ќе (чест.) - сака (гл.)

Дури и ако поминеш, тогаш и од онаа страна ќе се најдеш пред конец кога ќе сакаш да се вратиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Многупати се скарани, та не знаеш дали ќе има некој да ископа гроб или дали барем ќе сака да плати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова е обид мајка ми и јас да им кажеме на тие кои ќе сакаат да ги прочитаат овие редови како ние двете кои одејќи по иста патека се разминавме токму тогаш кога требаше да се прегрнеме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога ќе сакам јас да кажам нешто за Америка, веројатно ќе напишам есеј за Америка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кирил и Мане си тераат некој свој муабет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ти почна една добра работа и а доведе до еден пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бешот го донесе муабетот и му го остави на учителот Атанаса да мy каже тој што ќе сакаат од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој не ќе сака да се врате, ете му ги куќите, што знае уќуматот нека прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не вар, не јок () бре Асан, Џемаил? — се изненади мифетишот кога, уште истиот ден зарана, се вратија претепаните колџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти велиш еден ден јас го давам тебе два.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кој ќе сака да дојде вамо, да побара изим од Толе Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И колку што ќе се зголемува водството, повеќе ќе сакам спомени.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Навистина, таа е нешто пониска, ама Татко ќе си остане спокоен, ќе работи дома, кога ќе сака и кога ќе може.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка не можела веднаш да разбере за што се работи, но, потоа, Татко бил јасен во кажувањата дека неговото откривање на сиџилите ќе им пречи на преамбициозните, на жедните за брза кариера кои, со партиските крилја, ќе сакаат да летаат превисоко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И кога некој народ или некоја земја ќе сакале да бидат големи, да се издигнат над другите, секогаш тоа завршувалотрагично, па станувале уште помали.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дали ќе сака да ја погледне и да остане покрај неа или ќе отиде да живее в град, а може да се ожени и за друга...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не сакаше и нив да ги учи на месо, зашто потоа сигурно не ќе сакаат да јадат од лебот што уште го имаше, не ќе сакаат да јадат компири, што ако потраеше снежната опсада, ќе им бидат храна и нему и на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- А ќе сака ли да си оди? - Ќе видиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Одам, - рече Кирил. - Братот ќе сака да се напие студена вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ќе се успокоиш па ќе почнеш да јадеш - рече Бојан, па си помисли дека срната можеби ќе сака да јаде од сеното, или од јаболката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом Тоше има теле сигурно не ќе сака да си игра со него!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие, ако тука има место за чопери, многу ќе сакаат да доаѓаат на вакви планински места каде што воздухот е чист и каде што ќе биде за нив најевтино.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го замолив да и го даде и пусулчето во кое наведов дека во 3 часот ќе свратам во бифето "Корзо".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако знаев дека Ботка е на катот и дека сигурно ќе сака да поразговара со мене, Изјавата што требаше да и ја занесам му ја предадов на курирот и го замолив тој да и ја однесе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Различните активности прифаќани без поговор и ставовите врз кои anorexia nervosa “го темелеше својот опстанок”, веќе не ја детерминираат нејзината личност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали Еми ќе сака да продолжи да се подложува на тврдењата на anorexia nervosa за нејзиниот живот, да продолжи да се покорува на барањата кои таа ги поставува?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но кога човек ќе сака да седне врз тој килим, ќе види дека во него има многу жив свет: мравки, штурчиња, разни ситни бубачки, трнчиња, ситни камчиња.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Секој ќе сака да си ги види дечките.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знаев дали татко ми ќе сака да и каже за тоа дека доаѓала тетка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми дадоа малку пари, ме испратија кај една далечна роднина овде, во Виена, и повеќе никогаш не ги видов ни нив, ни моите сестри, ниту пак твојот татко…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакаа да ја спасат честа на моите сестри, а знаеја дека никој не ќе сакаше да се ожени со нив ако се расчуеше дека сум забременила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трети ќе најдат оти јас проповедувам некаква надеж за поправување на Турците спроти нас и на европските реформи во нашата татковина, кога досега јасно било докажано оти ни Турција сакала, сака и ќе сака реформи во Македонија, ни големите држави се наклонети да ја принудат Турција за да ни даде некакви, па и најмали реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, Патријаршијата ќе сака во поголемиот дел на Македонија со словенско население да го установи грчкиот јазик за во училиштата и во управата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А потоа, кога таа ќе дојде, кога ќе му се предаде и истовремено ќе го пороби, тој ќе сака само едно, веднаш, без понатаму да чека, без да губи ни секунда, да влезе во неа, да ја сака само така сè дури може...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој, кога ќе сакаше да каже дека за секоја работа треба да имаш љубов, ќе изјавеше: „Зорле лозје не се копа“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И на крајот од погоре изнесеното, да заклучиме: ако немаме публика или имаме, ама само замислена, сѐ што ќе сакаме да си кажеме полемизирајќи си, карајќи се да си го кажеме тивко, со шепот за да не ни се чудат оние што пред објавените кавги или полемики не знаеле дека постоиме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дедо Трајко не знаеше да го цитира Рацин, ама муабетот му врвеше во таа насока кога ќе сакаше да каже дека жолтите отрови, на млади години, не му биле непознати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа и препорачувам на оние кои ќе се согласат со дефиницијата на Коваќевиќ и кои ќе сакаат да ги почуствуваат ефектите од нејзината примена, најпрво да ги испитаат своите потенцијали - дали се подготвени за продукција на нешто смешно, то ест на она што би ја разбило безнадежноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А кога ќе се збрчкаш, анамо лесновска, ќе се сетиш дека си можела да имаш домаќин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, на! Тогаш јас не ќе сакам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, мила моја. Јас само чекам времињава да се смират, ќе појдам во Америка и не ќе сакам веќе да знам ниту за Луков, ниту за сета оваа врескотница што ја крчмиме на дребно како борба за Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Бездруго. Бездруго. Јас зедов малку да каснам. Ќе сакаш ли и ти малку?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Повелете. Ќе сакате ли кафе. Немаме чисто, но...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За кого ќе сакаат тие да појдам, него ќе го земам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој, можеби, не ќе сакаше да се занимава со толку здодевна работа да не го побудува кон тоа неговата природна добрина. 136 okno.mk - Здраво, сирота, - обично велеше тој, штом само ја пронајде најсакатата женичка, во искинат, сошиен од закрпи фустан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не се дозволува само да се премолчува, да се сокрива во себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога службата ќе заврши, Иван Иванович никако не може да се додржи, да не ги помине сите сиромашни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За социјално опасно ќе се смета она, за што луѓето не ќе сакаат да се зборува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ама кој ќе сака тоа да го гледа?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ќе те прибере дома, ќе сака да има жена што знае да ракува со ашов и со мотиче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама не оди тоа така зашто „цуцата“ за инает ќе пробува додека трките не завршат и, на крајот, ќе сака еден ден да преспие за да ѝ легнат впечатоците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ќе сакаат да застанат и да прозборат со тебе ама ќе немаат за што.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа што сè што ќе сакаат да ти речат ќе те направи уште понесреќен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само, им рекоа, стрпете се до сабота; тогаш ќе дојде на пазар еден фалбаџија од овдешниве села, тој сигурно ќе сака да се фати со Исо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ѝ рекол на сестра си: - Мори, сестро, послужи ги гостиве ти и слушај нешто што ќе сакаат, па да ми кажеш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мусо рекол: - Ако ме загинеш ти мене, да ми насадиш смоква.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Жената многу п'ти го учела м'жа си: - М'жу - му велела, - коа да се крстиш (кога да се молиш богу), да велиш по еднаш и: "Господи, брани од женска белја!# Тој не сакал да ја слушат, а је велел: - А, шчо ти настинала глаата!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„А, не; ништо такво. Факт е дека работата навистина е мошне проста, и не се сомневам дека сами не би можеле успешно да ја завршиме; но си помислив дека можеби Дипен ќе сака да ги чуе деталите, бидејќи тој случај е претерано чуден.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како и во многу времиња, бездруго и во овие какви што ќе се по десет или по педесет години, по некој сакаше и ќе сака да стане одмаздник поради своите сомневања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Е, нема да го оставам кога таа ќе сака, туку кога ќе ми биде ќеиф.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секогаш ќе сакам да го сретнам пак.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Но ако не ќе сака ниеден арабаџија да го купи?“ Тој, од својата висина, беше милозлив и мудар и ја сокриваше пред нив сувата горчина:
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како четврто: ќе можев своите гости да ги пречекувам на тераса, и ниеден пријател од детството нема да се исплаши од празна рамка за слика, обесена на ѕидови кои се приближуваат, толку многу што ќе сака панично да побегне, уништувајќи патем фин сервис за кафе и нова мирислива свеќа запалена во чест на неговата посета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога стигнавме горе ги предадовме на претпоставените.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нашите ги прашаа дали ќе сакаат да го изградат она што е урнато од нив, а тие само кренаа рака велејќи „Хај Хитлер“. Потоа нашите ги убија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Речи сега право, не сме во некој кијамет да се лажеме, што ќе сакаш, кардаш, да бидеш откога ќе се потурчиш?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многумина ќе сакаат да станат како тебе”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
9. ЖЕНАТА СЕ СМЕЕ КОГА ШТО ЌЕ МОЖЕ - а тажна е секогаш кога што ќе сака, толку е кај неа контрапунктот сложен ни во врвната музика не бидува така...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ќе барам чаре, вели, белким некоја ќе сака да дојде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Трајана да го пречекаме... зашто тоа да го изрече ќе спискаат и снаата, и внуката - ќе сакаат и тие да се вратат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ниту ти можеш да ме насликаш како што јас ќе сакам да се видам, Ниту јас можам да ти кажам колку те сакам, како ти што ќе сакаш да чуеш.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ниту ти можеш да ме насликаш како што јас ќе сакам да се видам, Ниту јас можам да ти кажам колку те сакам, како ти што ќе сакаш да чуеш.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Кога ќе сакаше да станеш ќе се завртев со грбот, ти ќе се фатеше за мојот врат и полека ќе те однесев до бањата или до масата во кујна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сигурно ќе сака да знае кој го зел.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што има да правиме! Ќе видиме тие што ќе прават и што ќе сакаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако се потурчи христијанин, кога ќе отиде горе, ќе сака да отиде кај Мухамеда.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој поединец ќе стапи во комуникација со цел универзум податоци, коишто ќе бидат низ нашите компјутерски врски пренесувани од еден до друг. Input-и ќе добива од толку извори и од толку луѓе колку што ќе сака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога ќе сакаш да речеш ми тежиш ќе ти ги вратам триредно назабени.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ако паднам болен, дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула да ми размени, јорган да ми фрли?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: Чорбаџи Јордан не ќе сака ни да чуе без дваесет-триесет лири...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Јас су стар, кој знае дали ќе сака да дојде, дали и се остава Рожден, роднини, другачки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вака, сноп ако го вадиме, ќе сака со недели да седиш и ти и ние да денгубиме. — Брак бре, Калешко, брак?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури Митра се стрелушеше дали оваа орјатка ќе сака нешто да работи, Доста сама се понуди: — Ајде сега, сестрице Митра, да и расподелиме работите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неоти ти ќе сакаш да го ограбиш свети Горѓија, нито пак тој сака да му служиш бадијала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во спротивно, не ќе сакаше да патуваме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зашто ако се убие непријателски војник од спротивната страна, тие веднаш ќе сакаат да го вратат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си се уништил самиот себе и ќе сакаш и нас да не уништиш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Утре ќе сакам да трчам до крај на светот. Денес сакам да ставам кров над себе.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Уште долго ќе сакаш да бидеш со нив во кругот ќе сакаш залудно и ќе се прашуваш: што во бесконечноста што во атарот на загубата?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да останам секогаш врз негов грб?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој ќе сакаше на пример да заминам во војска...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа не беше сериозно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вистина ќе го убиеме и Луман без јатак помалку зулуми ќе прави, ама затоа друго лошо ќе сториме: синовите и внуците ќе сакаат да одмаздат за него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- И запамети, - рече Луман. – Другпат, кога ќе сакаш да куртулиш некого, дај му од џеб, ама мене да не ме молиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А ним во секое време ќе им биде вратата отворена, ќе си доаѓаат со мажите кога ќе сакаат кај него, дечињата ќе им трчаат по брегот, ќе берат овоштија, цвеќиња, ќе уживаат и ќе слушаат за својот дедо што сево ова го создал со голем труд и мака...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И кого ќе сакаме, кого ќе чекаме, на кого ќе се радуваме, со кого ќе заспиваме, со кого ќе пиеме црвено вино, со кого ќе ја делиме тишината, кого ќе сакаме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, толку е лесно да се сака, да се подари душа, да се подари срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Александар: Ах, во случај на пораз јас би му дал нова шанса, тој Дариј ќе сака поново да се окрили, за нов напад!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Сè потоа што ќе доаѓа – ќе се сеќава и ќе сака да прилега на вас и мртви: исправени, со кратка смрт и во очите со отсјај на оној суден меч што ве раздели од татковината.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Со сета душа посакувам Патрик Крисман да продолжи да преведува; дотолку повеќе што во написот кој му е посветен, се чини дека велеше дека оваа активност му е неорходна за да преживее среде хаосот што го оркружува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но ако не се прави ништо за да се пробуди интересот на читателите, тогаш луѓето повеќе ќе сакаат да се занимаваат, се разбира, со сензационалистичка литература...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така да знаш... И да знаш - продолжува да поучува Лазо - о комунизмо нема да е така, ами ќе биди вака: на секој келку шо ќе сака, а не келку шо ќе работа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не само селото што ни беше планинско што не може да биде попланинско, туку и она малку поле што беше околу селото, беше беговско, луѓето го работеа наполу, тие на кои бегот ќе сакаше да им даде земја да работат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Друго свое освен по неколку кози и овци и урупчињата земја за градинчиња, селаните имаа, по некои, свои воденици, валалници и неколкумина како дедо ми и татко ми што беа кираџии, ги собираа по село шајаците, козите, волната, конопот и другите такви работи да ги носат и да ги продаваат по Битола, Лерин, Воден и Солун и оттаму да им купуваат на луѓето било тоа што тие ќе порачаа или што кираџите ќе мислеа оти луѓето ќе сакаат да купат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа се ведна над торбата, ја подотвори и пак се исправи во очекување да биде прашан што ќе сака.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му се случија две работи: се здоби со доживотен пријател и ја доживеа првата зрелосна болка на којашто не ќе сака да се сеќава, ќе ја пади од мислите како здодевна мува, но што ќе има влијание на дообликувањето на неговиот карактер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Малку“, рече. „Зашто ќе сакам што поскоро да те видам пак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев свесна дека, мајка како мајка, ќе сака да го подизвади синот од блатото.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакаш ли некогаш да седнеме во неговата локомотива и да нѐ прошета каде ќе сакаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Еве го моето зајаче!“ Сите деца ќе сакаат да си имаат вакво зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)