ќе (чест.) - спие (гл.)

Се прибраа и машките откај сретсело и како обично, се вечера и отиде на спиење Доста и Илко до трите вечери ќе спијат во земникот, па после на чардакот ли, дома ли, каде милуваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од шајаците ќе прави гаќи за машките, од клашните — гуни и сакми, а од козината — покрови за ергените во кои ќе спијат првната вечер со невестите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога бабата предложи да им постели за спиење, Толе одби и рече дека ќе спијат некаде надвор од селото, бидејќи таков им е занаетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Еве тука ќе спиеш, јуначе. Каде сакаш — таму. Сакаш до Риза, сакаш до Петка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Истото се покажа и со другите гости, што беа го оставиле оружјето кај што ќе спијат, та од сите шестина само заптијата го сопаша револверот — алтипатлакот и му го фрли на Толета пред нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Тука ќе спиеш ти, а овде јас - покажа старата. - Не знам сега, ако те бендисува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Како ќе спијам сега без моето меко опавче? - плачело несреќното маченце.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како трето: ќе можам да си набавам куче кое ќе спие на тераса, и така конечно ќе можам да ја направам единствената здрава работа носејќи го кучето во парк, наместо да решавам загатки од стари списанија, посакувајќи го најновиот број.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Добро, таа ќе спие и можеби некое време доцна во денот заедно со сите, или со половината од децата, ќе дојде да го посети и ќе седне под сенка наблизу, тргајќи долга цигара меѓу модрите усни, но тој што ќе стори? Дали ќе се разбуди?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Јавете се некој друг ден“, рече, како да ќе спие Луција цели денови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ќе спијат со мене. (Општо смеење.) КАТА: Волк те не јал, море Анѓеле, што си се сторил за зборување...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Не сака велење оти, ако би останале овде, ќе спијат со Ана.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- И ќе спијат во шатори, - ја следеше својата мисла старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Бојане, ноќеска ќе спиеме кај вас. Задоцнивме, се расипа џипот...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Земи го и сонцето, рече Барбут- бег. – Ти го давам за малку месечинена ткаенина, со која ќе се покријам додека ќе спијам на своето парче ноќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Рацете и нозете ми беа врзани со дебело јаже од кое ни најмускулест орангутан не ќе се ослободеше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Што ќе правиме со нив? – праша Додо. – Не верувам дека ловциве на робови ќе спијат вечно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не верувам дека ќе се вратат, Додо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Срцево ми е меко, сепак ќе се случи еднаш- на овие двајца на тил ќе има седнам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нѐ зела ноќта во пазуви, ќе спиеме здружено.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кај ќе спијам јас, прашувам, а жената ме трга за рака и ме врти нешто одоколу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука ќе спиеш, вели, тука ќе јадеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе спиеше ко топ, му велам, се смеам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сега? — Слободна сте, ми велат. — А кај ќе спијам, прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерта отидовме во една колиба, ќе спиеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И уште нешто - кај ќе спијат беспризорните во долгите студени ноќи?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А сега каде? праша Петко. - Јас ќе спијам во автомобилот, рече Пенчо; посрамено гледаше во своите боси нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ништо не гледаш, ништо не слушаш, ништо не разбираш. Ќе спиеш долг сон, ќе ги исполнуваш моите наредби.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Не му бараш? Нешто симболично? (Пауза.) А кога ќе отидеш ти во Америка ќе спиеш кај него? МАТЕЈ: Да.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МИХАЈЛО: Вечерва ќе спие овде. СУЛТАНА: Нека спие. АНГЕЛЕ: Ангеле. МИХАЈЛО: Бунарот и нужникот се десно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Утре, место да делкаат камен, ќе спијат, застенка од болка во главата Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, Никола, уште ли ќе спиеш? - Ама какво спиење, со мака рекол Никола Влашки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тогаш да им кажеме на луѓето од селово. Ќе го фатат. - Ако не го фатат, ќе дочекаат ден на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Чекај. Никола Влашки пак легнува. Болен е. - Болен е но не поцрнува. Тој никогаш не бил болен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Вечерва ќе останеш овде. Ќе спиеш овде. Јасно?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Е ти ќе спиеш по гаќи и маица. Ги имаш на себе?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Вечерва со Трајчета ќе одиме во Караорман и таму ќе спиеме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЛУКОВ: Речиси, сите... сите ние, освен вас, ќе спиеме на смена. Заради стражата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Не рековте... каде ќе спијам јас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Епа, ќе јадат добро, и ќе спијат, а во понеделник на училиште.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)