ќе (чест.) - смисли (гл.)

Што ли сега ќе смисли?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тамам ќе смислам да кажам, а веќе заборавам што беше тоа што требаше да кажам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кој знае што ќе смислат? Ќе направат некоја беља!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Кога некој шепна дека се зачувани многу свети книги од старата црква, а друг додаде дека ѕидарите сега сигурно ќе смислат да изградат за нив погодно скривалиште, па макар и во олтарот, ибн Тајко со голема гордост се потсети на книгите од Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе смислиме нешто. Имаш ли на ум да му ветиш штогоде на пашата, да го прелажеш?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што ли ќе смисли сега? Што ли ќе извади од ракав?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Каде што престојував љубовта беше најпрогонуван порив Инаку за Одисеј боговите зар ќе смислеа Најзаобиколен пат кон саканата Пенелопа Реалноста е состојба на живот што си заминува А сонот е траг од копнежот што незнајно исчезнал Дали сме ние трагачи по реалноста престорена сон?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ништо. До вечер ќе смислам, ќе решам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе смислиме нешто...“ И така тие се венчале. Сето Семејство дојде на венчавката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)