Некој рече: - А може и Едрење да е македонско, оти Македонија е голема, вели, Македонија е до Индија, еј, а не до некое Едрење, што мислиш!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пријдов до вратата, но не до онаа зад која се наоѓаше бушавата глава на стражарот туку до другана, зад закачалката, на која до пред малку висеше ременот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пред да се вслушам во шепотењето таа врата не ја бев забележал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сега останува да се реши дали тоа неутрално колце стои осамотено со одделна боја од другите колца или има и други колца со истата боја или со поблиска до неа отколку од една страна со централното македонско наречје, од друга со источнобугарското наречје или со српскиот јазик кај Вук Караџиќ, ќе видиме оти сите македонски наречја се поблиски до централното македонско, а не до централните наречја на другите јужни Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)