Дури да се приберат крилата одлево и оддесно, ќе претрчаат и главните наши одреди и со бегање ќе му се издутниме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие, сообраќајниците, откако ќе претрчаат преку Црна и кај Тројкрсти, селото лежи на бреговите на реката, веднаш западно од мостот што ја премостува, односно Битолско Џаде нешто понајуг од Тополчани, кое, пак, лежи на подножјата на надворешните падини на Градишки Рид, односно веднаш под Чауле и под Топла Вода, од која, најверојатно, и го добило името, се крстосуваат кај Лознани за одново да се пристасаат во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Јас ќе претрчам до Иван... Имам нешто работа. Ти прибери го добитокот, измолзи ја кравата, надој го телето... И да не одиш нигде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Така ноќеска ќе а ватиме Маргара, како шо ви реку, та ќе најдеме и некој комад лебец од Чанишча.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)