„Не, не! Дождот не! Гледате, не сум наводенета, автобусите минуваат близу каде што живеам“ писателката внимаваше да не стапне во некоја лочка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но тој и војската уште и не стапнаа до Имотот, Источната порта широко се отвори, а двајцата мажи што излегоа од неа, во господарска облека и невооружени, пријателски му појдоа во пресрет. и сам садриазамот, погодувајќи им ги намерите, ја запре војската.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Селим-бег од Коњари продолжи да раскажува: – Ене онаму, откај што огрева сонцето – и покажа со рака преку високите Селечки Планини – таму зад оние високи ридишта, велат имало земја каде што наша нога не стапнала и имало луѓе – ѓаури што не признавале ни цара ни везира.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Излегувајќи за последен пат од дуќанот на својот светијован плукна на прагот и се заколна да не стапне веќе во него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Те оправдувам, дури и да заговараш
во последен момент
малку дивина, неосквернето својство на природата
(кајшто човечка нога не стапнала!)
малку самољубие, „соба за себе“
морски залив
колку да не заминеш од овој свет
пренесена жедна преку вода
- ааах, Доме мој сладок!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Одонде, од кај брлогот на бабата Петра, на Чана и Добра се крена една сенка и внимавајќи да не стапне врз некого, се пробиваше на кај влезот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)