Тие на другар ми му откриваат многу за тоа каков тип е дечкото со кој излегува, за природата на врската што му е судена – конкретно, каков ќе им биде сексот... на долг рок.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, овие жанрови на говорот ја вршат истата регулаторна функција во кодирањето на дискурзивните практики како и книжевните жанрови – само што тие регулаторната функција си ја вршат не во доменот на книжевното пишување и примање, туку во сферата на комуникацијата, во општественото однесување и во личната интеракција – дефинирајќи ги соодветната тема, формите на меѓучовечката односност и стиловите на комуникација.153 Во таа смисла, жанровите се не само формални, туку се и прагматични: тие на луѓето, во секојдневните практики, им обезбедуваат конкретни средства за меѓусебна интеракција и за справување со конкретни општествени ситуации – и ги подучуваат како да го прават тоа правилно.154
Систематските и формалните разлики што еден од друг ги разграничуваат конвенционалните видови на книжевниот дискурс претставуваат еден пример за прагматиката на жанрот – и навистина, се еден од најпознатите и најочигледни примери на таквата прагматика – па голем дел од она што имам да го кажам тука ќе упатува на тие традиционални генерички поделби меѓу видовите книжевност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Далеку од тоа дека би нѐ вратиле во некој психолошки модел на машкиот геј-субјективитет, тие би ја нагласиле сексуалната политика на културната форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Двата модела не би биле начисто различни, сигурно: Си замислувам – а немам намера сега да го предвидувам исходот од некое посебно истражување за кое, се надевам, некој ќе се нафати, па затоа не ни сакам да претпоставувам – но си замислувам дека обата модела на геј-субјективитет веројатно некако ќе упатуваат, на пример, на мелодрамата, на кампот, на обожавањето диви и на машката геј-женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Модел на машкиот геј-субјективитет заснован врз разбирањето на особената геј-привлечност на Бети Дејвис може, тогаш, и тоа како да се разликува од ограничениот и делумен модел на машкиот геј-субјективитет што го скицирав тука и што го извлеков од една реплика на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во анализите ќе упатуваме на членот од дотичната измена и дополнување со кој се изменува, дополнува или заменува матичниот член од законот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)