ќе (чест.) - следува (гл.)

Знаеше дека по исповедта на Томо ќе следува нејзината искреност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше дека ќе следуваат прашања, па затоа на некои од нив пред време ги даде одговорите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кон крајот на четириесеттите години ќе следуваат низа судски процеси и егзекуции во редовите на свештенството, што ќе доведе на крајот Енвер Хоџа, во 1967 година, да ја прогласи Албанија за прва атеистичка земја во светот за што поопстојно сведочи и книгата на Стефан Куртуа Црната книга на комунизмот. (Stéphane Courtois, Le livre noir du communisme).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секогаш подзастануваше по првите поздрави, помалку разочаран од нивната празнотија, но повторно со истото исчекување на оние други, вистински зборови, за кои секогаш знаеше дека ќе следуваат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А можеби бегот и не беше важен во настаните што ќе следуваат, та затоа го немаше и во претчувствата? - си рече момчакот, тешејќи се.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секако би било наивно да се очекува дека ќе следува политичко смирување со овие мерки и мора искрено да се признае дека овој начин, кој можеби е единствено остварлив, имајќи ја предвид политичката ситуација, тој секако не го дава крајното решение ниту за македонскиот ниту за балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај набележаните солуции, експертите на крајот заклучиле дека "балканската ситуација вклучува и такви непредвидливи фактори... така што е можно и друго практично решение, кое во моментов не може да се предвиди".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини сметале дека "преориентација во смисла да се формира Англо-грчко-турска асоцијација" ќе ги вовлече Британците во разни тешкотии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сметале дека на Советите нема да им се допадне предлогот за обновување на Англо-турскиот сојуз, особено "кога тие ќе оценат што ќе се случи наскоро поради политиката што ќе следува потоа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Перо знаеше дека може да се извлече со лага, но го виде синџирот меѓусебни лаги што ќе следува и ќе трае можеби и до крајот на животот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)