Го слушав така како ја слуша косилката додека ја косеше тревата, управувајќи рачно наместо далечински, и го гледав како ја мириса искосената трева штом таа од косилката ќе бликне во зелен порој на него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А од друга страна, пак, ќе набујат тревите, ќе блеснат лисјата, ќе се освежи воздухот, ќе бликнат цвеќињата, ќе загргорат поточињата, ќе подивеат пченките, ќе набабрат компирите, ќе ни се згои добитокот, млеко ќе потече...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Горите разјарено ќе бликнат, кострешејќи се како младо јагне на свежа утринска роса.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тогаш ми се чинеше дека од неговите очи ќе бликнат солзи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)