За оној којшто го зборува францускиот јазик овие фрази ќе звучат бесмислено, но, гледачот сепак ќе се обиде да се занимава со нив онака како што обично го употребува јазикот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нивниот најнов албум, со наслов “Superunknown” ќе се појави во почетокот на март и ќе звучи многу помеко од нивните поранешни работи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Тажно е,“ започнав да ти кажувам, сакајќи да речам дека ми беше жал што стигнавме до оваа состојба кога заедно седиме во тишина, но пред да можам да продолжам, ти приговори.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не сакав така да седам во тишина; сакав возбудено да разговараме цела ноќ како што правевме порано, сакав да најдам некој начин што не ќе звучи патетично да ти кажам колку убаво си поминував со тебе, колку ми значеше нашето познанство и како одеднаш сфатив дека бев толку сконцентриран на тоа да станеме љубовници што заборавив колку блиски бевме како пријатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеби ќе звучи арогантно, но мислам дека во текот на триесет и кусур години поминати во стариот крај ислушав сè што вредеше да се чуе - а и американскиве шишиња се за некој цол подебелки и поцврсти од нашите.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сакав да го знаеш сето ова. Сакав повторно да ти се допаѓам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Засега можам да кажам дека сум многу задоволна од себе и можеби ќе звучи претерано, но себеси се сметам за едно навистина среќно девојче.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сè што ќе наумам – е, добро де, не баш се, ама многу од тоа – ми успева.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)