ќе (чест.) - чувствува (гл.)

Ќе мислиш само на ангелите и на нечестивиот кој не ќе го гледаш, а ќе чувствуваш оти некаде крај тебе е, те следи, те ваби и очекува да ја изгубиш рамнотежата и да се струполиш прудолу, кај што те очекуваат поткажувачите и оние кои ти завидуваат на небесниот пат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не знаеме какви ефекти ќе има нашата работа врз Кинезите, што ќе чувствуваат тие пред неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Типичен експонент беше Вајлд, кој ја порекна сета моралност, но умре за она во што веруваше, за моралноста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие вечери, во Крушево, не знам дали поради прстенот или поради тоа што веќе долго бев отсутна од дома, многу често мислев на мајка ми и посакував да сум со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кои вистини и да ги употребиме, кој пат и да го избереме, секогаш со нас ќе носиме тежок товар и секогаш кога покрај патот ќе не пресретне некоја болна судбина и мрачна вистина ќе чувствуваме грижа на совеста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секогаш сум го носела со себе во џебот, а кога си легнував, го ставав под перница и ми беше некако топло и нежно под обравчето, како кога мајка ми пред заспивање ќе ми ја стави дланката меѓу лицето и перницата, а јас ќе чувствувам дека потонувам во сон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)