Сојот негов опак...! Да видам до кога ќе тера инает...“ И удираше со копачката, го корнеше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
— Демек така, Јоване, а? Јас ќе шеткам одонаде река, ќе терам ваки стока, ти ќе a преземаш понатака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море кој ни дава нам чупе, сиромаси луѓе сме ние, попче, токо ете, вака, нека се живи пријатели, село и селани, и свадба ќе направиме, и госје ќе тераме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги одреди слугите што ќе тераат со кучињата, а тој им го покажа каменот на сртот на кој ќе чека и одреди уште двајца од слугите кои ќе чекаат на другиот дел од сртот правејќи ”потковка” во која треба да биде вовлечена мечката.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
До кога така ќе тера, Боге не знаеше - еден Бог знаеше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кој знае до кога ќе тераше вака ако некој однатре не му свика да ја остави.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сакав едно време да му кажам на Крмакот, колку да ми олесни, ама тој мајтап ќе тераше со мене.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)