Камилски со восхит ќе ги пренесе зборовите на Ромен Ролан за Октомвриската револуција обраќајќи ѝ се на Русија, слободна и ослободителка: Браќа наши од Русија, вашата Револуција нека ја разбуди од сон нашата заспана Европа, заспана во својот горделив спомен за своите некогашни револуции...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- А сега, младоженецот нека ја бакне невестата!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Врагот нека ја носи...“ му рече Богдан. „Не ми ја споменувај...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Што велите? - Попот прв нека ја удри- рече Петре. - Не, Петре. Ти ќе ја удриш.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Оние што ја заборавиле својта човечка должност нека ја видат бездната на својот крај.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нека ја, нека поспие, нека се почини.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: Снагата нека ја јадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Паметам дека „мојата” куќа, нека ја наречеме така, зашто навистина беше таква што тогаш и сега, ја чувствувам како своја, беше ниска, само со приземје, покриена со керамиди, опкружена со висока авлија и голем двор со многу разновидно цвеќе и тукушто расцутени трендафили.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го вртам книжето и пишувам: „Речи ѝ: врагот нека ја носи и неа и нејзиниот крив нос, крива уста, поткршен заб и магарешки уши!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но,... ако ме присилите со вашето инсистирање на прашања и објаснувања, јас ќе се видам принуден да му реферирам на Иванов дека се - откажувате, па тој нека ја разгледа уште еднаш таа работа?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)