Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ајде, нека му е аирлиа, токо . . . кој знае па таа Рожденката дали не ќе одврзе да раѓа па да се нап'не куќата и да нема децата каде да се огреат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)