ќе (чест.) - достаса (гл.)

До Цветници, кај да е, Хаџи Ташку ќе достаса во Потковицава, божем за да свети вода, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Хихихи, и хохохо, и хахаха - ужасно весело и со 'рскот на здруженост татнело околу него. - Што сакаат од тој стар човек? со страв седнал до Куно Бунгур најмладиот од дружината и сведокот на недоразбирањата и разбирањата помеѓу златнодамкавата Фиданка и петелот во човечка кожа Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не изговара клетва, впрочем другите знаат дека за тоа не се дојдени, само ги ослободува очите од тежината на клепките и почнува да раскажува, бавно и тивко, сеедно - во тишината од другите ќе достаса секој негов збор.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секогаш кога, во потрага по Владимира, ќе достасаше дружината на полето каде што тие жнееја, ќе поседеше на полозите а тој, Арслан бег, наредуваше таа, Руса, да им подаде вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Погласно прашал, мислел дека од смеењето ни пукот на гром не ќе достасал до земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)