не (чест.) - седне (гл.)

Арно ама, гранката беше незгодна за сечење, не можев да се држам ни да ја сечам, освен ако не седнам на неа и да ја сечам меѓу мене седнат и главното стебло.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Џбонаше низ темничината, сѐ додека не се добра до креветот и не седна тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нина не седна. Тргна накај двете девојчиња со кои претпладне скокаше ластик.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Затоа следниот ден излезе пак да го чека истоименикот, но сега не седна на талпата пред продавницата туку на еден камен веднаш зад аголот пред уличката во којашто се наоѓаше неговата куќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Стариот се помрдна и ми направи место на клупата, но не седнав, туку се потпрев на ѕидот и запалив цигара, за друштво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)