исплаши оваа лоша „стража“, ама и тоа не помогна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Советите и карањата не помогнаа, та Стојо ја употреби и својата власт и сила над Митра како маж над жена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Една, две опомени не помогнаа. Се пристапа и кон други мерки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Не ода на даскал ако не ме дадиш во пансионот! — отворено му застана на татка си пред учебната година. Не помогнаа ни неколку стапчиња по задникот, ни кавги, ни аленици оти ќе го истера од дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Татко му подаде една од лупите, но и тоа не помогна, зашто тој, всушност, не можеше да ја разбере архаичната стара османица на кадиите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но, ете, ништо не помогнало: не помогнале ни потерите, ни наредбите, ни уцената во златни лири...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Но, сѐ напразно. Ништо не помогнало.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Повикаа еден лекар - не помогна. Повикаа друг лекар - и тој не помогна. Зорица никако да оздрави.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Попот се опна да ги задржи, се опнаа и самарџијата и татко му на ибн Пајко, ама тоа не помогна и Бошко, кој истрча пред попот Ставре, прв се нанижа на турското сечило.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но не се вратив за тоа. Неделко Шијак е болен. Не се фаќа за нас благословот на игуменијата. Навистина не сме му мили на господа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Кажи му го тоа на Проказник. Тој е башарија. - Ако не помогнеш ти ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пискаше Богдан, молеше, плачеше, пцуеше, но ништо не помогна. Отиде и Анѓа, во рацете на некрстените како пред десет години внучето Ангеле од сред Атпазар во Прилеп.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не помогна ни пролетта која по два-три месеца довјаса да и ја исцели големата рана на душата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Но ништо не помогна: - листенцето си остана стуткано.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Повторното пеење арии од „Кармен“ од страна на таткото не помогна.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Не помогнале дури ни ургенциите на другите Козаци кои мислеле оти постојат причини за да веруваат дека станува збор за вистински генерали.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)