Чана не седнува на столица, туку своето големо тело го спушта врз сламарникот на еден од креветите, ги продолжува зборовите на Пелагија, малку како на шега Ми как Пено ним да сваљкате ошче адночко оти било широчко! и гррр удира во смеа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- - - Не седнуваш, велам, на софра - продолжуваше баба, како да не слушна што ѝ порача дедо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потстанувам – не седнувам, моето тело на нозете се потпира.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Таа по цел ден не седнува. Постојано нешто работи. Риба, мете, тресе, готви - што ги не!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
На масата беше вечерата покриена со бела чиста крпа, тој ја креваше крпата, безволно јадеше, често и не седнувајќи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А, ти домаќине, без макано, без прст лигда во тиганот, на софра не седнуваш...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)