Други книги тој скоро и не читаше, во однос на убавата литература се задоволуваше со неколку рецитации, научени во гимназијата, но кои уште за чудо добро ги паметеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ти крсти, а тоа прди сѐ кај стигне. Не читаат ли весници? Не слушаат ли радио?
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Иако ова често се нарекува „читање“ или „извршување на инструкција“, таа метафора може да доведе до заблуда, бидејќи (како што Rychlack забележува) хардверот не чита и не може да не извршува, ништо повеќе отколку што може човековиот имунолошки систем.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се сеќавам дека таа дилема ме мачеше уште како мал, кога на училиште се делевме на оние што не читаат и оние што читаат „Алан Форд“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И, додека едната баба го читала Мопасан, другата воопшто не читала; не дека немала време, ами затоа што била неписмена, не по своја вина (немало кој да ги пасе говедата).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Младоста ја минувате на корзо грицкајќи семки. Не читате ништо потешко од стрипови за гусари.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Што правите вие, госпоѓо Параскева? Зјапате пред себе? Чекате да дојде време за спиење? Зошто не читате нешто?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Што ме гледате така глупаво. Не читате весници, господине, весници, а ако сакате да останете кај мене во служба ќе морате да бидете подобро информирани.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Зошто од зло позло за
добро?
Зар Оној Горе не чита мисли
и предумисли?
Зар не разликува
Оној-кој-сѐ-гледа?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ете така: едноставно живуркаше...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со никого не се допишуваше. Не читаше весници.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но сепак, тоа не го спаси од двете посети во тишината на бесоната ноќ - прво, на безобразниот претставник на слободниот град од Ханза, Едуард Банкс, а потоа, на раководителот на канцеларијата на малорускиот гувернер Дмитриј Николаевич Бантиш-Каменски.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Цел ден го болеше главата. Тој не читаше.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)