Но Миле не се задоволи со тоа:
- Слушај - рече - напролет ќе стануваат кај нас големи работи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но секогаш - не заборавај го тоа, Винстоне - секогаш ќе постои пијанството на власта, кое постојано ќе расте и постојано ќе станува сѐ посуптилно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку Партијата ќе станува помоќна, толку ќе биде понетолерантна: колку послаб отпор, толку поцврст деспотизам.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Свет на страв, измама и мачење, свет во кој газиш и биваш газен, свет кој ќе станува не помалку, туку сѐ побезмилосен колку што ќе се усовршува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да претпоставиме дека ќе го забрзаме темпото на човековиот живот, така што луѓето ќе стануваат сенилни на триесетгодишна возраст.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Улогата на „Маргиналец“ е една синтетичка професија произлезена од искуствата на Ghost-busters, Роџер Ребит, Терминатор, Бетмен и Даркмен, и која (професија) во оваа ера на тотално прешалтување, спрема сите индикации, ќе станува сѐ попопуларна.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Знам дека ќе станувам ама како и зошто не знам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Без да биде свесна дека сама си се лекува од состојбата во која се наоѓаше, таа ќе стануваше и постојано беше зафатена со непотребни секојдневни работи во куќата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Забавните паркови се релативно нова културна форма што сѐ повеќе ќе станува простор во кој уметникот ќе треба да истражува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како што ќе се развива единствената Европа ова ќе се засилува сè повеќе, така што, претпоставуваме, популацијата ќе станува сè поизмешана а присуството на другиот, странецот, ќе стане нормален феномен.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таквата состојба не предизвикува било какви неволји во периодите на просперитет кога луѓето чувствуваат економска сигурност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И ќе се сопка на грутки, на длапки, ќе паѓа и ќе станува, дури не му се испразни душата в уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зашто мудрецот од Калкута велеше: природата постојано иста ќе се повторува, а само човекот сѐ понесреќен и понесреќен ќе станува, зашто духот и умот ќе го влечат сѐ понаред, а силите не ќе можат да го следат...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)