Но не се случило така. Другиот ден, уште во темни зори, Арслан бег со дружината стигна на Плазики и од другата страна на блатото забележа два дората но од стопаните на коњите немаше ни трага.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сега нема ни трага од споменикот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа нашиов штаб не се решаваше да го напушти овој сигурен меќан во Толевиот „пашалук" — Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од некакви башлами и бераети нема ни трага.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како можеш да ѝ се обратиш на иднината кога ни трага од тебе, па дури ни анонимен збор испишан на парче хартија, не може физички да преживее ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку и да беше предан, во него немаше ни трага од онаа исклучивост што ги одликува фанатиците.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Баба му истрча од станот, надвор од куќата, налево, надесно. Од санката ни трага...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Замина далеку и таа исто така. Веќе година помина, а од неа ни трага ни глас.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Буѓелар – мушки новчаник, многу дебел, препун со картици и сметки. Од кеш ни трага.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како момчиња си ги доверуваа своите први љубови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)