ќе (чест.) - вика (гл.)

Ако ми кажеш каква било лага, или ако се обидеш да се извлечеш на каков било начин, или дури ако паднеш под твојот вообичаен степен на интелигенција, во истиот момент ќе викаш од болка. Разбра ли?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Залудно ќе викам по тате, тој е далеку, во Кочани !..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе си играл без свирка и тапани. Децата ќе викале: „Бегајте, иде свадбата на Караѓозо, бегајте, доаѓа лапнатиот, полудениот“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе викале по тебе: „Еве го шејтанот, еве го Ване-јарето!“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Што ќе кажеш?“ „Ќе викам, слушајте, слушајте, овој подарок е од...“ ќе мора да го кажам твоето име.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му ветив дека насобраниот народ ќе вика Тито-Лазо, и тој сиот радосен се согласи да подготви драматургија за овој, би рекол најзначаен настан во повоената македонска историја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
ТОМЧЕ: Да ти помогнам! А ти мене што не ми помогнеш?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: А јас сине, — што ќе вика на мене?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас си мислам ќе вика полиција, а таа ми вели: — Плачи слободно, наплачи се...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— На глуво ќе викаш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: А тебе ти се допаѓа. Инаку ќе викаше на цел глас, ќе се фрлеше низ прозорец.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А знаеш што ми рече иследникот? Вака ми рече: - Точно е дека тие таму викаа против, ама тука ќе викаат за.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ти мислиш, дека мајка му е мајка ти: ќе вика по тебе, ќе те бара, а потем ќе те крене на раце и ќе те однесе дома!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сестра ми ќе го чекаше на портата и ќе викаше: Ајде тате дојди, донеси ми бомбонче, додека јас си велев – е, блазе ти стебе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Не викај, вели. - Ќе викам, велам сега јас ќе викам сите да чујат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе бегаш и - олеле, олеле, ќе викаш и ќе си дуваш во прстите од силна болештина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некогаш ќе вика, вика, па ќе се изгуби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)