ќе (чест.) - побудали (гл.)

Никогаш нема да заборавам како ми се запали телото, ќе побудалев, трчав гола околу куќата да земам ветер, зашто така ми беше подобро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Што има толку интересно во тие манастирски книги? Ќе побудалиш од читање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Девојките од Сиера Морена ќе побудалат за тебе...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СУЛТАНА: Ќе побудали што толку малку прочитал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)