ќе (чест.) - изгасне (гл.)

А кога ќе го замолеа тие да им каже, дали ќе изгасне некогаш страста по срните во срцето на пашата, - евнухот сожаливо ги гледаше и им велеше: “Иако е човечкото срце затворено со густ, непроѕирлив превез, -ништо во него не останува вечно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нека дојде кога светлото во прозорецот кон дворот ќе изгасне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А над неа снаата и внуката - небаре свеќи запалени, горат - ќе догорат, ќе се стопат, ќе изгаснат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ако сега не стават дрва огнот ќе изгасне и после ќе мрзнат и двајцата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)