ќе (чест.) - зависи (гл.)

Мајка беше свесна дека, од распоредот на Татковите книги, најмногу ќе зависи насоката на нашиот балкански егзил или, како што милуваше да вели Татко, на идните патишта во балканскиот лавиринт.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не ќе се најдат ли и кај нас луѓе што ќе разберат оти довербата на малите држави кон нашата татковина ќе зависи од наши стамболовци и свирчовци, но коишто ќе ја видат опасноста за нашите национални интереси не во Русија, ами во Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сѐ што реков јас во нив ќе си остане без добар фундамент ако не се разгледаат некои теориски прашања, од чие правилно поставување ќе зависи успехот во нашето општо работење во полза на нашата татковина и нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие течења се вкоренуваат првин во долните класи и воопшто кај луѓето без предубедување, готови да се борат со тие предубедувања во заштита на новите идеи, од чие реализирање ќе зависи не само нивната, туку и среќата на нивниот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Угостителите се принудени своите гости љубезно да ги служат, зашто од тоа колку повеќе гости ќе пречекаат, толку ќе порасне нивниот промет од кој, на крајот, ќе зависат и нивните заработувачки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја погледна последната реченица на екранот, онаа што ја напиша пред да почне да размислува за него: „Мирниот соживот на Македонците и Албанците ќе зависи од тоа дали двете страни ќе зборуваат помалку за поделба на земјата, а повеќе за споделување на одговорностите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од понатамошните информации за него ќе зависи кои впечатоци ќе се покажат како мамка и неточни, а кои ќе останат за да може да се дефинира некаков заклучок во што авторот засега не би се впуштил.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од неа и од вас ќе зависи натамошното нејзино лекување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Овие движења стекнаа углед со нивниот активен отпор на германските сили".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како трета солуција ја нуделе можноста да се „направи возобновување на предлогот даден на Бугарија од силите на Антантата во 1915 год. за отстапување од Србија на Бугарија на неколку области источно од Вардар“ што ќе зависело, пред сѐ, од „размената на делови од населението од југословенска Македонија кои сакаат да ја преминат новата гранична линија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нив "силата на овие движења, во врска со силите што ги претставуваат традициите од деветнаесеттиот век и последиците од нивниот судир со тие традиции, ќе зависи разбирливо од настаните на Балканот и во таа етапа ќе зависи од политиката усвоена во однос на нив од страна на Велика Британија, Соединетите Американски Држави и СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таквиот предлог според нив "може да биде поздравен од Бугарија како краен договор за нејзините претензии кон негрчка Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На тој начин Хјум ќе наслика портрети на некои познати личности (често оние што се исконструирани да бидат популарни, но некако не се, како што е актерката Петси Кенсит, на пример) коишто испаѓаат како некакви увеличани полиња од нивните лица или делови од телото, или пак површини од некои нивни „атрибути“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Самата интерпретација ќе зависи од нивото на нашата популарна информираност која и за Хјум ја диктира комуникативноста на сликата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Идејата за доброто, особено за лошото, чие исполнување ќе зависи од тиранинот ќе предизвикува уживање или егзалтација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Господар на хаосот. Господарот на намамените туни во црната комора!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Рајнер не рече ништо на моите зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од нас ќе зависи како нашето дете ќе го доживува постоењето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А од него ќе зависи сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Животот на луѓето и нивните семејства ќе зависи од неизвесноста и кризите. За среќа, тука се козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Но, таа моќ“, се замешав, „ќе зависи од тоа дали на крадецот му е познато дека ограбениот знае кој е крадец. Кој би се осмелил...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)