И Толе го јавна коњот, го дупна по Јована и си ја запеа старата омилена арамиска песна: Не плачи, мајко, не жалај мори, не жалај Не рони с'лзи крвави, мале, крвави По твојте бели јобрази, мале, јобрази Оти ќе стана ајдутин, мале, бунтовник Турчинот не го јоставам, мале, јостапам Турчин да ми се башари, мале, тамбари, На татковото јогнишче, мале, јогнишче На мајкиното катишче, катишчо На сестрината постела, мале, постела...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)