ќе (чест.) - предложи (гл.)

- Е па он сеа ќе предложи смртна казна у парламент за секој педофил - рече Шлатас.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И така Татко и Камилски ја завршија работата околу зборот табиет, за кој претходно мислеа дека ќе имаат многу работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Согласен сум, брате мој, со предлогот, не сме ние тие кои ќе предложат во историјата брзо да се промени смислата на овој збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Штом, наспроти сѐ, ќе предложам интерпретација на Кант, Платон или на лингвистиката, можам да бидам критикуван. okno.mk | Margina #1 [1994] 67
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако тужениот не поднесе одговор на тужбата во определениот рок, судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање [т.н. пресуда поради неподнесување на одговор на тужба], но само ако бидат исполнети следниве услови: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со 294 општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, нема да се донесе ваква пресуда иако се исполнети таксативно наведените услови – ако судот најде дека се работи за барања со кои странките не можат да располагаат (чл. 319, ст.1-2 од ЗПП). 6.  Секоја странка претходно сама ги поднесува трошоците што ги предизвикала со своето дејствие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога странката ќе предложи изведување на докази должна е, по налог на судот, однапред да го положи износот потребен за намирување на трошоците што ќе настанат по повод изведувањето на докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бургиба дури на светската организација на обединетите нации ќе предложи создавање на федерација меѓу Израел и арапските земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат и официјално напуштајќи го својот сон за создавање на една обединета и демократска држава за време на својот говор пред претставниците на Обединетите Нации во Њујорк, во ноември 1974 година, ќе предложи создавање на една мини-држава во Трансјорданија и Газа, со реципрочно и симултано признавање на Израел и Организацијата за ослободување на Палестина, да преговара со преставниците на еврејската држава во рамките на една меѓународна конференција, под закрилата на ООН и големите сили.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, ќе следи неколкудецениската историја на израелско-палестинската конфронтација, која ќе биде обележана од низа изгубени шанси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе предложам текстот да го истакнеме на нашето Еко - пано.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)