ќе (чест.) - испадне (гл.)

Што ли ќе испадне од сето тоа? Којзнае?!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ако го сликам од чело, - рече, - ќе испадне како од Французите да сме ја добиле сликата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Леле, како оди работава, ќе испадне да влечеме сламка за него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби ќе испадне дека јазикот е од поцврст материјал отколку што јас претпоставувам, дека ќе процути меѓу “трепкањата” и “клик-нувањата”, меѓу мониторите, побрзо од кога и да е во ерата на печатарството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Баш ми е драг Барак Обама! Многу сакам кога ќе се појави така некој аутсајдер, па сите фаворити ќе му се смеат, а тој ќе си тера по свое и на крај ќе докаже дека е фаца, а сите други ќе испаднат магариња.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ќе се посрамам со свеска. Ќе испадне дека толку години само сум ѝ се топорел и сега кога дојде времето мене не ми станува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како и да е, додека го вадат од водата, од него ќе испадне „бакарната книга“ испишана со „непознати букви“, и тогаш , со еден странски восклик („о, возљубени читатели“) искорнатото срце на авторот пак ќе зачука во градите, и тој со „ангелска леснина“ ќе летне „кон својата татковина, кон дома“, со книгата можеби напишана а можеби ненапишана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во текот на претстојните денови сакаше да стори уште две работи: уште еднаш да се најде на само со Едо селанецот за разговор каков што ќе испадне, а потоа со помош на деда Најда да ја заокружи прикаската.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
МИТРЕ: Еве, за ова што кажа видовите и сами... Ама тоа „за нешто друго“ како ќе испадне!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
После ќе има, ама не можеш да чекаш, ќе се пресуши житото и ќе испадне на нива... Што фајде?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Ни на крај памет не ми доаѓаше дека мајка му и татко му ќе испаднат толку лоши... зли...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Случајот на Пол“ претставува сјајен мисловен експеримент со кој Катер се обидува да замисли каков ќе испаднел Оскар Вајлд да се родел во ниско средносталешко семејство во Питсбург.248 Пол ви е Вајлдовиот американски аватар – таков го срочила Катер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова е гејност не како изопачена сексуалност, туку како самотен настран сензибилитет, кој е од аристократски, а не од комунитарен вид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но за да му докажам на Селима дека не е вистина тоа што го кажува, еве што предлагам: Ајде да собереме наши луѓе и да отидеме еден ден по тие села, да видиме што ќе испадне.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ајде да маглосаме, оваа ќе испадне голема.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сепак, прегратката на „големиот код” не е толку цврста како порано, па оттаму мораме да нагаѓаме кога станува збор за нашите односи со сексуалниот партнер, со децата, родите­лите, носејќи ја тежината на одговорноста како нештата ќе испаднат. 70 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Многу луѓе се чувствуваат нелагодно во постмодернитетот обвинувајќи го за нихилистички релативизам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Многу ми се сакаше, речиси нешто ме копкаше, некому да кажам што сонови сонувам, ама не решив, пред стрика Бориза ќе испаднев религиозен и суеверен, а тоа најстрого го имаше забрането Партијата, и стрико Борис за такви работи, религии и суеверија, не проштаваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Добро тогаш. Ајде да видиме како ќе испадне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Причината за проблемот кој ми го загорчи и мене и на сите моето патување почна да се развива за време на конференцијата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сè се надевав дека нешто ќе се случи, дека на некаков волшебен начин зрнцето само ќе испадне од увото.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Меѓутоа, стигајќи таму, најнапред го затекнува празниот хол, старата зграда сé уште под власт на нејзините сé побледи сенки и тишината, пуста, иако во немо исчекување, и се прашува дали денешниот ден ќе испадне нешто поинаков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе ти се причини во еден момент, рече таа, дека си поминал низ него, но не залажувај се, ќе испадне дека не било така.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)