ни (чест.) - глас (имн.)

Ни глас да не слушна оти тргам — се провикна Толе и им нареди: — Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! — искомандува и ги потера пред него по широкиот чардак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тополите не испуштаа ни глас ни тупот, туку стоеја сѐ така исправено, иако во дното на стеблото беа пресечени, како со невидлива пила, со нечујна секира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ниту гласот на Агна, кога го открива наличјето на Симоновите искази, ниту директно спротивставениот глас на историчарот Владе, потомок на противничкото семејство на Симоновите предци, како ни гласовите на селаните, не можат да се прогласат за сигурни и релевантни сведоци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Замина далеку и таа исто така. Веќе година помина, а од неа ни трага ни глас.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ни глас повеќе не се јавува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, таа не пуштала ни глас, додека ја пресегнувала кон него фатената нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекаше, но попусто. Ни глас ни трага!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А ти ни глас да пуштиш, толку се исплаши, или беше изненаден како и сите ние, само што ти молчеше а нас нѐ спопадна некоја смеа, градите ќе ни ги распори.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)