ќе (чест.) - изеде (гл.)

Ако беа две фелчиња, ќе изедеа по едно гледајќи се лице в лице и смеејќи се, а ако беа три, татко ми ќе изедеше две а мајка ми едно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дури и кога жената ќе изеде многу грав со него, или кога му е понизна или, како што велат овде, кога со неа минал низ оган и вода, дури и тогаш мажот е склон да го обземе лудило.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имав чувство дека ќе изедеа и нога од слон, само ако ја имаа пред себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не престануваме да одиме кон зимата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Колку јаде човек? Треба да јадеш, нормално, но колку еден сам човек ќе изеде?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тежок ми е, ама во лутината и вреќа сол ќе изедам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ќе изедевме шестмина!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Немате, синковци, толку воденички камења. Ако мелете со заби, не ќе чини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што ќе смелете, тоа ќе изедете. Децата пак ќе ви се збрчкуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)