Блажени се оние што со храброст во своите срца ќе истраат да бидат она што од навек биле.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ова полномошно подоцна е дополнето со зборовите дека „работниците, сопственици на акции, му ги поклонуваат, односно предаваат на владение своите акции на директорот“ – што, пак, претставува класичен пример на измама, како „кривично дело против имотот“, а која допрва треба судски да се разреши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бидете сигурни дека ќе истраеме на нашиот пат! - Ќе истраеме! – прифатија со аплауз водичите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имено, се работи за следното: со изговор дека, доколку се окрупни понудата би се добила повисока цена при продажбата на акциите, директорот ги повикува вработените кои имаат акции да потпишат групно полномошно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Само десетина минути по првиот Бојанов истрел, што значеше негова победа над стравот, што значеше и надеж дека ќе истрае и ќе ги победи сите тешкотии што му ги наметнуваше осаменоста и белата опсада, од зад Гола Глава одекна грмеж.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А кој ли жив ќе истрае така да скрие дните во гробен сон, сред тешко ропство и глад и мака да лежи кротко на ладен трон.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
И покрај тоа што сѐ уште не ги добил своите средства, нашиот соговорник е сигурен во тоа дека нивните побарувања ќе бидат подмирени – а, како што вели, „каматата си тече“, па кој и да ја преземе компанијата ќе мора да ги плати нивните побарувања.6 Тој е свесен и дека допрва им останува доста борба, но дека ќе истраат и ќе ги остварат своите работнички права. 1. Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 11.III.2011, во Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ќе издржам јас свесно, но дали срцево ќе истрае. Се плашам да не препукне.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)