не (чест.) - ѝ (зам.)

Ете, исто страда и Роса, ама нејзе не ѝ здравееше од тој лек. Башка кожа, друга мрша...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, и Раде не ѝ остануваше должен: - Знаеш Јано, овде во Жарково, каде што сега живееме, пред триесетина години било село.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овие зборови на старата сосем не ѝ требаа - што ја засегаа неа најпосле моите чевли? - а мене сепак ме онерасположија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И Змејко не еднаш можеше да види, додека шетаа по оние големи дуќани и додека разгледуваа сѐ што имаше таму, како една рака се изделува од нивната китка и посега таму, каде што не ѝ беше местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но јас на тоа не ѝ забележував. Мудро си премолчував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- И? - И... не ѝ кажуваме на Елена! Се плашам ако ѝ кажеме дека твоето одење на Орелска Чука ќе остане само желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако положи цвеќе и се помоли во незадржан плач пред гробовите на својата мајка и сестра, ќе положи, на чудење на сите, китка цвеќе и на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој не ѝ дозволи на светицата Мајка Тереза да си ги види своите додека беа живи, а ниту да присуствува на нивниот закоп во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За среќа, тоа не се забележуваше освен што на големата ќерка не ѝ бегаа светулките што се запалуваа во нејзините ситни очиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој веруваше во принципите на Ангсоц, го обожуваше Големиот Брат, им се радуваше на победите, ги мразеше еретиците, не само искрено, туку и со еден вид неспокоен фанатизам, една исклучителна информираност, на која обичните членови на Партијата не ѝ беа ни близу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кутрата Оливера одвај достискала да не ѝ се роди детето в облаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден мајка му лежеше. Ништо не ѝ беше но сепак заради нешто лежеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се плашеше да не ѝ се влоши здравствената состојба уште додека е тука. Пред да се врати дома. Нема да може да отпатува со авионот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нашите лежерни и самодоверливи писатели се фасцинантни, не ѝ се гледа крајот на нивната “дива фикција”, новиот литературен жанр, со кој ингениозно ја задолжија, старата поетика на фалсификување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ти роднина ли си ѝ? Не ѝ одговорив; ја заобиколив и ја отворив вратата без да тропнам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според тоа, изненадувањето, од научна гледна точка, може да возникне само како последица на модели што не ѝ се верни на природата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сатурн се откажа, но и понатаму на портата од болницата оставаше кутии цигари, без да знае дали Марија воопшто ги добива, сѐ додека не ѝ се покори на суровата реалност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Интелектуалната елита, на своите кридвишки вечеринки, ослободена од секоја интелектуална загриженост, користејќи го алибито на рушење на еден авторитарен режим, долго ја приготвуваше својата конзервативна, уште поавторитарна револуција, и на новата уривачка („антибирократска”) сила не само што не ѝ постави цивилизациска форма ultima ratio туку ширум ја отвори вратата за понатамошна варваризација на општеството под владеење на unico ratio, единствениот разум. Маргина 36 31
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Откако ја пронајде зградата и станот, не ѝ преостануваше ништо друго освен да чека.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го слушам во дворот викањето по мајка ми остро и налутено: идиоти, не ѝ даваат спокојно ни облеката да ја прибере, што ќе ни треба таму.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Жал ѝ стана за баба, па ништо не ѝ кажа за тагата по момчето, за чемерни соништа по него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој притаено се смешка; не ѝ дозволи да му избега со нејзината тајна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Првин сакала да се запали, ама не ѝ фатил кибритот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури во ходникот на зградата се издвои од групата и го праша портирот каде е телефонот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, Луција му ја дала песнарката откако ја понижив; тоа можеби значеше дека Луција немаше да им ја даде, доколку јас не го сторев она што го сторив на кејот, и дека таа им ја дала сега затоа што ме сака, односно затоа што ме мрази, а ме мрази затоа што јас не ѝ дозволив да ме сака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
“Што ќе ви е Гертруда?,” праша жената, шушкајќи ги зборовите низ штрбата вилица, и минувајќи со прстите, како со чешел, низ неколкуте прамени коса на проќелавената глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојано ми се чинеше дека почнува на глас да се смее дури во моментот кога јас ќе ја погледнам, а претходно тоа не ѝ паѓало на памет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— И за малку слинките што не ѝ протекоа, па си вели: „Магарице стара, стрвла една! Ами ако не ти беше празен поасот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ова место го избрав за мој вечен дом“ соопшти таа, а насмевката не ѝ слегуваше од усните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знакот беше топлиот чај врз твоите панталони, но кој би помислил на тоа додека авионот се тресе, јас, еве најискрено ти кажувам, не.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Трајковица удри да се кара, да колни, леле ми го изедовте Трајко мил, леле Трајко шо ме остави сама, леле јас пустата сега без тебе сум без очи и опуљ – плачеше Трајковица и колнежите не ѝ секнуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гараж–сеил – у превод ”бувљак пред шупа”. Се организира со цел да се отарасиш од ствари што не ти требаат или не ѝ се свиѓаат на жена ти.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Никој, и покрај сериозноста на состојбата не ѝ веруваше. Велеа, нема вера во невера.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секогаш кога устата не ѝ беше затната со штипки за алишта, жената пееше со моќен контраалт:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со помодрените усни правеше некакви движења, да каже нешто, да изрази нешто, но ништо не ѝ успеваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја пресретна со писмо в раце. Не ѝ се веруваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа не ѝ го реков од некоја злоба. Или од лицемерие. Да чува Господ. Дури ни во помислите! Само од добра намера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, тоа и не ѝ беше многу важно на младата девојка од богатото битолско семејство, која имаше доволно свои лични преокупации и проблеми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој не ѝ рече ништо. Таа полека излезе и зад себе ја затвори вратата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И кога Крсто не ѝ се вратил од војната во Мала Азија, и тогаш ѝ читале дека тој, Ставрос, славно паднал во Али Веран за величието, за славата и честа на Големата Мајка Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Свекрва ми стигна да рече: – Виде ли, ќерко, виде ли на каква опасност ги изложи децата! Не ѝ одговорив на баба ви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само на една грозна чапја не ѝ ја сврте шијата како на другите, туку ја пушти назад ставајќи ѝ прстен на ногата на кој напиша: „Почитувани цареви и кралеви, не пуштајте ги овие птици ваму каде што не им е местото, зашто ќе ја доживеат судбината како што ја доживееја вашите војски...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А и писма не ѝ пишуваше... Можеби се чувствуваше виновен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оти, се случува птицата, кога ќе падне во стапица, да се задржи во неа само со едно нокте, па во тој случај не ѝ помагаат нејзе ниту силните крилја, ниту тоа што целата, освен ноктето се наоѓа надвор од мрежата, па така станува плен на ловецот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ѝ замерувам тоа што не ми даде пород.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На неа воопшто не ѝ било важно дали обичните граѓани ќе ја перципираат нејзината линија на движење или не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не бев начисто: Росана дали само праша, дали беше зачудена, или пак се појави за да констатира една состојба, која не ѝ се пристори природна!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И повторно ја пружи празната чаша со заповест која не ѝ беше својствена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакам да се навреди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но кога кај мене се појавија првите знаци на пубертет, се страмев и од сопствената мајка и не ѝ дозволував таа да ме бања.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не ѝ пречеа нивните маструбантски погледи, ниту прстите замачкани со мармелада и под, но сега мораше да биде отсечена од надворешноста, дури и од тие несмасни, чисти мажјачиња!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На Марија не ѝ се веруваше дека се наоѓа во авион и дека лета кон Германија. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Рамна како тепсија, не ѝ се догледува крајот на оваа земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не ѝ било соопштено на време (чл. 123, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штом се симнала на станицата, се збунила од многуте возови, од преголемиот перон и од луѓето, кои се вртеле околу неа, но никој не ѝ го разбрал јазикот, ниту пак таа нивниот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се обвини што одеше зад настаните, што беше единствената на која можеше да се потпре Рада, а таа како пасивен набљудувач не ѝ го поттури ни сопственото рамо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Билјана ги гледаше и се мрштеше. Нешто не ѝ беше по волја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Остра брада му го покриваше лицето, давајќи му изглед на разбојник, што воопшто не ѝ прилегаше на неговата голема, несмасна конструкција и нервозни движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам зошто не ѝ се допаѓаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тетка Рајна за целото тоа време се обидуваше да ме зазборува за нешто друго, да ми го одвлече вниманието, но гледаше дека не ѝ успева, па и таа замолче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чекав ден-два да видам што ќе се случи, можеби ќе се кренат лисјата и ќе ѝ се врати животот. Не, не ѝ се враќаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што ти пишувам, таа е затворена и со никого не ѝ позволуваат да се види и зборува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мојата ноќ е зелена како јад; одгоре, крај да не ѝ видиш, виси бесила од кобрина кожа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па сепак, трудот на експлоатираните народи околу Екваторот не ѝ е неопходен на светската економија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи дури откако просторот беше прелиминарно посветен, можеше да се помине на светиот говор, возвишеното проповедање на „српскиот национален интерес“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Знаејќи ја нејзината лабилна избувливост, никој, или барем така се чинеше, не ѝ обрнуваше внимание.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Според тоа, кога ќе стигне и, штом ја сфатиш целта, содржината и прописите на мојот царски указ, да работиш и да постапуваш врз основа на изложеното, да вложиш многу напор да стапи во сила мојата висока наредба и да се трудиш на споменатата раја да не ѝ се прави неправда и да не ѝ се додева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И траело тоа пријателство, и сѐ било добро, се помагале, се почитувале сѐ до тој ден, кога човекот не ѝ забележал на мечката дека ѝ смрди здивот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Скришно си пуши жената, па има фрка да не ѝ стегнеме тужба поради тутунскиот чад што продира во нашата дневна соба...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа мисла не ѝ даде спокој.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Врапче не ѝ припаѓа на онаа група наперчени мали човечиња со големи претензии.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Очигледно, возбудувањето не ѝ чинеше добро.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И натаму во животот имав такви ситуации во кои се убедував дека власта ја интересира само едно исто прашање: кој е автор на текстовите кои нејзе не ѝ се допаѓаат, и кој е тој што се осмелил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му расправи на Адема, дека Толе секое идење ѝ удира по сто оки ќотек, а кај оди, што работи, ништо нејзе не ѝ кажува ниту пак ѝ остава нешто за децата, та веќе налет за неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му падна на ум дека сѐ уште не ѝ го знае презимето, а ни каде живее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зарем можеше да испаднам толкава будала и да не ѝ пријдам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Сега се викам г-ѓа Даниел Адам.“ Самото презиме не ѝ звучеше необично, освен што на крајот на презимето ја немаше буквата „с“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Да не ѝ се случило нешто лошо, нешто страшно? - си мислев, но пред Бреза се преправав дека сѐ е во ред и како навиен ѝ ја рецитирав песната за Цуцул и говедата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На Рожденката не ѝ откина од острото око овој настан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше во тој нејзин гест, во таа забрана да читам љубовни песни, нејзе посветени (а сепак анонимни, оти во ниедна песна што ѝ ја испратив јас не ѝ го споменував името, и таа добро го знаеше тоа), имаше велам, нешто нечовечко, нешто политичко, оти не можеш никому, со никакви, освен со средства на моќ да му забраниш да ти дава!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одамна ниедна од сосетките не ѝ отвораше врата. Велеа дека е вештерка и тоа од уста на уста се пренесуваше низ сокакот, па и пошироко. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Жена ми сигурно уште не може да ми прости што не ѝ ја купив онаа бунда во Солун кога бевме да купуваме гардероба за оваа моја свечаност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не ѝ остави голем впечаток.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Верувам дека Билјана за сето што ѝ го реков, а не ѝ беше јасно, ќе го поставеше прашањето: „А зошто?“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе те поведам во светот на магијата, ќе ти раскажувам приказни за грбавиот гусар и за руската кнегиња, за љубовта на прв поглед и за љубовта на која не ѝ треба поглед, за глумицата чие име веќе го споменав во две-три мои дамнешни полупесни.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Дома се врати тажна. Мајка ѝ ја виде но ништо не ѝ рече.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
САВЕТКА: (замислена). Само Антица уште ни крцка, не ѝ се прави ќефот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Има ли веќе најдено некого или не ѝ е важно со кого ќе го направи?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сѐ додека тој не дојде до неа и не ѝ го даде в раце букетот со прекрасните пупки од бели ружи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Таа ќе плаче ако не ѝ купам, - објаснува сега и Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јас овој гест го протолкував како знак дека, сепак, на Мајка не ѝ е најлошо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да ги љубам оние кои не ѝ робуваат на претпазливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа ништо не слуша. Само гледа, како опијанета, во чаршафите под багремите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Јас не ѝ бранам на девојка ми ништо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Овојпат се чувствуваше посигурна затоа што знаеше дека сѐ уште мириса на праски. Никој не ѝ одговори.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако му текне и на вој другиот да се жени, таман ќе а услагодиме!“ — си повторуваше Митра со страв на душата да не ѝ си слизне и снаа третана од имотот за која беше сигурна оти ќе ѝ остане.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Популарната геј- култура во Турција, во Индија, на Тајланд, на Филипините, во Кина и во Јапонија, колку да споменеме само неколку од најбележитите примери, може да имаат многу врски со европската и со американската геј- култура – Леди Гага сега е глобална машка геј- икона (ниеден геј- маж не ѝ се ни доближил) – но машката геј- култура таму покажува и многубројни локални, особени белези.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На природата, велеше не ѝ е важна должината на живеењето, нејзе ѝ е важно: секое суштество да остави потомство, да го продолжи својот вид, својата репродукција.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ТАА не е политички весник и не ѝ требаат колумнисти, есеисти и други исти како него, кои шетаат од редакција во редакција.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да се советува - не ѝ требаше. Беше решена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас навистина и најискрено мислев дека многу убаво ѝ прилега и дека е штета што не го носи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се оддели од дирата и зачекоре на десетина чекори од неа, напоредно со неа, продолжувајќи да ја следи во истиот правец, но внимавајќи ниеднаш да не ѝ се приближи и не испуштајќи ја од погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали не ѝ го поднесуваа тлакот, мирисот? Којзнае што беше?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И песната, и луѓето, и нивната цел, сѐ, и несвршената караница, се оддалечувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тоа нема врска со општиот напредок на земјата (како целата да беше огромен корнишон под стакленик), како што нема врска ни со тоа што на Горда школото не ѝ одеше баш многу (поправо, ни погоре ни подолу од три).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не ѝ приговори на ќерка си, знаеше и сама дека долго не ќе можеа да останат во она подрумче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И нејзе ѝ беше жал за нас двете, а можеби и за себе и за нејзините другарки, можеби и таа си имаше свои стравови поради разделбата и што знам јас што, но знаев дека не ѝ е лесно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дома се врати тажна. Мајка ѝ ја виде но ништо не ѝ рече.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сега не можам да си простам што тогаш не ѝ кажав колку убаво се чувствував заради неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бабата Петра си направи три пати крст на градите, мислеше никој не ја гледа, ама тоа не ѝ откина на мајка ѝ на Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Будала еден“, му се врекна таа, „како може да носи среќа, кога на жената што умрела не ѝ ја донел?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лажга – си повторував – лажга! Никогаш веќе не ѝ го споменав прстенот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време Митра ја гледаше што прави, и кога почна да плете поарно од неа, си рече во себе: „Море, орјатката една, ваа пофарк ќе излезе од сете нашинцки невести!“, — но ништо нејзе не ѝ рече, само ја охрабри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откога се кажуваше како точно да се постапи, по колку да се наплатува и како и според кои дефтери, и откога се додаваше дека преку кажаното “да не се зема ни пара, како ни за отворање на бовчите, така ни за “подароци“ за судиите и другите службеници, или за било што друго и повеќе да не ѝ се додева на споменатата раја“, ферманот продолжуваше:
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Треба да ја чуваш. Да не ѝ ги кинеш ливчињата, да не ѝ ги кршиш гранчињата, да ја браниш од гасеници и да ја поливаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А крмакот тогаш гровташе легнат во таа калта во дворот мој, каде што жена ми ја истура нечистата вода што не ѝ треба.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но моделите можат да не ѝ одговараат на реалноста на неколку, меѓусебно нееквивалентни начини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како и да е, нивната посета не ѝ донесе нималку радост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во таа мрачна долгнавеста валкана барака, „бившоста“ беше очигледна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Ја барам Гертруда,“ рече Рајнер. „Презимето не ѝ го знам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, како што го стори тоа, ѝ се пристори дека тешка реа ѝ се ослободи од под блузата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа е како дете радосна затоа што не го најде она што го бараше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ништо не ѝ препроговорив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ѝ бевме достојни на таа последна фаза од нејзиното жртвување за нас, да си го дочека крајот на животот во осаменост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доколку се именувани повеќе ликвидатори за причинетата штета тие одговараат солидарно (чл. 542-а sq, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не, не ѝ се лутам на баба.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакаме ли уште еднаш да не ѝ послужиме на Турција и пак да не ги направиме криви другите за нашите грешки?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да сакаше да се пофали самата себеси: „Гледаш, и мене ми е дадено да избирам“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— Вистина е, вели Жења, око не ѝ трепнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според легендата која потем се создаваше, откако режимот, и по сите рации, потпомогнат со полициски сили од северната братска федеративна република, не успеа да ги пронајде и да ги уништи овие кози, тие за нас навистина останаа неуништливи, а со нив и нашите три славни кози: Сталинка, на која и по падот на сталинизмот кај нас не ѝ го променивме името, потоа Грда и Слободанка, како да одлетаа кон небото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Седи со него крај лебедовото езерце додека некој не ѝ даде четврт долар, сендвич, тукушто купена вреќичка пуканки. Едноставно ѝ ги подаваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не грижете се, знае Јана дека сакам да ја поттикнам! Нејзе не ѝ пречат опомените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
— И тебе ти го фрлила, велам, ама уште не ѝ кажувам ни како, ни зошто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Томето само молкум климаше со главата, дишејќи полесно и чувствувајќи во секоја пора од нејзиното тело огромно олеснување дека нејзиниот Перо не ѝ е љубовник на опасната убава Атина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во оној син фустан и со бела шапка. Само чевлите не ѝ ги видов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мевот повеќе не ѝ се ширеше, не ѝ растеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Затоа ли што таа твоја сентиментална душа не може да ги собере во себе вистините кои не ѝ одговараат?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но селаните не ѝ се радуваа сега на пролетта како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие не ѝ беа верни на Партијата, или на државата, или на идејата, тие си беа лојални еден на друг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира, ништо не ѝ реков на Луција, оти не можев да верувам дека поважна ѝ е партијата која ѝ пишува говори и карактеристики, од младич кој ѝ пишува песни, како на жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иако арапскиот јазик, нагласи Татко, не ѝ припаѓа на истата јазична група на која ѝ припаѓа турскиот, тој извршил големо влијание врз него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А за срп, решето, вила, мотика дикел ич да не ѝ речиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Булињата стасаа. Митра кладе подница да се гори, а Доста го зеде кошот да го наполни слама, но Илко не ѝ го даде — да не си го начичка кистот плева, аљти сам зеде и го наполни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Воопшто не ѝ се допаѓаше и не ѝ забележував на искреноста.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Едо, ципурата е најдобрата риба!“ вели Летка, а нејзе не може да не ѝ се верува за сѐ што има врска со задоволствата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нејзе сѐ уште никој не ѝ го срушил приматот на најдобра мајка. Не ѝ се ни приближил!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не ѝ дозволија да остане со неа во Градската болница (секогаш имаа некакви правила) и седеше пред врата очајна и несреќна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На старицата не ѝ пречи. Ни возовите. Ни децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не ѝ кажувам колку време можеме да сме гладни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На Митра не ѝ помогна што преташе, не ѝ помогна ни што почна да колни, Чана не ѝ одвраќаше па без големи проблеми ги префрли во стопанството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеби Марко Марикин сакаше да ме исправи на нозе со стружењето на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раката не ѝ беше повеќе преврзана и сега имаше само лента од фластер околу глуждот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Здравјето и порано не ѝ беше најдобро, но по земјотресот веќе сосема заслабна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И избегал умот, што се вели, од никаде не ѝ се враќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Здивот речиси не ѝ се слушна, таа спие страшно тивко, како пред себе да има деноноќија сон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И сега се виде во огледалото. Но насмевката ништо не ѝ кажуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама и тој не ѝ се опираше долго на смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Леле, еве ја пак, на другиот лист. Сега устата не ѝ е преврзана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Носител на незауздана енергија, на која годините не ѝ се одредливи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас си ја скрив главата во скутот и ми дојде да ѝ завидам дека нејзе не ѝ се врати Мирче, стопанот нејзин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ѝ го знаеше името, но знаеше дека работи во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Авети, страшила кои никогаш не ѝ даваа мир... Тој залудно ја преколнуваше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе одам да прашам кај Дуковица Вендиоска. Да не ѝ се наоѓа. Викам по Дуковица. Не се одзива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој ме проколна толку тешко, господе, прашува, ама господ не ѝ се одѕива, не зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да се бара чаре! — и почна да си реди во умот: „Жена пометнуа од тешко кревање; пометнуа ако јадиш нешчо да не ѝ дадиш — од стрвоо, шо се вели; пометнуа, да се уплаши од нешчо, пометнуа да а повреди нешчо по меот; пометнуа, пометнуа, пометнуа од . .. маѓиа !.. .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На странката која признава – понатаму не ѝ се суди! (Ulpianus – D. 9,2,25,3)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На кокошка ноќе не ѝ се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Тоа, тоа! Куклата – убавица беше во состојба на овргалениците во Дедо Мраз, да им истури сѐ, да им го отстапи и последниот залак од уста, само да не ѝ го одземат сопатникот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Очите не ѝ се гледаат од плачење на таа жена, залче не става в уста.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ех, Бреза, Бреза, - си реков, - што глупаво девојче си ти, ништо не разбираш. - решив да не ѝ објаснувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Доста им осука кора, им испржи и колбаси, ги наруча сите три деца, и кога тие јадеа слатко на тарунчето на чардакот, таа ги погледна и се заврте на другата страна да не ѝ ги видат солзите што ѝ навреа на очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На малечката и итра Митра не ѝ одмина таа загриженост на Перса, едноставно како да ѝ ја преслика мислата во себе оти и таа од ова дете слути само лоши работи, а какви, Господ и иднината го знаат тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега тоа од мене го бара една девојка која не ја љубам, како Луција, но ја сакам; зошто да не ѝ го исполнам тоа?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Децата ѝ исчезнаа, ни едно не ѝ се врати од последната војна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И покрај тоа што разбра за неговиот брачен живот, кој штотуку се растурил, не ѝ пречеше да се поврзе со него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа се сврте кон мене со зачуден израз на лицето. Нешто не ѝ се допадна во тоа што ѝ го реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Селаните се размрдаа лево и десно и сите погледнаа во Доста Рожденката, која веќе ја криеше главата од погледите да не ѝ се насмеат уште тука, в очи, во првиот судбоносен момент.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да се третира неавтентичноста што му е вродена на секој општествен израз на чувство како нешто помалку од трагично, да се одбива да се види во неа нешто помалку возвишено од грепкање по границите на смртноста, значи да не ѝ се дадат нејзиното целосно човечко значење и нејзината целосна човечка тежина, да се одбива да се признае како она што трагедијата тврди дека е: имено, погубен знак за длабокиот и болен расцеп што машката кавга со небесата или со таткото го отвора во самиот поредок на човечкото значење – симптомот на егзистенцијална криза што ја доведува во опасност самата општественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зарем беше толку слеп, не ѝ погледна во очи на Рада, не ја виде нејзината невиност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јана во прв момент не ѝ го препозна гласот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И кога ќе легнеше да спие, и ноќницата што ја носеше под расото, ѝ беше исто така долга за да не ѝ се види белата кожа на телото, која веќе ѝ стана одбивна и ја гледаше со преѕир.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа сакаше да остане крај Крстана, макар да се мачи како роб, сосема да пресвисне, само да не ѝ дојде тој срам - дека мажот ја оставил затоа што остарела пред време.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја натера да подзастане пред него и не ѝ даде време да се побуни или да скршне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Илко ја забележа, но ништо не ѝ рече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На сестра ми ништо не ѝ кажував.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега Билјана оди в училиште и не ѝ е лесно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако системот не функционира, можеби не ѝ одговара на културата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На многу ранети по сеќавање им остана сестра Слава, презимето не ѝ е познато.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Влегле сватовите дома да ручаат, а Силјаница си го зела детето за рака и се качила на амбар да плаче и да жали дека не ѝ бил тука Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ами мажот ѝ, праша попот, зошто не ѝ го кажавте мажот ѝ?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас мислам дека вистината беше во тоа што на колоната не ѝ се случи ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Светлана беше нема, тоа што го слушна и виде не ѝ дозволуваше одбрана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да се создадени еден за друг, материјалот и прстенот! – ме убедуваше, божем воодушевена, ама не ѝ поверував ниту збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ѝ светеше сонце на „плавушата“, што со табла на себеси, со испишана мака, пееше: „Македонско девојче, китка шарена Целото разграбано, малтретирано, Педофили слободно шетаат На никого не му сметаат...“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
СПИРО: Веднаш, чорбаџи! Нацо! Нацо мори... Не ѝ се слуша, лисица! (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дора многу се налути затоа што мислеше дека нејзе не ѝ се допаѓа Огнен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас упорствував: - Можам ли да го видам?... - Го скинав... Не ѝ поверував...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Па... да и го дадеме!“ - се сложија децата, а таа со врапчето в рака се стрча - плашејќи да не ѝ го земат.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Знам дека Весна не ќе ме остави додека не ѝ објаснам сѐ за студената чешма.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Баба ми се смееше и тоа го забележав по белите прекрасни заби што ѝ блескаа во темнината окружени со усни премачкани со црвен кармин. Ама, смеењето не ѝ го слушав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се разбира, никој не ја позна, никој не ѝ притрча да ја поздрави.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа не присуствува на трпезата и со неа не сторија гостинките ни „здраво живо“ да не ѝ секне млекото и да не ја фатат „навите“ како леунка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој не ја разликува храната и не ѝ го знае вкусот, вели и се прекрстува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги земем децата и ќе живееме кај тебе...“ Тој ништо не ѝ одговори.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Утредента ме викна класниот, Фискултурецот и ми рече дека ако продолжам да говорам такви гадости за партијата, и тоа уште за партијата на која не ѝ припаѓам, ќе ме отстрани од училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ нешто ја задржува. Срам. Да не ѝ се смеат соседите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Ами зошто, прашувам, не ѝ го разбирам стравот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Томо никогаш не ѝ кажуваше на Рада колку е при крај со своите студии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кажи ѝ Семјоне", вели таа и се свртува кон него со кренати пердиња се до половината, око не ѝ трепнува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тетка Рајна викаше по мене, се караше да не ѝ растурам, или да не се прашам, но тоа не помагаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку ќе се успокоиме кога камените ѕидови ќе нè разделат од калешава...’ А најмладиот се вратил под својот шатор, пеплосан и помирен со судбината, како човек кој на својот пат ја сретнал Смртта лично, со коса на рамо, како кога оди да ја собере својата жетва.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Подбрадена со една црна шамија, едно палтенце подебелко да не ѝ студи, место опинци обула чевли, со танки чорапи — небарем на бања ќе оди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Да не ѝ кажиш на мајка, оти казан на главите ќе ви стое на обете! — и си отиде пак низ малата врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко ми тврдеше: „Полн шиник сак'с има поминато низ нејзината уста, се прашувам како не ѝ се згади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа на шестнаесет години, по преживеаниот пеницилински шок, Татјана падна од мотор два дена по завршувањето на училишната година и ја скрши бутната коска.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Да не не ѝ е добро? - се загрижи дедо ми. - Лошо ѝ е од многу спиење, - одговори татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Цело време стрежам да не ѝ се појават дамките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Загорка Пеперутката тврдеше дека гипсот не ѝ е ставен за да го потпомогне заздравувањето на коските. Таа немала ниту една коскена скршеница.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од средето на зимата почна да му се поразболува. Не ѝ се јаде, главата ја боли, нозете ја вијат, и сѐ нешто ѝ е кусо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нешка ја слушна стрина ѝ Митра и во првиот момент новината не ѝ направи никаков впечаток.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога им велите: штом востанието е општо од сите македонски народности, тогаш зошто Комитетот заседава само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тие одговараат вака: Од тоа што комитетите заседаваат во Бугарија погрешно е да се прави заклучок дека македонските комитети се бугарски; за македонските комитети Бугарија не е ништо повеќе од една држава што им укажува гостопримство на Македонците и им дава слобода да работат слободно до колку таа работа не ѝ нанесува штета на државата, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ, сѐ само што прават со бабата Бисера, се разбира, не ѝ кажа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не стана и не ѝ честита. Но по малку време нешто се скрши во него. Ѝ напиша на ливче: „Прости за навредата...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Па не ѝ беше за бадијала изметот. Што носеше попот од село — сето ѝ го даваше нејзе, преку некаква снаа од втор трет братучед, кај која Анѓа се прибра со братчето кога попот ја напушти нејзината куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се плашеше од силата на погледот за од нив да не избијат стрелите на омразата, па да не ѝ плукне в лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Впрочем јас воопшто не ѝ пријдов на девојката што ја спомнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Автобусот тргна и не ѝ дозволи да каже уште нешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го сфаќам таквото нејзиното однесување, иако не ѝ верувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Запреа пред шепите на исправената мечка на која, секако, не ѝ беше по волја некоја да ѝ се натрапува во територијата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Многу знаат тие кога ми е време, а кога не!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко, кога заминале за Италија, можел само да препостави, но не ѝ да поверува, далеку од тоа, дека делегацијата на албанските жени би можела да биде примена од грофот Чано, тогаш, впрочем, министер за надворешни работи, а не била исклучена ни средбата со Мусолини. – Нашата средба со грофот Чано може да биде опасна за семејството во сите времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но веќе не може да издржи. Којзнае дали ќе е жива до година!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Карл осети, по гласот на мајка му, дека уште не ѝ е помината лутината.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Та со што ќе ја зачешла невестата свекрва си вечерта по венчање и на што ќе „т'кне прва вошка“ од неа, ако свекорот не ѝ купи нов чешел?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Животот го научи татка ми никогаш да не ѝ се предава на несреќата предвреме, туку, во времето што преостануваше, поземаше сили од умот како да ѝ се спротивстави...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Фискултурецот се исплашил да не ѝ се слоши како на приредбата, па застанал, да се потсмири. Застанале под сенка, под еден орев.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеше со часови да се занесе во едни чудни размислувања за луѓето, понекогаш дури ги изговараше зборовите, што би имал да им ги рече ним, остануваше едно неразбирливо мрморење во неговата зазбивтаност, и тоа воопшто не ѝ пречеше на осојничавата тишина на шумата да си остане пак ненарушена и понорничава. Ниеднаш не престана да мрмори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас не заплакав, иако ме здоболе, зашто моето девојче навистина многу убаво пишуваше: - раката не ѝ трепереше.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Повеќето од болните тоа или не можеа да го забележат, или не ѝ обрнуваа внимание...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не ја потсетува зошто таа не дошла да го донесе Дончо на првиот час во училиштето туку ја испратила Митра, не почнува разговор за тоа што децата не се во едно одделение а не ѝ ни кажува дека на Пеличка ѝ се падна една многу добра учителка, Како онаа од Долнени, сакаше да проговори.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ете што ме најде сега, викам, лелекам и ги бркам другите деца да не ѝ се доближуваат на Роса, да не се префатат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ТЕОДОС: Сѐ ќутуци, околу мене, глуви, глупави! Да ме остават да се успијам. да задоцнам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе ти кажев дури и кој ѝ ја рашири вратата на нашава убавица Росана за да влезе во салонот на Домот на Армијата на онаа грандиозна прослава што не ѝ слегнуваше од устата цели три недели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ема гледаше во бројките, но ништо не ѝ беше јасно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А твоите беговски намесници учи ги да не ѝ прават зулуми на рајата и да не ѝ додеваат многу. И пизма да нема спрема никого.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најстариот брат се вратил дома цврсто решен ништо да не ѝ кажува на својата караконџола, чии милувања веќе не можел да ги поднесе и чија распупена убавина веќе не ја ценел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не ѝ зедовте слика, сакаше да праша и не праша, не сакаше да се сретне со зажарениот поглед на богословот. Тогаш...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
92. Но тоа духовно движење на Македонците не ѝ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза“ и фати да ги гони Македонците сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не знам, внучко, — вели дедот Карабуклија, — ама петлите се пеани, еднаш или двапати, не ѝ стори дикат. Сега ќе излеза надвор на малата врата и ќе вида.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа, не само што не се соблекуваше веќе, туку облече и црно калуѓерско расо и гледаше да ѝ биде што подолго, да не ѝ се гледаат ни нозете, ни рацете; гледаше секој нејзин дел на телото да ѝ биде покриен и заштитен од погледи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да ѝ надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа (чл. 122, ЗОО – rebus sic stantibus).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Додека ги читав расказите на Марта, сфатив дека на нејзината идна книга не ѝ требаат такви „вообичаени“ рецензии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Што може, кутрата, кога не ѝ се дига на машки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пелагија за да не ѝ овозможи на Пена да оди понатаму и за да не стигне до оној црн ден што ѝ ја има зацрнато животта на момата, се сврте кон Танаско за да го распрашува каква му е работата во фабриката за конзерви.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но Соколе не ѝ одговори. Пред неговите очи трепетеше во сјајот на електричната светлина ликот на девојчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Е татко де, дека рече човекот оти на се кандисуа, тики веќе и кожата ли да му а одериме од грбот? — и се заврте да не ѝ го види лицето зацрвено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеш, можеби тоа е смешно, но отсекогаш сум сакала да се знае дека луѓето не ѓи прави луѓе само нивното богатство, туку и човечноста, секако ако ја имаат, а и внимателното однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Весна ги криеше цигарите во подрумот за да не ѝ ги најде мајка ѝ, та кога ќе одеше да земе нешто од подрумот, пушеше пред малото прозорче за да излегува чадот надвор.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Остави ги работите сами да си бараат корито, сами да си се редат, навистина така си реков и кренав раце, иако, ова нешто за прв пат го признавам, на жената не ѝ е лесно кога нејзиниот маж ќе се заплетка на такво место и со такви луѓе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Христина не знаеше дека доаѓаме. Не ѝ јавивме. Никому не јавивме за нашата посета. Отидовме, без малку, авантуристички.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Нејзе, кутрата, не ѝ текнува да си оди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Освен ако неавтентичноста што му е вродена на општествениот израз на чувството не се сфати како трагична, а не како комична – како сериозна наместо смешна или дефлациска – трагедијата не може да ја добие почитта што ѝ припаѓа во културна смисла.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се чувствуваше необично. Не ѝ се веруваше дека тоа нејзе ѝ се случува...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Диплома за пегла број 1, не ѝ доделувај.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Грижите не ѝ дозволуваа да ја замајуват споредни мисли, снегот беше и тука пред влезот до колена, а дрвата добиени преку социјални грижи што останаа зад баба Петра беа крај оградата на фабриката, до самата куќичка на Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но понекогаш, кога ќе се облече, долу зелено, горе сино, црни чевли и бел мантил, баш ми доаѓа да ѝ кажам дека не ѝ одговараат боите што ги наставала врз себе, ама не ѝ велам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакам да покажам дека и во оваа куќа е негуван добриот вкус и не ѝ недостасува нужната внимателност и респект.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ништо не ѝ реков. Незадоволен, си легнав без да барам од неа да ми раскажува приказна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, не ѝ реков ништо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа ѝ раскажала дека продолжила да ѝ носи цигари на Марија секогаш кога можела, па дури и решавала и некакви итни непредвидени работи, сè додека еден ден не ја нашла болницата во урнатини, разурната како лош споменик на тие неблагодарни времиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На мајка му Златица ѝ се родија многу деца, но ѝ изумреа; ги раѓаше предвреме, осумчиња, и не ѝ траеја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Грета: Таа не те мрази само тебе, Лобо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
— Ами коа била таа душа шо си а продала кошулата од грбот, да ѝ е арам? — праша Доста небарем не ѝ текнува откаде е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По завршувањето на постапката за ликвидација, ликвидаторот веднаш поднесува пријава за бришење на друштвото во трговскиот регистар и го известува Централниот депозитар за хартии од вредност дека акциите на акционерското друштво и командитното друштво со акции се поништени и дава налог за затворање на акционерската книга (чл. 552, ЗТД). 242 В.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поправо, крупната риба и не ја гледаш, освен оддалеку, како рибарот во гумени чизми ја носи држејќи ја за жабрите и што повисоко да не ѝ се влече опашката по земјата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На логиката на еден здрав разум ова никојпат не ѝ влезе в глава, но затоа Хегел и го изврши своето епохално откритие, со тоа што ја надмина оваа логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
На крајот, сепак, решив да се вратам. Но не ѝ пишав на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, како што е запишано во делото на Вајлд, младиот Греј, воопшто не ѝ посветува внимание на поуките од двајцата пријатели, па и понатаму смета дека единственото нешто што заслужува љубов е актерката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Скоро никој не ѝ се приближи. Повеќе денови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Танасица остана така стаписана едно време и полека сфати дека не ѝ останува ништо друго освен да побрза да му каже на мажот што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зборот не ѝ допира до нас а тагата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Разликата во години на Славица воопшто не ѝ пречеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајкиното срце почна да се стега од страв - нешто лошо да не ѝ се случило на нејзината мала ќеркичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Затоа вели: нека ми а ариза и ваа нива да не ѝ се стори кедер на детето, — ја плашеше Стале Трна, бидејќи „Даги нива“ беше нива од осум товари семе пченичарка, од која Трна наоѓаше по 50—60 товари пченица, та „сајбијата“ сакаше таа пченичка да се тура во неговите амбари, а не во Трнините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега како да се беше откажала од минатото, и од својата француска и од италијанската врска, како никогаш да не ѝ припаѓало времето со кое си го урамнотежуваше мачното балканско време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Почна да ги дели, но ако не ѝ помогнеа Пеце и уште некое дете, не ќе успееше да ги раздели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Знам дека веќе реков нешто вакво, или истово ти го реков, но што да правам кога речиси секој ден бев подготвена да го пречекам повторно она, што еднаш веќе си беше заминало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чорбаџивката Милошка, нунка ѝ на Нешка, дури се најде навредена оти крштеничка ѝ Доста не ѝ кажа што мисли да прави, та заедно да излезеа со модата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почувствува меѓу своите прсти силни карти и не ѝ беше потребен блеф.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)