Изгледа јас сум единствениот примерок кој дозволува животот да го води, посакав да му речам на Денко Самоников, но веднаш сфатив дека ќе прозвучи како извинение за нешто што не го бев сторил, или ќе биде протолкувано како обид за утеха.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова можеби ќе прозвучи многу нецивилизирано, ама ако некому му опнеш сто стапа по грбот сигурно ќе научи како треба, а како не кога се во прашање почитување на некои востановени норми - да се биде воспитан, добар ученик и почитувач на државата и партијата на власт.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)