ќе (чест.) - отрча (гл.)

Ќе седите овде, a јас ќе отрчам до Орле да осигурам јадење, оти виа пезевенци Чанивци како непара се за вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара вчера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Заборавил, а во последен момент ќе отрча во галоп на пошта за да ти прати телеграма.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Туку ќе крикне некоја жена: — Вот нашла, вот нашла!62 И ние ќе отрчаме да видиме што пишува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе чепкаме така цел ден по логорските економии и вечерта пак ќе отрчаме кај оградата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе отрчам кај неа и ќе ја замолам да прати некого кај баба ти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А сега само: чкрап! - со прстот на пушкава и сѐ е в ред: ќе го свиткам како јариште и ќе отрчам со радост да му соопштам на господинот капетан.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А ако се случи да биде и прилично умна, со доволно животно умеење, и пред сè со достоинство, веројатно самата ќе отрча кон првиот излез.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како ситото куче кое без да го помириса фрленото парче месо со лесни чекори ќе отрча понатаму!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се врати и пак ќе отрча, со панталоните в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе си фрлам вода на очите и ќе отрчам кај Уља, кај јатрва ми, да ги толмачиме соништата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)