ќе (чест.) - прати (гл.)

На пример: ќе земе една адреса од телефонскиот именик и на неа ќе прати, под еден од своите псевдоними,qубовна изјава.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој ќе прати еден убав набој на фотонска енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Чекај султанот да дојде и да замине, чабук ќе пратам во Кожле, во синџири да ти ја донесат. Арам да ми е ако не го сторам тоа.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Валијата сигурно ќе прати абер по Нијаз-чаушот дека сето тоа било само шега, просто испробување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А после дома ќе пратат абер: „Филан се наоѓа кај нас, пратете сто, или двесте наполеони — тука веќе колку ќе им коптиса душата — за да ви го ослободиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Светот станува безбожен, господ ќе прати казна!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стражата и тајната кралска полиција мораше да презема определени мерки од воспитен карактер против ваквите клеветници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кого на робија ќе пратат, кого ќе претепаат, кого на кол ќе наденат - секому своето, како што се вели.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе прати писменце Комитетот: тој и тој да го снема. И ќе го снема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)