Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се обидуваше да ми помогне да ги разберам Хегел и Шопенхауер, а јас му раскажував за она што го читав од Платон, чии дела му беа познати посредно, преку она што Џон Стјуарт Мил го имаше напишано за него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)