ќе (чест.) - може (гл.)

- Капетане, ајде, станувај! Мислиш ако е недела ќе можеш да го преспиеш денот. Ајде, буди се, мрзливецу!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И готвените јадења подолго ќе можат да се сочуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
При сакањето, ако не ќе можеме да печатиме многу работи на нашиот јазик, затоа пак нашата интелигенција ќе може да послужи како жива народна енциклопедија во која ќе се имаат точни и проверени информации по сите оддели на науката и литературата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- А јас вака, без сенка, не ќе можам да живеам - рече Карамба-Барамба со солзи во очите.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Драга моја внучке, Знам дека не ќе можам да имам прилика да ти се извинам, да барам прошка за она што ти го сторив, или поточно прошка за она што не го сторив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мече веднаш тргна по него, надевајќи се дека сега ќе може да му каже за своето решение да се врати назад.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Која ли рака, кажи ми, ќе може да ја позапре која ли сила варварска ќе може да ја изгаси?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
- По неа ќе можеме внимателно и умно до оној засек на карпава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе можеш ли ти да се протутнеш преку Поле и да нѐ одведеш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
НОРА: Зошто?! Така многу полесно ќе можат да се увезуваат разни француски и швајцарски сирења.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И ќе го истовариме во Полска”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како можеше да верува дека таа наивна, таа чедна Марија ќе може да им се приближи?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Додадов дека многу жалам за она што се случило, но дека навистина не гледам како ќе можев да помогнам ако бев овие дватри дена со нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа ќе можеше уште повеќе да се дополни доколку се откриеја солзите кои Мајка ги испушти пред Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, во јули 2001 година беше прецизирано дека овие лица правото на старосна пензија ќе можат да го остварат со навршување на 40 години (мажи), односно 35 години (жени) пензиски стаж, без оглед на возраста (чл. 10, ЗИДЗПИО/јули.01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Истото ова, само модифицирано ќе можеше да го најдеш и поевтино. Но, сѐ на сѐ, супер ти стои.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стрејтерската хипстерска култура, всушност, вирее благодарение на „вештачкото присвојување на разни стилови од разни ери“, според еден презирен напис за хипстерите од насловната страница на хипстерското списание Едбастерс; обожава да си игра со „симболи и икони“ на маргинализираните или угнетените групи, откако тие симболи и икони „ќе ги присвои хипстерајот и откако ќе им го исцеди сето значење“.413 Во еден друг, сега веќе прочуен напад на хипстерите, Кристијан Лоренцен оди уште подалеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Влатко ме тресеше од правта. „Не ќе може вака“, рече Дејко, “да го однесеме до амбулантата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подзастана малку во зборувањето, чекајќи ја мојата реакција, ама јас решив да си молчам, па уста не отворав, а во себе постојано си велев, вади се сега колку сакаш, вади се, ама што и да кажеш не ќе можеш да се извадиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако е така, си помислив во тој момент, ако е така како што вели татко ми, тогаш не ќе можам ни на моите деца да им раскажувам поинакви приказни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не, не верувам дека ќе можам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веруваше дека ќе може да се понесе и да се надмине себеси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отпрво претседателот на градот и одборниците радосно си ги триеја рацете, мислејќи дека со огромното злато што им го донесе некакво чудо, ќе можат да ги решат сите градски проблеми.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пресметуваше дали ќе може да покрене хидроцентрала со својата попусто истрошена енергија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред да сфатам како и кога, сета таа магија ме крена на нозе и ме доведе до прозорецот над кој мајсторот се двоумел дали да ѝ отвори пат на светлоста или да остави отвор за огњарка, тајна надеж дека со пушка ќе може да се спротивстави на арамии или насилници со чалми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знаев дека ќе можам да ти ја доверам Бреза на чување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Луѓето се неверојатни или ако сакате - чудни, односно секогаш кога не ќе можат да го видат она што им е пред очите се вртат назад.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Упатувајќи на Симовото племе, Дерида тврди дека Бог вели, “Ти нема да го наметнеш твоето значење или твојот јазик, и Јас, Бог според тоа те обврзувам да го прифатиш мноштвото јазици од кое никогаш не ќе можеш да избегаш“.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ниту да дишам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа па тоа: „Кога било дојдено момчето? Дали дружело со некого? Со кого? За што зборувале?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред тоа ќе можеме до наситка да си гледаме како врнат снежинкине, таков ни беше договорот, нели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мртвиот е мртов, него повеќе никој нема да го крене!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе можете да си слушате радио или да играте карти во ресторанот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бев во Париз, со мајка ми, бевме во Турција лани на летување сите четворица, отидовме есента со татко ми и мајка ми во Атина, а сега, пред неколку дена, се вратив од Лондон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој знаеше дека сите овие чорбаџии располагаат со добри парички, та ќе може да ги уцени и да направи еден „алашвериш", како ги викаше тој своите подвизи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами ако е за калци да ти донеса, токо — големи се плетени сите мој калци, та не ќе може да и носе, — со радост изјави Нешка готовност и таа да го израдува Крлета како тој неа со китките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Но секогаш кога ќе можам ќе дојдам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И неговата мајка, од турска рода, со блиски на највисоки позиции во Цариград, конечно ги загубила своите илузии дека ќе може да им се придружи на своите во Цариград, со својата рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Побрзајте, — му рече, — јас денеска заминувам за Стамбол, та не ќе можам лично да ви ја свршам оваа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така не ќе можеш да леташ така дури до Европа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега не ќе можам да бегам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не, оној друг свет од мрак не ќе може да ја пробие тврдината на нивните молитви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Отсега ќе можеш да јадеш и свинско и сланина без око да ти трепне - му рече Матновидецот на Здравко.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нерамностите што ќе се покажат во јазикот на мојата книга се сосем природни и ќе може да се отстранат само при едно подлабоко знаење на централното македонско наречје, со што не можам да се пофалам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во колку се случи да надвладее тој остер ветер, не ќе може ни да се помисли барем малку да се поработи со бичкијата, а тоа беше она најважното, за кое што тој и беше дојден овде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеја, кога ќе се разбуди ќе ги бара и ќе може само да нагаѓа каде се.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе ти се случат такви работи од кои никогаш не ќе можеш да се повратиш, па макар живеел илјада години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Добро што не се најде овде мајка ми да можем да го прочитам инаку цела ноќ не ќе можев да заспијам се доде-не се најде овде мајка ми да можам да го прочитам, ва писмото).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ништо, ништо! Некогаш моите слики ќе ги тераат луѓето да се прашуваат, само јас тоа не ќе можам да го видам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кампот, најпосле, е „облик на самоодбрана“.223 Како инаку оние што негостољубивиот општествен свет ги држи како пленици ќе можат доволно да го дереализираат за да не му дадат да ги сотре? (Ова е една од темите во Сартровата Сeн Жене.) Ако тоа е тоа што значи да се „тривијализираат“ сопствените или туѓите чувства, ако тоа значи да не се сфаќаат буквално и неиронично, тогаш тешко дека нивното тривијализирање ќе ги обезвредни и багателизира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Капацитетот ќе може да издржи до 600 литри вода во секунда, значи планирано е перспективно и со зголемување на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Немало да има ни граѓански отпор, ни борба за човечки права, ниту Роза Паркс ќе седнела на предно автобуско седиште резервирано за белци, ниту Кенеди ќе ги добиел изборите, ниту Мартин Лутер Кинг ќе држел историски говори, ниту Врховниот суд ќе ја укинел расната сегрегација по училиштата и универзитетите, ниту ќе се случел маршот на Вашингтон, ниту Црните пантери ќе имале муда да кренат глава, ниту демократите ќе се степале со полицијата на својата чикашка конвенција, ниту ќе се изродел студентскиот бунт, ниту ќе имало мировни движења, ниту ќе дошло до сексуалната револуција, ниту до флауер-пауер, ниту до мејк-лав-нот-вор, ниту до филозофијата "грлс сеј јес ту гајс ху сеј ноу", ниту до појавата на феминизмот и женската рамноправност, ниту ќе имаше слободен печат да го раскринка она лајно Ричард Никсон, ниту ќе имаше нудистички плажи и кампови, ниту ќе имаше екологија и борба против индустриските штеточини, ниту Латиносите и Азијатите ќе добиеја пристап до раководните места во државната администрација, ниту хомосексуалците ќе се избореа за право на слободна љубов, ниту поп- рок ѕвездите ќе држеа концерти за гладните во Африка, ниту јас како тинејџер ќе можев да носам искинати фармерки пред жива мајка Милена, ниту ќе можевме глас да кренеме против крвожедните корпорации, ниту ќе смеевме попреку да ја погледнеме воената индустрија, ниту ќе беше можен антиглобализмот, ниту пак глобализмот, ниту секоја сабота ќе одевме на протести против војната во Ирак, ниту денешниве манекенки ќе шетаа по писта во танги и со разголени гради, ниту Клинтон ќе смееше да зуцне дека дувал хашиш и ја таклабасал Моника Левински, ниту Џена Џемисон ќе направеше толку пари, ниту Ал Гор ќе можеше да попува против глобалното затоплување, ниту Бил Маер и Мајкл Мур ќе можеа осум години да плукаат по Буш и Чејни, ниту медиумите ќе признаеја дека Сара Пејлин е бимба бимбосана, ниту сега јас и ти ќе седевме овде со зелена карта, со другарот Обама на чело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Најпосле, меѓутоа, сфатив дека дури и да можам да изнесам сѐ, да си ги објаснам и да си ги оправдам методите, да ги предвидам и претпазливо да се осврнам на сите можни приговори против мојов проект, да ја разгледам и критикувам работата на моите претходници и да изградам единствена, кохерентна, кумулативна расправа, никој не би истрпил еден таков сложен, волуменозен потфат и не би сакал докрај да го прочита грамадниот том што би произлегол од тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не покажува ли тоа оти пошироки реформи од оние што ни беа дадени ќе можевме да добиеме и без револуција, а само со вешти, мали народни движења?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби мислеа и на своите мајки и братчиња, за кои, кога ќе ја завршат бербата, ќе можат да однесат парче леб.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зар никогаш не те воделе во кино?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ене сум јас, извикувам, ене сум, залепена метална плочка врз мермерот која не ќе можам да ја допрам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да беше чиста и неизвалкана како до пред ораницата таа не ќе можеше да донесе таква одлука, ќе мораше да ја јави вистината, ама сега е поинаку со неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со господова помош ќе ви ги изделкаме камењата за неколку дни, три или четири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бев сигурен колку ќе можам да придонесам во отстранувањето на недоразбирањето помеѓу двајцата пријатели но сепак спомнав, само спомнав, но за да ме слушнат и двајцата, дека пред година или две речиси бев сигурен оти никогаш повеќе нема да дозволам да се вљубам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овде луѓето настојуваат да оформат некое претпријатие, мало, самостојно, но да биде нивно и такво во кое ќе можат да дојдат до израз нивните иницијативи, слободата и свеста за самостојност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му реков дека мислам оти не сум упатениот кој ќе може да го поведе кон неговата цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаеше дека на неговиот гостин му е потребно малку повеќе простор за неговите игри и дека тој сега ќе може и самиот да си го изнајде тоа и не отиде со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои работи од сето тоа веројатно ќе можам да искористам во тој мој роман за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не ѝ приговори на ќерка си, знаеше и сама дека долго не ќе можеа да останат во она подрумче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Разбрале децата од светот дека Чук Нам е, всушност, гладен и решиле: кој што ќе може да му даде.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Затоа се ограничив на еден културен објект и на еден пример од прагматиката на жанрот, па се обидов да ги изведам пошироките импликации од тој мој ограничен материјал.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И добро ми оди. Наскоро ќе можам самата да склопам реченица.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Се надеваше дека утредента, кога се очекуваше да заврши јагулската конференција, ќе можеше да му донесе поволни вести.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тики бој, нè чека голема работа, а јас најпрвин морам да ја средам 132 okno.mk онаа курвештија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред другите се обидував да бидам поинаква одошто сум, за да им угодам. а и затоа што тоа (нејзиното јас) беше толку исполнето со омраза и разурнувачки потенцијал, што сѐ што ќе влезеше во него не ќе можеше да опстане.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога децата ќе се заиграат помеѓу себе, тогаш и ние двајцата ќе можеме да се придружиме на трпезата да принесеме уште нешто, пред да ја изнесеме најголемата тава што специјално за нас ја печеа грнчарите дури во Велес.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па кажете ми сега, со каков изговор ќе можев во мојот дом да не го прифатам детево, им се обраќав во мислите на милиционерите?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прво разгледав каде ќе можам да се кријам ако затреба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го вадам од кафезот... го бркам таков, во кимоно... го влечам целиот по скалите... Margina #21 [1995] | okno.mk 125 Надвор, во слепата уличка, се наведнувам над карпите, се обидувам да здогледам сè до мостот, под светлата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никакви загатнувања. Никакви обвинувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мило ми е што повторно ќе можам да се качам на вовчето да трчам по прозорците додека тоа со клокот и тресок се провира низ планинските процепи или низ селата со куќи построени како стражари крај пругата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гаврил кога резервирал стравувал дали ти ќе можеш да издржиш толку време.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но гледам не ќе можам уште еден да испуштам, ѓавол да го земе! А тоа е Калчо.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Бахтијар може да биде замајан еден два дена, на третиот чекајте го по цело Мариово и Селечка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Која власт ќе можеше да го расправи тоа“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само да дојдеше ... Не знам кој враг ќе можеше да ја одбрани ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но не ќе можеше да се голтне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така, уште во почетокот кога ги правеле првите конкретни чекори, гемиџиите започнале да сфаќаат дека без помошта на Револуционерната организација, со која не сакале да имаат врска, не ќе можат лесно да ги реализираат своите цели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На небесниот персонал од иконите сето тоа ќе му е мошне здодевно; но светците не ќе можат да ги свртат главите на друга страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другарот Чапаев продолжи со истиот занес: - Ние не ќе можеме уште долго да живееме со победничката еуфорија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За она што не ќе можеме да платиме, ќе работиме. Качари сме, колари, казанџии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако вие можевте да ме засакате вистинската мене, ќе можам и јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Му го кажа името на едно место на кое ќе можат да се сретнат по работа, по четири дена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имајте го тоа на ум, Господине Поету, зашто во сегашно време славеите не им се нужни на поетите, туку кутриња-сокли кои ќе можат да ги одбранат, да ги заштитат нивните кревки тела и тажни души од волците околу нив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како четврто: ќе можев своите гости да ги пречекувам на тераса, и ниеден пријател од детството нема да се исплаши од празна рамка за слика, обесена на ѕидови кои се приближуваат, толку многу што ќе сака панично да побегне, уништувајќи патем фин сервис за кафе и нова мирислива свеќа запалена во чест на неговата посета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Некоја жила уште му работеше и се надевавме дека ќе може да преживее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И страв и ќотек и овие автомати и пушки и пушкомитралезот на Зоја ѝ го даде, не мислејќи дали кутрото девојче ќе може да го носи на своите слабички девојчински раменца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Место јусшевро или бокс тој ги прави од овчки мешини; место ѓон, ќе кладе мукава, но кога ќе им го удрат децата лустрсто, ни Петре Модерното, што е прв мајстор во еснафот, не ќе може да разбере оти не е ѓон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бабата се насмевнува: ќе може и овде на прагот на напуштенава куќа, а можеби и в село ќе се најдат добри луѓе гостопримци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие нејзини зборови ги слушав и кога не ми ги кажуваше; се вртев во затворениот круг опишан со „Ќе беше подобро да не те родев,“ сакав да се ослободам од тој круг и наутро посакував да влезам во кујната, како некогаш, кога мојата мајка ми подаваше врел компир, а јас седнував во аголот од собата, гледајќи ја како работи, и имаше многу такви утра во кои се надевав дека ќе можам пак така да влезам, и ќе ја прашам со што да ја искупам својата вина; во мене нешто можеби се надеваше дека мајка ми ќе ме пречека со оној некогашен поглед, и пак ќе бидеме блиски како некогаш; влегував во кујната но сега ме пресекуваше студенилото на нејзиниот поглед, грубоста на нејзините зборови, начинот на кој го заобиколуваше моето тело движејќи се низ просторијата, па прашањето застануваше во моето грло, остануваше таму и тогаш, и потоа; сакав да го повратам, да го исфрлам како што се исфрла расипано јадење, а тоа остануваше таму, како изгниена храна, но залепено за мене, одбивајќи да ме напушти, и јас го носев секаде со себе, како знак за ужасна вина која не си го знае злосторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бојан го спушти потоа покрај овцата и застана настрана да види дали јагнето ќе може само да цица.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само со знаење и просветување, само со културна работа ќе може нашата интелигенција да ги поправи и да ги искупи своите грешки пред нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да е тука зад меѓата, па јас веднаш ќе можам да му кажам. 97
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се сети на блесокот во очите на Ивана и стана несигурна во својата увереност дека Отец Симеон ќе може да му нанесе некое зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се подаде, ѝ ја зеде десната рака и ѝ ја целува Ти благодарам што нè прифати, што ни го понуди својот дом, а и својата љубов! Со ништо не ќе можам да ти возвратам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Мамо!“ – извика момчето. „Качи ми се на грбот. Ќе те одведам таму каде што е неизвалкано, каде што ќе можеме да се очистиме, да се помириме“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ако можат едно ќе можат и две. Анасана, учеле за тоа.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Живеејќи на чифлигот на татка си потајно демнеше згода за која ќе може да ги наклевети Акиноските пред султаните во Константинопол и да им го одземе Имотот а нив да ги направи свои раетини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Почекај, додека се соберат гостите, тогаш колку сакаш ќе можеш да лапаш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Види кај Димитар Клисаровски и Игор Петровски: Што ќе донесат измените во Законот за работни односи? – Лошите работници не ќе може да ги спаси ниту еден синдикат; неделен магазин Капитал, бр. 461 (2008). 15 потег на законодавецот беше направен откако, претходно – во 2006, Уставниот суд ја укина оваа противуставна законска одредба. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Иако бев многу уморна знаев дека до вечерта не ќе можам да заспијам ниту пак да се одморам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- А Пецо Даневски? - Не ќе ми тежи. Еден или двајца - сеедно е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ФРОСА: Антице, кажи ни нас белки ние ќе можеме да ти помогнеме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Зар ќе можев нешто да изменам? Не верувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас се поздравив и заминав угоре по патот и цело време си мислев дека најверојатно не ќе можам ништо да каснам зошто горе ме чекаше цела сурија гладници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Медицинското училиште стана бледо и далечно, како месечина која можеш да си ја ставиш помеѓу забите и да ја проголташ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали ќе може да ме види, уште некој збор да ми проговори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цел на Партијата не беше само да ги спречи мажите и жените да создаваат врски што таа не ќе може да ги контролира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Поттурни го кон мене, - вели пискуљот, - на две да го расцепам на белки кога ќе биде двајца ќе може да основа и Црвен крст.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некаде каде што ќе можам да си го снимам својот вечен, непрестаен, доживотно краток филм.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- „Било едно дете...“ Дедо Спасе гледа дека не ќе може да се одбрани од здодевното внуче па почна: - Било едно дете, лошо дете и се викало Васко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Радо ќе им дадев информации што ќе можеа да ги употребат во одбрана на предметот во своите соопштенија за јавноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби уште едно префаќање не ќе можеше да издржи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Страв ми е дека толку ќе се пикнам во тебе што не ќе можеш да се ослободиш од мене. Како крлеж.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па, она што таму ќе може да се добие ќе бидат информации, а не оваа, со јаглени хидрати - баласт - преоптоварена преобразба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пак ќе јадеш сланина! Некоја болест ќе закачиш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тики: А ако јас го допрам Чедо, дали ќе можам да правам чуда?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Верувам дека ќе можеш сама да се снајдеш во куќава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но тој немаше желба да стане и затоа продолжи да лежи на креветот, како божем лежејќи таму ќе може да ги реши сите нешта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ниротакис беше човек со мешана крв.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Морам тоа да го сторам инаку не ќе можам мирно да размислувам за ништо околу снимањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Самата призна: - Знаеш што Бреза, да си малку поголема можеби ќе можеш повеќе да сфатиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Дали ќе можете да дојдете утре во мојата ординација?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако прашав на пример А што се случи со Катерина доктор Пачев ќе можеше да заклучи дека најпосле и јас сум прифатил оти Бунде и Јана се живи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Да беше само тукутака болна, Кети, болницата ќе можеше да ѝ помогне. Но што може сега болницата да ѝ помогне.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш ќе може да поработи малку. А потоа ќе си се врати кај Мара и сѐ ќе биде добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога ќе беше многу пијан и не ќе можеше да оди, ќе седнеше пред некоја туѓа врата и плачливо ќе јачеше: - Маја, Маја...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите тие објекти, филмски ленти, слики, приказни, требаа да бидат концептуализирани и соединети во една конкретна форма така што ќе можат да постојат самостојно и да бидат достапни на погледот на публиката. OГЛО: Имавте ли примери пред да започнете? IГЛЕ: Имав три референци кога го започнав CD-ромот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не веруваше дека ќе дојде до толку голем конфликт, кој не ќе може да се надмине.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ќе подлипнат малку, кога ќе се најдат сами надвор, помисли тој, но ќе им биде многу полесно да продолжат, бидејќи само така ќе можат да ги избегнат сите оние работи, што му доаѓаат на човека тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Навистина не знам дали ќе можам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Немав веќе што да откријам... целата работа ми беше веќе спремна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му се чинеше дека ќе може бесконечно долго вака да оди по деда си, да замавнува со косата и да остава зад себе бранови соборена трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во викендите, се разбира, ќе можеш да си одиш дома, да ги посетуваш домашните.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ќе можат ли да го носат товарот на овие времиња?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Почитувачите на неговиот талент ќе можат да се простат од починатиот утре помеѓу 12 и 13 часот на градските гробишта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И открија дека има место за сите, дури ќе можат, исто како што прави Геле Колишев, да шаркаат по плочата и да си одредат место во кое ќе можат да си ги сместат своите газови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Што ќе барам, кога никого не ќе можам да го видам, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали ќе можеме да се видиме по смртта, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи ѝ на Рожденката и ветувајќи ѝ дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Значи, тргнете храбро и сослушајте ги првите упатства.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Да, ох, ДА!“ „Ние сме на полето вон градот. Ќе можете ли да дојдете утре?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе можеш да се сокриеш и да нѐ гледаш од шумата“, рече Мег.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таквото чувство го имаа и тогаш кога госпоѓа Мариела ја раскажуваше епизодата од филмот “Ден потоа”: девојката, во филмот во улога на глумица, плачеше со спуштена глава врз рамото на својот љубовник, заради објавувањето на нејзините скандалозни фотографии во печатот, љубовникот ја тешеше шепотејќи ѝ дека сето тоа ќе се заборави со утрешниот ден, кога излегуваат новите броеви на весниците, но таа му велеше дека тоа не е така, дека новинарите во секое време ќе можат приказната да ја рециклираат и дека таа никогаш нема да се ослободи од срамот што ѝ е фрлен врз лицето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеби ова е некоја нова чума што удира само на добиток. - Сеедно. Ќе печеме месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ќе можеш да се обесиш, вели, ќе се откажеш од бесењето. Ама има време, вели Давиде Недолетниот, еда, ќе најдам јас поубава бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и да отишла во медицинско училиште, дури и во тој момент да отидеше, да се запишеше следното утро, таа пак ништо не ќе можеше да стори за Џони Мохак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дека каде и да се ќе излезат сигурно на сртовите, сите оние итроноги и плашливи козички, дека тие не ќе можат да не излезат за да прошетаат по тие сртови пред огрејсонцето во едно такво разденување. Знаеше дека секогаш доаѓаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислев дека она што треба во мене да е страв станува дива болка од која ќе можам да се избавам далеку од ова чудно земјиште со многу жили во себе, негде на некое бачило запаметено од детството или од прикаските на тоа детство: во несоблазнет дом на недоразвиени јагненца до чии меки слабини топло се дише, бескрајно се сонува цутењето на праските и јаболкниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзаа и трчаа да стигнат некаде уште послободни, уште посами, уште во поскришен честар, каде ни господ одоѕгора не ќе може да ги види.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега со една дланка си го покриваш лицето, вели, после со двете не ќе можеш да си го измиеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога еднаш ќе нѐ фатат, ќе нема ништо, буквално ништо што кој било од нас ќе може да го стори за другиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Град во кој многу генијални уметници завршуваат како келнери по ресторани и барови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ПОП ЈАНЧЕ: А така. Дека како што е тој онака млад, убав, убаво облечен, ќе може да ја привлече.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да имаше градови ќе можеше да организираш градска герила, вака можеш да си организираш едно скромно, приватно самоубиство.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога виде дека никогаш не ќе може да ја напише оваа историја и во проектот му останаа големи неиспишани празнини, во неговиот живот и книги, стапи Климент Камилски со своите книги и илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во секој случај во разговорите со неа не се навестуваше ниту една личност, ниту пак беше спремна да укаже на некој момент од минатото што ќе можев да го поврзам со нејзиното мајчинство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— Тестир ќе дадете на оваа песја вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не кажа, вели, ни кај ќе бега, ни од кого бега, ни дали ќе може да избега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, ниту тој, ниту таа можеа да издржат и пак се разделија веднаш, со една надеж дека утре пак ќе можат да се видат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ИЛИЈА: Да те пуштев поминатата недела да одиш, од дома и, полесно ќе можевме да ја земеме...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако не беше патчето од двете страни заградено со висока папрат, па не можеше да се скршне ни лево ни десно, во полутемнината, која веќе се завиткуваше околу планината, Бојан не ќе можеше да ја пронајде колибата на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тој бој загинал дедо му на Првославец и паднале жртви десетина од карванот, маскари и борци на тогашниот скопски бег Муследин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама, и да ја најдам, што ќе можам да кажам?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му се чинеше природно и неминовно таа да биде мртва бидејќи никогаш повеќе не ќе може да му биде сопруга и беше невозможно да биде жива, а да не му биде сопруга.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сфатив дека ако си го сосредоточам вниманието на една личност, односно на Џоан Крафорд, и на една сцена од еден филм, не само што ќе имам повеќе од доволно материјал за работа туку и дека материјалот што го имам изобилува со импликации кои засегаат цело множество аспекти на машката геј-култура што инаку не ќе можеше во еден том да се обработат целосно, директно и независно една од друга.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наивно верував дека ќе можам да им помогнам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дури и ако сакав не знам дали ќе можев тој нејзин избор, тумбата, да го потхранувам со некои други значења?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потем заби едно колче над привот ред, над бездната, врза една ортома за колчето и побара од нас да сплетеме кошница во која ќе може да се смести човек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бидејќи она што ви е потребно, ... стареењето... кога би имал многу пари и кога би бил ослободен од потребите - би го сакал тоа - себеси ќе си ја дозволев можноста да се повлечам, да заминам некаде, не ќе морав да работам и ќе можев само да ги набљудувам другите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во изборот на руска сатира за “Маргина” се држев до некои нејасни принципи, кои не се ни обидував да си ги разјаснам, туку чекав решението да дојде само од себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете, јас су брго дојдена од Солун. Немам ни кошулка, ни саѓиика. Co виа ѓупцките дали ќе ме сајдиса. He су работила побрго, кој знае дали ќе може да му а гледам куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури кога се испрелизгаа преку ридот што ги дели Дардаванија и Леденото Езеро на Подводниот Вок со едно око, тогаш Дедо Мраз се сврте да ги предупреди играчките како да се однесуваат, погледот му застана на ангелското лице на девојката, односно куклата со образи од две зацрвенети јаболчиња, над кои очичките како две расцутени ружи му прошепнаа: “Зар мислиш дека ќе можеш да побегнеш од мене!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А кој беше за Љуб Куле, Ада Кале, Диар Бекир, Ерзерум, Измир и други казнени заводи, им сочувствуваше и просто ги жалеше дека не ќе можат „ѓене да бујрумат" кај него додека се таму далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најмалку што можев да помислам беше, дека Иван се врати или ми го враќаат за да ми го испитат паметењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеше дека веќе со ниедно движење не ќе може да придонесе во меѓусебното приближување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога навечер легнував на креветот, припивајќи се до ѕидот, целото мое тело трепереше од страв и тага; заспивајќи, се борев за воздух, за вдишување и издишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако дојде, ќе дојде некаде попладне, не поскоро од ужина и затоа секој ден тоа време, кога ќе можев, одев в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дали машката геј-култура, од поткултурниот подвид што го опишав тука, ќе згасне?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш ќе можеш да правиш се по твојот ќеф. – He верувам да ја менат моите родители верата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со капитулацијата на Кралството Југославија и на Грција и по повлекувањето од Крит во мај 1941 година, Британците немале ниту еден војник на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во старо време имало адет во едно царство, откоа ќе остареел чоек многу и не ќе можел веќе да работи, да го однесат на една планина за тамо да умри од глад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон. „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“ Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
5. Колку и да изгледа контрадикторно ова барање на Мисирков, тоа не само што се совпаѓаше со тогашната руска политика на Балканот, за која тој мораше да води сметка, туку беше и еден од основните пунктови на националната програма на Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург (натаму: МНЛДУ): без привременото останување во рамките на Турција, во тогашните околности, со полна културно-национална автономија, при отстранување на пропагандите и нивните институции во Македонија и обезбедување на границите преку турскиот суверенитет, навистина тешко ќе можеше да се избегне дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто, само така полесно ќе биде и подобро ќе може целта да се обвистини: ударот да биде ненадеен и силен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И стотина други аргументи изнаоѓаше уште...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Адаптирањето мислам дека веќе беше завршено, стравот дека не ќе можам да се носам со градските деца како никогаш и да го немало во мене, особено кога дознав дека еден добар дел во класот се исто така дојдени од други места, од внатрешноста на земјата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Сега не ќе можам од возбуда да заспијам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Индивидуален спор Со единствената новела на овој закон се определи дека индивидуалните спорови, освен со овој закон, ќе можат да се решаваат и согласно новиот Закон за медијација (чл. 1 од ЗИДЗМРРС/14).95 Ваквото решение е секако во корист на работникот, бидејќи медијацијата подразбира донесување на заеднички прифатливо решение кое е предложено од сите страни во спорот, изразено во форма на писмена спогодба, за разлика од обврзувачкото решение на арбитражата, кое најчесто е во корист на само една од страните во спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ноќта е со полна месечина, му вели, ќе можеш ли да ја напуштиш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислев оти само така ќе можам да обезбедам целосна дискреција. Но изгледа ќе згрешев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само си рече Со недели не ќе може да се чуе збор од Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Па, што? - викна Миле и продолжи да се беси на мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Без неговата помош не ќе можевме да ѝ направиме мираз на невестата и да ја прославиме нејзината свадба210а“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А мислев дека тој миг никогаш нема да дојде“.460 ‌Дали мигот што го опишува Квин е навистина оној што сите го чекавме толку скрбно?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пушката беше сега негова прва мисла, прва грижа и знаеше дека не ќе може да се ослободи од неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се надевам дека по десет години, без многу мистифицирање, ќе можам да го правам она што најдобро го знам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој му тврдеше на Татко, позајмувајќи му книги од Декарт на читање, дека без вистинското картезијанство, односно рационална и длабока анализа и размисла на природните и општествените процеси не ќе може ништо целосно да се разреши на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој можеше слободно да се врати, а и францускиот командант Мортје во Поградец прашувал за него, препорачувајќи им на Татковите родители слободно да се врати од Цариград, му била утврдена невиноста, а и ќе може повторно да работи во Командата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Попусто се џапал и попусто се пенел пијаниот Куно, тие двајца биле посилни и од млад бик, меѓутоа Онисифор Проказник го смирил некако - ќе се налутат домаќините и ќе ги остават без камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во секој случај знам оти не ќе можев да издржам помеѓу четирите ѕида па еве, дотрчав кај тебе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како што шаманот може да понуди пејотл (дрога), така терапевтот може да ги понуди фармаколошките плодови на биомедицинската наука за да го промени телото, за тоа да може да каже поинаква приказна со која ќе може да живее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Бојанчо, ќе можеш ли да си одиш? - со сериозност и со длабока загриженост праша дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега знаев дека до празникот, до кој остануваа само уште пет дена, не ќе може да се лее. Сеедно!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рамнина легната на четири статични нозе (да беа тркала ќе можеше да се вози).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ноќите кога тие планети ќе може да се гледаат на небото ние не би сакале да имаме ништо заедничко со ѕвездите.” „Мислам дека е така“, реков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бидејќи Кларк бил повреден и му била потребна медицинска помош својата мисија Perseverance ја препуштил на поручникот Мекдоналд, а тој продолжил со мисијата на Џорџ Квајн која требало да замени за Македонија каде се надевале дека ќе може да биде илегално префрлен до Скопје каде што би можел да добие потребна медицинска помош.112 ____________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога мајка ми дозна, не се израдува толку што ме викнале на конференција, туку што конечно ќе можам да отидам на гости кај тетка ми Олга и да си го запознаам сојот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откоа зеле заповеста царцка, сите беа се собрале кај царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, во сите случаи тој ќе може да испука барем трипати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЛУКОВ: Да... Појдете кај неа и речете ѝ дека не ќе можете да отидете со неа в град.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
До таму, до каде што стигна тој, јас не ќе можев. Бргу ќе малдисав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Станав познат, се стекнав со слава и не ми беше тешко со неколку илјади да ги поткупам гробарите да го откопаат и пренесат тука.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој, со гулабот на главата, одеднаш се почувствува толку лесен што му се чинеше дека штом гулабот ќе замавта со крилата, тој ќе може да се крене по него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така и со Соколета тој си го држеше овој начин, што сега несомнено олеснува да му пристапи: тој нема на сето да погледа така сериозно како што би сторил некој друг, изненадувајќи се можеби непријатно од необичната исповест, а и Соколе, барем во првиот момент, ќе може да ја претстави работата малку како на шега, како да е тоа некаква негова мимолетна бубица, а не длабока тревога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Понатаму, во писмото, Атанас ги молеше мајка си, браќата и деца си Блажета да му простат што не им се кажал пред заминувањето, но тоа го сторил зашто се плашел дека ќе го попречат да замине, а тој оттаму, од Австралија, ќе можел уште повеќе да ги помага, зашто му било добро и зашто добро заработувал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За неа јас останував невидлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ќе се чувствуваш подобро, ќе можеш да ја видиш вистината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ѝ се радував и плачев што ќе биде поблиску до мене и што ќе можам навечер пред да заспијам да си ја погледнам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ах, жени, жени! Ако не бев доволно фин веројатно ќе можев да речам дека богатството на вашите намери не се исцрпува со вашите постапки туку и со желбите што греат од вашите очи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега само слушајте ги, а после ќе можете да прикажувате за ова.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе можеме да живееме во мешана реалност, кадешто ќе ги гледаме реалните објекти како низ очила за сонце, а истовремено и куп виртуални објекти (тоа би можеле да го наречеме транспарентна реалност - заб. на прев.).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да беше умешен и да знаеше да управува со своите слабости, веројатно ќе можеше да им се наложува на сите оние кои идеа кај него само со една единствена цел, да го искористат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На пат ќе останам како сум невешт, а камоли што не ќе можам работа да свршам и ако отидам таму. – Сус, бре, ќерата?!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Клетви и пцовки се вртат околу црвот на стравот со надеж дека ќе може да го завие или истисне од себе за да направи пат да се појави тој непрокопсаник, нејзиниот Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Глас: Бидувало ли: огнот да си шепоти со ветрот... оти ќе можат - мигот да го сопрат!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Така Господ ќе ти ги прости твоите гревови и можеби ќе можеш да отидеш во Рајот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Над нив голи гранки што благиот ветер ги нишка со надеж дека ќе се наведнат толку многу што ќе можат да го досегнат расфрланото злато и да си го врати пак на себе. Не! Не се досегнува!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не ќе може да ја помине целата зима во приземјето на музејот каде имаат изградено макета на градот како што бил на почетокот, со пени-бонбони продавницата и 10-пени берберницата и бањи за четврт долар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така, лесно ќе можеме да ги добиваме писмата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се радував на ова - но веќе почнуваше да ми станува страв што ќе се случи со мене и дали некогаш ќе можам да отидам во тоалет, па поради тоа почнав по малку да се потам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сметките покажуваат дека е добро преку летото да се ослободи „животниот станбен простор“, зашто од приходите на туристите ќе можат да се решат многу проблеми во домашниот буџет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Добро тогаш, ќе седи колку што ќе може.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе може да се живее овде“, — си рече Доста за себе. : Навистина дедот Петко имал право кога ѝ велеше во Рожден оти му дал господ од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
M А од таа „сцена”, би издвоила некого?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш дошол Доце Срменков во везена кошула и им рекол дека камењата им се готови, утре ќе можат да се вратат во Кукулино со благослов на благодушниот Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бидејќи тој беше мелинит и немаше изглед на обичен динамит што Турците го знаат (тој беше жолт прав во 1.000 пакетчиња по еден килограм), мислевме дека ќе може да мине преку турските царинарници како лек против филоксера.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За македонска народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да му мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен политички живот; а до тогаш нам ни треба ние да сме соединети и да го оставиме настрана националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога би била запната цврсто за некое неподвижно стебло, таа стапица, фатената дивинка секогаш ќе можела за сметка на својата несреќа да си ја остави само половината од својата нога меѓу острите железа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудови и добрината на неговиот живот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
„Неколку дена“, брзо рече таа, „ќе можам, ама за повеќе не знам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира откако тебе ќе ти биде одземена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана: - Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница? - Тешко... Падната е карпа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Горд сум што овој врсник на татко ми ме третира веќе како писател и при тоа ми обезбедува материјал што ќе можам да го ползувам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
КРИСТИНА: (Се гледа себеси.) Веќе никогаш не ќе можам да играм. Види на што личам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се надеваше единствено дека тоа ќе го искупи со натамошната своја практика, кога како самостоен ќе може да ги применува новите методи на терапија напуштајќи ги веќе вообичаените на неговите претходници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од нив не ќе можеш ни глава да кренеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше поминат уште еден ден без небо, во кој животот колку што може подлабоко се прибира под својата коруба и таму дреме, згуснувајќи го својот сок во соништата за она време, кога еднаш ќе може да развие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и самиот Голдштајн, ако и падне во рацете на Полицијата на мислите, не ќе може да им го даде комплетниот список на членовите, ниту каква било информација што би ги одвеле до комплетниот список. Таков список не постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не можам да влезам, посестримо - је рекол - чунки само еден ум имам, да ако се ватам, не ќе можам да се пуштам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога би постоеле можности за искористување на ваквите состојби кај човекот, љубовните вредности на Јана веројатно ќе можеа да покренат и турбини и машини. - и Зрновски се засмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во дневните белешки, јасно ја потенцира дилемата што произлегува од тоа, односно што големиот Јонеско ќе може да ѝ остави во наследство на ќерката?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зарем ќе можев да го задоволам и тоа додатно љубопитство со одговор што ќе беше уште понепотполн и уште понејасен?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И да сакаше не ќе можеше да го протурка низ стегнатото грло ни да му даде поконкретна смисла од големата збрка во нејзината глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Замина понатаму, по дирата, што беше сѐ уште испомолзена со оредчените капки крв, а за сето време мислеше уште на неколкуте легала, што ги знаеше од оваа страна на сртот, кон кои сега го водеше онај негов самјак напред, и реши дека ќе може да се врати дури откако ќе ги помине нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Верував дека ќе можам да ги испишам празните страници од незавршениот татков ракопис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но ќе ви кажам: тие што дошле со по едно воле, дошле попусто. Не ќе можат да го однесат товарот ни до најблисконо село, ни до Древено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто, мошне наивно било да се верува дека, уривајќи ги материјалните богатства на една туѓа земја, ќе можеш да ја предизвикаш нејзината влада таа држава да интервенира во своја корист.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знаењето ќе се зголемува со зголемувањето на опсегот на околините што се истражуваат, со игрите што ќе можат да се играат, со новите луѓе што ќе можат да се сретнат, со новите јазици што ќе може да ги учиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дали идните геј-мажи не ќе можат да сфатат, освен некако сожаливо и посрамено, зошто нивните претходници што живееле во дваесеттиот и во дваесет и првиот век гледале толку значење, толку радост во хетеросексуалните културни облици што ги исклучувале, барем онаму каде што таквите облици не содржеле експлицитни прикази на геј-мажите и машкиот геј-живот? ‌Дали машката геј-култура или поткултура што ја опишав тука е производ на хомофобија?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако поживее година две, ќе се научат со дете, па после не ќе можат без деца, та ќе си го земат Илка мој. И така името му го носи на браче Илка.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зар ќе можат да го доживеат на сличен начин како и јас оној момент кога мајка ми одредуваше каде ќе треба да копам со истион показалец што го користеше одвреме навреме за да ми го сврти вниманието кон птицата што ја прелетува нашата куќа; или, во други случаи, за да ме предупреди дека некој непознат или некоја од нашите сосетки од зад Долни Рид наближува по каменливата патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ додека не остане сам не ќе може да размисли за овој нов развој на настаните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да не се другарите на брат ми, кои одвреме-навреме ќе ми упатат по некој збор, а и тој онака, патем и обично на зафркавање, не ќе можев да кажам дека познавам макар едно момче што има петнаесет години, а не пак дека се дружам со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, се разбира, најважно е, што си сторив јас самата: кога јас по нашите среќавања со него во паркот си претставував како ќе биде да живеам со него во брак, тогаш јас чувствував - не, тоа не ќе можам да го издржам: вечна напнатост, вечна наелектризираност... Но просто, испаднав идиотка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Знам, - рече стариот. - Јас те прашам за сликата, ќе можеш ли да ми ја најдеш? Ако сакаш, ќе ти платам добро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да му се јавам со писмо, кога ќе можам да одам. Да се видам со Карл...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Тоа беше најдоброто нешто што можеше да му се случи,“ рече Далтон. „Тој беше на пат да стане професионален пијаница.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
СОЊА: Добро дојде. (Пауза) Те чекаме од осум. (Пауза) Не ќе можеше да влезеш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Не ќе може, - се заниша ламбата од гласот на таванот и закрцка подот. – Не и не. Куќата само воздивна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Ајде Бино, ајде Трајче, ајде да го станиме, зерем, ќе го фатит ноќот, а јас стар човек не ќе можам да слезам до конакот! — навалува стариот мудур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од сето тоа останаа старите клучеви на куќата и пустата надеж на враќањето, кое, беа уверени Татко и Мајка, никогаш не ќе можеа да го стигнат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со неа покрај мене, овие луѓе не ќе можат да ми ја поткопаат смелоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја означува отуѓеноста на групата од потрошувачката култура која веќе ја претвора женската емоција во стока, која ја става на пазарот, препакува нејзини делчиња заради масовно уживање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие деца ќе имаат олкави заби, со бради ќе можат да стојат в олтар. Ѓавол да ве земе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мозокот на Х се гледаше и сите љубопитници што чекаа на ред за стрижење и бричење се радуваа што ќе можат да му ѕирнат во мислите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само не ќе можеме да те носиме. Ќе нема рачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали Татко ќе можеше да продолжи по патот на јагулите, пред да биде прекинат?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега ќе можам пак да го земам презимето од Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некоја температура, си велам, некоја компликација, сенешто може да се случи. Вода не ќе може да си поземе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Сезаме, отвори се - ѝ вели на аеродромската врата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислам дека оваа вечер и да посакаш не ќе можеш да ја заборавиш. Никогаш нема да ја заборавиш, Елена!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш ќе можам мирно да го напуштам овој свет и да кажам дека ја исполнив својата цел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Утре ни леб не ќе можам да печалам како досега.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Она што ја прави значајна е тоа што претставува необично откривателен пример за една многу поопшта склоност – склоност на многумина геј-луѓе денес да настојуваат дека се не само „речиси нормални“, како што тврдеше Ендру Саливан туку и крајно банални.459 Ефектот на оваа настојчивост е бришењето на особеноста и посебноста на настраниот живот, со што се одрекува способноста да се придонесе со нешто вредно во светот во кој живееме. ‌Кога на 24 јуни, 2011 г., државата Њујорк донесе закон со кој им се овозможи на луѓе од ист пол да се венчаваат, Асошиејтед прес побара реакција за тој историски настан од отворено геј-претседателката на њујоршкото Градско собрание Кристин Квин, која ја соопшти веста за напнатото конечно гласање во државниот законодавен дом на конференцијата за печат на њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш лесните волци со своите меки шепи ќе можат да се движат по него како по сува земја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, за сето време беше свесен дека оној не ќе може да издржи долго без да доаѓа ваму, без да работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но зашто тие се најдуваат од кај страната на Градишки Пат, минува веднаш под нив, то ест од кај страната од којашто постојано се заканува опасност, зарешетчени се со железни прачки па дури и да стане и да ги отвори, пак не ќе може да се подаде низ нив и да го види цел Станкоски Рид, - ги гледа само јужните падини на Горник, Дупка и западните падини на Зедница - заедно со Горник и со гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Бабо, - ѝ реков, - дојдов да ти се извинам за она што го стори нашата банда, и да ти ги донесам парите со кои ти ќе можеш да си го поправиш прозорецот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да знае земјава да зборува, вели Мисајле Ковачот, не ќе може да докаже, ама нема е. Се спомнуваат силни војски и плашливи војски, се бара правина на кривина, а маката останува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само така ќе можеме да излеземе на крај со натрапничките зборови во нашите јазици, кога ги наложи историјата на туѓинците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Но, дали ќе можеше сето тоа да се изведе без да доживее презир? Што ако Виктор ѝ го заврти грбот?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И да згрешат, не ќе можат да ги победат јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Било очевидно дека тие не ќе можат многу да чекаат, но не им било лесно веднаш да ги запалат фитилите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
е присутна селективноста на предлагачот при изборот кои слободи и права ќе можат да бидат предмет на заштита, па така сегашната енумерација ги опфаќа само граѓанските и политички слободи и права, а целосно ги изостава економските, социјалните и културните права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одам таму каде сѐ започнува каде сѐ се раѓа, каде ќе се сопнам од вистината и разбудам во еден друг свет, каде ќе можам да бирам како ќе живеам....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Знаеш, можеме да купиме куче, па секогаш кога ќе се шетаме низ паркот, ќе можеме да го поведеме со себе. (Морам вака ублажено да ја наметнам темата за детето).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Штом е така, - рече баба ми, - ќе можам да ја искористам за правење пинџури ајвар уште есенва, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но чекајте! Гледам: не ќе можам уште еден да испуштам, ѓавол да го земе!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веруваше дека библиотеката на Климент Камилски ќе можеше да му помогне, сепак, да го доврши својот проект.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пиел со ситни голтки и се сеќавал за дел од својот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето ги размрдаа нозете, ги оптегнаа глезните и видоа дека ќе можат да се движат во колона по двајца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ритмички збиваа. и оддалеку ќе можев да видам дека ноктите им се издолжуваат, и на нозете - врвовите на жолтите чевли со контички шари и дупчиња се отвораа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така ќе можевме да зборуваме за машкиот геј- субјективитет, да ја испитуваме неговата особеност, а можеби дури и да ги дефинираме својствените начини на чувствување што ја сочинуваат, без да се грижиме дали поради нашите заклучоци геј- субјективитетот некому ќе му изгледа нормален или ненормален, здрав или болен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
6. АКО ИМА НЕКАДЕ ПОАРНО, ВИКАЈ МЕ И МЕНЕ - но така викнат ќе можеш ли дома да се вратиш?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И пенушка гнила ќе може да сфати – насекаде само крадци и гранати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пелагија се закикотува Ако си нашла што ќе те повела тебе, сигурно ќе може и него!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Последнава беше заеднички нивен непријател и двата народа145решија да удрат на неа и секој да си земе што ќе може да откачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали ние Македонците /Словените/ во таков случај ќе можеме да се поздравиме со успех? Мислам, не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас би сакала да го препорачам читањето на книгите на Луан Старова за да се открие тоа што медиумите кои н информираат секојдневно никогаш не ќе можат да ни го раскажат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За една недела работа, тоа се 700 динари. Ќе можиме да си купиме нешто мноогу убо, Тинче! Ние шо си сакаме!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Чуму му се книгите, ако еден ден не ќе може, не дај Боже, да ги чита, прелистува, гледа?, помисли, но ништо не рече, Паскали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зоки, пронајди барем тројца вакви, ќе можеш?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но сега не ќе можеш повеќе, И другите тоа ги очекува...“ - Хм, има ли потпис? - скокна полјакот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Молчеше, само погледот му шеташе наоколу, како да бара место на кое ќе може да отпочине, и тоа негово молчење богами бааги потраја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со оваа реалност тешко ќе можев да се помирам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакавте да бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста, обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, сакавте мир...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да знаеше каде живее и во кое време си оди од работа, ќе можеше да среди да ја пресретне некаде на патот кон дома; но да се обиде да ја следи додека си оди дома не беше безбедно, зашто тоа ќе значеше шуткање пред зградата на Министерството, што сигурно би било забележано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Марта и Ана ни кажаа дека живеат во убава куќа во тивко лондонско предградие, и постојано нѐ уверуваа дека пријателите на Зигмунд прават сѐ ние сестрите да добиеме визи за излез од Австрија, па потоа ќе можеме да им се придружиме во куќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе помине овој период, дури тогаш ќе можеш објективно да согледаш каква си, која си, што можеш и колку можеш.”
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па затоа, ајде да да се покажеме како најлоши во тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа не ми паѓа тешко не само што е блиску, туку и заради тоа што ми е интересно, ќе можам нешто да прибележам од старцине што везден се на тревата околу бараката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А и што ќе можев да откријам под капакот - продувани маки и надежи, богатство. искушенија, сјај, алчност, себичност, богопоклонство, незаконски чин, пакосничавост, грабеж, паѓање на возвишениот разум, семејна тајна -што?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како таков, добро расудува; да беше само математичар воопшто и не ќе можеше да расудува, и според тоа ќе паднеше во милоста на префектот.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
-Јас не ќе можев толку лесно да одлучам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми остануваше да ја дораскажам историјата на татковата тишина, задржана од мајчиното живо присуство, во ракописот на животот, во татковиот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Расправата за културниот идентитет им овозможи, значи, на колонизираните народи да се ослободат од миметизмот, понижувачката пародија на освојувачите да ја заменат со истакнувањето на својата различност, и начините на живот од кои требаше да се срамат да ги свртат во нешто со што ќе можат да се гордеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Помачно ќе може да се реши прашањето во тие места каде што има: 1. патријаршисти Арнаути, 2. патријаршисти Власи, 3. патријаршисти Словени, 4. Словени муслимани и 5. егзархисти Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тоа и самата ќе можеш да се увериш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Што не кажеш нешто?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што ако умре на Марс? Никогаш повеќе не ќе можеме да го гледаме Марс, сиот црвен на небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Радоста ќе можеше да ѝ ја познаеш само по засјаените црни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сфатив дека на тој начин ќе можам помирно да се олеснам, па го оставив тушот да тече цело време - што и да биде, си помислив, тетка ми ќе мисли дека се туширам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Будалче мое! Немој, немој никогаш да помислиш дека со друга ќе можам да ја заменам мојата Срцка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со други зборови автоматските машини ќе можат да ја преземаат информацијата што е складирана во електронските мозоци и да ја втиснуваат во објектите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ете, како на Гизата шо го заврте околу бурило ошче на тринајсе години, ќе го завртиш и твоето, та од ка ќе му го наметниш оглавчето не ќе може да ти мртка врзано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Татко ти никогаш не моча стоечки и немој пак него за сè да го обвинуваш! - повторно просаска тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Е, мамето твое, ѝ реков, не ќе можеш да имаш дете со тие што нѐ газат!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Условите при коишто живеат тие во затворот -објаснувал Хилми - се мошне тешки, и тешко ќе можат да ги поднесат големите горештини“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговиот поттик и неговата причина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но овој пат, кога втаса до оној негов исказ за должностите што ги заземаат сега Бунде и Јана, не прашав за Катерина туку реков А што се случи со Стариот писател?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидето и шолјата беа толку чисти што несомнено некој ќе можеше да се напие вода од нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Најпосле, последната ноќ, трговецот со добиток, пак со својата жолта крава, се прикраде до куќата во која живееше братот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, германскиот напад на Кралството Југославија на 6 април 1941 година го сменил расположението на американските новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога ќе можам повторно да те видам?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега беше беспомошна, и можеби ќе можев да ѝ ја возвратам некогашната болка да беше само физички слаба, но повеќе не постоеше Амалија Фројд која расекуваше со своите зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ќе видиш какви заклучоци ќе извлечат умните и праведните, подоца, во иднината, кога ќе можат со студени глави да ги оценуваат вашите неконтролирано истурени зборови со кои сега толку се гордеете.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од нашите, што работат таму ќе можеш нешто да дознаеш...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Премногу си наивен ако мислиш дека туку-така ќе можеш да ме излажеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше дека конечно ќе може да го исполни даденото ветување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„А кога ќе добиеме телефон, ќе можам секој ден да разговарам со дедо и баба.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тогаш, секако и опасноста од волците ќе помине, па Кротка ќе може да го живее својот живот според законите на нејзиниот род, според законите на природата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денеска троа утре троа — го поткопала реката и ене го, каменот се одвалкал. Така и ние.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку и да варди­ме никогаш не ќе можеме да го довардиме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Појавата на таквата фикција во изминатите неколку десетлетија ми донесе радосно, поучно и нужно искуство – со еден вид епистемолошки пробив – бидејќи ми овозможи, најпосле, да читам за луѓе како себе и да си ја сфатам пошироката состојба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпрво, перцептивниот систем го сосекува ова изобилство, или не ќе можеме да преживееме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Новите поколенија можат да бидат посилни, побрзи, поснаодливи од своите родители – и тие особини да им ги пренесат на своите потомци, кои понатаму ќе можат уште повеќе да ги усовршуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Мислев дека тебе ти е јасно – продолжи по куса пауза – какво значење за мене има „мојот свет”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Исто како што стрејт-читателите отсекогаш правеле со главнотековната книжевност, најпосле можев да читам фикција во која ќе можев да видам како се отсликува мојот живот, како се истражува, анализира и преосмислува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тие два вечера момчето од старио што го врати од планина, никако не прогоорило со старио.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не ќе можам, во ова кажување, да ви го изнесам сето свое искуство, стекнато во правото, во досегашниот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Лекарите ќе можат да патуваат низ телото на пациентот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По резултатите што ќе се добијат од сегашното востание, последново ќе може да се нарече една од најголемите, ако не и најголема несреќа за нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пак молчев - како ли се цртаат добри сенки? - ... Како слон без сурла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Мајка ми не сакаше да ја погребам на гробиштата долу, во градот - објасни Иван. -Далеку биле. Како во друг свет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе можеше да ме носи наоколу како кукла.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ќе можам. Како ќе ме управуваш, така ќе одам. Висок сум и жилав ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Понекогаш ѝ завидував на Ели, што дури ако татко ми се реши на најстрашното за мене, Ели можеби ќе може да поверува дека таа друга жена е нејзина вистинска мајка, која подолго не била тука.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Плачев цел ден. Наредниот ден се разбудив посреќна знаејќи дека ќе можам да одам на лулашките и таму да си играм со другите деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ете, тоа беа размислите што ми идеа пред да навратат момчињата од милицијата што веќе ги спомнав. А доаѓаа неколкупати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стигнавме до центарот на Менхетн, излеговме од метрото, па кога те запрашав дали се чувствуваш добро и дали ќе можеш да шеташ, ти само кратко ми одговори, да.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И јас, како и другине што поминуваат оттаму, ќе можам да ја видам само улицата со затворскиот ѕид што се чини сосема обичен. Ништо друго не се ни наслутува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Можеби навистина беше така. Заборавете го случајот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајсторот се израдува дека ќе може да ме упати сосема.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Утре в ранина ќе можеш да легнеш во него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
XXXVI Татко продолжи да оди во Архивот, но без надеж дека ќе може нешто да промени, да ѝ застане на патот на планираната стратегија на Мирон Донски, конечно, да биде отстранет од сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во анализите на советскиот интерес во балканските држави, тие ќе истакнат дека Советите во Романија, по анектирањето на одредени територии кои тие ги посакуваат, ќе настојуваат да се постави "пријателска влада, врз која ќе можат, во голема мера, да имаат своја контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ зависи од отвореноста кон себеси, од искреноста со која ја прифаќаш или не - вистината која те опкружува и која има големи, крупни очи кои гледаат и отаде невидливото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Филмовите ќе можат да се видат не само во специјалната сала туку и во самите галерии.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние се викавме Бугари. Со тоа, од една страна, сакавме тоа име да ни послужи како центар околу кој ќе можеме сите да се згрупираме, без да бараме за таа цел некој друг, а можеби и сосем нов, од друга страна, ние мислевме оти вистина во соединувањето со Бугарите е нашата сила.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Докторот ме гледа, не зборува ништо и чека да се пожалам на темпото, на умор или инструментите да алармираат дека, ете, овој напор не ќе можам да го поднесам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Но, јас немам гости. – Возврати џвакајќи – Никогаш не сум била толку гостољубива за да ми дојдат гости на кои ќе можам да им призачувам од вакви слатки, преслатки работи!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Прв пат осаменоста ме загрижи, чувствто на одалеченост, така што возбудено го запрашав Гил: “Сигурен ли си дека ќе можам да се вратам?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, како по правило, на стотина метри од главната плажа, детето ќе го свртеше својот коњ во морето и набргу меѓу брановите ќе можеа да се видат само две глави: црната на детето и белата на неговиот коњ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Според неа, работникот мора да биде синдикално образован – што значи дека, преку соодветно синдикалното образование, тој многу полесно и поефикасно ќе се запознае со 157 своите права утврдени во законите и во колективните договори и истите полесно ќе може да ги оствари.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе биде готово за кога ќе можат да дојдат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајка ми би зборувала на оваа тема „сто и една година” кога би ѝ дозволила, но одбегнува, зашто ја имам предупредено дека мразам да го употребува тој збор – пубертет, исто така мразам и описно да го употребува – „периодот во кој сум” и, воопшто, нема нешто што може толку да ме збесне и онерасположи како разговорите на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаше чувство дека ако ја крене раката, ќе може да ја види светлината низ неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко ти имаше право кога велеше дека затворените очи го чуваат срцето, а и на умот му помагаат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неговата формула, ќе може да ја репродуцира и обновува природата, и во услови да биде уништена...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се разбира и нејзе и бев рекол нешто што требаше да значи дека сум зачуден од нејзиното решение да почива токму таму, на тумбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Духот: Не, не знам дали ќе можам, господару!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беа задоволни од промената на местото и сега, како што секогаш кога ќе можеа одеа во рововите, доаѓаа овде над карпата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но, јас не ќе можам да ја поведам во тој свет, да бидам дел од нејзиното полетување и лет ниту да бидам ковач на нејзината среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На големиот паркинг пред куќите се имаа насобрано повеќе соседи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И покрај именувањето за социјалистички судија, тој мошне добро ја знаеше тежината на новата позиција, останувајќи крупна ѕверка која талкала по повеќе балкански дивини и на која, еднаш засекогаш, требаше да ѝ се постави вистинската стапица, од која не ќе може да си ја спаси главата!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да ми кажеше пак некој дека мали деца, како мене и помали од мене, седат пред тие дрвени справишта што Игбал ги нарече разбои и чепкаат со прстињата по цел ден, не ќе можев да поверувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Не ќе можеш. И за маска сум претежок.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше тоа доста време, дотогаш сигурно ќе може да ја сврши и работата, за која беше дојден, а за дванаесет до петнаесет дена времето сигурно ќе разјужи и тој според некаква направа во себе речиси со сигурност го знаеше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа, одеднаш како стрела истрча надвор од тоалетот, долу по скалите и се врати за помалку од десет секунди со одзатнувалката во рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нешто што не ќе можеш да го заборавиш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На амбициозното писмо, на кое Михаил се надеваше дека со сигурност ќе добие потврден одговор, наместо тоа доби едно цело досие со лекарски наоди од здравствената состојба на шимпанзото, што во терминологијата на Тајсон, беше knock down за сите негови надежи дека ќе може да го врати назад.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ОСТОИЌ: Јас мислев ќе можев да ги добијам на употреба некое време. Тоа е обемна работа.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Елен Лејбовиц Frјuѕ ce 16 avril 2001 Monsieur, Il fallait que je sois bien nаvе pour imaginer que je pourrais, comme je vous lаvаiѕ dit, continuer vous сrirе sans faire allusion aux troubles qui venaient dсlаtеr en Mасdоinе. La vrit, сеѕt quеn pensant vous je peux trѕ difficilement pense autre chose; quand vos livres, les passages qui me reviennent presque chaque jour en mmоirе sont ceux о vous racontez que votre mrе demandait: Еѕt-се quil va y avoir la guеrrе? et que votre рrе passait des heures еntirеѕ соutеr des informations la radio. Des informations, la tlviѕiоn, la radio et la presse сritе en donnent de moins en moins sur la Mасdоinе; certainement signe que les combats ont сеѕѕ (Ou presque?). Ce qui est surtout frappant, сеѕt que cette question de la Mасdоinе semble trе devenue, роur disons les ѕрсiаliѕtеѕ, lоссаѕiоn de repenser la tоtаlit de la question balkanique. Et comme, je suppose, vous devez vous intrеѕѕеr la mаnirе dont les pays de la Соmmunаut еurореnnе реrоivеnt ce рrоblmе et peuvent (dans le meilleur des cas!) contribuer sa solution, je vais vous envoyer un article paru dеrnirеmеnt dans Lе Mоndе. Vous concernant, je me demande si vous vivez votre ascendance albanaise et le fait que vous ayez t diplomate comme des facteurs favorables, qui vous permettent dаvоir sur cette situation le point de vue le plus diѕtаnсi et dехеrсеr ainsi une influence mоdrаtriсе. Mais je рrсiѕе: сеѕt une question que je me pose, je ne vous la pose pas; vous devez trе suffisamment оссuр. Je souhaite seulement que ces vnеmеntѕ puissent rерrѕеntеr mаlgr tout les jalons dunе vоlutiоn positive et vous donner des raisons de continuer сrirе. Hlnе Lejbowicz 20 април 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И тогаш ќе можевме да чекаме колку ќе ни се сакаше, со еден таков полн сандак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А и малиот повеќе ќе разбира... ќе можат да се запознаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ќе можам да си дозволам себеси да бидам само јас и нема да ми биде потребна никаква етикета.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но сега, откако се изиграа неколку потези, тој гледа дека погрешно ценел - позицијата не му е никако наклонета, големо прашање е дури дали ќе може и да ремизира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мислев, ако успеам во ова, ќе можам да успеам во сè што ќе посакам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И, како по правило, на стотина метри од главната плажа, детето ќе го свртеше својот коњ во морето и набргу меѓу брановите ќе можеа да се видат само две глави: црната на детето и белата на неговиот коњ.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш ќе можев да бидам сигурна дека таква ќе ме сакате.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Ниту еден момент не одлучував; јас бев замината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го однесов петелот дома, му направив убава кошара, му оградив дворче во кое ќе може да шета и прета, го наранив со пченка, го напоив и го оставив да си го живее животот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А мислев, заблуден, дека се раѓаме на овој свет за да работиме, сиве ние, дека живееме само додека можеме да го правиме тоа, да создаваме, а после, кога не ќе можеме да продолжиме со тоа, тогаш си одиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така ќе можев да предавам успешен предмет за современата машка геј-фикција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Ја, - подрече Чакарвелика, го пристутка плеталото во скутот и не кревајќи ја главата кон нив си рече во градите: - Убаво сте смислиле, деца, ама вие дома не ќе можете да се вратите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во тој момент го мачеше само едно: Што мисли таа? Дали ќе може да ја кандиса?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Промените што ги наброја немаа врска со зголемените материјални придобивки, со еднаквоста пред законот, со унапредувањето на човековите права, со придобивките од правичната распределба, со поразот на хомофобијата, со растурањето на хетеросексуалниот монопол над сопружништвото и над личниот живот и со отстранувањето на правните пречки за основањето и одржувањето интимни врски.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако го оставам сам уште некое време и да го фати пак паника?... ќе направи дополнителни будалштини... ќе ја запали целата спална.. Ебате беља!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се надевам дека ќе бидам овде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да разберете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Колку сте праснале, - се насмеа тој, - не ќе можам долго да ве држам на колена, тешки сте.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш не ќе можеш да ми преречеш, ниту јас ќе можам да ти го доречам она што секогаш го бараше од мене, оти тогаш ќе биде доцна за се.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А пак оној Симон, таков каков што го знам, ѝ рекол: Кога ќе се крене ѕидот, ѝ рекол, ќе можеме да го пуштаме Гаро од синџирот и дење!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секогаш во својот живот ги избегнувал колку што можел тие притаени чекања, а тука, кога не ќе можел да работи тој секогаш ја пуштал барем водата, барем таа да се плиска, да прска, да се разбива во бела пена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лесновските мајстори веќе делкаат камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Знаеш дека со овие пари ќе можам да си го пораснам синот“ се радуваше таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По колежот, за да се оддалечат колку што ќе можат од местото на настанот, луѓето ги гонеле запрегите до полноќ, до паѓање на нечие воле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— А бре, ми, којзнае. Ќе можеме да слезиме до кај Путурус, оти да не, ама дали ќе можиме пак да излезиме! — одговори расеано Андон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не морав веќе, некако, да се внесувам себеси во тие визии за животот што ги создале негеј-писатели, без разлика колку се стремеле да бидат хумани, длабоки или инклузивни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во неговата корешподенција со мене, кога си даваше биланс за изминатото време, од детинството па до денес, тој секогаш гордо, во усавршувањето на својата струка, во најсериозниот период от времето, кога треба да завршиш со сите танкости и да не дозволиш никаков пропуст, пошто никогаш не ќе можеш да го надокнадиш, го истакнуваше своето рано и успешно совладување на френскиот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислам дека ќе можеме да издржиме нешто такво, мислеше, просто прашувајќи ја бичкијата пред себе. Ќе се обидеме, си рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Изгледа дека ќе можат да се поврзат за подолго. Можеби засекогаш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Она негово морничаво искачување по угорницата можеше да биде само едно просто изменување со еден друг, што ќе чекори напред, и сега тие двајца ќе можеа да си бидат в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека ќе можеше да биде многу поинакво, она, што го имавме вчера со дивото ѕвере низ шумиве, да беше со мене барем уште еден човек, да не бев онака сосема сам - еден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад еден стаклен ѕид ќе бидат сместени некои од 608-те временски капсули на Ворхол, сите во сопственост на колекцијата на музејот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таму, според интересот на секциите, ќе можат да извршат и некои испитувања.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дали е вкоренета во општественото непријателство и отфрлање?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Томо, имам еден предлог, го започна разговорот Рада, потпрена на нивната клупа во паркот, мислам дека подобро го познаваш Скопје и ќе можеш да ми помогнеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И веќе на двајцата ни стануваше јасно дека не ќе можеме да го повториме подвигот од Гаково.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И рибите во водата честит царе, да се камен, и птиците во седелата, примерно и орлите и сениците, не ќе можеме. Граѓа се нема.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нивните написи, по период од една и пол година, за првпат биле проткаени со оптимизмот дека воениот удар од 27 март 1941 година во Кралството Југославија ќе претставува пресвртница во војната, потенцирајќи дека југословенската војска, по формирањето на новата југословенска влада на генералот Душан Симовиќ, ќе може да му се спротивстави на можниот германски напад.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бездруго, македонските маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на македонските националисти што проповедаат Организацијата да се претвори од револуционерна во еволуциона. Како таква ќе може легално да работи во Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Читај гласно. Така е најдобро. Така ќе можеш да ми објаснуваш патем.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сеедно. Не ќе вредеше. Сите очи на тој ѕид не ќе можеше да ги ископа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаев јас на каква беспатица може да ме одведе љубопитството на Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговиот чир ќе исчезнеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И да се стрчнел не ќе можел да ја стаса девојката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ретки се оние кои на било каков степен не ја почувствувале жедта за моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, по третата книга, „Пловидба кон Југ“, кога остарениот, бескуќен Мајстор заминува во топла приквечер, по кејот на бесконечната Река, знаев дека повеќе не ќе можам да пишувам за таков, премногу тврдоглав, намќорест и безнадежно упорен играч.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чувството за себеси како геј-маж досега барем делумно ми еволуирало преку тоа искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На италијанските вдовици од Фајер Ајленд ќе можеше да се гледа како на пародија на таа конвенционална женска улога и на моќниот перформативен идентитет на италијанското вдовство – како на чисто пародирање на високоморалната драма на семејните вредности, родовата подреденост и сентименталната сериозност на стрејт-општеството – да не беше тука фактот дека сите италијански вдовици во Пајнс беа мажи кои поради сидата самите загубиле љубовници, пријатели или припадници на својата локална заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убаво нè дочекаа, а јас бев загрижена дека не ќе можам ништо да голтнам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Луѓето испаничија дека не ќе можат повеќе безгрижно да живеат, затоа што немаше кој да мисли на светлината и да се грижи за неа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сигурен сум дека зградите во киберпросторот ќе бидат направени така што ќе можат да го направат истото што и Таџ Махал, а тоа е да ве заштитат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но постои ли начин или приказна што ќе може барем привремено да го одложи расчеречувањето на мојата земја и тоа помеѓу олку настрвени мајки, запенуваше одвреме навреме Раде Ич, и тоа секогаш во присуство на капетанот Трајан Крстиќ, кој веќе неколку дена го врбуваше за доброволец во неговата чета на 23от Пешачки полк, што требаше токму тие денови да замине на фронтот на Кајмакчалан.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не ќе можат ни умрен да ме најдат!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Изморен од толкуте настани што го напаѓале во последно време со клунови на злокобни и крајно безмилосни птици одмаздници за нечие туѓо зло, на попот сè потешко му паѓала суровоста на човештвото што сега, еве, се претставувало преку лесновските жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа не ќе може да ме најде во овој планински уџум.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас ја чувствував жената во себе и немаше правила кои ќе можеа да ме врзат за монотонијата во која се давевме со Нинослав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мораме да сториме нешто. Поскоро, веднаш. - Што?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ако се одлучат преку штрајк да ги заш- титат или унапредат своите права, поради промените во законската регулатива, тие доста потешко ќе можат да го започнат и ќе се соочат со можност од отказ поради организирање или учество во штрајкот, а самиот штрајк може судски да им биде забранет!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но Онисифор Проказник, со тага гледајќи го колењето на премаленото и збревтаво животно, заповеда да заземат место на чука од која ќе може да се гледа на сите страни и на која не ќе бидат изненадени со напад. Свенувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мрднувам со рацете, се пофаќам. Да бев мртов, сигурно не ќе можев ништо да помрднам. И ќе смрдев, ко отепан гавран.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Која било од овие промени ќе можеше да се квалификува како значајна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убаво е да имаш некого со кого ќе можеш да поарчиш барем понекој збор ѝ се исповедала краварката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако Едо се напинаше, ништо не можеше да чуе, се чувствуваше како да гледа нем филм од кој ќе може да го разбере само она што евентуално ќе му го соопшти подвижната слика што изгледаше толку многу успорена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, драги Асенета или Аристине, љубовната напивка што овде се нуди ќе можете да ја искористите само ако поминете низ извесна иницијација, односно, ако успеете да се вброите меѓу јунаците на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неа снегот вредно ја пополнуваше. тој знаеше дека врнежот ќе може и да ја зарамни сосема, но дека и тоа ќе биде само уште еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да сака, не ќе може да ме спречи, како што и неа на времето не можеше никој да ја спречи...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поради тоа ќе треба самата да измислам некој нов термин, за некаква нова болест што ќе ме карактеризира само мене (хмм... којзнае дали ќе можам, дури и свински грип измислија), ... и јас, така да речам, ќе бидам основачот на таа болест.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој напиша: „ Сѐ додека не станат свесни, тие никогаш нема да се побунат, а сѐ додека не се побунат, не ќе можат да станат свесни“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Оправдан си - рече Б.С. загледан настрана од моето лице.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка, во својот живот, пролеа многу малку солзи така што, ако се откриеја поводите за нивното создавање, ќе можеше, на чудесен начин, да се дополни семејната историја, балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На крајот да го кажам и ова: Актерите се клучниот сценски реалитет, но, одвреме-навреме, потребна е некаква Флоренс да ги потсетува да не прават будали од себе, особено кога не ќе можат да ја согледаат својата суштествена функција - коавтори на претставата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зар мислиш дека не знам дека, штом ќе ме видиш, без мене не ќе можеш ни да дишеш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И ако му притекне на тоа куче, како што е силен, од тука да ја граби, не ќе можам ни еден куршум да му закачам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Татко добро знаеше дека, и да сакаше некогаш да стане партиец, не ќе можеше, свесен засекогаш дека неговото судење на другите може лесно да стане и негово судење. Со такви мисли влегуваше во Судот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Ако сме не можеле досега, ќе можеме отсега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му кажувам на Методија, му велам, немало од нашите, туѓинка ако сакаш, ама со неа не ќе можеш да збориш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Бидејќи авионот чека за полетување, не ќе можам да го задржувам повеќе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Уште мајсторите да ја бојадисаат фасадата во бело, и тој, со жената и двете деца, конечно ќе може да се пресели од оној мравилник во ова спокојно, тивко местенце.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Татко ми раскажуваше: Се гледавме со мајка ти од малечки а кога пораснавме се парашував дали ќе можам тоа убаво девојче да го земам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш моето дело ќе биде завршено, а јас ќе можам да се повлечам. Но не пред тоа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако паднеше Татко, како жртва на некоја лажна денунцијација, а особено ако дојдеше од страна на манипулираните емигранти, тогаш тешко дека ќе можеше да си го замисли својот спас.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но последниве, оспорувајќи му го правото на грчкиот јазик во словенските краини, сами не ќе можат да се разберат и да определат каде ќе треба да биде бугарскиот и каде српскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и да се вклучам во размислувањата на Стариот писател, што ќе можев да поместам, помислувам?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако имате доволно пари и не сакате такви нешта да му се случуваат на некој од вашето семејство, сè уште можете да најдете места коишто се мошне скапи, но во кои ќе се грижат за вашите ближни и кадешто тие, главно успешно, сосема ќе можат да се смират и средат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со што ќе работат овие луѓе ако си го продадат добитокот, од што ќе живеат и дали утре ќе можат да излезат во пресрет на власта. Тамам, рече султанот, аферим!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За тоа секогаш ќе биде премногу доцна. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 170
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Добро, Арсен Лупен. Што не можеше ти ќе можат поколенијата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Бегај, малечок предавнику, не бутај ме во грев.“ Се свртев и појдов со морници под тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поучуваше Гаудама Буда: Само кога би смогнал, сеедно на кој начин, да ја искусам силата - да се втројам и размножам себеси во еден и единствен - ќе можам да кажам дека светот не е она што му се открива на окото туку само она кое се чувствува и не збиднува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За да го правиш добро, можеби некој (геј или стрејт) ќе треба да ти покаже како се прави тоа, некој кому тоа веќе добро му оди и што ќе може да те иницира во тоа – покажувајќи ти, и тоа нагледно, како да го практикуваш и обучувајќи те ти самиот да правиш како што треба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ни на сон не ќе можев да поверувам тогаш дека за сосема кусо време толку многу ќе пропатувам и ќе видам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбира, тие никогаш не помислувале дека до пари ќе може да дојдат на легален начин - преку членски внос, работа или слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислеше дека ќе можам да удирам во тапани.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вашата паралела има длабока логика: некогашниот пролетерски тоталитаризам во името на човекот низ жртвениот синдром посегаше кон животот на милиони луѓе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе може ли?... Без него... со неговото дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Улица каде нашиве славни фаци, исклучувајќи ги политичарите, ќе можат да остават отисок од дланките.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А секогаш беше сигурен дека тие ќе можат да го сватат него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јапонската наклонетост кон посредноста и непотполноста претпоставува хомогена култура која ќе може да чита помеѓу редови, а збирот на стандардни уметнички форми и методи кои се развивале со текот на времето овозможуваат квалитетот да биде точно измерен, што му одговара на едно до детали раслоено општество.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со дијамантот не ќе мора да работи веќе, а ќе може и да му ги отплати своите долгови на ортакот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Немој да сте го ваделе дворот со цревото, - ни свика тој кога заминувавме, - кал ќе се направи, не ќе можам да ја исчистам терасата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ќе можеш, - рекоа ѕидовите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сега и Сталин го нема. Без него, нели сме свои, ќе можат да донесат, едно, одгоре, ситно решение.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најдоцна за дваесет години, мислеше тој на огромното а обично прашање „Дали животот бил поубав пред Револуцијата отколку што е сега?“ не ќе може повеќе да се одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа јас мислев свадбата да биде побрзо, но стариот остана на своето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа значи дека само заедно сплотени, обединети со сите сили, селани, работници ќе можеме да изградиме фабрики, патишта, мостови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ама, вака не ќе можиме да тераме уште долго. Ризично е.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Наместо тоа, Кополината карикатура на Крафорд го одразува особениот, дисидентски поглед на Соник јут кон американската главнотековна забава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И затоа сменив правец, си ги олеснив проектот и прозата, посебно објавив некои делови од пошироката расправа,422 а изоставив редица интуиции кои не можеше да се поткрепат со релативно ограничената анализа што се помирив да ја направам наместо првобитната – макар што се обидов овде-онде да опфатам неколку од тие интуиции, понекогаш преку навестување или преку инсинуации, иако тоа подразбираше попатни искази што не знаев како ќе ги бранам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Му рече да им пренесе на селаните да бидат спокојни, да не создаваат паника; на имотите што им се покрај граница, не ќе можат да одат додека не им се даде одобрение.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зборува тивко и малку.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бахтијар остана замајан од неуспехот. Ги испцу своите бимбашии, јузбашии, милазими и други нему потчинети офицери, та место да тргне утредента да ги гони востаниците, тој се зафати со пренесување на ранетите и закопувањето на истепаните двесте души аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никогаш не ќе може да помисли дека „многуте“ реки се само водите на Јантра, која во едни делови на градот тече на север а во други на југ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако се поставевме во положбата на руската влада, и ние не ќе можевме да постапиме инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се обидуваше, вака скршен и престарен, дека ќе може да печали за двајца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако кажел тој: записот значи тоа и тоа, одајата веќе немало да има клучалница, и секој ќе можел да биде сведок на блудот негов!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Драги мои властодршци, менувајте се вие колку сакате, јас секогаш ќе можам да измислам некоја политички (не)подобна приказна.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој секогаш се радуваше кога, по свршената работа, ќе можеше да поговори со велгоштанецот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И дека никој никогаш не ќе можел ни да соочува нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Геј-ослободувањето, со други зборови, можеби има уште многу работа. 21 ЗАСЕКОГАШ НАСТРАНИ ‌А откако геј-ослободувањето ќе си ја одработи задачата, што тогаш?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лево од нив, меѓу расфрлени карпи, ги демнел некој невидлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејубаво ми беше кога ќе можев да се пикнам меѓу нив и подзинат да ги слушам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се водеа по тесното патче од Кучкин Камен кон Суши Кутол и се грижеа да ги заборават сите непријатности што ги поднесоа овие два три месеци, зафатени со таа општа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така ќе можам да ги фатам и да ги предадам во рацете на законот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Американските и британските надежи дека ќе можат да повлијаат на настани за да се намали германскиот воен притисок врз Британија, завршиле без успех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На пример, една јасика ќе ги насочи листовите во насока во која тие ќе можат да зафатат најмногу сончева светлина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пиштолот ми беше при рака, имав и муниција за него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но ти ќе можеш да учествуваш во таа иднина само ако го сочуваш жив својот разум, исто како што тие го сочувале живо своето тело и ако ја шириш тајната доктрина дека два и два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Особено е битно да не се лепите до апаратот зашто вратата, ако не ви е Бетменска, не ќе можете да ја отворите, а кога ќе го откриете тоа, позади вас ќе има веќе две аута што чекаат ред, па ќе мора и тие да се враќаат во „рикверц“, додека вие маневрирате вешто, напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А јас ќе можев - малку ли работи можев - можев да излезам писмо да пуштам, што ќе беше тогаш?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од основните претпоставки на „конструктивниот алтернативизам” на Kelly следува исто така дека: Нешто мора да биде хетерогено со биполарностите бидејќи така може да им понуди онтолошка поддршка, нешто за што ќе можат тие да се прикачат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се надевам дека нема да биде така, како што сите се плашиме дека може да биде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
– Јас мислам да се направите дервиши, или калуѓери како ги викате вие, и да ги прошетате тие злогласни села, сетики ќе можете нешто да исчепкате.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој капитал ќе можиме тука или Србија, па дури и Истанбул да го инвестираме.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ако, како што признав на почетокот, не бев човекот што треба да го предава предметот за тоа „како да се биде геј“, исто како што не сум човекот што треба да пишува книга на таа тема, тоа е затоа што отсекогаш сум бил благодарен за, а и длабоко внесен во, експлицитната, некодирана, идентитетски заснована машка геј-култура, особено за книжевната фикција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покрај ова, неопходно е работничката класа да добие свој политички глас во институциите на системот, автентична работничка партија која ќе биде гласот на работничките интереси во рамки на сегашниот систем и која ќе работи на подигнување на класната свест, со барања и ставови во кои работниците ќе можат да се препознаат и да учествуваат во нивното формулирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кога ќе умреш еден ден, никогаш веќе не ќе можам да пробам такви убавини што само ти знаеш да ги подготвиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе дојде Јован до три метри, си велев, ќе треба да му се придружам, а ќе можам ли? Тоа ме правеше напнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според нивните анализи "комунизмот во Романија не постои и преовладува антируското чувство", но сметале и дека ако Романците ги одбијат Советите, имало голема можност крајниот резултат за Романците да биде уште потежок, односно "да состават влада која ќе биде потчинета на Советската".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Ќе можеш ли да ми најдеш нејзина слика? - праша Соколе тихо, а погледот му се управи молезливо на момчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во нејзината беспомошност ја препознавав беспомошноста на моето детство и мојата младост, и секој мој непријателски збор или постапка кон тоа суштество кое бавно умираше немаше да биде одмазда, туку изживување врз себе, врз мојот спомен за девојчето, за девојката и за младата жена која бев некогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како трето: ќе можам да си набавам куче кое ќе спие на тераса, и така конечно ќе можам да ја направам единствената здрава работа носејќи го кучето во парк, наместо да решавам загатки од стари списанија, посакувајќи го најновиот број.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Зашто, синко, само така ќе можеш да одиш расположен на посета кај неа, секој вторник и четврток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се ближи времето кога ќе можеш и постојано да ја носиш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Тето не го предизвикувај, зашто ако тука подзастана, од него не ќе можеме да дојдеме до збор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Град во кој ако во траење на просечен живот секој ден одиш во по два различни ресторани, теоретски ќе можеш да посетиш само една третина од постоечките ресторани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш и јас ќе можев да го прифатам и да го направам свој составен дел.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тогаш не ќе можеш да ми преречеш, ниту јас ќе можам да ти го доречам она што секогаш го бараше од мене, оти тогаш ќе биде доцна за сѐ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А колку ќе можат да ти помогнат за да се излекуваш остави ги самите да ти предложат ако се сетат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден ден, над оваа нова пирамида од хрватски домобрани, кога најпосле ќе сфатиме зошто на нашиот хрватски интелектуалец толку му е мила и драга близината на моќниците, можеби ќе можеме за себе и за своите да замислиме некоја подобра иднина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А кога сеќавањето откажало и кога записите се фалсификувани - кога сето тоа се случило, тврдењето на Партијата дека ги подобрила условите за човековиот живот мора да бидат прифатени, затоа што не постоеше повеќе и никогаш повторно не ќе може да постои каков било стандард со кој тоа ќе може да биде проверено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ПОПОТ: Газда, жими вера, или сега или бога ми не знам кога ќе можам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Добро, има во вашите писма и извесно количество фактографија, информации и баналии од сите видови, кои вашиот епистолариј неизбежно го приземјуваат во просторот и во времето (внимавај, кај Тебе ги има неспоредливо повеќе отколку кај неа!), но вашата специфична, сосема езотерична и (белким и затоа!) мошне интензивна релација не се воспоставува, триж помалку должи врз нив. Туку исклучително врз длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите гледенија што ги добив до сега ми ја подгреваа надежта, дека ќе можеме по него да излеземе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што велите вие? Ќе можеме утре да подразбереме нешто од некого? Или да тргаме уште ноќеска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петра ѝ блазеше на Чана што го открила ова брложе каде таа ќе може да ги доварди дечињава додека не дојде нејзиниот закрилник Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Едноставно, се разбудив едно утро без средето на светот во себе, и знаев дека не ќе можам да изведам веќе ниедна точка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што јас можам да претпоставам, вие треба посебно да бидете заинтересирани за начинот на кој ќе реагираат за овој проблем земјите на Европската унија и како ќе можат (на најдобар начин) да придонесат за изнаоѓање решение.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По толку години, брат ми ќе биде тука, во куќата во која сме растеле, и ќе можеме да се потсетиме на сите оние минати години, на луѓето и настаните, на нашата сиромаштија, на оскудицата која, во заедничкиот живот и топлата упатеност, се претвораше во доволност и радост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ручавме сами татко ми и јас. Мајка ми се јави од работа и рече дека ќе задоцни, имала голем текст за пишување и не ќе можела да дојде на ручек.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да ги напишал своите раскази само врз основа на сопственото искуство - без увид во оние раскажувачки тенденции кои се вообличија во текот на целата втора половина на ХХ век - не ќе можел да ја фати онаа развојна нишка во наративното опитство чија среќа симбиоза во неговото раскажување ќе стане толку очигледна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа отиде да ми донесе две големи филии биено сирење и еден поголем топол леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мене, затоа, стремежот во оваа книга ми е да го испитам и да го заземам секој јаз што ќе можам да го ископачам меѓу признатиот факт за културната различност на геј- мажите и неговата одрекувана вистинитост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во историјата на човештвото се случувало и порано измамниците да бидат измамени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Докторе?“ „Да Чарлс?“ „Можам ли сега да одам на училиште?“ „Мислам дека ќе можеш, утре. Многу бодро звучиш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Подоцна ги одмерува силите со самиот себе, колку повеќе ќе може да се повредува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ќе може да помине пет или шест месеци обидувајќи се телепатски да се пренесе низ времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу убаво кажано - да се јаде машки, а да се зборува само тогаш кога не ќе може да се молчи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Сега таа (Шефот мислеше на Ема; тој секогаш, дури и кога во себе ја анализираше ситуацијата, имињата на соработниците ги прекриваше со заменки), треба да се употреби, всушност, таа сега ќе може лесно да се манипулира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да биде средено сѐ, мислеше, тоа е еден од најголемите предуслови од кој зависи дали човек ќе може да работи онолку, колку што би требало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Може да се претпостави дека, ако не биле очекуваните пушки преку Солун, помошта немало да биде условена и гемиџиите ќе можат да стапат во акција кога ќе сметаат за потребно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секој чекор им бил под чапунките нова Голгота. Ретко наоѓале вода.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Второ - кога ќе посака ќе и го заврзува јазикот на учителката па не ќе може да го испрашува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми се причини дека притиска врз мене од сите страни и дека уште малку, па не ќе можам веќе ни да се помрднам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Малечок, остави им ги сите твои скокотливи прашања на постарите, на оние што ќе можат и да одговорат на нив - се обрецна кон мене (како да го беше дочул она што ја бев прашал Бојка) а потоа, излегувајќи, речиси несигурно додаде: - Веднаш ќе се вратам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби на таков пат бев појден во преписката со Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во христијанските куќи, по дворовите, во тремовите, на чардаците, под покривачките, а на чифлизите во кулите долго се прераскажуваа настаните во изминатиот ден и нетрпеливо се исчекуваше новиот, кога христијаните во ропскиот труд ќе можат да ги потопат стравот и неизвесноста а Турците да пазат на нив и да се испазат од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во текот на многу генерации, тие усовршени карактеристики стануваат поизразени во рамките на еден животински вид, и од развојот на тие особини зависи кои видови ќе опстанат, а кои ќе исчезнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата улица е мала и безимена, со обични радости и обични грижи, и да нема зеници од сонцето подгорени не ќе може ништо со светот да ја зближи.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ами, утре? се зачуди воденичарот оставајќи ги гранките. - А ќе можеш ли? - Сполај ти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам дали ќе можам да поднесам уште една.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беше незамисливо дека ќе можат да доаѓаат во оваа соба подолго од неколку недели без да бидат фатени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кога некого го познаваш помалку и од една непреспана ноќ полесно е да му судиш но и да му простуваш - реков уверен дека на тој начин најдобро ја изразувам необврзаноста на веќе изречените претпоставки и судови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се надеваше и дека Ане престанала да ѝ се лути, па ќе можат пак да се вратат во дворот за да си играат со чиничињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Стручно лице ќе можеше да рече за него дека е под дејство на дрога, но јас и другите од јамата не знаевме ништо за тој отров, освен дека е убиец на многу млади во светот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А кога еднаш мајка ѝ рече дека кој ќе научи писмо ќе може да му пише на тоа момче што го сака, таа се зацрвене до уши, избега од рацете на мајка ѝ која сакаше да ја избакне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѓорѓија побара од Мисирлијата и Лесната веднаш да ги пренесат преку Црна кон Вепрчани Беловодица, за да ја фатат Бабуна, каде ќе можат да стапат во врска со прилепското раководство, бидејќи тие беа од тој крај — Ѓорѓија од Оревоец, а Глигур од Небрегово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секогаш кога ќе можеа, без збор, како мечки на легало, тргнуваа натаму.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А ќе можам да земам и уште некоја стотица лири од овие ѓаури.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со господ напред ќе можат и да се заградуваат за да бидат сами со себе, за да се запастрат од туѓите очи, за да можат, господи, слободно и да се соблечат и да се облечат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Или, поточно дека постојано ќе можам да се вратам овде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Колку што малку видуваа, толку многу мислеа. Со никого не се мешаа;секогаш кога ќе можеа претпочитаа да се пласнат некаде на дното на ровот и така со часови да молчат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Дали можете да дојдете ваму?“ „ШТО?“ „Мораме да го поправиме нашиот вселенски брод. Досегашниот лет нѐ премори. Ќе можете ли да ни помогнете?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чекам токму на овој премин каде ќе можам и омразен да пеам.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Откако ќе го прошетам целиот свет, откако ќе ги запознаам сите непознати, ќе можам да се уверам во тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ги затвори очите и ја почувствува нежната кожа и свежата полнота на неговите усни врз своите и едно смирување кое ѝ ги запре солзите, но предизвика и наплив на страст што ја тера да му ја префрли раката преку вратот и да ги стисне усните посилно до неговите, како толку силно да чувствува дека се создадени еден за друг што ѝ се чини дека, онака меѓусебно предадени, со усните што не сакаат да се одвојат, во свежата ноќ дишат заедно давајќи си еден на друг здив и нежност без која веќе не ќе можат да издржат, ни таа, ни тој.  И навистина, што јас сум врзала човек не одвоил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Очекувам музиката, туку системи со кои луѓето дека во тој простор ќе можат да ги обликуваат своите уметниците треба повеќе слушателски искуства како што самите да работат во иднина. 138 Margina #17-18 [1995] | okno.mk сакаат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Првата помисла беше дека најпосле ќе можам малку да отспијам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Ќе може ли? – праша другиот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Носеше еден бел чевел на црн, и друг, црн, на бел топук... Бел па црн чекор, повторно бел па црн чекор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Понатаму, внимателно таа лева рака забележала дека тие среќници (значи, луѓето) не живеат во очекување на некоја строго одредена доба кога ќе можат да расцутат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но во последната година г.Станчев, кажуваат, се спуштил толку долу, така ниско го спуштил бугарскиот престиж во Петроград како што не ќе можеше да направи и најголемиот непријател на бугарските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека Бошко премираше од страв дотогаш Дико беше презадоволен од работата, зашто таков беше неговиот план: колку Бошко ќе биде поисплашен, толку тие со Лумана ќе можат да бараат повеќе од него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А ако впива лоша енергија, тоа ќе ја намали (иако не значајно) количината на насилство во реалниот свет, бидејќи луѓето ќе можат да си ги исполнат насилните желби во виртуалноста во уште побрутален облик - без последици, зашто е тоа виртуален свет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Кога еднаш ќе се закачи во музеј, сите ќе можат да ја видат силата на таа слика”, вели Yaguchi.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бароните не се наклонети кон читање на вакви бесмислици, а работниците немаат време, па затоа знам дека ти мора да си трубадур и дека ќе можеш да го разбереш Сем Галовеј.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Восхитена од нив од нивната кревкост, чувствителност и топлина што не умеела соодветно да им ја прераскаже односно да им ја пренесе на своите најблиски, плашејќи се дека тие не ќе можат да ја разберат (...како да ме разберат зборувајќи им за кози и за книги, а да се избегне чувството на простото и на бизарното...; Старова, 2008: 10) таа решила да Ти пишува Тебе. за да Ти го каже веднаш најсуштественото: Всушност, отаде материјалната, социјалната или политичка реалност изнесена во книгите, пленува начинот на кој Вие го оживувате овој свет на кози и книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Опседната е! Срање!... Ќе можам ли да ја стигнам?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа, впрочем, и реши да оди на поширок избор од замислениот и предвидениот со Камилски, особено во доменот на заемките во администрацијата, повеќе присутни во народната литература и големите реалистички романи посветени на османскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мечката знаеше дека не ќе може на мир да ја насити својата глад, која беше толку неиздржлива во неа, што дури беше ја скорнала и од нејзиниот тврд зимен сон, сѐ додека се двајца, сѐ додека тој стои тука. Едниот мораше да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите консултирани во Бугарија биле свесни дека Братството немало никакви сили за да се бори против Организацијата, а со негово влегување во нејзините редови ќе може многу повеќе да придонесе за врховистичката кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но и Англичаните и султанот, не се осмелуваа да им се спротивстават на отоманските османските генерали и други воени водачи и немаше никакви надежи дека Султанот ќе можеше да ја води земјата со Парламентот според Уставот и да се справува со патриотските поборници на земјата, решени конечно да прекинат со Англија и да му се спротивстават на натамошниот распад на земјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никој мене не ќе може да ме измами. Таков не се родил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сонував за еден малечок, проклет да бидам, колку едно око малечок отвор на ѕидот од каде што ќе можам да ја гледам водата да го слушам нејзиниот добар глас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислев дека денес ќе можам да го убедам вашиот син ако не да се откаже од своите намери, тоа барем да се фрли под друг, а не под мојот воз.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Затоа јас смислив да имам по некој готов диференцијал и кога муштеријата ќе дојде, само да му го сменам – расипаниот да го задржам за да го поправам подоцна кога ќе можам, а поправен даму ставам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некое време стоеше така, без да се помрдне, плашејќи се да се обиде да се исправи, зашто болката можеше да стане неподнослива, и така со принудното стоење ќе можеше да ја открие својата болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А потоа, за моја среќа, видот секој ден се повеќе ми се бистреше, а јас знаев од каде тоа чудо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Многумина дојдоа пред тебе, исто како тебе носејќи го бремето на оружјето и на војната, верувајќи дека само така ќе можат да издржат во ова зло време и дека откако ќе заврши борбата, ќе останат цврсто исправени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе може и без мене тоа да мине.“ Мирон несигурно стоеше и крвареше однатре заради недалечната навреда во паркот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери коишто се готови да се саможртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите планови, само ако имаат доволно парични средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веднаш почна да се лути на себе - улав ли беше кога мислеше дека момчево ќе можат да го однесат на грб?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Без оваа средба, тешко ќе можеше пред Мајка да се ослободи од мачнината што ја потиснуваше длабоко во душата, со своето враќање од првиот реботен ден, по болеста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
” “Желба”. (Случајно собрано на една забава во Гринич Вилиџ, некаде околу 1966-та година) Една од подобрите работи кај делата на големите уметници е тоа што секој посериозен приод кон делото секогаш вродува неочекувани резултати.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од срам не ќе можам пред светот да излезам. Срамотно е за нашата и за Јордановата куќа...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Кога тоа ќе се случи, јас ќе можам постојано да бидам со вас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаеше само дека никој не ќе може да го измени тоа; а за својот живот мислеше дека е проклетство, но негово, проклетство, за кое беше создаден и тој и неговото тело, од кое никогаш не се ни обишол да избега, а сигурно и не ќе можел да го стори тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа што таа љубов е мојот живот, за таква љубов бев родена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Насмевката што не се симнуваше од твоето лице, барем за мене, беше најјасното обележје на сите твои упорствувања низ тешкотиите, а токму моето лице го сметав за најсоответно место на кое ќе може да се пресели а потоа и долго да поживее таа насмевка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— Да ти ја пресечеа и тебе ногата, ми вели, ќе можевме да одиме со едно рало чевли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работите малку се стеснуваат, и од објективни причини, не ќе можат да се прошират.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па дури и ако решиме да те оставиме да го одживееш својот природен живот, од нас сепак не ќе можеш да се спасиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и да сакал коларот да ја носи до нашето село, не ќе можел.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од арамиите се спасил само еден. Отишол во некој манастир и, за спас на душата, братски му оставил на игуменот торба злато, да го топат и да леат олтарски двери на кој ќе може да се види историјата на светот...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Генерално гледано, се обидував да го покажам развојниот пат на прозната сатира, исклучиво прозна затоа што сатирата со поетска и драмска форма едноставно не ќе можев да ја пренесам со истото ниво на прифатливост, како што тоа го сторив со прозата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Народот не ќе може да си ја врши својата работа, а, од друга страна, ќе треба да ги рани гладната турска војска и четите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А јас за првпат го гледам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не беа комитите, ни дедо ми ни татко ми кираџии не ќе можеа да бидат-комитите нив патем ги обезбедуваа од арамии и зулумќари.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Каде ќе можеш да слезеш до дното на душата, каде ќе помечтаеш, и каде ќе излееш горчина, ако во домот, ако во твојот сопствен дом не најдеш, за сето тоа, одзвук, ехо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Веројатно ќе можеме да позајмиме малку од стариот Черингтон.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нема да се мачи како што јас се мачев додека растев“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не беше далеку од мостот на реката каде што попот требаше да го фрли крстот в река ама ме опфати страв дека не ќе можам да издржам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така архитектите ќе можат да се шетаат низ градот, да додаваат згради каде што сакаат и да го набљудуваат новиот лик на градот, уште пред да почнат да градат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мораме да се делиме. Олкава олелија не ќе можат селата да кријат и хранат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И што е најчудно, чувствувам дека ваквиот наш однос јас не ќе можам нималку да го изменам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако се поспиеш со мирисливиот парфем на сопствената среќа, тој мирис ќе можеш да го пренесеш и врз другите околу тебе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе ја загуби ли привлечноста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Да не беше изѕидан, ќе можеше“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човекот избезумено почна да се загледува во лицата на другите затвореници, како да се надева дека ќе може да подметне некоја друга жртва на свое место.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЛУКОВ: (По него.) Не ја изврши ли наредбата, не ќе има катче што ќе може да те скрие.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Извидникот пронајде место каде што ништо не ќе може да помине незабележано, подалеку од централниот дел на салата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Волците сигурно не ќе можат да се вовлечат меѓу добитокот, плевната беше ѕидана здраво, вратите беа цврсти од дебело, дабово дрво, а и таванот над кошарата целиот беше искован со штици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
СУЛТАНА: Да родев камен, ќе можев барем да седнам на него.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ване си мисли дека го заборавила веќе и нема да му додева со ништо. Ќе може на раат да си го чита стрипот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една огромна задача, што никогаш не ќе може да биде спомената, беше извршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пелагија, во деновите кога не се работеше, а тоа беа само неделните денови, ги отфрлаше машките пљачки, се пикнуваше во своите фустани и со момичката во раце и Мурџо крај нив, шеташе во маалото од улицата Ѓоновиќ сѐ онаму до шепотот на Вардар со надеж дека ќе пронајде некое одајче каде ќе можат да се преселат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бегството на кралот Петар II и југословенската влада во Велика Британија (јуни 1941) им давало надежи на истите дека со британска помош ќе можат да се вратат во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кутрата, сигурно ќе се препоти внатре, олку покриена, не ќе може ни да дише, но што да се прави, тоа беше единственото што на брзина му падна на памет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
СТЕВО: Кога ќе можам повторно да ве видам?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Градејќи сопствен критички суд за театарот и театарската уметност, тој верува дека дошло времето во кое ќе може да се направи „експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (во институционално милје) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Морам, оти полека умирам во себе, и кога еден ден навистина ќе умрам, нема ни да почувствувам, оти одамна веќе јас нема да бидам јас, и некоја жена со која ќе одберам да се будам секое утро, веќе одамна нема да ја гледам како жена, ниту пак таа ќе може да ме спаси од тоа долгогодишно згаснување...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако отидеше во медицинското училиште, татко ѝ ќе можеше да верува дека конечно заборавила, да заклучи дека е здрава и цела, и тој ќе можеше да спие без пилули.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја... требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш“, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Човеков што дојде да ме поведе ме поттикнува да побрзам, но не ми кажува каде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најголемите непријатели се во нас самите. – Но ние нема да останеме со скрстени раце! – Ако решат да јурнат на козите, тешко ќе може некој да им застане на патот. – Ќе видиме, ќе видиме... – заклучи Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите сакаат да имаат некое место на кое ќе можат повремено да бидат сами.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас не сум", вели Рајна, "каква што си ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само до пред 15 минути не ќе можеа 16 женски алапачи да те надзборуваат!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мечев сметал дека парите, еднаш излезени од негово ќесе (тој бил еден вид благајник на Кружокот), тешко ќе можат да се вратат и ќе треба да се сметаат дури и за изгубени за гемиџиите токму тогаш кога најмногу им се потребни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вака си велев: „Тото, не се соблекувај... ќе можеш да ја киднеш штом ќе раздени...“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А дедото додаде: „И волкот сит и овците на број“, што на него му значеше дека ќерка му раат ќе си лежи на патологија, а мажиштево од зет, ете, со нивниот благослов и пари ќе може да си ја задоволи страста.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Претходно, одлуката за тоа на кои работни места странските државјани ќе можат да засноваат работен однос им беше препуштена на организациите, при што тоа се утврдуваше преку општ акт на организацијата, под услов странските државјани да имаат одобрение за постојано настанување, односно за привремен престој во Југославија и одобрение за засновање на работен однос (чл. 2, ЗУЗРОСД).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Една од најскандалозните измени беше онаа со која на работодавачот повторно37 му се дава можност да ја откупи, односно да ја замени со паричен износ во висина од 5.000 односно 8.000 ЕУР, забраната за вршење на работа (чл. 33 од ЗИДЗРО/фев.13), со што во праксата оние работодавачи кои остваруваат големи профити ќе можат да си дозволат да ги кршат работничите права! 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
„Уште малку па на една рака ќе можеш да ги изброиш таквите, Семјоне“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А објектите на Изложбата ќе останат само како спомен, што ќе може да се разгледува во архивските фотографски материјали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И оддалеку ќе можев да видам дека ноктите им се издолжуваат, и на нозете - врвовите на жолтите чевли со контешки шари и дупчиња се отвораа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нема да осетиш дека ногата не е твоја, ми велат, и ,казачок" ќе можеш да играш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не бев многу кроток... само неговата убава жена која успеваше да ме маѓепса по малку, ќе можеше можеби да ме припитоми...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако ти толку лесно можеш да се одвоиш од дијамантот, ќе можам и јас.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Постепено станувало јасно дека, и покрај големата желба гемиџиите дејноста да ја прошират и во Битола, во Скопје, во Одрин, не ќе можат тоа да го направат поради немањето на динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беа поминати сите рокови утврдени од Фајар за објавување на книгата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе се случи тоа ти тогаш ќе можеш да речеш: камен си, светот израстува и врз твоите урнатини...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оти таа умее и да ти се отме Токму во моментот кога ќе поверуваш Дека ќе можеш да ја опчекориш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тој тешко дека ќе можеше сам нешто да стори. Ретко излегуваше од дома.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А ние четирите научивме да живееме со стравот; тоа не беше страв од смртта, туку од измачувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Томаица зборуваше како се надева дека со ова ќе ѝ се отворат можности за понатамошна соработка со Перуниќ, дека можеби ќе може да патува за Белград и да асистира на уште некоја ревија или припреми на нови колекции.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За нив беше пропишано дека ќе можат да стекнат право на старосна пензија по овој основ најдоцна до 1 септември 2005 година (чл. 31).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој и натаму притискал таа да ме пријави и во училиштето, за одбивањето да ја изведам точката уште еднаш; така, Фискултурецот со мирно срце ќе можел да ми потпише исписница од училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Челникот со лузна на лицето тајно го испратил Спиро Првославец во Кукулино: сите што ќе можат да ѝ појдат на дружината во пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше да замисли работна соба без рафтови, без нужната широчина во која ќе можеше да се движи од едниот до другиот крај на собата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дури и да се случеше Катерина да сврати во оној дел од собата што беше видлив јас и тогаш не ќе можев ништо да сторам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во раскошните Версајски дворци, кои фрапираат и по грандиозноста и по својата монументалност, чичеронот нè водеше многу брзо од еден на друг кат, од една во друга сала и, од сето она што го гледавме, во свеста остануваше само мислата дека еден ден ќе можеш да кажеш, ако запраша некој, дека си бил во Париз, и си го видел и Версај. Ништо повеќе од тоа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Светот навистина изобилува“, објасни тој, „а сите потфати се состојат во сосекувањето на тоа изобилство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа беше единственото што не ќе можат никогаш да го сторат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се плашев дека не ќе можам никогаш повторно да ги погледнам...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Не, јас многу би сакал да ги собујам чевлите, навистина, - излажав и направив движење како да почнувам да ги собувам, - но дали ќе може да добијам влечки? - така, си мислев, смрдеата можеби и нема да се почувствува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само така ќе можам и натаму да се грижам за вашата иднина!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие пред себеси конкретно ја имале Македонија, поробена и жестоко експлоатирана, и помислата дека преку жртвувањето на своите животи ќе можат да ѝ помогнат ги правела среќни и недоверчиви кон поинаквото сфаќање на ослободителната борба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ја испрати до вратата, протоколарно, како што ѝ доликува на една таква организација, ја допре по рамото и рече: - Испратете г-ѓо едно писмено барање кое ќе може да се разгледува на ниво на управен одбор, па којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако ништо друго, барем ќе може да избира вакви Катиња, Цветиња, Митриња, Достиња, кои ќе му се бендисаат, и ќе си ги држи на кулата за „своја душа".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби мислеа и на своите мајки и братчиња, за кои, кога ќе ја завршат бербата, ќе можат да однесат парче леб.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Колку повеќе профит ќе можат да извлечат – толку попримамлив ќе биде дотичниот рај за нив.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако има исто толку место колку и тука, ќе можат да се разлабават, односно да одземат од просторот колку да можат да се заградат еден од друг за да не променуват пљачки пред туѓи очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа длабоко воздивна. „Ќе можеме ли да размислиме за тоа следните денови?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
98. Надворешниот свет пак го уверуваа оти историјата со Источна Румелија не може да се повтори и со Македонија, зашто во Македонија има многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите соседни балкански државички и големите држави, ќе можат да го спречат соединувањето на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бев сигурен дека не ќе може ништо да ми направи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еднаш, кога беше сосема изморен од таа игра, во која постојано се напрегнуваше да смири некого само со своето присуство, тој помисли дека секој од нив останува да си биде само она, што си е, и дека тука никој никогаш не ќе може да измени ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Њутн и неговите современици, во осумнаесеттиот век, се надевале дека ќе можат да го претскажат поведението на секој сложен систем со тоа што ќе ги идентификуваат сите делови и ќе ги изучат сите нивни меѓусебни заемодејства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Мислам дека никогаш повеќе не ќе можам да сакам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таму го чекаше бестелесноста со која требаше да се соедини, за да ѝ пркоси на гравитацијата, за која знаеше дека ако еднаш ѝ се спротивстави, потоа секогаш ќе може да лебди во идеално бестежинска состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тага ми го стисна грлото. Го гледав малото неподвижно кученце и не можев да верувам дека утре не ќе можам да го поделам со него кришум земеното парче леб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Добро е! - помисли Трајче. - Кога може главата, ќе може и телото да се провре, но како да се спуштам долу...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Имаше големи зими, и имаше голем снег кога куќата на ридот од Профим ќе се затвореше целата: со еден снег што озгора паѓаше, и со друг што оздола растеше, кога кучињата риеја со муцките да си направат пат од едно место до друго, кога кокошките ќе се запретаа во него и не ќе можеа да се одлепат како пеперутка од мед, кога луѓето со лопати секое утро ја ринеа истата патека што водеше од куќата до плевната или сокакот, ослободувајќи ја од новиот снег што напаѓал ноќта, - но оваа зима и овој снег, ниту бил, ниту ќе биде, велеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да беше тука свети Ксавиер, се разбира дека ќе можеше да се стори нешто, но, за несреќа, тој сè уште беше на пат...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ветува дека уште ќе пишува и се надева дека од неговите листови ќе можам нешто да искористам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Уште помила ми е долинава, дедо. Кога ќе можам, и во зима и во лето, ќе доаѓам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Конзулот го забележа тоа и го утеши: — Не жалости се, Мито, и не губи го времето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знам дека ќе можам да летам. Ти ме научи да живеам сама.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Затоа некои исплашени и самите да не се запрпелкаат во мрежата на болештината, ја оставиле двоколката со воденички камења и избегале со своите волиња. Тоа биле Пане Долгманов и Кирил Сукаловски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти ќе сакаш ли без молба и без таксени марки? Ќе можеш ли?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А таквите посети во нашиот живот беа толку ретки што нема потреба да ги барам и да ги извлекувам од долапите на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тие, колку и тој да се мачел, не ќе можеле да му ја одгатнат душата натопена со горчливост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По сè што се случи со Атанаса Дамчески, и по распитот, потоа, на властите за сè што тој зборуваше на Молитвена Вода, традицијата да одат луѓето таму и гласно да молат, да лелекаат и да си кажуваат што си мислат, што ги боли, се прекина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Аскерот мора да напаѓа отворено, одоздола нагоре, и четниците ќе можат од заклоните да стрелаат и одозгора бомби да фрлаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Мириса на снег. Ако натрупа ноќеска утре не ќе можам да си појдам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да ослепат да даде господ, овие што нашироко рекламираат дека на пазарот е достапен целосно природен препарат за потентност за зрелите мажи (кои со своите жени одамна снеможеле и го користат „Џоле“ само за мочкање), што во прилог им оди повторно само на младите „спонзоруши“, кои од сега, освен што уживаат во имотот на своите офарбани љубовници, ќе можат и сексуално да се „упражњаваат“. Во прилог на кампањата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Компетентните органи уште во почетокот можеле да знаат дека гемиџиите биле сосем ограничена група заговорници и дека нивна врска со МРО не ќе можат да докажат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да забележав прв, сега јас ќе можев да ја имам предноста со која се здоби овој што клекна пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И пак се обидував да ја замислам како домаќинка во нашата куќа, како - ќе треба да се навикнувам, да ѝ викам мамо, не - не ќе можам!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете, во онаа јама каде што се убија двајцата, ќе има за растребување, та после ќе можеш внатре — одговори Ѓузепо и му даде број на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сопругата медуза има да се наужива затоа што ќе може да го гази по грбот цел месец како гејша, а тој под неа да завива, ’ко во сексуален занос.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Му се восхитував на сонот на Амин Малуф, како на сорствен сон на Балканот: Го сонувам денот кога ќе можам целиот Блиски Исток да го викам Татковина, како што тоа сега ми се Либан, Франција, Европа; да ги викам земјаци сите нивни жители: муслимани, рисјани, Евреи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев земал дури и пешкири...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај старите калуѓерот разбра дека бунтовниците се готови да ја издржат опсадата и цела година, но бабата се испушти и го наведе на една пакосна мисла: – Ако не им ја секнат водата – рече таа – ќе можат и две години да издржат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Крајната цел на имитацијата на Копола на една женска имитација на Џоан Крафорд е да им се овозможи на Соник јут пристап до еден поткултурен стил на настран културен отпор, кој ѝ е директно противен на таквата комодификација, а на кој ќе можат да се повикаат, кој ќе можат да си го присвојат и да ѝ го претставуваат на сопствената публика како негова хип алтернатива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да се исполнат нашите сакања требаше да се војува со Турција; само по победување ќе можеше да се натера Турција да ги исполни нашите сакања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тетка ми ме праша дали е во ред тука да јадеме наместо на трпезариската маса, затоа што тој ден ја чистела со некое средство што морало да отстои минимум еден ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На својот детински начин Винстон разбра дека штотуку се случило нешто страшно, нешто непростливо што никогаш не ќе може да биде заборавено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од овие примери може да се наслути како ТШ се развива кон тоа да ни даде когнитивна наука која ќе може да се справи со проблемите на човековата перцепција и движење како и јазикот и учењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Можеби потоа, на книга втора кога ќе се стави, умножение, а не извор кога ќе биде, писмото ќе го изгуби отровното дејство, и некој друг, поумен и повешт од мене, ќе може да го растолкува.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нели, колку си поблизу, за да го видиш секој белег на лицето, толку ти е понедостапна и поневидлива опачината?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби ќе може и да го посети синот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А колку се научив тој не е далеку од нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде не плачи! (Ја крева). Стани и оди право кај поп Гаврила.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сам не ќе можам да ја однесам мајка ми до местоно што го избра. - До кое место? - прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зашто мудрецот од Калкута велеше: природата постојано иста ќе се повторува, а само човекот сѐ понесреќен и понесреќен ќе станува, зашто духот и умот ќе го влечат сѐ понаред, а силите не ќе можат да го следат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само ти ќе можеш да го насочиш водотекот кон вистинскиот правец и да го пронајдеш патот кон моето спасение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ете јас и така су претоварена со виа глувците, баре ќе бидеш порает со невестата Доста Ете, нејните сѐ помалку, ќе може поарен измет да ти прави, кога веќе, братко, неќиш да се удомиш и ти како браче Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Квин изјави, според АП, дека „одлуката ќе им смени сѐ нејзе и на нејзината партнерка“. ‌Што подразбирала Квин под тоа „сѐ“?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа уште во белината на тоа огревање на небото тој бараше некоја нишка, по која ќе може да го погоди она, што доаѓаше допрва.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш ќе можат да ги рашират своите недоразвиени, и како перки, крилца, ќе прваат со нив и мрзливо и нежно ќе се одмораат на земја за да ја изложат својата розова кожа на хранливоста на сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакаше да оди далеку, што подалеку каде што и сеќавањата не ќе можат да го најдат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Посакав да му речам дека многуте негови барања и ставови потсетуваат на стари изветвени алиштенца штотуку испрани и испружени по јажињата на размислите со надеж дека ќе можат да послужат за некоја нова употреба откако ќе се исцедат и исушат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да набљудувам од било кој перон како возовите влегуваат со по седум-осум вагони, па да си допуштам себеси да ги гледам додека минуваат сè побавно и побавно, и да потрчам до крајот па да се качам во некој вагон а без Мари-Клод, потоа да се симнам на следната станица и да го причекам наредниот воз, па пак до првата следна станица, па да најдам друга линија, и да видам како вагоните доаѓаат без Мари-Клод; да пропуштам еден или два воза, да го фатам оној третиот, да се возам со него до последната станица, да се вратам до некоја станица откаде што ќе можам да се префрлам на друга линија, па да решам да го земам четвртиот воз, па после да ја напуштам потрагата и да се качам на ручек а всушност веднаш да се вратам со цигарата на горчината и да поседам на клупа додека не наиде следниот, додека не наиде петтиот воз.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
-Дали ќе можам да се просветлам? –праша, уверен во моќта на мудрите мисли на старецот, срамејќи се да праша кога ќе јадат, додека цревата го издаваа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не ќе може веднаш да се пушти вода, да знаеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Е, со таквиот изум би ја покриле Европа и она што не можеме ние да го видиме, се разбира дека не ќе може да нѐ види и тоа нас.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таша и лично ја познавав но недоволно. Јас дури сега дознав дека таа имала и син.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сани земаше часови по пеење и почна да запознава машки од рок & рол групи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Земи го и Дмитар-Пејко. - Не ќе можам. Еден човек со четири коли - тешко е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И само едно не ќе можам да ви објаснам - врискаше ли Жаклин зашто ја дознав нејзината беда или зашто ја стискав околку врат, тој врат, господа, нежен и бел како морска пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Цел живот после не ќе можеш да си ги собереш нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш, во времето на мојата беспомошност, кога со своите зборови и постапки ме толчеше, копнеев по мигот кога ќе биде физички слаба, го посакував времето кога ќе можам да ѝ возвратам, да се осветам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние не ќе можеме да го намалиме султанот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Роса ги бодри сите Слнцито појако уд ветрут, ама ветрут аку не беше уште ки плачише дедо Господ, ама са смилува, гу утвури окто да ни с нјде виа дена! и продолжува да кажува дека треба да му бидат многу благодарни на Господ што има срце за нив,оти,вели ка ј ќе им бил алот ако продолжел да шопурка одозгора, тогаш не ќе можеле да останат во овие топли дупки Тука, пуд земин!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Постои нешто во вселената - не знам, некаков дух, некаков принцип - што вие никогаш не ќе можете да го совладате.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ќе можеш и на твоите дома да им потфлиш по некој.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А потоа постојано ме измачуваше и прашањето дали воопшто да почнувам некаква игра чиј што свршеток и мене не ми е познат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Касметлија... касметлија си, сестро. И не бери гајле. Ќе ја носиме чупата најлесно што ќе можеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаев дека не ќе можам да се спасам од тоа, зашто, кога татко ми нешто ќе науми, тоа мора да се спроведе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Она што ни го донеле вековите, ќе можат само идните времиња, можеби, пак измерено со долга низа години, да го избришат.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој повторно ќе можеше да се причести.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ќе можам. Морам, - одговори момченцето. Старецот не знаеше што да прави, како да постапи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но и таа знаеше: ако Иван се сретне со него, ќе прснат искри, ќе загризе гаменот во тврдото, младо месо Иваново, не ќе загризат еден во друг, потем и едниот и другиот ќе речат - да ја оставиме таа Јана и да појдеме по други врвици, а таа тогаш не ќе може ни без едниот ни без другиот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Треба ли да одам на стража? - Ништо ... Спиј. Сакав само да те покријам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Добро, реков, Методија се опоравил и ќе можеме попладне или утре претпладне, да тргнеме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А таа клима нема да падне од небо, туку ќе се создаде со јакнење на автентичното и здраво работничко движење, организирано во силни грански синдикати кои со својата масовност и организираност ќе можат во било кој момент да поведат класна офанзива преку традиционалните методи на борба: штрајкови, окупација на работно место, протест.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И, кога ќе прогледам, ќе можам поарно да го позиционирам проблемот со чорапите, кој, најверојатно, ќе го решам на „летен“ начин, топло е, одете боси, на апостолки не се носи чорап!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Познавајќи ја положбата во Македонската револуционерна организација, степенот на идејната подготвеност на населението, вооружувањето и друго, Мечев дошол до заклучок дека по пат на востание тешко ќе можело да се постигне ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тогаш веќе никогаш не ќе можеме да ја погледнеме Венера.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Според планот и постапија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога имате намера да влезете во Истанбул, тоа не ќе можете да го сторите без да го пречекорите „Златниот Рог“, преку еден од овие монументални мостови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ќе научиш како се прескокнува, тогаш ќе можеш да простуваш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ете така и мајка ми „не беше тука“. Мислев дека ќе можам да ја натерам да ми раскажува за Индија, но таа отсечно одби: - Знаеш и самата – рече – кога се враќам од кој било пат, првите денови не можам ништо да раскажувам, уште впечатоците не ми се средени, и ми треба време да се снајдам дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сето тоа морам да го искажам на начин на којшто верувам дека ќе можам - со пишување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Некои од тие места се обврзани да ѝ плаќаат на локалната полиција кога некој ќе побегне а полицајците не сакаат да го вратат.  Вие себеси не се гледате како дел од естаблишментот, зарем не?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој запис повторен доволно пати на звучната лента ќе може да се чуе 280 свртувања во секунда на звучната лента ќе произведат еден звук, додека портретот на Бетовен повторен педесет пати во секунда на звучната лента ќе има не само различна висина, туку и друг квалитет на звукот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
ЛУКОВ: Жалам, госпоѓо Христова, но со или без причини - таа жена не ќе може да има никаков допир ниту со Вас, ниту со... Вашиот дом?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)