При царцката живот и сила никој напреку не може да ти се опуле, не да те дере.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Татко му подаде една од лупите, но и тоа не помогна, зашто тој, всушност, не можеше да ја разбере архаичната стара османица на кадиите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нашол една калуѓерска шапка и една долга реса; зел едни црни броеници подолзи од него, та отишол в црква кај амбарот, што збираа црковната пченица и застанал спроти дупките, од кај што излегуваа многу глувци и ватил да се крсти и метании да чинит и да 'и тргат броениците зрно по зрно и да викат што да викат што да можи и не можи: - Господи, помилуј! Господи, помилуј! Господи, помилуј!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И од тоа, пак тој не можел и да работел, нивјето слабо давале плод, слабо раѓале, шо вели народот наш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)