ќе (чест.) - се (зам.)

Тие ќе го сочуваат зачуваат нивниот кастилијански јазик, кој ќе еволуира во повеќе јазици (еспаниол, ѓудезмо, јудио, ѓидио, шпањолит, ладино итн., но ќе се развијат и јудеофранцуски, јудеоиталијански, јудеотурски и други).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Времето допрва може да покаже дека биле во право. ‌Имам добри преседани за таков убав светоглед. ‌Се прашувале луѓето, на пример, дали Невидливиот човек од Ралф Елисон, Друга земја од Џејмс Болдвин или Да се убие птицата подбивница ќе им станат неразбирливи или безначајни ако дојде време кога во американското општество расата веќе нема да биде општествено обележана (претседателствувањето на Барак Обама, за волја на вистината, во мигов ја прави таквата можност понезамислива отколку замислива).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иронично е што во најстарата демократија, политиката на САД изгледа дека загуби секаква врска со реалноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тоа време, годината е напишана во црковните книги, мајданџијата Карпош ги кренал на востание луѓето од земјава, зазел од Турците неколку градови и ги исклал беговите во десетина села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова е смела теза, мој пријателе, зар ќе се спротивставиме на сите балкански историографии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што знам, ти си таму и таму ќе се видиме и ќе бидам в село за дваесет и осми, за празникот наш Света Богородица“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според нив, големосрпските ‘федералисти’ се разликуваат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најпосле царот решил да ообјави во царските зандани, каде што чувал робови заробени во војните, дека секој оној што ќе се нафати да го победи џинот ќе му го подари животот и дека ќе го пушти на слобода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, треба да се знае дека она што таквата хипотеза во случајот со Циганка ја прави привлечна е нејзината строга врска со Милеровото грижливо читање на самиот мјузикл, читање што самото ја создава хипотезата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, ништо, велите, простете А таа ќе ви одговори: - Догледање, повелете пак! - притоа длабоко ќе се поклони, чудесно, маѓепсно, ќе ве дамлоса.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако те превари некој корен да зацрвени, везден ќе се туфкаш: леле, леле, што ме најде, ми скапаа патлиџаните!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако ја поведеш и ти жена ти, тие двете заедно ќе се бањаат, ќе зборуваат и ќе се исповедаат по женскиот обичај, и жена ти може после да ти расправа сѐ што ќе ја прашаш за Атиџе.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога и да е, ќе се појави, ќе се види.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, си доаѓаше, па си одеше. И сега е тука. - Тука? - Да, тука.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зарот секако е фрлен. Додека тој се тркала. Едо ќе се опушти па ќе види...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Возачот, изваден од памет, најпрвин се двоумеше дали да кочи, убеден дека таа ќе се предомисли и ќе се тргне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ќе се наоружаат и право во партизани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ситуацијата отсекогаш остануваше комплексна. Вистински Гордиев јазол!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолжуваше да се самообвинува: ако ги следела пораките на својот ум веднаш ќе се вратела дома за да се дотера како што прилега.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И ќе се сопка на грутки, на длапки, ќе паѓа и ќе станува, дури не му се испразни душата в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата, потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана по неуспехот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако, се разбира, знаеше дека Петрович и за осумдесет рубли ќе се нафати да сошие: меѓутоа, пак од каде да се најдат тие осумдесет рубли?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе поминат десетина минути, ќе поминат дваесетина, триесетина и вратите пак ќе се растропаат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа пак ќе се зафати со јадењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, биро. Свртете се и можеби со Божја помош ќе се најдат пари во мојата азна...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А поголема казна ќе ти биде, ова да не ти го кажувам, та кога ќе се вратиш да ти ја предадам тебе болеста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Не сум клеко и не те пуштам. Или излези или ќе се спровнам низ прозорецов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Грубата ткаенина добила име blue jeans, а кај нас е позната и како тексас. 108 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Детето-слушател на првобитните приказни ќе биде разочарано кога, како возрасен читател, ќе открие дека она што го сметал за најчиста вистинитост на своето искуство - и како несомнена стварност - било само „литература“, зашто ќе се покаже дека не сме „сами“, односно единствени, за кое пишува Томас Ман, но и нешто повеќе од тоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Оди напред.“ „Капетане, јас ќе се вратам.“ „Што?“ „Се враќам во ракетата.“ „Смит!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Само еден ден или само два дена уште, само два дена! Потоа иде победа и спокој ќе се всели во замореното тело. И среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако решението се обработува механографски, наместо потпис и печат може да содржи факсимил.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе се растуреа секој ан своја страна, ќе го паметеа настанот, ќе молчеа како смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Црвената светилка во главата го предупредуваше дека нешто ќе се случи, но не знаеше што.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По овој срок аскерот ќе ја продолжи својата работа и власта не ќе има никаква милост спрема сите оние што не ќе се теслимат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така, радо ќе потсетеше Карер во своите говори, во име на наследениот соживот, во еден романтичен занес, големиот локален поетот Николо Уго Фосколо кон крајот на 18 век, со копач во рацете, ќе се обиде да го урне ѕидот што ја одвојувал еврејската од другите заедници на островот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Чувајте се, да не ви падне сенката во темелот, ни рече, оти ако си ја заѕидат сенката, ќе ти се одземе здравјето, вели, или некоја завист ќе ја ненавиди куќата и жената и цел живот невиден ќе се шеташ, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Требаше со време да се заинтересираш за таквите нешта, колега Вртанов, а јас ќе се потрудев да ти ги објаснам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Слободата на движење екстремно е ограничена, а од страна на новите газди се демонстрира неверојатна строгост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе се искрадел и ќе се пикнел под некој вис, во некои стискови, меѓу буките и така свирел со гајдата. Свирел и плачел и само се обѕрнувал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не беше шака, исклани беа царски луѓе, стопаните на Имотот, и никој не можеше да претпостави, при недостиг на вистински виновник, врз кого од нив ќе се истури гневот на султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само да му помине срамот, велеа, и ќе се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми рече да го земам и да ја зарадувам невестата кога утре ќе се женам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде ли не носат? Кога ќе се вратиме дома?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На одарот од другата страна обично е испружен Бај Шишко, ако не потпевнува тогаш со гласовите на носот кажува дека не треба гласно да учам француски или руски за да не му го растурам сонот, меѓутоа не можам да сфатам како забележува или како станува свесен дека не учам и дека внимателно сум се спружил држејќи си ја главата со двете дланки зад тилот, тогаш се открива дека не ни спиел, не ни потпевнувал, туку само демнел миг кога ќе се опуштам за да почне разговор со мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе ода долу Тиквешиата, ќе се потпра прво до поп Илија во Бешишча, а он ќе ме ставе со Ѓурлукот, Шаќира и други мои стари другари и дејци од комитлакот, белки не ме имаат заборавено за виа дветри години“, — донесе итриот Ѓуро решение, и така направи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Остварувањето на тоа, според нив, „не би требало да е тешко“, а би требало да излезе уште полесно „доколку националната влада, во која ќе влезат сите партии и која своето постоење го должи најмногу на нашите напори и поддршка, ќе се зацврсти толку сигурно што ќе биде во можност да ја преземе администрацијата на државата за ослободување на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Наеднаш ќе открие дека, според Иван Степанович, човекот е предодреден да страда; дека безброј непредвидливи нешта му се испречуваат на патот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мамо, да знаеш, да бев малку поголем, можеби и ќе се оженев со неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бошко пак забрза по улицата. Одеше и мислеше вака: „Ќе се изненадат.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Зјапаше во рацете. „Откако атомската бомба ќе падне врз нашиот град, ќе се огласи радиото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ќе се налутеа на нас и ќе нѐ наречеа тврдоглави Бугари, ние пак ќе речевме: Е па така си е: вистина, христијани сме, ама не сме образовани како Грците!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не се знае што ќе искомбинирам јас - газдата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И почна во тој правец да дејствува кај буљукбашијата. My го образложи овој план, и овој се согласи, толку повеќе што и неговиот паша од Скопје му пиша бунтовниците живи да му се испратат, до колку ќе се предадат живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Една насмевка ќе е доволна да ја разбудам нежноста во секое магливо утро, а нашите изгубени души ќе се пресретнат длабоко во ноќта во твојот и мојот сон и можеби таму искрено ќе се исплачеме и ќе си простиме...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дали е тоа игра на случајот или игра што воопшто не е случајна, за која јас и Ема најверојатно не сме доволно свесни, игра во која, можеби, допрва ќе се сплеткуваме? Кој стои зад сево ова?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната љубов, нивниот заеднички живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Има полошто од тоа... ако претрпам мислам дека ќе се куртулам. - Куртули се сам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Правиме колекција од амблеми...“ се прчеше Љупчо пред новиот другар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во поканата судот ќе им укаже на странките за последиците од изостанувањето од подготвителното рочиште, како и за тоа дека се должни, најдоцна на ова рочиште, да ги изнесат сите факти врз кои ги засноваат своите наводи, да ги предложат сите докази со кои ги докажуваат фактите, да ги приложат сите исправи и предмети што имаат намера да ги употребат како доказ и да се изјаснат за тоа дали се согласни спорот да го решат во постапка за медијација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Знам, ја прифатил уверливоста на тие зборови Наџак- Јанко. - Поинаку мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има долга приказна и долг пат, не се гледа дали ќе се вратиш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој се обѕрнува, јас се обѕрнувам и пак ќе се повратиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во постапката за решавање на правата од пензиското и инвалидското осигурување ќе се применуваат прописите за општата управна постапка, а за правата кои се остваруваат кај работодавецот прописите за работни односи, ако со овој закон не е поинаку определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ај, со здравје. Да не те вртиме оти Панде ќе се кара. (Го бакнува во челото).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Автономна Македонија, како пат по којшто ќе се дојде до соединувањето на Македонија со Бугарија, Србија никојпат не ќе ја допушти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние тука ќе се задржиме на конечната, совршена верзија, онака како што беше претставена во Единаесеттото издание на Речникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Последни почнаа да доаѓаат жените, ама како која идеше со празни раце не доаѓаше туку носеше или некое компирче, ремче сушено свинско месо, лукањче, ореви, дивјачки и што ќе се најдеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не ја знаете ли пословицата: „Пушти си ја ногата колку што ти е чергата“, чергари парталави!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе стивнат нашите молбени гласови, ќе се крене темнината и скрбта од лицето на татка и од неутешната душа на мајка“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Надвор шумеше реката, црцореа птиците, се валкаа драскотливо одвлечените гранки од бозелот, и звуците стануваа сѐ посилни, како да се наткреваше сводот небесен давајќи им простор и широчина, за да се чујат што посилно, како и болките на луѓето што се таеле, а наеднаш ќе се истушат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зеде збор Захаријадис. — Ние не бевме доволно будни, вели, и не можевме да претпоставиме дека непријателот ќе се регрутира и од нашите редови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе решиш, ако сакаш јави ми се. Ќе се најдеме некаде в град...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред мене роди чинела машко, а тоа ќе се расплаче и ќе подзине. Па после, роди женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниту еден човек нема со економско- политички притисоци да се принудува да извршува мускулно-механички работи кои можат подобо да бидат завршени од роботи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Илузиите на самиот српски народ пак не се безрезултатни: во случај на војна за Македонија со кого и да е, Србите како еден сите ќе се нафрлат на непријателот, -српската војска со најсилно патриотско чувство ќе се бори за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се загледам во некое војниче и, наеднаш, над неговата глава, како да ме гледа лицето од Ангелета мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се разбудиш и главата ќе си ја најдеш во некое вирче вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
12. ЌЕ НАПРАВИ ТОЈ ДВЕ ВРЕТЕНА ОД ТРИ БУКИ - страшното е штом се додаде: И ТИЕ КРИВИ ЌЕ СЕ, зашто тоташ ќе се појават две жалосни куки што ни јаже не ќе издржат човек да се беси...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во умот на Водачот проблесна генијот, целата земја ќе ја претвори во бункер со трудот на целиот народ кој ќе се брани самиот од непријателите!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе се разведе од мене...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе се скине ко стадо овци и пак ќе се спои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Слушај, Ѓуро — му вели Крсте на Јована. — Ова, ќе се умира што ќе се умира, ами гледај лежи право со главата кон куршумите да не нѐ погодат некаде на друго место, та живи да нѐ печат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе се постарам да покажам појасно како реформите можат да ја побугарат Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Шишката ќе ја потсечеме, а од неа тече сок и кога ќе се згусти го сушиме и прајме лепешка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скоро секој миг ќе се покаже по еден столб низ предното стакло од автомобилот и додека трепнеш со очи тој веќе е назад.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сонцето ќе зајде, ќе се истркала зад ридовите, а неговата светлина уште ќе им грее на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добро сторив што брзо потоа му упаднав на Лауша дома и особено што писмата му ги побарав пред жена му, инаку можеби ќе се повлечеше, ќе се извлекуваше на мало пијанство, вака немаше каде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го мислев Влатко како ќе се снајде во нова средина, ама гледам - нема проблеми, како што велите.“ „Супер!“ едногласно дорекоа сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од еден декар оранжериска површина годишно ќе се берат просечно по 12.000 килограми домати и околу 29.000 килограми краставички.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
СОФРЕ: Ах... сега тие кога ќе го видат ќе се израдуваат...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Камењата, море Трајко, под твојот чекан и глето ќе добијат сјај и облик - куќа што ќе се вика, а во неа живот, љубов... радоста ќе се вглезди, дечки ќе се растрчаат... ех!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе се раѓа кутарето. Му дошло времето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А, да го изгориме со лута вода. Малку ќе попрестане. Ама после пак ќе се јават бодежите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немој да бидеш попустлива кон себеси кога ќе се преиспитуваш - можеш или не можеш!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Божем, ти си премногу далеку, и храната во пакетот ќе се расипе додека стаса до тебе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе удрам во нешто, ќе се подразбудам и пак одам. Месечината грее, ама ладно ме студенка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека зборува, од неговото лице незадоволството исчезнува, се појавува насладата од постигнатата цел: „Дојди вечерва во театаров - ќе се потрудам да ви раскажам кој бев и кој сум всушност!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе се најде нешто да те открие, што се вели, не држиш сѐ под своја команда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој не ќе се одѕвиеше на законот му беше одземан имотот, сам тој погубуван а неговиот сој паѓаше во царска немилост.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние кренавме наш Кинески ѕид на Балканот, со кој ќе се гордеат идните генерации, спасе­ни од империјалистичките апетити на нашите непријатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таму никогаш ништо не се знае: дали некој ќе се избудали или ќе се запали... 43.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имавме една голема круша пред куќата во дворот и јас секое поминување ќе се обесев со рацете на неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но кога Кијмет ќе забремени, и кога самата без ничија помош ќе се породи, наеднаш ќе се случи чудо: од собата на Кијмет ќе се слушне „блага, милозвучна песна, со убави зборови на турски јазик“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие копилиња со мали деца ќе се прават Џекови, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Војната е како јастреб што ќе се спушти врз народот како врз јато кротки врапчиња и ќе ги разлета на сите страни...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но ќе се согласат ли на тоа Србите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Јас ќе се извишам над тебе и ќе гледам! - рече првото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Калија не го караше кога Бошко наеднаш ќе се изгубеше за саат-два, ѕверејќи се низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Господи, мене ли ме определи за ново распнување?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ДИМИТРИЈА: Ќе се јаде ли во оваа куќа? ВЕРА: Не се дојдени.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За разлика од класичната употреба на терминов во огласувањето, овде се мисли на малку потесна сфера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И така, така, ќе се премислат, ќе ме пуштат. - Ајде, оди си, ќе ми речат, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што ти е, Јоне, ќе се повратам, кај те боли сега, кај те штрека, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Баба му доаѓа, но ѝ паѓа на ум дека Зоки ќе се открива ако му дозволи да си игра со Мечето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ранет бил, штитоносец бил, прв ќе појде со знамето на надевањата во нови преграби. Исклештено ждракал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се молат и ќе колнат со исто зинување на устите. Ќе се кинат жените со војниците и само ќе дробат со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Перса не сакаше да навлегува во проблемите на Чана, таа е задоволна што Пелагија ја прифаќа идејата и вечерава можат да приготват гурабии, алва а и некоја суканица, а свечениот ручек кога ќе се вратат од неделната утринската литургија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе се глава негде, дотко. Ќе бера дрва кај некој чорбаџија, колку лебот да го јада и пинците да и кина, — ѝ велеше Крсте на сестра си Бисера со плачни очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, за тоа ќе се извршат нови консултации, ќе се испитаат искуствата од многу слични проекти во широката социјалистичка заедница, од Езерово до далечниот Сибир.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Чекајте“, застана меѓу нив Онисифор Проказник. „Меѓу себе ли ќе се колеме? Ајде, Никифоре, ќе се помолиме на гробот Неделков. Погледни, луѓето чекаат некој да му ја испрати душата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На увидот и на реконструкцијата може да се повика вештак ако неговото присуство би било од полза за давање наод или мислење (чл. 235, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Ќе копам три на три“, вели, „зашто надолу после ќе се стеснува“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јадрото кое ќе се формира за спасот на земјата се формира во март-април 1919 година, на чело со лидерот Мустафа Кемал-паша, опкружен со Рауф Орбај, генералите кои раководеа со корпусите на армијата во Анадолија Али Фуат, Рефет Беле и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дека нешто не е во ред во тие нивни игри најдобро знаеше Мурџо кој штом ќе се појавеше Чана со Дончо, се прикрадуваше крај нив и постојано го имаше на око Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Затоа сега злобно се кикотат роеви чавки и затоа кога ќе се смири, високо над градот ќе запискаат жерави.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам зошто мислам дека нештата ќе се променеа и дека животот ќе ѝ беше поинаков... ама знам дека таа сигурно ќе си останеше истата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наскоро во истата Бела куќа ќе се всели црн претседател.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Утрото ќе се собереме на подѕидокот од меаната Тренческа и ќе си ги кажуваме соништата, ќе си ги толмачиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ланските се повторија годинава, годинашниве ќе се повторат в година, на земјата ништо не се менуваше, освен старите што умираа, младите старееја, нови се раѓаа да поминат по истиот пат по којшто поминале нивните предци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, кога ќе се роди, татково име да носи. Ќе ѝ биде на мајка атерот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе се протегнам ко оној облак од огнови и од виножито за да го заграбам името твое но дали само во името злоста е?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, зарем не ме учеа и дека личноста е како езерската вода, која штом ќе се заграби, се разбива на многу капки, на мноштво води, од кои секоја самостојно истечува, заминува од допирот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Доколку дрогата на ова подрачје се декриминализира, профитот, според сите предвидувања, ќе се намали и до десет пати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Освен селото, ако во него можеше да има живот, освен тие куќарки од камен и на камен, немаше наоколу ни човек ни птица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но не смееше да почне нова дискусија со козарите, зашто повторно ќе се најдеше во безизлез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе се извардам пак наоколу, вели, и полето одново ќе ми заличи на нашено, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во нашево ново време ќе завладеат и нови техники.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прашањето дали новото течење има иднина или не, ќе се разгледа подолу, од каде што ќе се види оти тоа, ако се остави само на себе и се игнорира, ќе се развива само, а не ќе опаѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ти сакаш да ме заразиш. Само јас ќе се излечам. Со хиперманган.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Малечките балкански државички без церемонија ќе ги земат во свои раце сите доходи од завојуваните делови на Македонија, а Македонците ќе се обрнат во просјаци, откако ќе си ги загубат првин своите национални особини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога јас ќе зборував за тоа, таа гледаше да го избегне разговорот и ми се чинеше ако бидам упорна ќе се отуѓи и од мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ иглени уши ќе се провирам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А не се ѓибаме и на изворчето. Тие дошле да наполнат вода, а ние одиме да полниме. И ќе се начекаме, се гледаме напорки, ама не се ѓибаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којо Пипиле кога дозна дека ќе се венчаат, му рече да не ја зема Марија за жена, зашто во неa има нешто кобно, фатално: досега ѝ умреле неколку мажи што ги имала. А пред да ја земат биле здрави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тромаво и споро ја подигна раката за да ги повика од зад себе и само со два-три збора се разбраа како ќе се поделат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе се противставува како Јурукот, - промрмори Бојан. - Кој Јурук?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но директивите на партијата и натаму беа категорични: работничката класа мора да се создаде, откако наполно ќе се дотолчи класниот непријател!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе се врати и пак ќе отрча, со панталоните в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРСО: Заклучи ја устата. И оди.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Си ги крпиме чорапите и гледаме кој прв ќе се почеша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во мојот живот, речиси секогаш, некое делче од вистината, што најмногу сум ја посакувала, останувала скриена. Ме изморија таквите игри!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Интересен ќе биде овој настан, зошто досега така се нема видено во градов. Луѓе живи ќе се печат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јасер Арафат дури по три месеци јавно ќе се произнесе за овие разговори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еден селанец стана и рече: - Во Штип се зборува дека треба да добиеме помош од преку граница - од Бугарија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
БОРИС: Безочноста дрска со глава ќе ја платиш, кај мајка ти дома жив не ќе се вратиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Калија везеше многу убаво. Попладне, откако ќе ги свршеше домашните работи, туку ќе се курдисаше на чардачето и, наведната врз ѓерѓевот сѐ додека беше виделина, го чекаше така Маркота од дуќан, кој секогаш ѝ носеше измирска алва во книџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Едни викаа дека на сила не можат да ги присоединат со Албанија, други тагуваа како ќе се гледаат со своите најблиски, со своите роднини кога ќе ги подели границата; трети викаа дека ќе се отселат, ќе соберат што можат од покуќнината, од добитокот, ќе испродадат сѐ и нема да останат во Албанија; четврти одеа во црквата, палеа свеќи, се молеа, плачеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како што ова го чув, така мене почна да ми скипнува крвта и да ми се чини оти ќе се онесвестам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Кога ќе се сетам само на оној глас што ни ја донесе веста за смртта на брат ми!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само стиснете ја петелката, - ги предупредуваше, - зашто секој неуспех во тоа изгледа многу грдо и кога ќе се гледа вака, оддалеку. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Злите јазици во амбасадата велеа дека во рестриктивниот простор си отспива по некој час, па потоа кога ќе се разбуди будно ги следи сите други, душа им вади!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знаеме ли ние оти сето време до кога ќе се продолжува борбата со четите, турскиот аскер ќе граби, ќе силува и ќе му прави секакви други пакости на населението?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Интелигентните пост-хуманисти не само што ќе се складираат себеси електронски, туку тоа ќе го направат и во форма на “компјутерски вирус”, способен за препречување на компјутерските мрежи и на авторепликацијата како заштита од случајни или малициозни бришења. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 49
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пребивање 259 не настанува штом ќе се стекнат условите за тоа, туку е потребно едната страна да ѝ изјави на другата дека врши пребивање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не ќе се изоди сал нема да го изодиме немиот говор на зелениката нашиот шумен разговор.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Однадвор ќе грмне и ѕидовите од пештерата ќе се занишаат како огулена слабина од животно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си приспомнав дека никогаш не сум сртенал жив ут.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- „Дали добрите луѓе прават лоши животни избори?“ Речиси секогаш!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас зборував со Андреја уште тогаш кога вие ме предупредивте и тој вети дека ќе се поправи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Грбот може уште многу замаени, опијанети и забегани да понесе на кркуш, за да не се срамотат кога ќе се прпелкаат во пепелта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе свенат ластарите. Ќе се исушат тие раце што ме негувале, што ме раснеле и на овој рид голотијава и ветерот ќе ме дојадат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако не се види огнот, ќе се види чадот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Среде вревата ќе набасате и на такви кои вџашено допрашуваат дали слушате дека брмчат пчели и бумбари и дека тукушто не почнал нивниот заеднички десант врз Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога кренавме врева, татко ми потскокна од местото да нѐ тепа, ама како секогаш, тука се јави дедо: - Полека- рече тој. – Слушајте ваму вие бесници низаедни, па ваше нека биде, ама прво ќе излезете надвор, ќе се фатите за џерот среде гумното и додека не изброите секој до триесет, назад да не се враќате! Добро?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Слична ситуација се покажува кај писатели какви што се Карпентјер, Борхес, и други на кои шпанскиот не им бил прв јазик и чиишто дела се составени од одломки и коментари на средишната традиција, наводно западна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе одеше во вторниците во градот, Сандри како по навик, меѓу многуте скопски касапници, ќе ја одбереше касапницата на Илми за да намине кај него, а тој ќе се растрчаше да му даде триножник, нарачувајќи му на чиракот да донесе од чаршискиот кафеџија две густи, засладени кафиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
-Сања... -Да не бевте вие, уште одамна ќе се обесев, богами - се вознемири самоубиецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имено, од важни причини, кои мораат да бидат образложени, судот може да одлучи жалбата да не го задржува извршувањето на одлуката (чл. 409, ЗПП) – што, секако, е добро решение во корист на работникот којшто успеал да го добие спорот, особено тогаш кога во улога на жалител ќе се јави работодавачот. в) Законот за извршување Во поглед на присилното спроведување, односно принудното извршување на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во работните спорови, проблематиката е регулирана со ЗИ (2005), 18 којшто е изменет и дополнет во осум наврати: двапати во 2006, по еднаш во 2008 и во 2009, и дури четири пати во 2010 година – но, за среќа, ниту една од нив не се однесува на институтот 17. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А јас по телефон им реков: другари, за стрелање секогаш има време, мислејќи дека случајот ќе се заборави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се радувам кога ќе го најдам кодот на нечиј свет и кога ќе се потврди дека сѐ што е живо има допирни точки. Понекогаш тоа оди само по себе, се случува спонтато.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Претпоставув дека го имаат предвид остварувањето на некаков развој на секое место откога ќе добие вода, ќе се изгради некој објект, фарма или слично, и така секогаш ќе треба повеќе и повеќе вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Не цимоли. Валканите раце не ќе си ги измиеме ни со своја крв. Слушаш ли како се смее?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ехе! – се насмеа белиот патник пред ококорените неизмиени сиромаси – иако не верувам дека сум токму тој што си го замислувате, ќе се обидам да ви донесам троа радост и среќа, особено на вашиве дечиња!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Колата тркаше по каменистиот пат и се нишаше како лаѓа на бранои, де на едната де на другата страна, како да ќе се преврти.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Е, ај, ќе се стидам, вели лиферантот, а Гојко сега уште повеќе се разлутува, ги закрвавува очите и вика: - Марш, џукеле, вика, напоље, лопуже, говно вам ваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што велите вие? - Што ќе велиме ние, да те изеји, многу арно ќе стори, за и ние од таков скржав стопан да куртулисаме, чунки у тебе исав немат, ни во мавање со стапо ќе се сториш мукает да се објагниме полесно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Метеоролозите секојдневно предвидуваат дека ситуацијата набргу ќе се подобри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред летувањето, отромавени, се влечкавме како на нозете да имавме чизми; кога ќе се расипеше лифтот, се качувавме по скалите со мака, тешко дишејќи; зјапавме во отворениот телевизор, голтајќи огромни количества кекс, потоа исцрпени, заспивавме со свртени грбови, веднаш...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе се сретнеме ние уште еднаш... Ти - познат писател, дизајнер, лекар, апотекар... Јас - успешен музичар, бизнисмен, педагог, дерматолог...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе свршиме со една меѓа и ќе се стрчаме кон друга. И ораме со мотиките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
3. ПРАВИНАТА СЕ ТЕНЧИ, АМА НЕ СЕ КИНЕ - ќе остане од неа бар една светла нитка исправена, в земи ќе се забоде ко клинец вкоренувајќи се да расте во црвена китка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сепак ако ве занима, психијатар сум.“ „Докторе“, се искриви од веселост Отец Симеон. „Зошто ноќе, кога ќе се качам на куќните стреи, сретнувам на секој чекор по едно гола жена? и зошто само ноќе, в постела, ми стасуваат од сегде љубовни писма со нацртани четирилисни детелини?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури откако ќе се откачеа ќе сфатев дека ми биле на ногата”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само да го погледнам и ќе се сопне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кај ќе капнеше – гореше земјата. И едно столетие будеше друго и друго по нив се будеше молејќи: Ах, каде си ти сега што управуваш со ѕвездите и под нив утре што ќе се поткреваш.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мајка ми погледнуваше накај мостот надевајќи се дека од Будим ќе се спуштат долгите нозе на Слобода.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако ќе се зготвеше месото во казани, им се носеше на војниците на положаите над селото и им се делеше во порции.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
(Откако ќе се обѕрне околу себе, со шепот.) Сигурно знам дека оваа акција му е доверена како последна шанса да се искупи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И јас ќе се искрадам кога понема работа, а кога немало работа в село, а мајка ќе помине пред куќата Кузеска, ќе тропне на џамот и ќе рече: 19
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашите застрашени детски очи беа управени кон човекот со долго црно кожено палто и со долги мустаќи, кои му даваа строг израз, дури и кога на лицето ќе се појавеше здржана насмевка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Против ова решение не беше дозволена посебна жалба, сѐ до септември 2010, кога се прецизираше дека против решението може да се изјави жалба, но дека таа не го задржува извршувањето на решението (чл. 93, ЗИДЗПП/септ.10). 5) давање можност жалбата против конечната пресуда да го нема вообичаеното т.н. „суспензивно дејство“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како по наврапито стишување на невремето, кога птиците во исто време ќе се разгракаат, па во радоста што го преживеале, ќе почнат со клуновите да се грабаат за една иста мушичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чичко Томе тоа го правеше усно и со тоа се задоволуваше - штом ќе се изнавикаше, одеднаш ќе клапнеше и ќе задремеше седејќи, совладан од черешновицата на Верга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе се скријам и ќе ги читам писмата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тој процес на ‘калемење’ на вештачкото врз физичкото тело (нешто како Робокап) свеста сепак некако ќе опстане.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Кај сме, браќа, кај одиме, ќе праша некое војниче од колите и пак ќе се онесвести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога тоа ќе се случи, објектот е проникнат со чувство на длабоко значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со лаење и со квичење ќе јави и пак ќе се врати кај стопанот. В планина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се наредиме вака: машко, женско, машко, женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На секој од огнениот камшик опашот му чадел.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Председателот Томе истакна СООПШТЕНИЕ- Сабота во 10 часот се поканувате да присуствувате на прва дискусија - аерозагаденост - што ќе се одржи во рамките на Европскиот проект за здрава ученичка средина. Во домот на хуманитарните организации. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На конференцијата ќе се земат цел ред мерки во полза на македонските народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа ситуација што се пофторува на секој први и што еве сега пак ја доживувам тука во кујната, толку ме вади од памет што имам чувство дека ќе се шекнам или посакувам да се шекнам, убеден дека шекнатиот за вакви работи не се нервира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според постојаниот ритуал, Татко ќе појдеше во одајчето десно од чардакот, во тој негов минијатурен бал­канвавилон, кое беше приспособено во негова малечка библиотека и во работно катче и таму ќе се задржеше некое време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еве, да ми го паметуваш зборов: ако ме дадете за него, на самата свадба, на самата веселба, дома му кај него, ќе се отрујам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас су со тебе, и ако не го закла попот во турско за многу кабаети, ќе го заколеме сега обата и ќе се куртулисаме од него, — рече Ѓуро и го тупна по рамо внука си, негов најблизок род.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најмалку, во новата општествена средина тој ќе се чувствува не на своето место.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Еда, сега земи ја водата, ми вели Маса Ќулумоска и на три места од ваганката ќе направиш крст, ми вели и еда, од сите три места ќе се напиеш, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Гледате, жртвите се спокојни. Не знаат што ги чека. Тивко ќе се доближиме и - цап! - амблемот го нема.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Генералот не чекаше: со тапата страна од ножот на кожата го означи местото каде што ќе се сече.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Согласно член 34, за повреда на работната дисциплина ќе се смета различното започнување и запирање на работењето за одделни категории вработени, како и сукцесивното распоредување на запирањето или сменувањето на различни групи на вработени или делови од претпријатието.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И пак се сеќавам на зборовите од мајка: ״Кога ќе се роди женско и стреите плачат“ . Ја наведнувам главата, ја кријам во рамената, во шамијата, ама не се крие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас ќе се движам наоколу, но тоа не ќе бидам јас, тоа ќе биде нешто сосема друго.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Кога ќе се разбудам попладне, прва задача ми е да проверам дали е дома велосипедот, постојано стравувам дека негде патем можеби случајно настрадал – ми ги доверуваше Господ мачнотиите на својата живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа, по малку белина, со сосема поинаков ракопис, стоеја развлечени букви; сигурно биле запишани кога почувствувала како полека тоне во нешто што наликува на сон: „Биди цврста, како и секогаш“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убаво му вели мама дека еден ден, кога ќе се изгуби, ќе му биде мака што не бил повнимателен со нив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но поголемиот број Македонци остануваа во Србија и бараа пат како ќе се може да се работи во полза на Македонија без да се влегува во отворен конфликт со Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Да знаеше и да беше уште жив можеби и ќе се појавеше“, рече таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знам многу арно оти мнозина со иронија ќе се однесат кон моите надежи за европски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе легне, ќе се преправи болен. Можеби Глигор ќе го остави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Левтерија само принесува јадење и трпезата гледаш се полни, ќе се прејати. Од тежина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На сѐ ќе се сетиш, ќе ти помине низ главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да, се сеќавам, ќе се разбудам наутро и ќе седнам на работ од креветот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На едно место ќе се скине, на друго ќе се наврати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се вивне некој полски нужник и ти знаеш дека фитилот го држи некој човек, чоловек, женшина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш ќе се наведнеше и ќе подигнеше некој лист за да ги разгледува неговите жилички, под слабата светлина од ретките улични светилки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А дотогаш ќе се вози секогаш до шоферот, од десната страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Што мора да се случи, ќе се случи! Од пишаното никогаш не се бега.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
5 Но, тука симптоматично е тоа што тогашниот претседател на 149 велешкиот суд (Ш.Адеми) го усвои приговорот на тужениот дека миксетата, како дел од опремата, е суштински потребна за извршување на неговата работа т.е. „за понатамошно одржување на работниот минимум“, иако радиото воопшто не работеше, а немаше ни изгледи дека ќе се рестартира – па ја издвои од пописниот имот кој беше предмет за принудно извршување, иако токму оваа скапа миксета најмногу ќе му помогнеше на тужителот за неговата идна професија [всушност, тој отвори своја приватна маркетинг агенција].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лежам така, и чувствувам дека ќе се задушам, а не знам што ме задушува – дали туѓите врескања или моето молчење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Везден молчи, сепак само глас да крене – лисец ќе се стресе волк ќе фати џенем.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секој ден кога ќе се пушташе од школо Бошко поминуваше откај весникарот на ќошето и го земаше весникот за татка си.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Црвената кавалерија за малку да тропнам. Убаво ќе се посрамотев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првата работа со која ќе се зафатам штом втасам во канцеларијата ќе биде разлабавувањето на вратоврската, заклучив. Морам да се ослободам од овој давеж.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зар ќе ја чуваш само за мочање, вели, зар цел живот само ќе се подмочуваш со неа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се побудалам од мислење. Постојано добивам некои фиксидеи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите мислат дека, зборувајќи, ќе заборавиш на болките, ќе се заблудиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го прашував, тој молчеше, а кога прашувањата ќе се претвореа во плач или обвинувања, ме бркаше од својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И чанти, ранци со спортска опрема... купишта, па кога ќе се тргне од сабајле, сите влечат и, тамам помислуваш дека празното претсобје е фатаморгана, веќе во следниот миг знаеш дека ломот што го гледаш во кујната е вистинската реалност.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Палестинскиот лидер го поведе во борба својот народ во дотогаш невидени услови во секој поглед во однос на другите ослободителни движења во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе се губи главата, си мислам, со гол газ ќе нѐ најдат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако ова дело го стори правно лице, ќе се казни со парична казна (чл. 170, КЗ). 8.  Заради остварување на функцијата на кривично гонење, јавниот обвинител раководи со предистражната постапка и ја има на располагање правосудната полиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе затрепетеа чувствително искинатите акорди од нивната гитара и ќе се слееја со гласот на малиот певец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Без да го запрашаме, ни рече дека Мила е жива, дека ќе се врати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ќе заспијат навечер, таа ќе изброи по четири ноџиња во секој, а на крај своите две отечени и двете на најмалото во креветот во кујна, вкупно 16, и ќе воздивне од радост, па ќе се прекрсти и ќе му се заблагодари на Бога!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Намерно ја активирам токму оваа индикативна синтагма, правејќи го тоа не само од некои хипотетички постмодерни причини, туку затоа што знам дека Ти на неа ќе реагираш рефлексно (имено, како професор по француска книжевност!), бидејќи се разбира! во неа веднаш ќе го препознаеш насловот на славната книга на Ролан Барт (Roland Barthes, Fragments dun discours amoureux, 1977).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вистинско задоволство би било ако после долги патувања ќе се напиете топло чоколадо со цимет или топол чај по ваш вкус, можеби од мајчина душица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, кратко по ова тие потполно престануваат да ги исплаќаат платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЛУКОВ: Чекај. Појди и речи му дека ќе дојдеме со Ивана штом тој ќе се врати.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што ќе решиш за неа? Ќе се турчи ли и таа?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во меѓувреме се врати и Љубе, расположен по прошетката и уште од врата викна: - Ќе се вечера нешто во оваа куќа или ќе се умира од глад?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ќе се сетите уште еднаш да берете туѓо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вака, ќе појдеме заедно, ќе му кажиш ти оти се сардисани и белки ќе се теслимат кога ќе видат дека не можат да се спасат — заврши Трајко, — Ама кај ме тераш ти мене, Трајко? — му се врекна дедот Паленѕа на Трајка Ташков, кој одеше потера со Турците како варија — за пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад последниот зафатен шалтер, број 18, отспротива од нервозната седумка, згодна блондика со расеано презрив израз на лицето им ги поттурнува билетите на испотените патници, иако меѓу нив да има железна а не стаклена преграда.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ВЕЛИКА Слушаме ќе се враќаат војниците. И секој ден слегувавме на Скара, на џадето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби и ќе се омажеше за мене.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сѐ на своето, – и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што ќе правиме сега, му велам на војводата, кај ќе одиме и што ќе се пишуваме, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе дојдеше во куќата кај што имат умрен и свапирен чоек и ќе се спремеше да го дочекат.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Калуѓерите ќе палат кандила и ќе се молат, а јас ќе пишувам, ќе препишувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас треба да се вардам и од кој народ ќе се кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Извињајус“, ќе додадеше сосема тихо и смирено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Довеслаа до брегот на реката од која понекогаш ќе се џитнеше риба по инсект или, просто, заради задоволство.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го држеше надежта дека може, кога мине пред Боцевата берберница, да ѝ испадне случајно нешто од чантата или од џепчето и тогаш тој сосем лесно и незабележано од никого ќе се здобие со една драгоценост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Обеси се“, му подвикнаа и му рекоа дека заради кобењето еднаш веќе самите ќе го обесат, и Сандре Самарија отиде со познатиот чекор на гусок да бара јаже и поздрава греда на некој таван.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина слушнале рапав шум и со грч во душите погледнале во видовитиот: чудовиштето можело да биде такво какво што тој им го опишал, покриено со крлушки и змучки од кои се цедат студени капки, расне, бабри во широчина, од крај свет виси над нив и им станува проклетство што не ќе се заборави ни под надгробна плоча.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За него немав информации, освен од магазините кои се занимаваа со естрада; одвреме-навреме, ќе се појавеше некој напис, во кој се говореше за „мајсторот на рамнотежата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се смета дека во 1980 година од оваа река ќе се испумпуваат годишно 3 милијарди кубни метри вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На челата под ветвите фесови им лежеше слава на злодејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онемете вие еднаш бранови на дивите црвени води, што притискаат под кожата, зашто ќе препукнам веќе и никогаш не ќе се слуша песната на гулабот што одминува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Другарот Огилви, кој никогаш не постоел во стварноста, сега постоеше во минатото и кога еднаш фактот за фалсификатот ќе се заборави, тој ќе постои исто толку автентично и врз основа на исти докази како и Шарлемањ, или Јулие Цезар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаев, не ми беше тешко да претпоставам, дека близнаците пак ќе се караат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Знам на која страна ќе тргнам и од каде ќе се вратам. Си ги знам стапките.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Националниот сепаратизам: земјиштето на кое се има развиено и ќе се развива за напред На првото заседание на Бугарското студентско друштво во Петроград од оваа година јас реков неколку збора за резултатите од сегашното востание во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сета се тресам! Лексилиум ќе морам да се напијам поради вас, скотови едни! – и влезе внатре, треснувајќи ја толку силно вратата што мислев дека не само стаклото туку и ѕидовите од куќата ќе се искршат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Заповедајте таму да ме арестувате... Таму ќе се расправиме јас и ти!...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Земјата остана изолирана по железнички пат, дури по многу, многу години од северниот дел ќе се изгради пруга која ќе се поврзе со Југославија преку Црна Гора.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе беше позабавно, времето не ќе се развлекуваше, или да се занимавам со друго во оваа здодевност? Со што друго? се праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мисли ли тој оти Србите му веруваат дека се работи на “Македонија за Македонците”, ако се игнорира прашањето за јазикот на Македонските Словени, и дека тоа прашање лесно и праведно ќе се реши со добивањето на автономни права?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Курта оди до прозорот. Штом ќе се појави, однадвор се слуша аплауз и скандирање на неговото име.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во решението со кое се дозволува повторување на постапката ќе се изрече дека се укинува одлуката донесена во поранешната постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко ми го сопираше, му велеше дека пред да стигне до клучните луѓе, ќе се изгуби во пајажината на помалите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
О.К. глупчо доби што сакаше: сакаше. Мислам дека ќе се патосирам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дали ја планирав одмаздата? Се сеќавам дека на ова прашање, барем досега, повеќепати имам одговорено потврдно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Павле ни малу не се растревожи. Му се изнаноси на палтото. Целото лето само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе се врати замаен, а некој ќе му рече: Пак си дошол наврнат, ама ќе биде подобро време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојдоа и други џандари. Кај да поминеш на џандар ќе се наспичиш, на трн магарешки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И јас сум без ѕевгар. Ако сакаш ќе се здружиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И уште повеќе ќе се плашиш, и уште повеќе ќе очајуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Двете сестри скоро истовремено зборуваа: - Кога пристигна телеграмата од Хелвиг, сме рипале од радост дека ќе се видиме. Најмногу за Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Правила за тоа тьа се изложатъ во грамматика-та.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Во моментот на исчезнување на империите, останува само простиот избор: или националните идентитети ќе се зачува под услов на признавање на Другиот, или границите одново ќе се нацртаат на тој начин што Другиот ќе биде одбиен или исклучен, или пак луѓето ќе им се вратат на етничките дефиниции што важеле пред настанувањето на империите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако, пак, ова дело го стори правно лице, ќе се казни со парична казна (чл. 289, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Господ?” „Ха, и тој ништо не прави додека не му помогнеш: ако не ви подвикнев јас под кошарата и ако не го удрев барабанот низ село да се расчуе, Профим ни за жива глава немаше да ти ја даде; вие сѐ уште ќе се криевте и ќе си ги боцкавте фелките по сламата...” чкрапаше со очите Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Решив да му кажам откако сите негови пенкалца ме изневерија и така можеби и тој ќе се обидеше, па заедно ќе се смеевме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ќе се најдат ли и кај нас луѓе што ќе разберат оти довербата на малите држави кон нашата татковина ќе зависи од наши стамболовци и свирчовци, но коишто ќе ја видат опасноста за нашите национални интереси не во Русија, ами во Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тие ќе се собереа околу нештата распрострени по најлонот послан на земја, некој ќе земеше некој спреј за муви, ќе се прснеше со него во носот, од силната миризба ќе се намрштеше и ќе речеше: „Не сум толку бадијалџија да тргнам муви по буништа да бркам!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сигурен сум оти, ако се искачам лесно, во бездна ќе се стркалам!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така некако си думаше Владимир Набоков, подготвувајќи школско предавање за Шекспир, и тоа баш за Отело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Така тие ќе се претворат во еден прекрасен букет, полн со мириси и бои, а гранчињата посеани со кревки, но бодликави трње. Прекрасна композиција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Ваму иде, - рече старецот, огледувајќи се наоколу, како да бара место каде ќе се скрие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А јас ломотам, ломотам... И кога ќе се зафатиш со зборување може да се случи нишките од основата да ти испопукаат па разбојот ќе ги замрси конците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На одење ќе застанеше на улица, ќе се свртеше, Му затреперуваше срцето гледајќи ја неа како им се радува На омајничето, на ѕвездените, на огнот на лилиите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Како сум гладен - продолжи чичко Тале - царски ќе се гостам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Доколку Џорџ Орвел случајно го прочитал ќе се почуствувал инфериорен и ќе ја запалел 1984 уште необјавена, како Гогољ што му го удрил ќибритот на некои свои писанија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дури си претпоставувам (а можеби само ми се причинува) дека средбата со таа личност ќе биде и моментот кога ќе се осознаам себеси и ќе се почувствувам пораснат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше ноемвриска ноќ. Врнеше студен дожд и мислевме дека на таков начин полесно ќе се пробиеме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги раширив рацете и викнав: - Со Жеро Жерав ќе сме вечни пријатели!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе си ги собујам опинците и ќе се спуштам со појасов два-три метри подолу.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Никој нема да знае, а и да знае ќе се прави недоветен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Застана пред нив. - Јели бре, - им рече полека и како да ќе се онесвести од вчудоневиденост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А козите... ќе се спасат само ако летнат кон небото... Тие и без тоа ќе завршат во небото. Немаат друг пат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Станува, оди до вратите, наслушува зад нив и откако ќе се увери дека таму е сѐ мирно, пристапува кон претресот на креденецот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Зошто невооружен? Со Младичот ќе се вратат и твоите двајца, а со нив... се надевам... и со моите куршуми? Или се лажам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нема што, нели е мерак, согласен сум... Само, сите свадбински редови и адети да се исполнат...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ако автономијата на Македонија се јави како резултат на сегашното востание, тогаш македонското прашање ќе се реши не во полза на Македонците, а во полза на Бугарите, зашто комитетот, како што видовме погоре, работи под бугарска фирма.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако успее таа девојка во бело да се втурне во собата на вујко ми, тој, иако онака антав и во непристојна бела антерија, ќе се измолкне од под чаршафите и ќе потскокне на мртовечкатата постела (како штотуку извадена од водата риба што лудо се фрла по песокта).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, надежта постојано тлееше – дека можеби работите ќе се средат, платите ќе се исплатат и сл. – но, како што покажуваат суровите факти, тоа во реалноста воопшто не се случи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како кога докторот ќе се заљуби во пациентот, кој е успешно излечен и повеќе не му е потребен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Најпрвин само ќе се најави, далеку негде, по сртовите на ридовите; ќе забели како нашите белки во темнината, бавно ќе зрее, ќе дозрева во темнината, а дури потоа, и тоа наеднаш, ќе се истури и помеѓу нас како бел безшумен дожд. И гледаш - осамнало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа тишина ги содржеше сите болки на мештаните, сите зборови нивни мисли, сите стравови од огорченоста и барањето на одговорот на тоа тешко прашање: Што ќе се прави сега?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
– Па парталчиња може да се најдат, ќе се најдат парталчиња, – рече Петрович, – но не може да се сошијат: работава е сосема гнила, ќе допреш со игла – и веднаш ќе се разреси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледаш колку е лековерна: лекари па лекари! Толку е сигурна во нивната секреција!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од оваа точка на која се наоѓаа не можеа да видат ништо, требаше да се искачат малку погоре, преку бришаниот простор, поделени, од двете страни на селото, и да се сретнат повторно таму над последните куќи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На оние што гледале по нив им се чинело дека под нозете на двајцата најтврдоглави на светот земјата ќе се разбранува и светот ќе отиде по ѓаволите со таков тресок и кршење од што и небото ќе оглувне, ќе се распадне и ќе се урне врз скрка и распаднатост, но Онисифор и Онисифор ништо не мислеле додека се веднеле над своите намери, без здив, предвреме мртви, со движења условно продолжени заради трепетот на истинатото месо, заради решеноста едниот од нив да изврши насилие врз другиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Доста ќе си го изгледа; Митра ќе си остане со палењето на свеќата и така ќе се сврши таа работа без греј, ни нејзе, ни мене.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ќе се врати, а јас ќе знам дека среќно си стигнал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знам: во мигот кога ќе го поставам последното камче, во центарот на новата вселена, јас ќе се престорам од пајак во мрава црна, оти крстот ќе го изгубам, средето на светот ќе го поместам на место лажно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе се закриеш малку во некое ќоше и...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Белки ќе се најде доволно очај за вкусот на новите зборови и сетики оној олук на нашето старо место ќе престане севезден да тропа.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И пак ќе се крие во шумките, во заветното и ќе чека да се појават мечката и крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
9.  Заради проверување на прибавените докази или утврдување на фактите кои се од значење за разјаснување на работите, органот што ја води постапката може да одреди реконструкција на настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во условите под кои според прибавените докази се одиграл настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ВЕТА: Од сега ќе водам сметка. Ќе си запишувам! А особено откога ќе се земеме…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
И не сакајќи ги оживеав во себе, подвижни и грозни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој само ја пофати брадата, се загледа некаде неодредено над отец Пелазгиј и рече: „Кога морето ќе се отвори, пречесен, дали тоа го предизвикал човек или Бог?“ Пелазгиј рече: „Бог“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не успева социјализам во олку студена земја, велат, којзнае во каква агрегатна состојба ќе се претвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа се стрча долу во градинката да ги собере пердувките од врапчето и да ѝ ги покаже на сестра си кога ќе се врати од училиште.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Со мама ќе се гордееме, кога ќе настапувате на училишните приредби.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаења; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го приткријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд, наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, со повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да ми кажеше некој дека толку многу ќе се нервирам кога ќе пораснам, никогаш немаше да посакувам да сум повозрасна одошто сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утрата не беа така привлечни, зашто кога ќе се разбудев мама и тато веќе беа отидени на работа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кој е тој будала од нашите шо ќе се одрече од ваков себап, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И како ќе се пробие? Петнаесет борци се бореа против илјаден турски аскер! Петнаесет пушки против илјада!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мислел дека ќе се смири, ќе се допокрие и ќе му се врати со морничавење на сонот, на кошмарот од кој веќе не можел да се ослободи ни буден, со воздишка од која студена молскавица ќе го жегне преку душникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побарај помош од мене кога ќе се најдеш во таа јама. Дотогаш- ништо!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секој час изгледа дека ќе станат сите од подиумот и отворено, онака дека без ракавици, без завивање, решително и непомирливо, ќе се спротивстават: извинете, ние протестираме, не се согласуваме да свири сам трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како, бе, порано не размисливме?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе стоиме и ќе поодуваме, ќе се собираме во витли и ќе се кинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вангел, реков веќе, е сунизок и здрав, но кога ќе се загледаш внимателно, ќе видиш дека преку лицето му сени една одвај забележлива сенка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но неговото постојано присуство и верност, исто така можеа да ја закрепнат надежта дека за ден-два сѐ ќе се измени, да не беше чемерот на душата кој се туткаше од солзите како натопено алиште.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Молчев на неговите прашања сѐ додека не ќе се налутеше: - Седни, придавко вечна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Палестинскиот народ во овие услови ќе се соочи со два големи егзодуса (во 1948-та и 1967-та), кога не само што ќе биде истеран од својата земја, распрскан на четирите страни на светот, главно во логори за бегалци во мизерни услови за живеење, зависни од репресивните арапски режими кои го инструментализираа палестинското прашање за свои цели, но, исто така, и пред упорното одбивање да се признае историската неправда што му беше нанесена на овој народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кучињата се како луѓето, па и тие сакааат да прашаат: што им стана на луѓево, пред олкаво сонце да палат оган? А и кој не ќе се праша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рекол дека ќе заработи за голема куќа и дека ќе се врати. Но, не се вратил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Раката патува низ чад како заскитана реч е не ќе се врати за нова молитва.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Потем ме прегрна, и како стари и добри пријатели, тргнавме по пругата. „Во Велес ќе се качиме на возот“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И на коњоштипите ќе им пееш. Не само попски. И дервишки.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чувствувам дека ќе заспијам, дека капнат, рано, веднаш ќе заспијам, но се тресам од помислата дека, како многупати, рано ќе се разбудам, во она глуво доба кога петлите ја прават паузата по второто пеење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се зададе озгора, како запалено клапче грмотрн, ќе се тркала, ќе се зголемува и ќе гледа кон селото, кон сретселото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Него ангелот ни го наврти, и ако му ја дадевме, ќе се ставеше капак на сѐ, бидејќи е од Кристафила.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Денес ќе се гриземе, ѝ зборуваше во себе, онака заздишан и безгласен, на сета таа глува скаменета шума околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Власта, онаа вистинска, го заборавила селото, ако продолжи вака ѓаволот ќе дојава на кобила од чии ноздри ќе капе болештина, чума или такво нешто, потоа ќе се лепи за добитокот и за луѓето, мислеше некој од нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Довидување, мило мое, може ќе се сретнеме пак во некој друг живот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А кога ќе се разбудел и кога ќе го видел така опожарен и разурнат - пак се затворал во ќелијата за да не го гледа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Акцијата ќе се изврши уште утринава. И како што беше договорено.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
— Ќе одиш во слободна Македонија, ми вели, ќе го родиш и ќе се вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Биди ѓенеш, ќе се сврши, море, и оваа работа како што се свршиле толку пред неа!...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мал број од нив ќе се спасат и ќе пребегаат во Алжир, под османски протекторат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Книга заборавена Книга за смртта. Книга што ќе се памети.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Милер не се потпира врз нејасни психолошки општости од оној вид што го изнесов во целиот претходен пасус.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе се зададат од некаде, ко јато чавки ќе се зададат, и ќе почнат да прават свијоци по небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чудовишето се покажувало според легендата, само кога некој ќе се обидел да ја мине границата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Малку е тоа што ние ја пролевавме крвта на нашиот народ за туѓите, па и за интересите на нашите непријатели, но со нашата крв и со разорувањето ќе се восползуваат нашите непријатели од слободните државички за да продолжуваат со своите религиозни и национални пропаганди да нѐ делат на спротивставени и непријателски лагери: Срби, Грци и Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Не можете да си ја претставите, може само да се има - сета е мека и топла, ќе се закопа во тебе и само те топи, растопува и те пие, пие.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И што ќе се случи со идните песни.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
И пак, ако е така, на кој свет и век јас ќе се покајам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Порано Бојан често ќе се вовлечеше во плевната, па ќе лежеше во сеното или ќе се катереше по гредите и одозгора се ѓувкаше во тој дебел, зелен мек душек.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги извести сите свои колеги, а овие направија заедничка постапка пред валијата и му ставија до знаење дека сите го делегираат италијанскиот свој колега да отиде на самото место и ја извиди работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ах, да. Заборавив дека ми студи, - се збуни Ване. - Ќе се покријам...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најзадоволни беа кога ќе се најдеа во окопите кога не можеа да се надогледаат на ридот спроти нив зад кој се наоѓаше нивната Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ДЕПА: Што натемаго е! Кога ќе се зазборува!... (Мара турува од ѓумчето ракија во филџаните.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога ќе се насмее мислиш со две усти се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе се скрши грнето секој вистински грнчар знае дека е најлесно да направи ново ама и секој знае дека е врвно прашање на грнчарската чест да се залепи скршеното грне, да му се зацелат раните и пак да се направи нова празнина која да се наполни со нови не толку жешки тајни и не толку блеснати соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тоа е мислам и областа во која најтешко ќе се сложиме. Јас, стар и изнемоштен а вие толку млад!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му доаѓа да се „изблуе“ на културата на угнетувачите и со радост признава дека, секогаш кога ќе се спомнат западните вредности, колонијалниот поданик „ја потегнува својата мачета или барем гледа да му биде при рака“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш Анѓеле што ќе прави на тоа парче земја, оттаму како ќе се врати ако не го примат?! (Потонува во мисли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Тогаш јас, вашиот старешина, ви ветувам дека секој од вас барем еднаш ќе се избања во кадата на кралицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога ќе се опиеше, се бацуваше со амалите, липаше и се издушуваше некако шушкаво. Тоа ги развеселуваше луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите, без исклучок, се однесуваа кон мене исто –мајка ми, татко ми Срчофилд, крпачот на чевли Стрико Шило, слаткарот Салеп Каја со ќерката Зула, пожарникарот Генерал Шмрк, моите другари Тантурак, Рокче, Помак и Тутуле, познати од некогашните прикажувања.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Исто така во полза на Бугарите ќе се реши и прашањето за јазикот во градските и селските училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Е па, ќе видиш кога ќе се качиме во Нерези. Дотогаш прибери си ги доламите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ова дете ќе се искачи до големи височини, рекол Турчинот, и кога ќе стаса најгоре, ќе падне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но Аврам и Депа, прифаќајќи ја девојката како своја ќерка, ја задржуваа да не си оди, давајќи ѝ надеж дека Толе ќе се врати дома, ќе се прибере, ќе се вразуми.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога решението ќе се објави усно, мора да се издаде и написмено, освен ако со закон поинаку е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Така треба: внатре има хумус, хранлива земја, конопената вреќа ќе згние и така корењата сами ќе се ослободат и ќе се вкоренат во почвата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Човек треба кога ќе се роди да си напише писмо, вели Јон, а кога ќе умре да го добие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Добро, рече - Нека легнат некаде па утре ќе се видиме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби кога ќе чуе дека ме убиле, ќе се расплаче со обете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На работниците, дури и за најбанални работи, им се пишуваат казни; тие константно се малтретирани од новиот менаџерски тим,2 а оние кои ќе се спротивстават веднаш се прераспределувани на полоши работни позиции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Која страчка без опашка та јас без жена! Ќе се женам!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Луѓето од фирмата ветија дека до доцната пролет, кога ќе може без пречки да се работи, ќе ги проучат уште еднаш детално нацртите и ќе додадат сѐ што би било потребно, за да не се направи некаков пропуст и уште дадоа гаранција оти ќе одделат доволно машини (се рече дека ќе се ангажираат три копачки машини „мерцедес“ марка: едната за теренот во планината, другата за делот од планината до селото, и третата за во самото село) и доволно луѓе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Пак ќе се вратам, - одговори Дедо Мраз давајќи им знак на елените да тргнат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
ЉУБА: Да, бргу ќе одам. Веројатно, ние уште ќе се караме со Аљоша.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Е, ај, ќе се вратиме. Се враќаме пак кај пазарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По овој разменет артилериски оган со зборови, секој можеше да препостави што ќе се случуваше потаму.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во однос на Турција, нивниот предлог бил дека е потребно да ја напуштат сегашната британска „политика на присилување на Турција да влезе во војна“ со примена на заканата дека ако не влезе, ќе ја остават „сама да си ја срка чорбата по војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Не туркај ме, чорбаџи, не туркај ме, да не си а земиме бељата обата, — со тивок глас му вели Толе. Лели има разбор, ќе се разбереме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не ќе се врати човекот чие одминување го најавуваше свирежот на возот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И таа ќе се сети и ќе се насмее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, за да се скроти неговата страотна дивост морало да постои поголема сила и од него што ќе го натера во јарем и ќе се движи по новата бразда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се врти кон неа: „Чудесна редба“, рече „долго ќе се памети...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Трпение спасение не рекле бадијала. Све ќе се среди.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, јас немав намера да излегувам надвор, освен по сексуални потреби и храна: ќе купев нешто за јадење, ќе се најдев со некоја проститутка, и потем се враќав дома, под малото небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да не сакаш дигитрон за олку проста работа!?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некогаш, по многу векови и студ, заедно ќе се скаменат мушичката и смолата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Kush duron gëzon! (Кој трпи, ќе се радува!)
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А јас, по една таква трагедија, ќе се вангелосав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Два-три дена, се надевав, ќе се крене, ќе стане на нозе, и јас ќе заминам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но, и пред сѐ, барем што се однесува до поезијата, - чувствените сензации се тие кои подоцна ќе се репродуцираат во облик на говор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во поканата, покрај наведената содржина, судот ќе им укаже на странките дека, согласно со 293 чл. 278, ст. 3 од овој закон, судот може веднаш по подготвителното рочиште да одржи главна расправа (чл. 272, ст.1-5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаме пушки, кубури. За овие неколку дни до доаѓањето в село ќе се распоредиме во групи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе им се откинеме на стражарите и ќе се фатиме, ќе се досегнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Нека го, нека се лути, ќе се лути, лути — ќе се одлути", — си заклучи Крчо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако во хор сите ќе се заколневме на лојалност кон социјалистичките идеали, станувавме пионери.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Треба да се отргне извесно време од оваа бркотна средина, да појде кај своите, таму на лозјето. Ќе се одмори и ќе си дојде на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тужба, платен налог, вонреден правен лек, пресуда, решение донесено во постапка поради смеќавање на владение, како и решение против кое е дозволена посебна жалба, ќе се достават лично до странката која е физичко лице, односно до нејзиниот законски застапник, односно полномошник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некој само ќе се мрцне, ќе ја пофати реката и излегува. Потоа, ко сојка, ја тресе водата од себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мурџо исто така видливо растревожен од далечниот глас на камбаните оти и покрај тоа што сака да продолжи со нив, онде горе, на крајот од улицава ќе се сврти Пелагија со еден молбен опул дека доста одел со нив, дека сега е време да се врати да ја варди куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нешто во свеста се кине, прска во шушкави искри.тие трепетливи светулки се извишуваат нечујно, бавно, сигурно, и кога ќе се изморат на својот пат, паѓаат, умираат, покриваат се со пепел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРАКТИКИТЕ НА ЗНАЕЊЕ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога бабачкото ќе се изнамава, ти кинисуваш напред, всушност, кинисуваш да си ја гледаш твојата работа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И, мои деца сте, греота е да зборувам, ама тоа е огниште што пак ќе се распали.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со оваа казна ќе се казни странка која при изведување доказ со сослушување на странки во процесна или во управна постапка ќе даде лажен исказ, а врз овој исказ е заснована одлуката донесена во таа постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Освен тоа, таа е млада и силна и ќе се брани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Дремиш, а? Стани, бре, ќе се удавиш! - му подвикна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А некој што седеше од едната страна од него рече додека тој минуваше: „ Ќе се сретнеме на место на кое нема темнина“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова поглавје ќе се фокусира на нивната дијагноза на причините за губењето на јавниот простор и последиците од истото врз демократијата, преку 80 проучување на нивните модели на јавната сфера: моделот на „дискурзивен јавен простор“ на Хабермас и „агонистичкиот“ концепт на јавниот простор на Арент.90 3. 1.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Земјата долу ќе се изработи, ќе се израмни, ќе се посее со англиска трева и низ неа ќе водат мали поплочени патеки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Девојчето и братчето растеле и растеле. Девојчето скоро станало девојка и си мислело дека кога ќе се омажи ќе има многу, многу деца, што ќе ги сака и ќе ги чува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа беше еден од оние сонови кои, задржувајќи го карактеристичното сценарио на сонот, претставуваат продолжение на интелектуалниот живот на сонувачот и во кој тој станува свесен за факти и за идеи кои изгледаат нови и вредни и откако ќе се разбуди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На некој друг крај ќе се состави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе јурне некој, ќе се затрча и туку ќе го грабне огнот, ќе го спрпелка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од овој стан, кој не е твој, направи кочина. Кога ќе имаш свој, ќе се посереш на маса.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За вистината, не оти некој пак да речеш премногу се возбуди, напротив, рекоа ништо, која мајка ќе оди, ќе се врати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
29. Може да не е уште јасно оти ако се задоволат сакањата на комитетот, Македонија и навистина ќе се направи бугарска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зад сето тоа се криеше големата сложеност на едноставноста, сиот тој ред на привидното спокојство да стане разбуричканост на споулавеноста - цветови сме што можат да пуштат отровни трња пред кои месото на животот не се повлекува туку им се нуди, им се остава да го параат, и јас веќе не знаев зошто го продолжуваме патот, иако Онисифор Проказник им рекол на неколцина дека ќе изгинеме и како мртви ќе ја победиме смртта зашто друг по нас ќе се бори: на бедниот со срце, господи, помогни му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја отвори едната дланка и ми подаде сребрен прстен со голем зелен камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првиот го означуваше времето на зенитот на нејзините западни илузии, на нејзината кратка италијанска пролет, а другиот каталог, времето на источните илузии кога, со своето семејство, ја мина границата, со надежта дека, еден ден, ќе се врати во родниот Лесковик, во Солун на своето детство, во Поградец, градот на своите први рожби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Освен женската, која во оваа година - ќе се врати токму за 2.000 години назад, и по малку ќе наликува на таа на Римјанките.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со притаен здив чека да види дали ќе се отвори портата и кој ќе излезе од неа, а кога таа се отвора и на Градишки Пат излегуваат Васил Митрески, Недан Бозоски, Цветан Ендоски, Стеван Ѕвездакоски и заедно со нив и Максим (тој во едната рака носи долга тутурка од книга а во другата дрвено троножно столче, исто такво какво што донесе Јосиф) и кога и тие се завкачуваат пругоре по Зедница, зазорот се претвори во треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пелагија ги испрати дури до долната улица која од пругата наваму продолжуваше од Ѓуро Ѓоновиќ, таму ги изгушка патем наспомнувајќи дека во недела Деспина ќе се армаса за Атанас на Вета и дека многу се радува заради мајката Роса која толку многу има страдано, а Чана, како навредена, Знм, ми кој уд нас нема страдано? и се разделија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од нив ќе се види оти политичкото недоносче – Бугарија не е во состојба да ги заштитува не само нашите, но и неговите интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти си рекол страната што оди наваму, на исток, неколку милиметри да е пониско кладена и водата првин да трга наваму и дури кога ќе се пренаполни ваму, дури сетне да тргне натаму“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога оштетениот поднел кривична пријава или предлог за гонење, а во текот на постапката ќе се утврди дека станува збор за кривично дело за кое се гони по приватна тужба – пријавата, односно предлогот, ќе се смета како навремена приватна тужба ако е поднесена во рокот предвиден за приватна тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури и ако поминеш, тогаш и од онаа страна ќе се најдеш пред конец кога ќе сакаш да се вратиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Откако таму ќе ги обучеа колку толку, одново откако ќе ги натераа да се заколнат дека ќе се борат за славата на Србија и на Кралот, ги испраќаа во првите борбени редови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рајана не може харачот да го плати, а од тебе ќе се бара до акче да ни изброиш и без пари да не ни идеш пред очи. Сакаш ли тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Борис подрипна од местото: — Во добар час дојде, момче, Седни, седни одмори се.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
НАСОН И БУДНА ги гледам тие очи... Знам - ќе се вратиш, мил мој, да се љубиме - и веќ да векуваме... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога ќе се поврати, писнува да плаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, пак се интервенираше и во овој сегмент – па во членот кој предвидуваше објавување на слободните работни места од страна на работодавачот, се изврши прецизирање дека, покрај другото, во јавниот оглас треба да го наведе и рокот во кој, по истекот на рокот за пријавување, ќе се изврши изборот – доколку, се разбира, со друг закон поинаку не е определено (чл. 3, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имињата се изменети или прикриени. Нека простат оние што ќе се препознаат, се трудев да не бидам пристрастна кон никого и ништо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За кривичните дела за кои се гони по предлог или по приватна тужба, предлогот или тужбата се поднесуваат во рок од три месеци од денот кога лицето овластено за поднесување на предлогот или приватна тужба узнало за кривичното дело и за сторителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа ќе се испули окол-наокол во собата, Којзнае дали познава некој од нас, ама не гледа небаре качен на високо дрво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпосле ќе се пикнев и во кокошарникот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Околу половината на снагата имаше опашано шарен црвен појас, во кој беа закачени две-три главици праз и парче пченкарен леб.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Затоа самоутешно, како тоа да беше моја грижа, поверував дека тој е единствениот човек на кого што овде, во оваа осама во којашто судбината ме има оставено, можам да се надевам дека ќе се снајде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И кога ќе се мочаше на снегот, ќе напишеше Ники.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓутоа, домаќинот се олабави, воздивна. Видливо капна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, на пример, табиетите на Џингис Хан, Сулејман Величествениот или Наполеон остануваат речиси исти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ракијава ме загреа. Ќе побарам поток и ќе се измијам. А можам и кошулава да си ја исперам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама штом ќе се вратам до врата, ќе се обѕрнам, не можам да не се обѕрнам вели, и ќе го видам пак срчето. 232
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„И ти велам, другар, јуначишта. Изведовме успешна акција: еден ауди, еден опел и три фиќовци. Еден москвич ни избега.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вработените во Нешнал ривју можеби се постојано во потрага по нов материјал, но сигурно не се толку очајни, па да имаат обичај да ја прегледуваат страницата на Универзитетот на Мичиген, ревносно исчекувајќи го точниот миг кога на полугодието Службата за студентски прашања ќе ги објави предметите што ќе се изучуваат наредниот семестар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По резултатите што ќе се добијат од сегашното востание, последново ќе може да се нарече една од најголемите, ако не и најголема несреќа за нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што мислиш, ќе се извлечам ли со пет години? Или можеби со десет?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе се качам на мојот Циган, и нека ме носи таму каде што исчезнува самракот".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од првиот ден на нивниот заеднички живот таа зареди: како ќе се живее?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
1. Си идеме од црква, од причесна. Вјасаме, речиси трчаме: по седум недели Велики пости, прв пат ќе се омрсиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ме дочекаа другарките и ќе се распрсневме да играме по улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Може ќе му дојде кусо кога ќе жнееме, ама ќе се снајде.“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Младата наставничка понекогаш ќе се загледаше преку прозорецот, од каде што наѕираа гранки и низ нив сино небо, и како да се загубуваше сета отсутна за миг, -на усните ќе ѝ се јави една толку лека и толку занесена усмевка, што мене просто ме принудува да ја следам и внатрешно да учествувам во неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не згрешивме, ќе трае засекогаш, во најинтимните и најскриените делови на нашите срца, чувана од секаква нечистотија што ја носи овој проклет живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Несвесно продолжив да чекам кон забелот што се исправаше како од бескрајна темна лочка, чиниш крепост е што чува некоја тајна - ќе се добереш до неа и ќе си ја догледаш судбината до својот суден ден, дури и подалеку, судбината на она што си видел и што си сретнал, на она што ќе остане по тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На прв план, палестинското прашање ќе се најде поврзано со еврејското прашање и тоа со трагично минато во кое се мешаа политиката, историјата, религијата и многу митови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откога ќе се увереа дека не носи тутун, го пуштаа да влезе во градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе се навикнеш. Со тек на време. Си слушнал како е овде?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Дедо Најдо години со ред секои шест месеци купувал по едно грне тутун, и тоа му било мера: испуши ли помалу – нешто не му е добро, испуши ли повеќе – ќе се поболи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога Сане ќе стане од ковчегот и ќе зачекори низ воздухот, кон своето успение, авторот ќе се запраша: „Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа можеше да стапне на змијата и колку многу ќе се исплашеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе пораснам, кога ќе се вработам, најпрвин ќе си купам авто.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не се осмелуваше да се почеша, зашто ако го стори тоа, вената ќе се воспали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислевме, брат ми, како кога се враќаме ние двајца од летување, ќе се израдува на фрижидерот, а особено на кока-колите и сладоледот, ама, ете ти изненадување: - Да знаете вие колкав фрижидер имаа тие во Лондон каде што живеев!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако ќе се минеше дрвениот убавец, пред нас се покажуваше вистински бел дворец, на врвовите од предниот истурен дел, небаре бранет од редица статуи – каријатиди со човечка става, а крај нив камени маски со семожни изрази.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никогаш, дури ни при бомбардирањата на крајезерскиот град за време Втората светска војна, кога татко ми мораше да замине на едно од своите таинствени патувања од кои се враќаше дури кога ќе се утврдеше едниот или другиот окупатор, мајка ми и постарите браќа не го беа виделе позагрижен, повознемирен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега е мирна како и сите други сенки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Со задоволство беше прифатено. За цената ќе се договараме... со наддавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако е нужно, и англиски фудбал ќе се навежбам... грубо играат и овде, а теренот саде кал... дека се гради уште.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Времето брзо минуваше, а пред Татко испишаната грамада од хартија, речници и други книги не престануваше да се зголемува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
11. НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА - до првото орање, до ѓубрењето барем, потоа од ноздрите и облаци да креваш ќе се најде понов, веќе помек јарем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Можеби ќе се вратам малку покасно“ рече облекувајќи го мантилот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога ќе се разбудеше, ретко пред единаесет часот, со залепени очни капаци, со изгорена уста и со грб кој му се чинеше како да е скршен, би му било невозможно дури и да се исправи од хоризонталната положба, ако не беше шишето и шолјата за чај што стоеја покрај креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со истиот член од ЗИДЗРО од септември 2010 година дополнително беше предвидено дека работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со потпишување на спогодба за престанок на работен однос (т.н. „бланко отказ“), со што конечно се укина оваа можноста за примена на оваа малициозна практика од страна на работодавачите секогаш кога работникот ќе се „дрзне“ да си ги штити своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Децата, фала богу, беа здрави, па Маре се вработи како чистачка, а тие се чуваа сами, поголемото го чува помалото, а најмалото внимава на најголемото, па го кодоши кога мама ќе се врати од работа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сѐ на тоа мислиш, само тоа го споменуваш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И продолжија да стрелаат обајцата насменка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие беа на високо дипломатско ниво. Палестинската страна ја застапуваше амбасадорот на Палестина во Тунис Хакам Балауи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова беше во осум, кога Елса Пијаџо го свиреше третиот бис, мислам Хулиан Агире или Карлос Густавино, нешто со пасиште и птички).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само да види шише или паурче и ќе го фати, ќе се опијани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
После ќе има, ама не можеш да чекаш, ќе се пресуши житото и ќе испадне на нива... Што фајде?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Напати ќе ми се појави некое светло, ќе се извре некаде далеку од земјата и одново ќе пропадне в земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и да престанам не смеам зашто оној момент кога ќе се смирам на едно место, тоа некако сигурно го знам, во тој момент ќе почнам да тонам како во живо блато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не ќе се предадам, шепоти или мисли и чека и другата судбина да го охрабри со нешто од својот живот, настан или име или што и да е, а до неговиот слух, достасува само шумолење на дожд и пак - квичење, потоа тажачка на животно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оние двете таму без сомнение зборуваа нешто за него. Што ќе се случи сега? Можеби сѐ е веќе готово!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ПОЦКО: И за атер...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога ќе се мавнат 2-3 коњака се заборава и на идеолошките разлики.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во таков случај одмерувањето на трошоците го врши претседателот на советот, а одлуката се внесува во писмениот состав на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпрвин по малку, од жештинава се ошеметени, а откако ќе се соземат добиваат втора порција, па листенцата се поткреваат, цветовите живнуваат, жолти - како мали сонца.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе се будиме ли еден ден сами со своите тајни, тешки како олово, поради изборите што сме ги направиме за да преживееме или тоа ни е само изговор зошто немавме храброст да останеме и да се соочиме со животот!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да било така лесно и безнакажано престапувањето на меѓународното право, досега државите денеска ќе примаа на себе разни задолженија и утре ќе се откажуваа од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Џамлакот се плаши дека ќе се растури аквариумот на веселбите и на лутината).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
XV Речиси нема човек кој не заборава дека на овој свет сме дојдени по чиста случајност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Па ќе се качам, на прсти, по скалите, ќе застанам пред вратата и ќе го ѕиркам Ѕвездана. Ќе го наслушувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Вода ќе дупне за мене, велам, ќе се откаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе се распишани и награди за оние кои на брмчалата ќе им го откријат патот до полјаната каде што ќе се случи двобојот меѓу Давид и Голијат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Подадените раце ќе се прекрстат околу Прилеп-Битола.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да не ги честевме работниците и да не земевме да го запретаме каналон со првата рака земја на цевките, којзнае дали ќе се напраеше ова чудо“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И така: од збор на збор, што се вели, ќе се наприкажеме со Оливера Поточка Форевска и ќе се потргнам малку од мислите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
НЕДА: Иване, мили. Не оставај ме сама. Ќе се збудалам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Рогле ќе спискаше, ќе се исплашеше и повеќе не ја удираше главата од ѕид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На патот за Сабоцко преноќева кај Горѓи Ѕерѕев во Пожарско и го ополномошти да побара од Мегленијата десетина — дваесет, та кога ќе се врати да ги преметне преку Кравица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој ќе се јунак изнајде - би рекла нашата народна песна, а Ренџов - ЗАПИШУВА.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
МИХАЈЛО: Пак нема да ми зборувате денес? (Пауза) Свињата се фрла од ѕид во ѕид. Ѝ дадов да јаде. Ќе се менува времето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во таа цел, Hence Dante Gabriel Rosseti 1861. година изјави дека работата на преведувачот во себе носи стремеж на себелишување и задушување на сопствените креативни импулси,сугерирајќи дека често преведувачот ќе се послужеше со идиоми на својата епоха и со свои сопствени, за да го разубави текстот, но само кога неговото би му припаѓало нему; често по некоја каденца ќе му послужеше, но за структурата на авторот - и по некоја структура, но за авторовата каденца... okno.mk | Margina #8-9 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега можеше да биде чуено и она нивно тивко, цвичливо скимтење, кое секој од нив го продолжуваше како некое само свое тивко мрморење, тоа се престоруваше во ужасно заканувачко 'ржнување само кога две од тие остри вретенести прилики ќе се судреа очи в очи, или кога ќе се разминеа само за еден мигновен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без никаква дрога, освен кофеин и никотин, јас утре ќе бидам во Сан Франциско и ќе слушам некоја своја музика, а во недела, ако даде Господ, ќе се разбудам на Хаваи со папаи и ананас за доручек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го пишувам ова ноќта пред да тргнам со воз, од Будимпешта за Скопје; спакуван сум и утре изутрина ќе се искрадам од најпознатиот европски циркус и ќе заминам кон железничката станица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Еден се смее, други плачат. Кога ќе нè покрие земја, и ние ќе се смееме.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но најопасно е кога кај човек од неговите длабини, од инстинктите ќе се влее во неговиот табиет амбицијата да владее со народот, со светот, небаре до крајот на времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во некои случаи можеби би била доволна некоја контекстуална студија на стиловите на дизајните и на нивната историја за да се расчисти мистеријата на нашите инстинктивни реакции кон поединечни предмети така што ќе се укаже на културните традиции на кои алудираат тие предмети, на родословието на претставувањата од кои потекнуваат и на мрежата од асоцијации на кои се надоврзуваат за да ги создадат своите значења и за да се здобијат со конкретните општествени значења што ги изразуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Кинисала куса канделина да ми оди у Препреченка на гости во темни зори и магли замаглени; ја пречека тој Препреченко и ја праша: „Каде вака, куса Канделино?“ „У тебе на гости, брате Препреченко”, му рекла куса Канделина, да го видам кога ќе се роди татко...” Што е тоа? „Вошка!” „Не, искра од оган...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По нападот на Дебар повторно ќе се осврне на оваа потреба: “штотуку се вратив од полската болница.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе се откорне, ќе се растави од ѕидовите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ех, мајче... стегни душја, додржи... Кураж. Уште малку и ќе го снема сонцето што така нѐ пече, ќе се смрачи, а тогаш ноќта ќе биде мирна... Ајде, оди по мене...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Кога колата ќе тргне наудолу, кога ќе се скршат сопирачките и под колата да се фрлиш, нема да ја запреш... ќе речеше баба ми. Е, Марко, Марко! Така ти е кога си искрен!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегот со гнасење се потргна од квичавото старче со крваво лице и сепак, во двоумење дали да го удри или да го заборави, го праша нешто на турски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега пак ќе се повратам на свадбата. Свирач ми беше Јоше, кој би можел друг да биде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сепак, до извесно христијанско исламско доближување е дојдено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
2. ЧОВЕК АКО САМ НЕ СЕ БЕНДИСА, ЌЕ СЕ УБИЕ ВЕДНАШ - еј, нарциси, самољупци, да се обединиме е редно, задачата многуцветна се наложува и пред нас: сите свои бендисувања да ги здружиме во едно!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Штом него ќе го ликвидира, ти веднаш ќе се префрлиш на неговото место и ќе го свртиш возот накај Голем Вис, како што се договоривме...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се поделивме на две струи, па не знам власта кон кого ќе се сврти, кого ќе поддржи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И еден ден кога ќе се обидеме да го украдеме животот ќе паднеме на својата или туѓа несреќа. Врв на гревот и сигурен пад.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога ќе исчезнат конкретните облици, кога ќе се случи да блесне песната во нов замаглен предел, дамнешното кога ќе се престори во некој притаен порив по нешто што не се преповторува, видливото кога ќе се преобрази во одблесок на невидливо, ете, и во тоа е смислата на поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да го знаев тоа место, си мислам, на рамена ќе ве носев, ќе одев со години, со векови, ко светец ќе се мачев, по трње боса ќе одев и ќе ве одведев, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како извршно средство, поради празната и блокирана сметка на Радиото, се користеше попис и проценка на имот со заплена на движни ствари [res mobiles].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога ќе се сетам што најмногу ми недостасува, тоа е насмевката што се раѓа на моето лице и спокојот во мојата душа кога ќе се појави нов сјај во твоите очи кога доаѓаше да бидеш со мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ајде, бегам јас, кажи му на мама дека не знам кога ќе се приберам дома.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
6. Внатре, пак, во Потковицата, иако не без ризици, сепак нормално, човешки, пеша, на коњ, или со запрежно возило, моторни, освен трактори и џипови, не одаат, без попусти напори и закани дека, ако се намериш преку ридиштата, ќе се зацапаш во блатата и мртвиците, може да се влезе, и да се излезе од неа, само по два пата - по Пазарџиски Пат и по Голем Пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стопати на Зоки му е речено дека жешката супа не смее веднаш да се јаде, зашто забите ќе се расипат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Една ноќ семејството на Дарвиш ќе се реши да се врати во родната Галилеја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Допри го црвчето со жарче, ќе се свитка. Тоа го велиш е страв?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчјата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболка не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само Кристина ќе се спои со него. Само таа ќе се ослободи. Не се плаши. Не му врти грб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тогаш и многу други гранки ќе ги подигнеа своите згрчени прсти и ќе се растовареа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се плашев дека пластичниот стол ќе се распрсне или дека ногалките ќе се раскрачат како ноџињата на онаа срната во цртаниот филм, кога со зајчето лизгаат на лед.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Брадите горат. На коските огнот не им може ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исто така, во групата на казниви дела против службената должност – постои и делото „Измама во службата“, според кое службено [или одговорно] лице кое, во вршење на службата, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со поднесување лажни сметки или на друг начин ќе доведе во заблуда овластено лице да изврши незаконита исплата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години (чл. 355, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вие, кај ќе одите, шо ќе правете, ќе гледате да си најдите по некое пусатче. Пушка, пишчолче, чифте, тек. Колку поздраво — толку поарно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Тоа е тоа. Ваквите напади на гушење ќе се случуваат сѐ почесто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе се видиме вечер. Денко безволно ги повлече нозете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Бујрум, ага, на зијавет. Ќе те послужиме како свој човек, алах те благословил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе седам и ќе се пофаќам по нозете, по ребрата, по слабините. Да видам да не имам нешто скршено, шинато, скинато. И таму, на скали ја предремувам ноќта, ја измеризувам. 245
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А среќата е многу непредвидлива. Сигурно ќе се сложите со мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако има снег, ќе се санкаме и ќе правиме голем Снешко.“ „Согласни! Супер!“ прифатија сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Умот требаше да создаде слепа точка секогаш кога ќе се појави некоја опасна мисла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таков избор направил и Чанга со козите. Тој што ќе се осмели да ги грабне од смртта и самиот ќе си пресуди.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Скоро секој миг ќе се покаже по еден столб низ предното стакло од автомобилот и додека трепнеш со очи тој веќе е назад.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И сега сакам да ми а викниш овде, да се изочиме — очи на очи. Ако не ме е лагала, ќе се види.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
КОТЕ: Тоа ќе му го кажеш кога ќе се разделите кај Плачиврби, кај што е местото за плачење...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тогаш во куќата, како нешто што е неизбежно се знаеше за една тајна: горната одаја, лево откако ќе се искачиш по скалите од дебели дабови штици, беше непристапна - дебели алки, низ нив поцрнет синџир со врзани краеви од тежок старовремски катинар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На неа, повеќето достојни наследници на солунските браќа и продолжувачи и на нивното дело, ќе се стореа ќори пијани. На 25 Мај се будат приквечер.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
И така, селаните од Кукулино, по душа и безбожници и многубошци, изнашле дека со една воденица, сеедно на кој дел од Давидица, Али-бег и неговите луѓе лесно ќе се расправат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Последната претстава ќе се одигра таму, на малиот плоштад, врамен меѓу тврдината, пристаништето и зградата на воениот суд.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кога грееше и кога вееше Тој гол влегуваше во планината, ги ширеше рацете како гранки и веруваше дека еден ден сосема ќе се поистовети со стеблата, ќе потреперува и ќе размислува како нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ќе велеа машките: „Ќе се качиш на Бистра” – божем мислат на планината, и ќе се кикотеа како што се кикотат кога гласно ќе изговорат некое безобразие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За повторната средба на Дедо Мраз со Добре, најдобриот човек на светот, ќе се раскажува во приказните на сите потомства.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама добро, побогу брате, до кога јас ќе се произнесувам по прашањето на тоа питање? Па, јас за таа работа не знаев до 1955!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Те молам: пушти ме во одајата на прокобата и јас ќе видам: ќе прочитам, ќе го растолкувам напишаното и мирот во тебе ќе се всели, и во твоето царство.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му плаќаа двојни трудо-денови за сите тие дни, што требаше да ги преседи тука, а и да не беше тоа, тој пак ќе се согласеше да дојде, зашто на Задругата навистина ѝ беа потребни штици.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некого ќе го касне оса и тој ќе се стрча кон реката да се трие со песок, со белутрак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Учителот правеше пауза да види како го следат и продолжуваше: - Жителите се од словенско потекло... Македонци... Ќе се уверите и самите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зуи внатре шармантниот шум на душата ја влече назад но таа по сѐ изгледа ќе стане од леглото и - по кој знае кој пат - ќе се врати во стварноста без лажна надеж.  За жал, добата на лесно самозаблудување за неа е далечно Минато.  Депресија: квечерина  Раз-сони се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Само дрдорите и човек да дремне не може. Ајде, доста, ниту збор повеќе, зашто ќе се налутам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оние што ќе се покајат, вели, безгрешно ќе појдат пред бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
14. ЧИВИЈАТА ЧИВИЈА ВАДЕ - но ако тие се разномерни двете низ оној отвор што ќе се здаде ќе задува опустошителен ветер...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Со такво расположение Толе ја преседе ноќта по борбата во Полчишта и во зората го дочека и Мише Ќосото, кое оваа ноќ ја проведе со тетка си, и уште неразденето си го јавна коњот со дисагите, полни месо, леб и алва и си ја фати неговата златка Сливина, да си го продолжи својот стар занает — арамилакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако на подготвителното рочиште не дојде тужениот кој уредно е поканет и не го оправда своето отсуство, а не постојат услови за донесување на „пресуда поради изостанок“ (в. подолу), судот ќе расправа со присутната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дресерот носеше на себе заштитни алишта, ракавици и кај секое куче ќе предизвикаше бес; а потоа и целата група кучиња, ќе ги раздразнеше до таа мера што тие ужасно лаеја, квичеа, напинаа на синџирите да ги скинат, а потеа сам одеше и се криеше во шумата; кога ќе се скриеше, војниците ги пуштаа кучињата и тие, лаејќи и душкајќи по неговите траги, го наоѓаа каде што беше скриен; му се нафрлуваа, но војниците ги сепнуваа, ги задржуваа и ги тргаа за синџирите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но што да правам со спиењето: само што си се завиткал и шпиончето ќе се јави: — Рацете горе, извади ги рацете!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби по ослободувањето ќе се мислеше и за соединување со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа не може да ги заборави погледите на тетка Маре и баба Рада, кои беа единствените поканети од целото маало и имаа можност да видат што ќе се случи во ресторанот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе се вратите, о, одново ќе се вратите Вие скитачи што го множите сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога ќе измине времето и кога ќе се промени просторот, дејствието на раскажување се префрла во внатрешноста на постоењето. 50 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Господи, се чини човеков ќе се искрши од услужност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нешто што ќе се извиши над куќите, што ќе памине низ сите јалици, и што ќе заврти и околу селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седна на креветот, и со огромно нетрпение го искина од страна, ги прочита првите две реченици и издиша разочарано: „Госпоѓице Јовановиќ, по повод модната ревија на интернационално познатата белградска стилистка Исидора Перуниќ, која ќе се одржи на 12 Мај оваа година во офицерскиот дом со почеток во 20 часот, потребна ни е помош.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во близина немаше жива душа: со страв во срцата, жителите на Шумшул- град останаа зад залостените врати на своите куќи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А ако се гребеше и во татковата душа и таму ќе се откриеше еден крај друг верски слој, помирување или рамнодушност кон обата. Но, не и атеизам...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од мене никој не ќе направи песнопоец!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко ќе се уморел, а Јоше не се уморувал од свирењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Калија, за да му угоди, туку ќе се сневеселеше и почнуваше божем да му објаснува: „Немој така, мајстор Миклош.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кај ќе се пресегнеш и вода ќе фатиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Високо над нив, под самите мешини на облаците, се лизгало нешто непознато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сакате жените и децата со стапови да нѐ пречекаат, се обидел да го надвика Јордан Шоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се спрпелка во огнот, а огнот ќе му ги опрли влакната, козината, ќе го соголи и ќе му го земе здивот. Ќе му ја пукне жолчката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во истиот ден ќе ѝ се отплатам на Луција и ќе се покајам, за да биде ефектот посилен, како во книгите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако се преместите на мојов стол и правдата ќе се премести.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трето распаќе: По овој пат од сите провалии побезнадежен Дожд ќе се престориш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Едно утро, едно од оние утра во кои го молев Рајнер да ме пушти во својот дом за да можам да молам или да обвинувам, тој ми рече дека завршила љубовта помеѓу него и младата жена заради која ме беше напуштил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Признавам, дека во таа силина на поривот, помислив дека, најпосле, можеби на главниот резервоар ќе се стави некоја спомен табла со моето име. Би било ред.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па ќе се исправи и ќе ги затне ушите со два врста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам колку долго седев така и ја чувствував Дена како трепери стуткана до мене, кога одеднаш таа ме протресе и ми ги тргна рацете од ушите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ние дозволиме — денес ти, утре други да се погрчуваат, тие ќе се намножат и, кога гледаш, еден ден, со помошта на правителството турско, тоа кое им оди на рака, ќе ни ја земат црквата и ќе останеме без црква.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Драги млади екологисти, ве поздравуваме и искажуваме задоволство дека ќе се допишуваме со вас.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А во покривањето на расходите околу сите овие и идни свечености ќе се потрудат сите вработени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Трагичната мудрост подразбира негово отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе се поткренеше малку мувата и пак ќе паднеше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бидејќи постојат државјани што можат да избираат, мораат да постојат и граници, мораат да постојат национални идентитети, рамка и структура што ќе се применуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А потоа се обиде и да ја образложи својата заборавност: - Веројатно и ти ќе се однесуваше на сличен начин ако ја имаше за доброутро онаа глетка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За мене тоа на одреден начин значеше практично спроведување во дело на некои поставки од Граматологијата во врска со книгата и линеарноста на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А самобендисаните во Венеција не ги интересира, на пример, како се чуваат спомените на Вивалди, тие си мислат дека Ла Фениче е обновена од пожарот за да има каде навечер да си чепкаат во носовите и да си ги негуваат навиките од детството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
III Мил по цел ден времето го поминуваше во лабораторијата; работеше експериментираше и не се обезхрабруваше: но му беше криво што никој не го разбира да го помогне, да му даде средства за да го реализира овој свој потфат; селаните и пред тоа не му обрнуваа внимание, а особено сега кога секој ден трепереа и не знаеја што ќе се случи со селото, со нивните животи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Пјатое: ќе се применува осумчасовно работно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Времето е такво, вели, ќе се бркаме со сојките и ќе си ги крадеме зрната жито.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да победеше Куско, би можеле да речеме, парафразирајќи го Борхес, приказните кои се само додатоци во Кралските коментари ќе се појавуваа во канонски книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само малку ќе се потпреш на рачката од мотиката и ќе ја кренеш стомната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Морам да признаам дека веднаш ми исчезнуваше тлото под нозете кога тој ќе се втурнеше против некој мој единствен аргумент со неговите десет!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој ќе се свртеше и ќе тргнеше назад по шапката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дедо Спасе нема каде. Ќе се почеше по тилот, ќе се замисли малку, ќе го збрчка челото па ќе почне: - Било еднаш некое дете...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа ќе е голем зафат, со кој ќе се обезбеди вода за пиење, за наводнување во земјоделието, индустриска вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зашто започне ли неверството саможивата фатаморгана отцепувањето на душата од обликот го отне ли меморијата својот демонски вртлог во тебе можеби ќе се пресели, божем привид птицата која се успива врз крстот на бескрајот далеку од дното за коешто залудноста нѐ приковува како за живот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И си кажуваме што ќе правиме дома. Кога ќе се вратиме, ако се вратиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се врати од печалба домаќинот мој, и ќе остане колку во мене семето да за ’рти. И пак ќе си замине...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ќе се обеси“, се исплаши жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се попрпелкам така, и ајде пак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако не друго, групата на Дарко секако ќе се потрудеше да го искористи Александар за да инфилтрира свој човек во Секретаријатот за информации.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Рацете спружени ни се гранки растреперени, од ветришта потфатени... ама ние на полпат ќе се прегрнеме - ќе се исплачеме - Дење ми ходиш блиску до мене, ноќе ми легнуваш на десната рака, на десната рака, на правата страна...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Секој ќе се нафати да те храни, да те облекува, да те пои, само да му даваш злато...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа ќе се знае и ќе се есапи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чекаа заповед да колат и да ги распарчат дури и нашите сенки. Дерман ќе се нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2. АКО ПРВИН НЕ СВЕТНЕ, НЕМА НИ ДА ГРМНЕ - погледнуваме наугоре во ведрото небе, во меѓувреме земјата одоздола ќе дрмне и без гром, без молња ќе се искаже себе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе истрча да полае, и пак ќе се врати, ќе клекне пред мене и ќе ме гледа, ќе се гледаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние пак, ќе се утешевме со славната сентенца која што често се користи кога некој вечен студент ќе дипломира: Ако е забавено, само нека не е забораено.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Е, некогаш ќе се случи: на некој да му избега ногата кај тебе, ама јас ќе свикам, еј, кој си и кај одиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запалиле огнови и се собрале околу нивното крцкаво и шушкаво потрепетување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИЛИЈА: И понатаму во разговорот ѝ рече: „Ќе се повртам“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Па овој што и да погледне, ќе свене, ќе се исуши...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истите размислувања за нашата татковина може ќе ги чуеме и од некои од нашите сонародници – Македонски Словени што се викаат Бугари, кога ќе се исцрпат сите други средства за борба со македонското национално обединување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа што може, ете, и јас ќе се мажам против некој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Какви чувства ќе се разбудат во тебе кога твоите „ангелари“ со развеани коси долги ќе поминат покрај клупата во градскиот парк, а ти, покриен со стари весници, ќе им се израдуваш на убавината, младоста и среќата... и нема да ги препознаеш, а ни тие тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Денешните системи во огромно мнозинство се фонолошки; нефонолошките системи ги наоѓаме претежно во најстариот период од историјата на писмото, и токму на нив сега накусо ќе се задржиме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Каде да отидам, каде да залутам, знам – никаде од нив себе си не ќе се скријам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Чинам дека кога сината точка што веќе ширејќи се наидува кон мене, кога ќе увиди каков уништувачки страв доживувам, ќе ми се смилува, ќе застане недообличена во она што ми го носи и , или ќе го смени правецот, или во себе ќе пројави некаква белина од чија пријатност ќе се затоплам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
24.08 Ми оди навистина тешко. Почнувам да заглибувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Преку нејзините одвај забележливи бранови се протегаше треперлив мост од сончеви зраци.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Игнорирање на туѓите влијанија и критики, така што нема да се потенцираат сопствените мани, а ќе се зголеми иновацијата за интерпретација на доблестите. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
После, како што се гледа, тие ја мислат за единствено правилна гледна точка на прашањето за народноста на Македонските Словени – бугарската; а може си мислат оти прашањето за народноста на Македонците е второстепено и лесно ќе се разјасни со ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако беше така, тогаш Бугарите можеа да им кажат јасно на Македонците, да не се надеваат на нив и можеби не ќе се добиеја тие резултати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и кога ќе кивне, кога ќе се накашла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се обидеме и по вој пат; белки ќе има некој спасибог баре за децата, та за нас се знае оти ќе тргаме маки и ќе и оставиме коските по ридиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве и јас, оној ден се допирам за лице, нешто влакнесто и гадно. Ќе се дамлосав.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Тие и со мене и без мене ќе се тепаат, ми вели, туку ај да си легнеме, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не, ти никогаш не си бил женет, ниту пак ќе се ожениш, бидејќи така си заречен – дури си жив да бидеш толку добар, што благодетите кои ти ги истура животот, да им ги подаруваш на другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Стореното е сторено, сеедно кој го сторил, наш човек го сторил, наш човек го стори, сега да видиме како ќе се одбраниме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поза Додека месечината од мракот парампарче прави во нас несвесното е распослано како освојувачот пред Рим кајшто сите патишта водат тој што во тебе бара сличности со историски ликови фрески соѕвездија твој домородец е варварин биди испади го биди на оваа гозба нема ни мудрости ни шлаканици ќе се сликаме голи и гладни додека ги јадеме животот и лебот на љубовта и за твојот и за нивниот мирен сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ТАША Зар не требаше да изнесам на виделина барем понекое делче од настаните за кои верував дека се случувале некаде и некогаш во мојот живот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие се правдаат дека на судниот ден ќе се најдат под заштитата на истиот Бог, но кој е вистинскиот тие сепак не можат да одредат на овој свет!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Длабинската екологија има многу проблематични теориски стојалишта - овде ќе се задржам само на две - проблемот на картузијанскиот субјект и правото Маргина 34 11
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зашто мудрецот од Калкута велеше: природата постојано иста ќе се повторува, а само човекот сѐ понесреќен и понесреќен ќе станува, зашто духот и умот ќе го влечат сѐ понаред, а силите не ќе можат да го следат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако поради делото настапи тешка телесна повреда на некое лице или поголема имотна штета – сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите имаат високи чинови, си мислам, веднаш ќе се разберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пајо, реков. И кога ќе се раздвоите, пак ќе бидете пријатели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нерамностите што ќе се покажат во јазикот на мојата книга се сосем природни и ќе може да се отстранат само при едно подлабоко знаење на централното македонско наречје, со што не можам да се пофалам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекај да видиш кога ќе се стемни и кога ќе се запалат светилките, ми рече таа. Ова не е ништо, додаде.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако имаше повторување сетики ќе се родеше некој нов Шекспир и ние немаше цели пет века да пиеме вода од ист бунар.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кој ли јунак ќе се пронајде песните од сон да ги скорне Да ни бидат Царот што го немаме?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И самата ќе се засрамиш кога ќе го свртиш погледот кон она што го ткаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ем децата ќе ги и изгледам, ем ти баре леб ќе се најадиш. Не гледаш гладна си секој ден".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама најмалава сега ги истече очите што ќе треба во оваа пустелија да чека на некој јабанџија, и башка, откога ќе се изредат другите сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
РАМНИЦА и само рамница - тоа е Романија и Влашко откако ќе се мине големиот „Мост на пријателството“ преку Дунав кај Русе во Бугарија, па сѐ до Букурешт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ти, радост што носиш во едрата и бедрата, жалосна убавице, брезо во темнината... Не свенувај! Ти љубов си...љубов ќе се викаш.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Гемиџиите решиле да дејствуваат во два-три поголеми града, сами ќе се бореле без да ангажираат поголем круг луѓе и сами ќе ја сноселе одговорноста.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
71. Ако се споредат тие со помоштите за Бурите /Трансвалците/, тогаш ќе се добие голема разлика, зашто за борбата на Бурите се интересираа многу повеќе од нашата борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му реков дека мислам оти не сум упатениот кој ќе може да го поведе кон неговата цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така беше, но тие стоеја среќно, како кукли, и чекаа што ќе се случи понатаму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човекот од патот ќе погледнеше во сенката и ќе се обесвестеше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ќе се обесам на камбана за да заборавам дека од твојот мозок жугнува пиревина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се извардам некако и — да ме нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие што се за бодињање, ќе си бодињаат, а овие што се за сериозност — ќе се „кремшат“. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гого надве - натри, колку што стаса, му ојасни кој е и што е, тукуречи во еден здив, како што беа и двајцата на нога, па одвај дочека да заврши со тоа што му побара да преноќи во конакот, а за понатаму ќе се договорат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За какви злосторства? се прашувале луѓето, За оние по кои не ќе остане за новороденчињата жена со боска, говореле и пак демнеле и ковале нови стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се откажавме од враќањето. – Белки, еден ден, ќе се променат времињата, па ќе се кренат границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат” Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Еве ти го, - му го дофрли и стана. - Има мои чкртаници, ама ќе се снајдеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога излегуваш да купиш цигари те прашуваат: ќе се вратиш ли годинава?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Но паметам еден твој совет што е и вистински остварлив и јас постојано си го повторувам (и реков откако спомените истекоа):"Секогаш имај го предвид и не изумувај го правото на избор!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш некој Јане Крстин се стрчнал и застанал помеѓу нив со дигнати раце, послаб од обајцата но не со помалку крв во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако го прежали коњот, ќе ја омажи ќерка си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ќе растиме, невесто Досто, ќе работиме ние со Нешка и ќе се гледаме. Токо, де речите „аирлиа да е саатот", и чините ми а алав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, само што ќе чујат некое машко кашлање надвор, веднаш ќе се отпуштат на земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И уште нешто, заедно со нас во искачувањето ќе биде и една планинарска група од Македонија. - О, да, по Олимп ќе се искачуваме на планината Ниџе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш, татко ти Добре, најдобриот човек на светот, ќе стане најсреќниот и ќе се изнасмее во солзи – радосници!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога Крсте два дена пред пазарот ѝ кажа оти татко му од десет лири не може да му даде повеќе, таа стана, отиде во земникот и му изнесе дваесет наполеони и пет лири и му ги врза (во едно крпче: — Земи, сторите арч со стрико ти Трајко, та за враќање — бидите живи, со Толето ќе се есапите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе подушка по грмушките, ќе крене една задна нога, ќе ја крене сериозно и главата и ќе се помоча на дрвцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зарем не е речено дека земјата вистински се открива кога ќе се загуби!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Човечките битија не доаѓаат во врска едни со други само површно, како две билјардни топчиња, туку преку поврзувања што се создаваат кога двајца луѓе ќе се сретнат во световите на доживувањата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На најмалово и најневидливо островче, кога ќе се отвори некако магливиот кожурец и малку ќе заблеска на сонцето, заблескува и фасадата на прекрасната палата на волшебникот Желбоноско.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од каде, од кого да најдам?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Ослободете го добитокот од јарем и потерајте го кон долон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се собереа и решаваа што да прават.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кос-коџа цареви и кралеви се тресат пред силниот падишах, та еден грст горјани ќе се спротивеле; не го верувам тоа!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А лично ми ја донесе приказната за ќерката на генералот Канчевски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако ќе ми ги испразни џебовите, клисарот злорадо ќе се клешти над мене. Вечнаја памјат...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
48. КОГА МНОГУ ГРМИ, МАЛКУ ВРНЕ - море, врне и истура страв и трепет, немајќи си заслон да се згрнеш ќе гориш, ќе се сториш прав и пепел... малце и подналути се, но зло да не сториш!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
4. Сојузниците ќе се обидат да достават колку што е можно повеќе воен материјал за оваа операција: противтенковско и планинско оружје, експлозиви, електрични запаливи фитили, муниција за нашата пешадија и тешкото оружје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повремено ќе се пипнеше овде онде, за да се увери дека не си замислува само дека неговите мускули стануваат позаоблени, а неговата кожа позатегната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сетне дури разбрав дека Симон бил земен и дека не се знае кога и дали ќе се врати.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Време е од рано-рано разграбано, ама за наши луѓе, ќе се најде некој постер од Млади бунтовници.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не знаевме дека тоа им било „како си, што правиш, кај ќе одиш, кога ќе се вратиш“ . Не било тоа налутено карање или друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сигурно фронтот ќе се премести кај нас, вели Лазор Ночески. Сигурно сакаат скриен пат за бегање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во сајберсветот ќе се натпреваруваш, ќе имаш љубовни врски, размени, шаховски игри, разговори, истражувачки проекти, ќе скијаш на кој рид сакаш, со сите оние прекрасни луѓе, и секој сѐ повеќе и повеќе ќе комуницира со помош на тој глобален јазик на икони. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 89
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Ех, - чинеше Бошко, но тогаш Луман му згрме: - Верувај, оти ќе се каеш!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откако ќе се проветри и осуши зрното секоја си го познава своето и пак назад го враќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе се налутел човекот, што се вели, станувал половина будала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Солунските весници предупредуваат: ,По ден-два ќе се крене Комунистичкото востание за автономија на Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така ќе се случи и со новите пет збора под неговата надлежност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако ќе влезе во султанските трпези, ќе се шири по семејствата на царството, покрај шеесетината најпознати рецепти, ќе се создаваат, нови илјадници...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според добиените податоци од изворите се верувало дека ќе се дискутира за „забележителна преголема независност на македонската влада од владата во Белград“ како и за „македонската отвореност во формулирањето на барањата за грчка територија што, се верува, на ТИТО му предизвикува непријатности.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Сите, ефенди, - рече Бошко и, сигурен дека за Мирчета сиромавиот не ќе се лути и ако му каже, додаде: - само еден, ама толку е сиромав, што пес нема каде да го фати!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сѐ си имавме веќе готово - само горниот дел од бебешката количка да го симневме, да го размонтиравме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влегла целата во огниште, ќе се запали девојчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам дека ако успеам да го соблечам палтото ќе ми олесни, како од мајка роден ќе се почуствувам, но не можам да го соблечам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Само треба на врата, кога трга на излет, да му се подаде тефтер и пенкало, зошто бајаги е излапен, па да си запишува што му се случува и да си ги скицира тоа позите, за да ги испробувате по дома кога ќе се врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ај, ќе се воздржам и ништо нема да речам, ама, ме стаса до вратата, да ме доисплаши: „Невесто! За Свети Никола дома да си седиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ништо, вели Лазор Рогожаров, ќе се мачиме овдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веднаш ќе се вратам на тоа“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти, Орлене, ако сакаш донеси и каца ракија. Жудлива, скиселена ... Сеедно. Ќе се нурнам со сѐ опинци - ништо. Ќе се обесам ако не ме најдете сув.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин видов некакви пузиња, згрчени и со големи глави (тоа уште сонот ме измамуваше) и кога погледнав кај што гледаа сите, а гледаа кон последната кола, се зграпчив за грло од страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, пред да дојдеме до неа, еве, ние ќе се вратиме малку наназад, во времето кога на големиот глобус, познатиот светски патник првпат ја забележал некаква празнинка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Генерации имени и безимени освојувачи ќе се утврделе небаре до вечноста, ќе ги превртеле овие киклопски камења, наредени од претходните освојувачи, ќе воспоставеле свој ред, ќе довлечкале или ќе изделкале нови камени блокови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете колку јет вреден стар чоек, да куртулиса толку души од смрт со еден збор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Само малку да се допре до земјата, вели, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денес ќе се глодаме цел ден, а може да се случи и тој да ни биде кус.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа и прашувам, вели, што ќе се случеше случајно ако заѕвонев?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— Добро, велам, ќе појдам и ќе се вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговото читање не бара примена и врз други мјузикли, а камоли врз други културни облици и ја губи поентата кога ќе се обопшти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Фатен е во дворот на Ѓурчин. Каков прекршок е тоа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе се забавувате. Ќе престанете да се плашите од себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ете, и сам слушна оти ваа година бериќетот е слаб, не се роди, та да беше како од годините и шестотини да ти дадеме, токо не собираме, та ќе се страмиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе тропнеме на врата, а жените ќе се свиткаат в постела: се преправаат дека се болни или трудни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можам да разберам зошто судбоносна, тоа ме копка, можеби подоцна ќе се покаже зошто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се будеше, заспиваше со мислите кај него, замислувајки ја утрешната средба, разговорите, погледите, местата кадешто ќе се шетаат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога ќе се подобрат временските услови, сите ќе учествуваат во пошумување на голините во непосредна близина на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако не се задоволат барањата на романската влада, ќе се постапи неправилно и неправедно; ако пак се задоволи барањето на романската влада, против желбата на парохијаните, ќе се направи насилство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фелоус наизуст ја знае таа рутина. Тој непогрешливо ја предвидува и ја репродуцира: „Јас сум хомосексуалец“, ќе се побунат, „но не сум женствен“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никифор ми рече: ,Ќе го родиш и ќе се вратиш".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но ко завија волци од сите страни мачорот Тошо не може да се брани и почна да си бега в село на пат го сретна зајачето бело. уф, еве го братчето слатко стравот ќе потрае кратко јас од лошо ќе се спасам и набрзо в село ќе си стасам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само малку ќе ги помрднат устината и ќе се накапат на преднииите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој чуден изблик на недоразбирања следени од необичното однесување на Јана наеднаш го прекина гласот на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе зеам трособен стан на Сталинова. - Ќе се удомам. - Ќе праам 3 деца човече.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ти ли си ми сега таа слатка болка што здивот ми го одзема кога ќе се насмеам?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Така се случи мојата коса да се престори дом за зборовите што ги шепотеше милувањето - се трудеше Јана да ја прераскаже приказната за една љубов што Зрновски веројатно ќе се обиде да ја игнорира со своето молчење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некогаш се гребеше на носталгија, поеднипати се трудеше да даде интересни перспективи за некои секојдневни прашања, друг пат во него ќе се исплукаше еден авторитарен систем, каков што, без претензии кон оригиналност, беше политичкиот систем на СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога ќе се свртам — Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се наведнувам да нацрпам вода, да се напијам, ама штом ќе се наведнам, водата секнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сред ливада, таму, и татко, и син ќе се сретат; таткото сина ќе гушне.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Што да признаам? ќе прашаше и јас ќе се посрамотев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но да претпоставиме оти турското економско разорување не ќе се одрази на нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Кај ќе даде Господ- рече попот. – Не ќе се најде ли некоја плевна, некоја зимница... Додека да згрмадам нешто.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во кривичниот процес (кој беше воден пред судскиот совет во состав В.Миновска судија-претседател, С.Михајловска и С.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Петковска – поротници/членови) осудениот управител беше застапуван од својот бранител (адвокат В.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Максимовска) кој, во завршните зборови, предјави имотно-правно побарување во вредност од 3.500.000 МКД (57.375 ЕУР) кое ќе го бара во друга постапка. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некако ја држев тешката стомна. Со мака голтајќи ја лепливоста на надојдената возбуда, сакав нешто да кажам и го кажав најглупавото: Сандре Самарија ќе се обеси, реков, ако не ме разјаде оган однатре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ќе е добро, според овие одговори, во ниедна варијанта да му се суди на Чанга во присуство или во отсуство, жив или мртов, зашто со ова конечно ќе се придонесеше Чанга дефинитивно да стане козји светец, дури и да го надмине славењето на хероите од војната, дури и сегашните главни водачи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти си замислуваш дека постои нешто што се вика човечка природа, која ќе збесне поради тоа што го правиме и која ќе се сврти против нас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ох, тој е навистина прекрасен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По мало молчење ќе се подискашлаше и ќе ја продолжеше со кроток глас приказната Ване Мицо, само сега негова, доживеана, запикасана до најситна ситница.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Писателот кој ќе се помачи со овие вежби ќе сфати, при пишување на приказна или роман, дека на располагање му стојат разни можности во секој момент од творењето, а ќе биде во подобра позиција и да избере најдобро решение - или да смисли некое ново.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само за да ми напоменала дека сѐ уште ништо не било завршено; дека тргнала да ја сподели воодушевеноста со другарот Сираков и дека веднаш ќе се врати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете тогаш тој и вресна - дословно паметам: почекајте, ќе се вратам и двајцата ќе ве дотепам!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе се испотепавме, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господе, што направив, ќе се удават луѓево, си велам, и со очиве ја барам Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се вратиме од Луксембург кога ќе заработиме за куќа. Но дотогаш... Ацо не ја заврши мислата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само кога ќе припука ќе ја крене главата, ќе ја затресе гривата и ќе се премести.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јаничарите биле јаничари. И исламизацијата било познато како се вршела.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако се омажи, ќе се омажи за него. Не за неговите родители.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во зачекореноста пред очите му се спушташе една штипкава темница и од неа ќе прснеше по еден од оние сини кругови и ќе се засучеше за да изгине пак некаде скраја од погледот, зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа сум јас. Еј џукело Ќе се сретнеме пак. И ќе ти кажам еј како те сакав куче едно.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
И веднаш ќе се обратеше кон некоја жена, мрдајќи со русата брада, а во влакната трошки: - Мадам, милостива, пардон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме сполета помислата: како ќе се чувствувавме ние, луѓето, ако се случеше на пример сите предмети да се здобијат со способноста да општат помеѓу себе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бара да ѝ го вратиш Емин. Ќе се омажи за него...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама којзнае дали ќе се врати?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па ја смируваше пред да излезе, оставајќи ја грижата варилцето да го зготви што почеревишно - небаре како залог дека навистина ќе се врати.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога ќе се вратам дома, ќе се борам за првак на средна категорија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Браво: Тоа се бара. Ќе се собереме, да бидеме што помалецки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ок, само ладно ѝ одговорив и ја замолив да ми се јави тој кога ќе се „освести“, т.е. кога ќе се почувствува способен. Знаев дека лаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во иднина значително ќе се намалат отпадните води, зашто се планира концентрирање на нови производни капацитети покрај големите реки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неговата земја веќе десет години официјално беше Австралија, а македонски зборуваше само еднаш месечно, по телефон, кога во ниедно време меѓу денот и ноќта, заради разликата во времето, ќе се јавеше да ја праша мајка му како се.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Метафората всушност сама ќе се покаже како клуч за сите прашања...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе се зададат авионите и народот ќе прсне да бега низ шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, како што велиш, ако поминат таму, на Вичо, тогаш на каква кривина ќе се најдеме?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некој веројатно одредил несигурно да се чувствувам кога ќе се најдам пред типови кои се стекнале со умешноста на предвидувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Драго ми е што јас ќе се спасам додека сите свои ги гледам веќе согорени, како гламни поцрнети од огнот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најпрвин ги слушнале нивните чекори, пошле еден кон друг, потоа ги виделе, нив и своите сенки што попусто им го сечеле патот: ќе се зграпчат за раце и со нозе и ќе се кинат со апежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И, како што се вели за некого дека откога ќе се попари од млеко потоа дува и на маштеница, така по оваа случка и Фигаро почна да бега дури и од мувите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе почекате до следниот пат кога ќе се вратам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Премолчи и тогаш кога ќе се посомневаш дека сум скинала и нешто незрело“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не разбрав, - рече Барбут- бег. – Со што ќе ни платите, почитувани муштерии?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Валентина Васон јадела некои божествени печурки во Мексико и се видела себе како се наоѓа во Версај во 18 век слушајќи некоја Моцартова музика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во текот на денот или утре ќе го довршам писмово и ќе се погрижам што поскоро да ти го пратам...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така двете сестри да му брзнат вода со устите меѓу ципињата и детето ќе се престраши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само во едно сум сигурен, во врска со сите изречени и неизречени пораки: мајка ми сметаше дека нејзиниот живот не треба да го земам за пример.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеш да голтнеш и да се совладаш. Кога ќе се побуни душата, ништо не можело да ти ја запре раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Романот „Ервехе” изобилствува од фабуларни заплети низ кои приказната си добива природен тек, бидејќи, овој белетристички колаж од новела, повест, роман, мемоар, дневник, есеистички отклони и драмски акценти всушност претставува модел на посовремено поимање на прозната форма, кој некои меѓу нас ќе се одважат да го крстат и со квалификативот постмодерна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да можете да ми ѕирнете внатре во главава, ќе се уплашите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И едно утро, во Рамалах, идната престолнина на неговата палестинска државичка, израелските полициски сили ќе упаднат во куќата во која престојувал Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некоја сојка ќе се спушти на пониско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од една страна чувствувам голема загуба и страв околу тоа што сѐ во иднина ќе се појави во врска со личноста и со душата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со тоа, „Структурната трансформација на јавната сфера“ влегува во критички дијалог со делата на друга клучна политичка мислителка на минатиот век, Хана Арент, а особено нејзиното главно теориско дело „Човечката состојба“ (1958).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А ќе се слушне усната хармоника, ќе се слушне и свечен лаеж од градската кафилерија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Кој ќе се тепа со мене, а? Ајдете, мамини галеничиња! Јас чекам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На 25 март ќе се одржи Вториот конгрес на НОФ".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се допреа, пламнуваа и се распливнуваа. Зад нив остануваше само чад.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Кога ќе се вратиш од Струга, дојди пак да видиме да ли си добил сол.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Макар ќе стане мрава, пиле, ќе се испровре од некаде и ќе дојде да ме види.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но по две години, согледувајќи ја историската важност на Охрид за Македонија, тој во поголема мерка ќе се потпре и врз карактеристиките на охридскиот говор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се топев. Се обидував да мрдам со прстите во опинците, да дишам, да барам дамка на парчето дневна месечина, да си докажувам дека сум жив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ПОЦКО: Касни малце, па ќе се разјадеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тетка Перса смета дека нема ништо во животот на Пелагија за што би требало да биде накажана со таква сурова казна низ која има поминато, Ќе се молиме, златна Пелагијо, ќе се молиме сите три од недела во недела, од ден во ден, да му ги отвориме очите не само на дедо Господ, туку и на мајката Богородица, за неправдата шти ти е направена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И кога ќе се вратеше, не скокнуваше веднаш во скутот на Милан, туку стоеше и чекаше тој да го крене, за кое нешто беше сигурен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не му беше заради самото крувче, како што не му беше ни само заради компирите (пак ќе се роди нешто!) Не, тој се чувствуваше излаган во својата верба, насамарен, и му беше криво дека се покажа толку наивен да оди по умот на овој калпазан, како што почна во себе да го вика Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Столаријата ќе ја изглодаат црви, чешмата ќе секне и ќе ја накотат полноглавци, Благовештението ќе потемни и ќе се излупи, Архангел Гаврил ниту ќе стигне до Богородица, ниту нешто ќе ѝ каже.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како ќе се плати оваа страшна сума, една редица нули, како одовде до Ресна. Пот гргна од него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рангел го подбуцна Коча: - Сакаш да ги скарам? - Немој! - Да сакам, за гуша ќе се фатат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Велат, од земја сме создадени и во земја ќе се претвориме.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Семејството на угледникот Теки Руси, градоначалник на Прмет ќе доживее вистински калвер за време итало-грчката војна, кога ќе се најдат во Колоња и нивната куќа ќе биде запалена од грчките војници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа: - Проклетство лежи врз нашиов народ, ќе се враќам, рекол Васко Тушев. - Ќе се враќаш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кутрата, сигурно ќе се препоти внатре, олку покриена, не ќе може ни да дише, но што да се прави, тоа беше единственото што на брзина му падна на памет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање (чл. 5, ст.1-2 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва и пред да биде сослушан (чл. 231, ст.1-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го утврдија планот кој на кого ќе стрела и каде ќе се најдат во случај да се загубат во ѓурунтијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги разгледував можностите за плаќање, фантазирав како се запишувам на смерот за Меѓународно право и дипломатија, дури го имав заокружено на самата корица како божем утре ќе се запишувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Викај ја буквата Ж. Ќе се женам со буквата Ж“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или ако бевме спомнати како сведоци кои сметаат дека е најумно да го заборават она што го слушнале?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ама, со кого ќе се разбереш! Зборувај си ти, ако сакаш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку е убаво потоа кога ќе седнеш на големиот белутрак и ќе се загледаш негде далеку и високо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но секако ќе се видат вечерта дома.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе се вратиш... и ќе се љубиме, мил мој - еден за друг ќе живееме - во твои очи ќе ја гледам мојата лика - како во огледалце ќе ја гледам - како првпат кога ме виде - со тие очи - милозливи - кротки - светнати...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Почнуваше да чувствува големо олеснување кога ќе се замислеше себеси спасен и ослободен од страдањето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Низ градот врвеа многубројни патроли.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ви дал господ вам дечиња, со неј ќе се радуаме заедно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, ако треба да се случи, ќе се случи, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
30. Зборуваат притоа: како што беше во Источна Румелија (Јужна Бугарија),а таму ќе се види каде има Грци, каде – Срби, Бугари, Турци, Власи и Арнаути.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се преселам и јас во реката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во тоа што веруваме мислите и зборовите енергетски ќе се трансформираат во дела, ќе се реализираат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Некогашен примерен дипломец на правни науки во Болоња, по ослободувањето на Албанија од фашизмот, во 1944 година, Бубуш ќе се вработи во Министерството за Правда, а потоа и на други работни места, како докажан експерт од областа на статистиката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама вели си ти, не се дува откако ќе се изгориш. Ништо не помага.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кој мислел, кој можел да верува дека неговиот престој во колибата толку ќе се одолжи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ќе изгласам свој совет и ќе судам. Милост ќе се нема за никого.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако е до тебе и тоа ќе се разболи од грип.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Си ми дошол в куќа. Седни. Ќе се расправите мирно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Братск не е многу далеку од Омск, каде што, нели, претстојувал другарот Тито кога џишнувал Сибир и тука, во Братск, саде за братски делби зборат, брат брата не ранел ама тешко кој го немал, луѓето во Братск многу се слични на едни Балканци во изумирање кои само за братство и единство и за други свечени песни од старата татковина кога ќе се напијат си ги кинат грлата – Републико мајко наша, од Вардара па до Триглава... Демек!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Еќрем–беј Влора, ќе се вреже во мајкиното сеќавање како прекрасен човек надарен со незапирлива добрина, љубов, но и смисла за хумор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе си дојде Апостол Макаровски, ќе се собува и ќе вели: Барем нозеве да ги пуштам на слобода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наместо дотогашното пресметување на пензиската основа за овие периоди врз основа на платите на засегнатите лица пред настапувањето на невработеноста, привремената спреченост од работа, отсуството од работа, односно инвалидноста, со усвоените измени определувањето на пензиската основа за овие периоди ќе се врши врз основа на соодветните парични надоместоци (чл. 2-4, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На празникот (бајрам) на рамазанските пости и на празникот (бајрам) на жртвувањето, султанот имал обичај на корпусот на јаничарите да им подарува баклава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што рика рикаше дивината сетната волчица пцоиса по голините не ќе се природи волче!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Може ќе се вика Мурат, може Муралај - не знам, ама дури и харем да има, око мое не ќе го види повеќе!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Фрлајте бумби, патрони, до еден да изгиниме, в раце не им се даваме! Сестрице, Мукос планино, од тебе ќе се делиме!
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Можеби, - се согласив со галебите. – Сепак се надевам дека еднаш ќе се сретнам со него.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кој е и зошто се крие, ако јас веќе сум потпишал дека ќе се согласувам со него?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Односно, дали Македонија ќе се задоволи со федералниот статус во рамките на југословенската федерација или ќе настојува преку федерацијата да го реализира обединувањето на Македонија во рамките на Југославија или во некој друг вид федерација, на пример балканска или во рамките на бугарско- југословенска федерација во која би влегол и делот на Македонија под Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откако ќе се разбудеше, тргнувавме кон атељето на некој сликар, за да прашаме дали ги запознал, дваесетина години пред тоа, сликарот Фридрих Рихтер и неговата сопруга, но никој од нив немаше чуено за нив, и она следно прашање: „Од кого тие го посвоиле детето?,“ остануваше непоставено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Штом ќе се увери дека не е привидување, го остава подавалникот и ја почнува својата игра да го разоружи Младичот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ќе застанеме, ќе се измиеме, ќе ручаме и ќе пиеме вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И птиците не се делат од своето јато Кога газиш, погледни , ќе се осакатиш од тло со трње животот е полн со веројатности Остануваш, ко изгубено кутре сред густа шума Лавови бездушни ќе те распарчат и нема да пуштеш ни солза...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не ќе можеш да се обесиш, вели, ќе се откажеш од бесењето. Ама има време, вели Давиде Недолетниот, еда, ќе најдам јас поубава бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По оцена на работодавачот, со писмен налог на овластеното лице кај работодавачот, работникот се отстранува од кај работодавачот со надоместок во висина на платата на работникот до донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување, ако: 1) работникот со своето присуство кај работодавачот го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност; 2) присуството на работникот кај работодавачот штетно ќе се одразува врз работењето кај работодавачот; 3) присуството на работникот оневозможува утврдување на одговорноста за повреда на работните обврски и 4) кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата (чл. 83, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рози си ја избриша солзата со зглобот од раката, онака како што прават децата, и потоа со детска наивност таа нагласи, „Тогаш ние ќе се ослободиме од неа.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едно слегување и ќе се склечка пред тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Лаже, викнал помодрувајќи до самата коса Гавруш Пребонд. - Лаже, ви велам. Од каква книга научил дека Фиданка, онака млада и врела, ќе се омажела за Доце Срменков?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали таа ќе се одважи и на еден Станиславски или Брехт да му каже: „До кога мислиш вака да се глупираш?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со кого ќе се разбереш, кога нема со кого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си мислам, сине: во каква болка Некогаш ќе се витка мојата жедна душа под неколку жолти цветови - Коњот сега кајшто си сонува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Вечерта стигнавме во Крстец и таму ми дадоа опинци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Каде, старецу? Јас сум. И сѐ додека лентата ќе се врти и додека скриеното електронско око ќе ги чита и одбира електричните импулси, претворајќи ги во зборови, ќе бидам млад и суров.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Миличок, учи да се штедиш – ми вели Хорацио, додека ми го менува облогот – Енергијата ќе ти притреба за да засакаш кога сите меѓусебно ќе се мразат и убиваат, за да се насмевнеш кога сите ќе се муртат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе се израмни со снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се затвораа во кошарите и се триеја, откако пред тоа ќе се насапунеа со миско сапунче, првин со суви кочанки, а потоа и со памучни крпи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Животот во паника ќе кидне прудолу да провери дали сѐ уште е тоа што мисли дека е: заден миг на свесност кога сѐ се претвора во блиц сеќавање во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност во сублимиран естезис оти нема време да се прераскажува на долго и на широко само извесна веројатност да се искаже без надеж дека ќе биде видено од некого  само извесна пасија по кажувањето  - низ реч, низ слика, низ музика, низ тело, низ плот...  само извесно насетување на вистината според логика која оди прекутрупа во погорниот, во вртложниот круг на небото кога тоа ќе се отвори во екс-та-за! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И ако реши човекот нешто да прави, како прв помошник книгата ќе се јави.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Некогаш ќе вика, вика, па ќе се изгуби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако ја кренам главата; - Кај гледаш, вели. - Кај да гледам, му велам, кажи кај да гледам, да не прогледам. - В земја, вели Јон, оти ќе се сопнеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И тоа ти се молам, пред валијата! А знаеш ли ти кој е валијата?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го слушашеше како џбара низ фиоките по нож, како ја бара штицата за сечкање кромид, како се чуди со што да ја исцеди половинката лимон - но не му помагаше, да види дали ќе се снајде.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас можам да скинам една, две, и толку. А ти цел ден да зобеш, не ќе се назобеш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во оваа статија јас ќе се потрудам да одговорам на тие и на многу други слични прашања и со тоа, според мојата сила, да ги разјаснам научните основи на националниот сепаратизам, како и да покажам на неправилноста на тие приговори што се поставуваат од неговите противници, коишто со тоа сакаат да го компромитираат него како нешто вештачко.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше убеден дека некој од нас ќе се соблече гол. Набрзо сето тоа ни досади па се спакувавме и отидовме дома. 224 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми се причини дека ме воведува во некоја игра за која немав слушнато, а од која сепак, на крајот, ќе се појави некое чудно, можеби и непријатно изненадување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не е важно како ќе се вика, - вели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога ќе се сетам на оној месец... ... – кога твоите беа во Индија? – ме дополни и се насмеа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Анализата се однесува на периодот од почетокот на транзицијата до крајот на 2009 година, при што ќе се врши споредба на одредбите на измените и дополнувањата со законот на кој се однесуваат, а онаму каде што дошло до усвојување на нов закон, ќе се споредуваат одредбите на новиот закон со одредбите на претходниот закон што ја покрива истата материја.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И не настрадуваа само житјата и бавчите, туку и овчарските кучиња: ќе се здавеше некој овчарски пес со нивните, со `ртките и со загарите, а тие ќе го земаа на нишан со пушката и наместо мртов ќе го оставеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека овчарот расправаше за Толевите подвизи, додека војводите се советуваа како ќе се држат со Толета, додека го утврдија планот за амнестијата, Толе со дружината се зададе на чистината од преслопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, бидејќи изгубил надеж дека со личен труд ќе се здобие со наследник, можеби ѝ дал некаков знак на жена си да се потруди да му помогне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во Грција е прв крал баварскиот потомок Ото, и се раѓа еден Леополд (под протекторат на еден Леополд ќе се создаде колонијалистичкото Интернационално африканско здружение), и се раѓа американскиот засмејувач и исмејувач Марк Твен, врсник на рускиот сатиричар Минаев, и една јармодржечка сенка ѝ ја отстапува круната на другата што се надвиснува над подјармени народи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се фатија некои и од милосниците на чаушите и сејмените, та ја донесе тој натемаго и црна Стојна Ѓупката, милосницата на Аќифа. И кај ќе се фати — до Проќа Толева.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моиве очи се клуч, а очите клучалница на вратата која ќе ја ослободи мојава заробена душа растргната помеѓу две сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Порано или подоцна тоа ќе се случи, силата ќе се претвори во свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако јавноста на главната расправа била исклучена, изреката на пресудата секогаш ќе се прочита јавно, а судот ќе одлучи дали и во која мера ќе се исклучи јавноста при објавувањето на причините на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Ти најди си сенка, - рече едниот - а јас ќе се лекувам овде на сонце.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дождовите не престануваа, каде и да зачекореа, луѓето мислеа дека ќе се издаваат во калишта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По цела ноќ, по цел ден, само не задевај го, тој ќе лежи до огништето или ќе се сонча на прозорот и ќе преде.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се сеќавам, еднаш, тоа одвратно огледало се запна да ми докаже дека ушите ми се клапушести, еднаш пак дека морам веднаш да искубам половина од влакненцата од веѓите, зошто такви какви што ми се ме прават да личам на був, а пак едно утро, ох, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Камилски се насмеа, но потоа, прифати со сериозен тон: Смеата настрана, но нема збор што би можел, подобро од оваа поговорка да го долови не само албанскиот туку и целиот балкански инает, создаван и пластен во времето на османското владеење во нашите земји!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понекогаш, ја заклучуваше во најмената соба над кафеаната „Боеми“ и ја оставаше да го чека, кога, околу полноќ, ќе се втурнеше смрдејќи на алкохол и цигари, хистерично се обвиваше околу него, го љубеше очајнички, збивташе како повреден пес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А таа тешка задача ќе се постигне само ако Македонецот од Северна Македонија му подаде рака на својот брат од Јужна Македонија и оној од Западна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивниот приод е космички и доколку во моите песни го има космосот, тие ќе го чујат и ќе се одгласат. ...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога ќе се разденеше, во снегот наоѓавме завеани зајаци и лисици, еребици и срни и разни други живинчиња. Маче до куче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Штом ќе се спуштеше мракот сѐ живо заминуваше по куќите како во гробови, помисли, занимавајќи се со своите размислувања.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но ако го подбереш со клоца, ќе се скрие зад некое ќоше и отпосле вреска.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
В село, за некој здрав, силен маж често ќе се речеше дека е „како Јурук“.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе се договориш пред да почнеш. Не давај да те лажат!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе се навали на една страна толпата и ќе се урне, ќе се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во борба против агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веројатно не сум знаел точно кога почнува наставата во Учителска, во записот стои дека тоа ќе се случи дури на крајот од месецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не исправајќи се, избезумен од надеж дека го дочекал мигот во кој ќе се прости од маките, голиот поп без двоумење покажа со рака кон домаќинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби ние ќе се доближиме до одговорот со нашата мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но не ја прифатив како добронамерна оградата со која се обиде да ми предочи дека не било се едно кога таков малер ќе се случел во куќата на обичниот човек за разлика од генералот или високиот раководител.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ја продолжиме борбата, да паднеме побргу да ги платиме гревовите или ќе се криеме во глувчева дупка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Да се случеше барем во одаите на некое воено лице со два чина пониско“, заврши таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некој, туѓинец, кој не видел жени вака избрбешкани со лепешки дури догоре, дури до пушталките, сигурно ќе се згнасеше кога ќе ги видеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Турција ќе вели оти таа сѐ што може да направи ќе направи и направила, а повеќе не можела да направи затоа што комитетите не му даваат на населението да се успокои, а во една земја каде што сѐ е во воена состојба сите добри намери на владата се рушат од спротивставувањето на немирното население; а ако воената состојба се продолжи повеќе од една година, реформите ќе застарат по наша вина и ќе се закопаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И, што ќе се случеше доколку можев да ја остварам злосторничката намера која не вклучуваше милосрдие, но за која постоеше неколеблива причина?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Борис Калпак му ја подаде пушката на Чучук-Андреј. „Заповедај, синдраку, да си ги измериме гробовите. Рацеве ми се празни.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе помислат луѓето на журка ги викаме, со Ред бул место малихерки ќе се појават на Мечкин камен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дали и Москва ќе се урне на мене?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Змејко беше готов да излезе и да го земе утепаниот волк од под прозорецот, но уште веднаш, штом помисли на тоа, го виде како од зад првата сенка се подава и како почнува да лази кон неговата стреа прво еден друг, а само по еден миг шумата ја напуштаа ползешкум и се насочија право кон неговиот прозорец барем уште десетина такви долгнавести прилики со шилести муцки, безгласни и со подвиткани нозе под себе, многу слични на штуки, кога ќе се гледаат озгора во мочуриштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, ниту Снеже ниту Саво не ја губеа надежта. Знаеја дека еден ден и во нивниот дом ќе се чуе детскиот плач и смеа и дека ќе бидат добри родители.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе се надоврзам на претходното прашање. На неколкуте фотокопирани листови од каталогот на твојот последен проект „Досие ‘96“ пишува дека спонзори се две Министерства и Сорос центарот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие коски ќе нѐ задушат. Ќе се обесам, ако не се случи.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кај казнивите дела против правосудството постои и делото „Поднесување лажни докази“ според кое тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А сетне, со време и сами ќе се свикнеме да се сметаме за погрчени и сите другите ќе нѐ сметаат за погрчени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе бувне ветерот низ решетката и ќе се срони ко песок на мене, ќе ме згугурави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеш ли да замислиш што ќе се случи? Со секое умножение, ние се оддалечуваме од Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас молчев и мислев на Рајнер; во мене се бореа стрепењето дали ќе се врати и сигурноста во неговото ветување. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напролет, предвечер, ќе свирнам со кавал, слушам славеј ќе се огласи, ќе свирнам пак - тој одново ќе се огласи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Жени, рекла игуменијата Минадора. - Месете погачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како карпата да беше тој самиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сенката му се сопнувала по нерамнини. И токму таа сенка како да го задржувала да се оддалечи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По Востанието бројот на незадоволните од обете пропаганди ќе се израмни со зголемувањето на незадоволните од бугарската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Има да се знае, и тоа еднаш засекогаш: кога Зоки се бања... то ест, кога мора да се бања, ќе се бања... то ест мора да се бања сѐ околу него. И точка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Најпосле сеедно ми е каде ќе се реши, само еднаш да сврши сето ова...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отвори го прозорецот, ќе се смрдиме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се сетам колку бевме среќни кога се поштевме како Коста и Атина Папастојку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се исправа пред седелката, со левата рака држејќи се за дрвото, а во десната држејќи го секирчето, некое време се навикнува на темницата внатре, потоа, кога го здогледува бувот, исправен и скукален сред седелката, го зема со секирчето од страна, оддесно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но, ако секој разговор помеѓу луѓето води кон меѓусебно разбирање: Ќе се престане ли со голтање на апчиња? Не. Ќе се голтаат, ама од хоби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се навикнавме во грч да го чекаме да наслушнуваме кога ќе се приближи, и благо да издишеме кога ќе нѐ одмине.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Останаа во свеста само оние три стебла на брегот – Како три тажеленки над морето, Како три крста, Три меча: Дење што го милуваат Ноќе што му шептат Во која насока заминаа децата И кога – ќе се вратат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А кога ќе се разбудев, на прозорецот гледав само обични сенки од фикус разиграни од слабо ветре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Те бараме да ти кажеме и ти да знаеш и да сториш нешто“, ми рече Михајло. “Сѐ ќе се исуши, и сѐ живо ќе цркне“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ додека не е така, и понатаму ќе се намалуваат и кршат правата, а студиите од овој тип, за жал, ќе имаат неисцрпен материјал.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ќе ја менам верата и ќе се потурчам. Турците јадат баклава, татлии, локуми и се гостат со слатко и благо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Јас бев секогаш сигурен дека ќе се вратите еден ден! рече букинистот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ХРИСТОВ: За тоа време, мила, ти не треба да се грижиш за мене, јас... како да речам... јас ќе се наоѓам на сигурно место и... воопшто за сите работи ќе се грижи ЦК.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МАТЕЈ: Договори се ти со гостите. Ние лесно ќе се погодиме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Утре ќе заминам да ја видам Лузија Земанек, да го земам она што е мое а што остана кај неа, и потем ќе се оддадам Богу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Подоцна ќе се погрижам и за вас - рече, влегувајќи во сопчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние сме мал народ, вели, и ако не можеме да се браниме со сила и со оружје, ќе се браниме само со господа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дали и ние ќе - кога ќе пораснеме, ќе се однесуваме така?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Иронијата е уште поголема, кога ќе се земат во обзир природните богатства: Руди, топли подземни води, плодни рамници со богат род, реки со силни водопади и што ли уште не...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Да бидеш сам, вели, е работа на навика. Осаменоста е како песок, ќе мрда, а потоа, кога ќе се исцеди, ќе се сталожи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Рада, моливот и листот в рака додека да проработе „чудовиштето“, а ние, во име на љубофффффта кон твоите приказни, ќе се стрпиме и ќе те очекуваме со нови приказни.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ЉУБА: Како не! Напротив: јас сега ќе се погрижам за тортата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Толе и Јован се поослободија. Значи, имаат време, ќе се мрднат од местото дури да се разбере работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако почекаш уште малку наместо ти него тој ќе те исфрли тебе. Овој стан е на оној што ќе се избори за него.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
— Ладно ми е, велам, халодно. — Привикат, слушам, ќе се навикнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека ќе можеме да издржиме нешто такво, мислеше, просто прашувајќи ја бичкијата пред себе. Ќе се обидеме, си рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Само тоа? - Само тоа, Зоки. - Па тогаш јас ќе се оженам со тебе, бабичке...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Татко му ова го проследи со коментарот дека тој уште кога за првпат ја видел знаел дека таа вртиопашка отсекогаш била подготвена на такво нешто, но тој да не се грижи, туку по завршената работа да се врати во Софија, не во оној брлог во кој живееше со неа, туку во својот вистински, дедовски дом па тогаш „ќе се најде некое ново и умно решение”.  За Константин З. сè стана безумно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ќе се стигне на најгорното од тие скалила, се свртува лево, преку простран ходник се влегува во широка и длабока, сала, богато наситена со виделина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само нека се вратат, ќе ги фати, ќе се затвори со нив во колибата и ќе го чека денот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што беше тој крив? Можеше ли тој да знае дека неговата тиха појава ќе предизвика таков немир во оваа осамена куќа, дека ќе му се противстави тој на еден човек што ќе се најде побуден да го брани од него најмилото?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе се дигнам и ќе ја видам распната врз многуте камења поразјадена од средна месечина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако биде чиста и внимателно испишана, тоа ќе кажува дека си добра ученичка и сите ќе се гордееме со тебе.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе поминат тие петнаесет сантиметри, ќе се јави друг: Сега веќе, кај да е, ќе смени! Абре ќе смени, како не ќе сменела!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Удрете, еве ги клековците, да викаат по нас. - Се колевме вчера со едни, денес ќе се колеме со други, им се придружил пискотливо и запенето Метуш Батковец. - Ќе се колеме, готово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црнецот има благи, детски насмеани очи; ако се бара, во нив ќе се најде љубов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Море каков автобус, ти луда да не си? Земи такси.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како ќе се сретнам денеска за првпат по ова кога ќе се вратам дома, како ќе се погледнеме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Цврсто ги затворив очите и ги стиснав ушите со дланки, за да не видам и да не чујам што натаму ќе се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И да се стрчнел не ќе можел да ја стаса девојката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога некое од поголемките школници ќе се понудеше да ѝ помогне, таа само одмавнуваше со раката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секој ден треба да е трагање по емоции и убави чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Здружно! Иван Степанович често нагласуваше дека од лозинката Еден за сите - сите за еден, повеќе му се допаѓа нејзиниот втор дел!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Та доречи, вресна во себе Змејко. Доречи дека пукаше од страв. Доречи, испразни, па белки така ќе се исчистиш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Венезилос ќе рече: „Словеномакедонците не се чувствуваат ниту како Грци, ниту како Бугари“ (фала богу, фала богу) и се прави Абецедарот, лепата чупа п'лни вода, но под притисок на владите од Софија и Белград, се уништува, а Венезилос пак ќе рече: „Ако Словеномакедонците бараат училишта на својот јазик, јас ќе бидам првиот во Грција што ќе се заложи за нивно остварување“, но пругоре вода не се навраќа, оти и врвот се плаши од потоп,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурен бил дека овојпат ќе се налока словенска крв.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Националниот сепаратизам ќе се зголеми исто така и од лицата што ја осознаваат сета штета од националните и верските пропаганди, кои под вид дека ги бранат нашите интереси, безбожно ги експлоатираат нив, и коишто ќе се решат на борба за националното обединување на Македонците против сите тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Заврна ситен есенски дожд. „Некаде да се засолниме“, предложив. „Мајкин, ќе се истопи. Шеќерче!“ ми се сврте со подбив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама, само што ми отишле очите на таванот, ќе се јави гласот од шпиончето: — В кроват нелзја лежат25.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КИРО: На еден договор. (Пауза) Ќе се видиме. До гледање. До гледање Рајна. (Излегува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со револуцијата напролет ќе се користат само нашите непријатели што си имаат само сметки спротивни на нашите национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се сретнуваш, ќе се пресретнуваш вака: еднаш ко непријател, друг пат ко друго, така било во животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преку ноќ биле обесени црниот просјак и крадец Циганот Рамо и православниот арамија Невенко од кого пропиштело сѐ живо, некрстено и крстено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А навечер ќе чекам да излезе месечината и ќе се потпирам на пенџерето: ќе собирам, ќе одземам. Чкртај, приѕирај...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку, нека се живи. ќе пораснат, сами ќе се бришат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стврднат како да ја чека смртта, мислеше дека ноздрите му се полнат со кисела, пресно ископана земја и чекаше - можеби веќе не ќе се пропнува проклетото `рзнување од кое се умираше побрзо и од острицата на зракот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нели и јас а и Катерина, како и сите ние, ѝ припаѓавме на неброената толпа што ѝ робуваше на познатата навика: да се одложува повлекувањето на потегот што води кон добивката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа сосем спокојно верував: ќе се сопнам на неа и во пад ќе ја приклештам под себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но возбудата пак ќе ги обземеше штом ќе се проносеа нови вести.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Значи, овие црни водје ќе истечат, ќе се избистри водата, - му велам на Турчинот и при тоа чуствувам некој радосен подем во градите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Киевското комунално претпријатие почна да покажува знаци на бурна енергија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така тој ден: - Ќе се дружиме?! – ја прашувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мораме да научиме да му се опреме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повелете... Ве чекаме... Но, овојпат нема лесно да успеете. Малку ќе се помачите...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Изградил куќа и сега, кога ќе се врати, ќе побара да го примат како „печен“ монтер во „ФЕМ“ во Неготино.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зар не беше оваа библиотека збир од соништата предизвикан од секоја книга, кога прв пат ќе се најде во рацете на сопственикот, поврзана со некој настан, задржан во потсвеста и сега се појавува во сенката на ноќната тишина на библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- А ние – што ќе се случи со нас? Зар и ние ќе станеме споменици на мразот?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Србинчињата играа ситни ора. Ќе се фатат за појас, под мишките и само ќе претаат со нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исповедал други, ќе се исповеда и себеси, ќе се ослободи од тежина што го јавала триесет и една година, значи од смртта на деведесетпеттодишниот Лозан Перуника, потоа ќе појде утре со пленетиот машингевер кон слава од која огнено ќе прснат легенди и идни спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И сончевата светлост на нивните лица помодрувала. Господи, каде се изворите на спокојството?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејсе. Ќе се изнаредеа, седнати крснозе: Ставре Рибарски, Караќозо, Јордан Арето, Сугарето, Петре Енџо Ване Мицо...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но тој, и не погледнувајќи ги, знаел која е трудна и која кога ќе роди и женскомашки се клештел - ќе им подвикне, ќе се разбегаат како чавки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и младоста и радоста ќе се врати, за кои со толку тага ѝ зборувал Анастас ѕидарот на Надежда Мирска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
МАТЕЈ: Отвори. (Пауза) Отвори, ќе се шишам. БОРИС: Сигурен си?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Ајде да почнеме!“ рече Дејко. „Теоријата е заплеткана. На практика ќе се види.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Оние што ќе преостанат. Рековте дека ќе дадете нешто за нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе погледам така во снегот, како се качува крај куќите и на куќите, и пак ќе се вратам дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му кажуваа дека се тука и попот, оној што ја отвори црквата на горниот крај од селото во која сега живее Доне Ќосиот, му велеа дека е тука и Тушимката, онаа што си го криеше мажот, кутриот, во долапот за да не го земат партизан, ама таа, знаеш, бесоите си ги стишувала со попот, и додаваа Пак со Господ напред ќе се враќаме, дедо Костадине!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
КИРО: До грло. И ако треба ќе се продадам до уста. И до уши и преку глава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Прашај една, прашај друга и така ќе се научиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И ќе рипнам во сонот, ќе се тргнам од занесот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А кога ќе се сети, ти вели: Ми иде, сосе вошки, да си ја изедам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Плеќите ми се прешироки за студеното трико на земјата. „Мануш„, не издржа бессилно да ја удави со ракија маката. „Спреми се за акција. Ќе се движиме по азимут.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А можеби и самиот живот ќе се обиде да ми ги препорача тие збунувачки пораки, а не оние лековерници што некогаш одамна животот ги има збунето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така тој по нивјето, по гумната, таа дома — ретко ќе се сретнат до есен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За утре, - рече Србин, - В црква ќе се одело. Во Богородица Коленовска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Повторно ќе се сретнеме - ако воопшто се сретнеме...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се бранеше, Проказниковите обвинувања не му ја засегаа душата, но бездруго му студеше или се срамеше од извалканоста на своите гаќи околу кој се мавташе долг учкур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе се венчаме, велам, му го земам зборот од уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Томе се закануваше дека ќе се прекачи по оградата и дека, ако не го пуштат, ќе им каже на сите деца дека на Дора и на Ане им се допаѓа Огнен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
МВР води евиденција за издадените потерници. Податоците за лицата против кои е издадена потерница се бришат од евиденција кога потерницата ќе се отповика (чл. 559, ст.1-2 и ст.5-6 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што значи, последица од тоа е што се отвораат просторни коридори кои меѓусебно се ривалски; во нив влегува еден таков збркан перцептивен систем и на мозокот му се чини дека се создаваат цели нови универзуми.”
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Фурнаџијата Парнаџиев, кога ќе загуби трага на некоја тава од фурната секогаш пронаоѓа прифатливо решение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако сака господ, годинава едно, до година две, три, пет, ќе се намножат и женски деца и еве ти во Витолишча и даскалица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ТРОШЧЕЈКИН: Не, не, секако ќе се тргнеме одовде, а потоа ќе размислуваме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некои се задоволуваат со тоа што ќе сменат чорапи, некои други се поамбициозни и менуваат фризура, некои го менуваат распоредот на мебелот во дневна, некои менуваат работно место, некои брачен партнер, некои одат дури дотаму што ќе се променат себеси...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Можам да си замислам колку ќе се радуваат и баба му и тетките, кога ќе разберат!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кравата уше не е отелена. Можеби поручек, а можеби вечер ќе се отели.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
БОРИС: А тебе ти се допаѓа. Инаку ќе викаше на цел глас, ќе се фрлеше низ прозорец.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Очите, сини, неспокојно му блудеа по предметите и само понекогаш ќе се запреа на некоја тајна точка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во неговиот делокруг сега ќе се најдат „корисничката површина” и софтверот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Маренецот порача едно оро, ми се чини, за да видат дали ќе се фатам до него, јас имав обичај да се фатам до ороводецот, но сега не се фатив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако речеш отиде, тоа ти е како да има надеж дека ќе се врати...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе ѝ појдеме тамо, ќе се видиме и ќе а наредиме сета работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но штом ќе се напластеше снег, со морничави ноќни завивања го покажуваа своето присуство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекори внимателно доктор Сашко Кедев како кога се влегува од една во друга празнина откако ќе се почувствува моќта на возвишеното.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ако кај повисокиот суд, во постапката по правниот лек, одлуката е донесена едногласно – нема да се состави записник, туку на оригиналот на одлуката ќе се состави забелешка за советувањето и гласањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
14. Летото двајца другари, кои беа на лекување во Скопје, испратија писмо до Захаријадис: ,Ќе се вратиме со една наша дивизија, под услов и командантот да биде наш".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак ќе запрам и пак ќе си речам, што барам сега назад, ќе си речам, што барам кон местото откај што тргнав. И пак ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
20 Метеоролозите навестија дека конечно времето ќе се подобри - конечно Марта ќе се предаде, ќе му го отстапи местото на април и на пролетта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Жали што ќе се загуби и духовно ќе осиромаши „во прериите на бизнисот”, губејќи ги своите шанси заслужено да заземе трајно место во тековите на европската духовна авангарда каде што имаше што да каже, можеби како Балканците Емил Сјоран, Јонеско и други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ќе се потпикнат некаде и ќе почнат да клоцаат со нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лебами, да најдам нешто, ни многу младо, ни многу старо - ќе се женам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се враќам и чекам дали ќе се накрене Здравко, дали ќе каже нешто благата вода. Ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Не знам, велам, но штом те јаде носот, ќе се караш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Кога ќе победи комунизмот, ми вели, ќе се исправи и мојата природа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Нека го доноси овој пат, Боже, нека го доноси, доста беа веќе искушенија, оди кај друга некоја, доста веќе, таа заслужи да стане мајка“, се молеше и му заповедуваше на тој што прави распоред во која куќа ќе се пружаат пелени. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некој се сети да се миеме со пепелница. Мијај, тријај и некако ќе се поодлепи косата, ќе се позачистиш. Ќе се причестиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се дрзнам само да го додадам моето понизно барање: Вашето Величество да го прими моето скромно дело со благонаклоност и да продолжи да му ја пружа својата пресветла Кралска милост на препонизниот и препослушниот слуга на Неговото Величество Авторот Лајпциг, 7-ми јули 1747. 18 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како ќе се врати сам?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Отец Симеон не можеше да се насмее, весело да заклокоти од грло - сувата кожа на усните безмилосно пукаше од жештина. „Ќе успеете“ ,им рече не гледајќи во нив. „Ќе се обидете ли?„
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе се истргнам и од овој мрак, ќе го истресам правот што овој пат и на овој пат легна врз мојов шинел, ќе се истурам на широк мегдан, ќе исчекнам и не итаница, ами полецка ќе стигнам онаму кај што ме чекаат другарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе се делат пакети и ќе застанеш и ти со нив да чекаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Одвреме-навреме по некој од познаниците ќе се присетеше да му го посети вечното почивалиште. И сите се морничавеа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога ќе се смиреше, по испиеното кафе, во утеха ќе си префрлеше дека сепак не е негова работа да си го цепи умот за далечната иднина, за комунизмот, има за тоа поумни глави... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури некогаш ќе се сетам дека само јас сум плачела. 19.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Може ќе се чудиш, ама едната од нив е илустрирана енциклопедија за моето најомилено животно, мачката!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дувај на свеќите од колачот роденденски, токму на средина сум родена и немој да заврнеш, ќе паѓаш како снег кога ќе се замениме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како таа да не била предвидена од резонот на апаратските бирократи кои ќе се покажат мошне вешти со нивните први реакции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но таман ќе заклучите дека е лажно кога од некаде пак ви доаѓа идејата дека тврдењево мора да е вистинито. Пробајте и ќе се уверите!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како ќе поминам низ град ваков...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Племето Crow: момчето ја бара раката на девојката, која ја дава својата согласност под услов идниот младоженец да ја донесе косата на Црвената глава; момчето поаѓа на пат, со помош на магичните помошници успева да му се приближи на Црвената глава и да се омажи со него - откако ќе се престори во “девојка”; момчето го убива Црвената глава и му ја одзема косата по што може да се ожени со саканата девојка. 104 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Никој не пушта глас, ама Чана се подмрднува на едната страна во вратата, им го ослободува поголемиот дел од празнината во која ќе се мерне ту пасамок магла, ту црна валма од главата на возот, ту во далечината снагата на некоја планина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога до коска ти се повредени чувствата, наместо рационално размислување, секоја клетка ти е исполнета со разочарување, животот ја губи секоја смисла.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш ќе се има можност да се види оти нашите интереси се така сплетени со нивните што со загубувањето на едните губат и другите, а сета полза од нашето непријателствување ја извлекуваат трети, ќе се рече, малите балкански држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе се збогатиш, велат ѕвоната на Шоредич“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
После ќе се намачам да ја одлепам мастиката, а јас сум виновна што ме мрзеше да ја фрлам во ѓубрето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А Бајазит, ќе се појави ли Бајазит макар во својата носилка украсена со пердушки, свилени пердиња и скапи камења?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- За буна и за бој што ќе ви донесат слобода, - им објаснив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Што ти е, Роса, ѝ велам, не гледаш дека ќе се изгориш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Рацете ги држеше во џебовите, од страв да не ја дофати праската, а се знаеше што ќе се случи ако ја фати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Има и други работи што ме јадат, а една од поважните е дилемата: треба ли да имам „дечко” или не, рано е или ќе задоцнам ако наскоро не почнам со тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Ќе те најдеме подуен. Ќе пукне јажето ако се обесиш. Или ќе се обесиш како што беселе јаничарите - на кука.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и месечината да удреше во планински врв и да се распрснеше како фрлена диња на камен, не ќе се исплашев повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, такво чувство опфаќа кога воланот се ослободува од рацете и кога човек ќе се ослободи од дневната возачка психоза на напнатост и кога ќе престане да се тркала и да мисли на машината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- И ми се случи, ама сè добро помина – реков и пак се расплакав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секој сериозен обид да се одговорат прашањава би нѐ одвел далеку зад границите на тукашнава студија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бисера ѝ јави на Тода дека Крчето замина со Бугарите и Не знаеше да ѝ каже дали ќе се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се загрее алиштето и — пам, пум — ќе почнат да пукаат, мислиш некоја престрелка, пушкарање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само ќе истрчаат од окопите, ќе испукаат и пак трчечки ќе се вратат в окопи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние тогаш велевме дека ќе дојде денот кога пролетерите од сите земји ќе се соединат и сите во светот ќе имаат облека и предмети какви што имаше само во каталогот на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаев како изгледаат прославите, дека и на оваа, како и на сличните на неа, ќе се држат говори за големиот зафат, за акумулацијата од 220.000.000 кубни метри вода, и за ползата од неа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како да сум излегла од жива кал, од мочуриште. „Ако не сака господ да те загуби, велеше мајка, сѐ ќе се најде нешто да те избави.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излезе како што ми рекоа: да го носев, можеби самата ќе се застрелав...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Својот страв му го пренесуваше и на дедо, ама тој велеше дека ќе му мине ќефот по книгите на синот, штом ќе се ожени, дека ќе го навасаат тогаш други грижи и ќе запре со читањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Да ја испржевме и да го натопевме, па да видиш како ќе се лизгаше низ грлото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Впрочем и јас, во минатото, на сонот му давав предност, иако потоа, при првото будење, па и тогаш кога будењето ќе се случеше во никое доба, не се стеснував да му се навртам на првото лапало што ќе го напалав во темнината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаеме што е пред нас и позади нас, минатото секогаш ја стигнува сегашноста, ќе се испреплетат, ќе се сплотат и ќе ја создадат иднината и ништо нема да сфатиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако се откажам од нас, ќе се откажам и од себе...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Гледам ќе се убие девојчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ќе се искиваше во дланките тресејќи ја главата како да клука, ќе ги избришеше темните танки усни и одново ќе мрднеше со ретките веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И отец Панделиј; кревајќи прст како да покажува на невидлив сведок, рекол дека само тоа е вистината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо и овој пат е сигурен дека стариот ќе се дотетерави дома во никое време и стишен, темен ќе падне в постела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе се измеша, свети исто како газија - му објасни чичко Тале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Видовитиот ги враќал кон стравот. - Сепак јас знам, синдраци мајчини. Ноќва ќе дојде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: „Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
— Е шо велиш ти, шо велат тие умните глави, како да работиме? — праша Толе, кој дотогаш ги голташе Атанасовите зборови. — Тоа е друга работа сега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку многу ми студи што ми се чини дека ќе се раззрнам од тресење кое дури и коските ми ги соборува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
— „Значи, сега Крсте ќе се заборче кај вујка си и после ќе му ги одработува“ — Ц'к, ц'к!“ — си направи таа и му рече да не заима.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турчинот ќе ни дојдеше во куќата, ќе се најадеше, ќе се напиеше и ќе ни речеше: Бре ѓаур! ај донеси ми тоа и тоа! – ќе му одговоревме: Сега, беим!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И конечно, во казнивите дела против правниот сообраќај постои и делото „Фалсификување исправа“ според кое тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Обидот е казнив (чл. 378, ст.1-2 од КЗ). 271
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И тие со трчање ќе се вратат назад викајќи: идат и жив глас носат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запомнив дека, кога дозна каде ќе се копа, мајка ѝ на Надежда, старицата, рече дека имала слушано оти на тоа место и порано имало бунар, но многу, многу одамна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со најновиот позитивен развој на настаните, Јакшиќ се надева дека сега ќе се повтори граѓанската постапка 11 и дека овој пат правичноста конечно ќе победи, а тој ќе биде во состојба да ги подмири долговите кон своите роднини и пријатели кои ги создаде овие години за да го спаси видот на едното око, а и да добие средства за да може да отиде на операција за, со помош на трансплантација на рожница, да го поврати видот на окото и како порано да биде нормално способна личност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некогаш ќе дојде Чако и ќе се помитка околу мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку некаде ќе се подотвори и пак во бело ќе се завитка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Тате, гледај, - вели тој - утре и јас ќе се преправам, Турчин“. - „Добро, чедо“, - му одговара татко му.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- А како ќе се веселиме? - праша друга мравка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во капитализмот, обидите за итра добивка (во случајов, зголемување на бројот на жители за кои ќе се плаќаат такси без никакво вложување) сепак не можат да се сметаат за нечија фатална грешка, зашто, во спротивно, не ќе постоеше брзиот и лесен пресврт на капитал…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со поканата со која се доставува тужбата, тужениот ќе се предупреди дека е должен да даде писмен одговор на тужбата во рок што ќе го определи судот, кој не може да биде пократок од 15 дена, ниту подолг од 30 дена од денот на приемот на тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шета со погледот низ селото и гледа: си останало исто, си го задржало истиот изглед; има по некоја куќа нова или обновена, но не се раширило, си ја задржало онаа своја збиеност: од која куќа да викнеш, на другата ќе се чуе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ајде, да одам да ги донесам. Ти чекај тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас бев крива што мостот беше малку расипан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Помина уште еден час и да не заѕвонеше телефонот Ѕ ќе се загрижеше најмногу на цел свет!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе видиме што ќе се случи...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И луѓето кои минеа крај нејзиното песјо живеалиште, ќе го поитаа одот, ќе го подголтнеа зборот, ќе се сокриеја во себе за да не ги здогледа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така топлината ќе се шири низ целата просторија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И покрај штотуку завршената прва година средно, таа изгледа сосема немалолетнички, со што ме убедува дека веројатно ќе се јави уште утредента наутро, и ќе продолжи да ми ѕвони упорно, во кратки интервали.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Кришум на грб ќе му закачеа парче книга со некаков напис и ќе се смееја по него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се истурила кантата со измет, се истркалала меѓу нас и ние ќе се фатиме да се кубеме, да врескаме. Лудница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А пијавиците откако ќе се нацицаат од крвта, ќе се подујат и ќе паднат на перницата од татка. 38
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се закријам во некое долче, зад некој шип, и пак слушам: — Кај ќе одиш, Небеска?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или каков било доказ дека ќе се случи?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ќе се ослободиш. - Не те разбирам - Патрокле гледаше во неговото бледо лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама.. Пеколно е добар начинот на кој ме управуваш кога ќе се стемни. Убав е начинот на кој се смееш.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
„И јас би сакала да бидам јака, Кети, за да можам да работам исто како тебе. Барем ќе се обидам.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За ваквите појави имам и еден друг збор, манипулирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ВЕЛКОВ: Тоа значи ѕидовите да се соголат до тулата. Одлично. Многу ми помогнавте. Благодарам. Ќе се видиме ние пак.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но се случуваше некој од чуновите, кога не ќе се појавеше змејот да ја мине границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога ќе се видиме другапат ќе ми и дадиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само со чунон мој, реков потоа. Ќе се префрлиме, реков, на најтесното место до другана страна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На едно местото не можевме да останеме, нели сестро? зборува Пелагија, нам не ни е судено нови станови, не се запишавме за државјанство, како да ќе се врниме некогаш на дедови огништа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Цветан беше пребледен, а на Величе ѝ трепереа усните, како да ќе се расплаче во секој миг.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајкината историја на балканскиот егзил започнува уште од детството кога со семејството ќе се најде во Влора во славниот конак на Еќрем Беј Влора, внукот од вујкото на маќеата на Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ако ги прашам, моите сигурно нема да ми дозволат - рече Мила. - А, моите мислиш, да? – додаде Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Низ нејзините дебели стакла, точките од очи гледаа нагоре, а јазикот ѝ ја оближуваше месестата уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прифаќате? Значи, ќе се поврзам со нив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пушмарко, Баба, Јашмакот, Желчевци и сите други чаршиузлии, од кои утре ќе треба свадбарите да ги пазарат даровите дојдоа да обиколат и да го видат Перета; та дури и Даме кожуварот наѕрна да намириса колку кожува ќе се требни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе заседне во некоја биртија и по трипати ќе се менува во денот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, големата маса човечки суштества, кои обично заглупавуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат; и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сфатеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За советувањето и гласањето се составува посебен записник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
БОРИС: А ако не е? МИРА: Ќе се мачи. БОРИС: А како се станува тоа? МИРА: Тешко. БОРИС: А како изгледа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Многу внимаваше со ништо да не го изневери последниот редослед на татковите книги, да не помести ниту ливче, небаре Татко тука повторно ќе се врати, како секогаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да бев сигурна дека е Горачинов може ќе рипнев, ќе се прелажев. Вака ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Каде ќе бегаш сега? Во какво дупло дно ќе се скриеш сега?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да играше како нив на други места со луѓе од истиот сој, сигурно уште повеќе ќе се збогатеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И секогаш чувствуваше дека е таков кога ќе се сетеше на своето дете, на неговата густа црвена коса по која со копнеж трепереа неговите дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сам со себе ќе се изедам! (се слуша јако и непрекинато чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Меѓу вжештените извици, Ева балансираше како златокос палјачо со модри очи – од молчаливото насмеано кукле ќе се расприкажеше разгалената сестричка, а пак од оваа ќе проговореше некое стармало суштество во детско обличје.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Херкулес можеби не се радувал толку поради своите 12 подвизи колку Вие ќе се израдувате да ги видите резултатите на своето родољубие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе стане бугарска, зашто и е таква; да имаше во неа повеќе Срби, ќе се станеше цела српска и бугарскиот елемент ќе ослабнеше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Небото се иссипаничави, на неговата кожа стежнуваа многу такви парчиња месечина, потоа се движеа свијокливо, се прогонеа меѓу себе и прскаа кога ќе се допреа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под „други начини на справување“, таа го наведува спогодбениот начин на 245 решавање на споровите како убедливо најефективен, поефика- сен и мошне евтин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Не можеш да се омажиш за оној стар и исушен жабок. Не давам, разбираш, не давам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кажи ни, Гулабарине, што ќе ни донесе Арсо? - А од тоа што ќе го донесе ќе има ли за сите по малку?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова ми се сака и задоволно си продолжувам, знаејќи каде оди, за да дознам дали Луис Марија ќе ме одведе во Будимпешта, дали ќе се земеме, па да му побарам да ме одведе во Будимпешта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе се зацрвенеше и не можеше да престане.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
— И Сталин си отиде, вели. — Пак ќе се врати, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само чавките, тие ѓаволи, кога ќе се сјурат од камбанариите и од високите јасики - бог да пази...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
73. Владата просто сака да нѐ избави нас од празни надежи. Ако е сето тоа така, тогаш со што може да се објасни политиката на Русија по прашањето за Фирмилијана? – ќе се запрашаат некои. – Јасно е оти таа е србофилска. – Да видиме дали е толку јасно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа ќе се вртка околу тезгите, преправајќи се како да бара врвки за чевли и конец за шиење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како која градба ќе се извишеше над нив, така железничарот Круме сѐ пониско ја држеше главата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Седеа згрбавени, чиниш во своите пазуви кријат нешто што само тие го имаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Та сега нас ќе не сајдиса и помин со таква ќе се помине. Токо, ка да си правиме сеир со умот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А и нови потреби ќе се јават. Еднаш, кога се уште му пееше петлето на Боге од Бањи, лично му реков: зар мора мртовечките сандаци да се прават само од штици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, на секое мјаукнување, ќе се закикотиме со Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ќе се врати, прашува Ѕвездан. - Ќе се врати, велам, отиде да ја навади градината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе јадеш, ќе пиеш, ќе се веселиш како нив. Кадијата ќе ти купи таками поарни од нивните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Ти ќе се жениш со оваа...“ рече Земанек, не завршувајќи ја мислата, згадувајќи се.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но таа како да стоеја сѐ на истото место, повторуваше: како ќе се живее?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И можеби ќе се кренеше нешто, да не дотрчаа стражарите да нѐ избркаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чинеше дека и тој ден ќе се разлета на сите страни, а на негово место ќе остане само врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Судот ќе се откаже од изведувањето на докази ако износот потребен за намирување на трошоците не биде положен во рокот што ќе го определи судот (чл. 147, ст.1 и 3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дождот ја нападна земјата како армија што се прикрадува во непријателска територија во глува доба на ноќта, така што, кога ќе се разбудат жителите, ќе се најдат под оваа окупација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во секој таков лов, по неколку кучиња од жителите на Потковицата бидуваа убиени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Командантот на бригадата ни рече дека за три дена ќе завршиме и ќе ѝ дојде крајот на оваа проклета војна и дека тие, кои ќе се покажат храбри, ќе добијат една недела наградно отсуство.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе се рече, во средината на Македонија Срби нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се жртвувам за нив и нема да каснам од забранетото овошје.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И ќе се фатам пак така во некој блудничав сон: ми ја префрлил раката преку рамено, ми ги пикнал прстите во косата и едно за друго ме љуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак чекорев со сенка на продуван страв врз тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Сега ќе разбереме сѐ што ни треба, — му се обрна мудурот на јузбашијата и двајцата почнаа да кројат планови како ќе се заштитат при евентуален напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како ќе се оправдаме пред одделенскиот раководител?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Друг пат ќе се нафати да работи за ништо, а сега, налет да му е, ќе побара таква цена, каква што ни самиот не ја заслужува“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стариот беше решен да се стрпи уште малку, дури да дојде крајот на школската година, па после нека си одат од каде што дошле и сѐ ќе се сврши како што треба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ќе се удави! - ќе се чуеше престрашен глас на некоја жена што сигурно ова попладне првпат дошла на плажата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе се урне на нас, ќе нѐ запрета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ зависи од отвореноста кон себеси, од искреноста со која ја прифаќаш или не - вистината која те опкружува и која има големи, крупни очи кои гледаат и отаде невидливото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Луѓето застанаа да видат што ќе се случи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Црни топченца - како јадро црно монисто - може ѓердан да нанижеш додека се меки, откако ќе се потсушат - игла не ги дупи!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Имено, одговорно лице – кое со намера да прибави противправна имотна корист за правното лице во кое работи или за друго правно лице: создава или држи недозволени фондови во земјата или во странство или со составување на исправа со невистинита содржина, со лажен биланс, процена или 270 инвентарисување или со друго лажно прикажување или со прикривање на факти ја прикажува невистинито состојбата и движењето на средствата и на резултатите на работењето и на тој начин ќе ги доведе во заблуда органите на управување во правното лице при донесувањето на одлуки, ќе се казни со затвор од една до пет години (чл. 287, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Седам и квачам дури и не знам Дали ќе е ова уште еден Циркус Принтипрам* И дали ќе се испили беден или вреден стих од ова што се мачам доцна во ноќта – ѓупка кога напрегам гради и срцето тихо тупка во оклоп од коски А мојата душа расчленета Ко Лајбницовите Монади Моли: – наслони се стиху на моите мисли ко дете на мајчини боски 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Даскалов очигледно не беше спремен да ги прифати ваквите мои размислувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ако не завршиш со таа мансарда денес, ќе се качам горе и сѐ ќе исфрлам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе измислам една иднина и ќе се смирам, мислеше. Ќе побарам некоја Марија за една вечер, дури и ако не никне на врбите грозје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Впрочем, да се идентификува BAD, да се биде секогаш на штрек, го овозможува задоволството човек да се чувствува жив во време кое „врие од разуздана празнина и ѓубре”. Fussell вели дека нештото кое очигледно е лошо не останува лошо за долго, бидејќи некој ќе се сети, и bad ќе се воздигне во BAD, ќе биде фалено насекаде како вредно, како посакувано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И навистина, со голема радост го слушав бидејќи сите зборови што ќе ги изречеше беа од Иван, син ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко советуваше, но никогаш не беше категоричен, оставајќи си секој сам, во крајна линија, да одлучи за какво училиште ќе се определи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па после ќе се џарат што се прави на патот: кој поминал кој заминал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А птицата? Другиот не одговори. Се оддалечуваше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Господе! Пак сѐ ќе се повтори!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Им кажува нешто но само тие да го слушнат а тие како да го разбрале легнуваат на грб и се грвалаат по правта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Маглива елипса ја покрива мојава душа, можам ли да живеам без тебе!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Еве, синчево мое Петре ќе порасне, ќе дојде ред ќе се жени, ќе изроди дечиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе се преместам после во позаветно и ќе тепам бубачки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Токму за тебе ќе се залепи!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По падините се зеленее сочна и мека трева.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога странката со поднесок побарала одлагање на рочиштето, е должна да се информира во судот дали барањето е прифатено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И ќе го нема, со времиња ќе го нема, па пак ќе се појави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога детето и девојчето што ја играа ламбада на телевизијата ќе се бакнеа, ќе се бакнеа и Милчо и Венче.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дали дека на него се обрати случајно погледот на жената што бараше објаснение, а сега го потсилува тоа усмевот на онаа падната мазилка што, сигурно поради посилната светлина во салата, и самиот станува поизразит пред неговите очи, се пренесува преку цртежите на ѕидот, како да му е тука местото, како да не е ова изложбена сала ами кујничето во кое сега жената и детето нажалени ќе се вратат, да заборават уште една ситна болка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И ако стане тоа, како ќе заврши, кога овие несреќници ќе се фатат во костец со една империја?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Жените тогаш се собирале пред куќата на мајка му, влегувале внатре и молчејќи ја жалеле; тоа станувало оние денови, кога ќе се расчуело дека го носат врзан. Било заради кражба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си имал среќа, Марко, не треба да те пратам на хирургија да те шијат. Сестра Миро, да го преврзеш.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гол, секако бил штрклест, танконог и со ковчести бранчиња на градите, во тешката облека можел да биде само голема и долгнавеста бовча на која некој заборавил загрижена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа не е за плачење туку за во Вардар давење.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да се за арно, не ќе се измислуваше закон против нив, туку...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
МИТРЕ: Јас од оваа во ѓумчево ќе се напијам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Животот за мене одамна престана да биде игра, и притоа најмалку ги сакам криенките - му реков. -Зар грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не беше Љупчо толку дрзок, можеби директорот не ќе се налутеше и не ќе ги повикаше родителите. Вака сѐ ни тргна лошо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ќе направиме, - ѝ велам, - само како ќе се вика?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Те прашувам – ќе се качиш ли на дрвово? - Не, - одмавна со рака дебелиот. – Ти го слушна кивањето, ти качи се. - Ќе се качам, - се закани долгманот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
АНТИЦА: Ако си од благо, благо да ти дам (кинисува и со себе си): Ааа... ќе се рече стројница си дојдена, Е не ќе те измие.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дедо Геро, кога ќе немаше некоја работа, заедно со Јонета и со Гелета, ќе се искачеше на ледината над Петров Камен од каде што се гледаше далеку, далеку наоколу и ќе уживаа во убавините на Преспа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За умрените се дава на живи разни предмети и продукти да им се најде на тој век сереј — волната кога ќе се попари пушта жолта течност која се зика „сереј“ симсиле — род, потекло синдилија — кременисување од високо, паѓање, несреќен случај синдрак — синко (аугментатив од син) синија — софра, трпеза сињелко — господ кој се наоѓа на синото небо скипне — догорува оганот, скипнува сонцето, животот на човек кога умира скисна — ми се досади скопец — женски накит од сребро или бакар подресен со пари или трепки скорнам — разбудувам, дигам некого од место скубам — пасам трева слеа се — се стопи како восокот што се топи слог — нива слог сповојница — веселба по повод на новородено дете српјановец — рид над селото Витолишта сртам — висам, се врткам околу тебе срчка — види срдешница срџба — лутина ставам — се сретнав со тебе се ставив со некого, 2) Станувам од место старавински — од село Старавина стегната рака — скржав, стипца, циција стигна — роди, се породи жена стопанот — мажот, сопругот страк — парче борина странам (дрва) — редам дрва или друго нешто за товарење на добиток стрелушам — се потплашувам струнено — тканина или плетена врвца од козина суварија — турски жандар, коњаник сугарен —доцна, поназад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа никогаш нема да можам да го прежалам, ќе се задушам во сопствената продирачка прашина на вина која ќе ја носам како превез околу мојата судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можеби и лично ја посоветувал да се послужи со помошта на некој друг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се обложувам во пица, дека за триесет години ќе се испостави дека се луѓето креативни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дрогирањето, се надевам ќе се согласите, е далеку помек и „поморален“ чин од самоубиство.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Штом ми пишете да си дојдам крилја ќе си ставам и веднаш ќе се најдам овде кај вас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така ни течеше тогаш животот: ќе го призакопаш мртвиот, ќе му забуцаш над глава крст од две гранки, ќе се помолиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гумениот душек беше надвор, како и платнените креветчиња спружени среде оној карактеристичен мирис на блиското есенско согорување на билките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Предвечер ќе се спушти под Малиот мост на Сена и не ќе се чуди што од очите нема да исцеди ни една солза.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Браќа, можеле да пиштат од утроба, браќа, бидете на моја страна, другиов Онисифор ќе е ваша измама додека е жив, и само темно се гледале бедни, можеби и болни од неспиење, браќа, само за еден Онисифор има место на овој пат, судете, осудувајте, бидете со мене и не ќе се покаете, и молчеле очајни како да ќе ги остават засекогаш на тоа место своите неутешни души.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Што има на ова ЦД?“ „Нешто досадно, адолесцентот Лири. Дај да одиме понатаму и да го реформатираме.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да беше друга жена, тој сепак не ќе се оженеше со неа, размислуваше Ѓулсиме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше една вистина, која што почнуваше да чекори по земјата, веднаш штом ќе се објасни така, за да може да биде сфатена; таа вистина бараше пат кон срцата на луѓето и луѓето не можеа да не ѝ се приближуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прво би почнал да паѓа покривот врз таванот, таванот врз душемето, душемето врз тлото и потем сѐ ќе се урмелиса надолу во бескрајната сина длабочина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Женски глас се смее: Ајде ... ајде ... добра ноќ ... утре пак ќе се видиме ... Машки глас (тажно): Добра ноќ.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
73. Очевидно од политички опортунитет, авторот премногу инсистира на „правичноста” на руската балканска политика, сметајќи секако дека со тоа ќе се придонесе за прифаќање на програмата на МНЛД и од официјалниот С.Петербург при подготовката на спроведувањето на реформите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако успеале да им избегаат, можеби ќе дојдат кога ќе се стемни. Ќе чека.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се собрал народ да се збогува со мудурот, а тој им ветува дека пак ќе се врати, но да гледаат да не се караат и кодошат еден со друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се присетите, можеби, кога ќе видите како кај вас дома, или кај вашите соседи, се фрлаат цели лебови, а се фрлаат само затоа што малку се потсушени.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Татко, верувајќи дека, сепак, Камилски, ќе се држи на договореното, да реферира само за петте договорени збора, се надоврзаа на поговорките за инаетот од доменот на турската традиција, кажувајќи му ја на турски поговорката: Arnaut inati Allah` belasi! (Инаетот на Арнаутинот, божја беља!).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му говорев за мојата мајка на која посветив еден цел роман, (објавен во циклусот во кој ќе се најде и романот Амбасади) со нејзиното име и презиме, која беше секогаш пред балканската историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но ако. Има време да се наигра со јагнињата, со овие ојагнетиве и со оние што можеби уште денес, или утре ќе се појават на белиот свет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега секако ќе се дојде до името: Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но секако дека идејата за тоа што значи да се биде личност која што го живее животот, многу ќе се промени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Време ќе немаш пишман да бидеш Тој ќе се сврти како чекрк стар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
При сакањето, ако не ќе можеме да печатиме многу работи на нашиот јазик, затоа пак нашата интелигенција ќе може да послужи како жива народна енциклопедија во која ќе се имаат точни и проверени информации по сите оддели на науката и литературата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но кметот беше уверен дека еден ден таа ќе попушти, ќе се согласи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со еден збор, Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
При секое идење во селото, со себе водеше еден силен, красен бик, Ромео го викаше; во целата околија немаше таков: со која крава ќе се спареше, мораше да фати, да се оплоди, а телињата беа многу понапредни отколку оние што се спаруваа со обични, селски бикови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но откако ќе се исклучат тие две покраини, сета друга Македонија Србите ја крстат српска, Бугарите -бугарска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Како се чувствуваш батка по оној наш слом и насилното враќање дури на појдовната точка?“, го прашав еднаш и со љубопитство чекав како ќе се постави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја кажи ми да те чујам: од кого го чу тој збор?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ОХРИДСКИТЕ МАЈКИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Прикаската ви ја раскажав за да знаете уште од сефте дека тука ние на прво место ќе се бориме со незнањето ваше, а на второ со неумеењето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бургиба на надворешен план 20 години пред египетскиот претседател Садат, ќе се залага Израел да биде признат од страна на арапските земји и да се воспостават дипломатски односи со него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И продолжува Чедо Пелагијо, утре е недела, ќе се промениме во нови пљачки, ќе ја фатиме Пеличка за рачињата и ќе појдеме до цркавата Света Богородица отаде Вардар!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Не е в ред така да се гледа на овој проблем.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По ручекот за час ќе се изделеа две противнички страни и играта почнуваше, за да заврши често дури предвечер.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во четивото ќе се пронајдат и оние што се веќе тука, што веќе не ни приметуваат дека се ликови од оваа стрипотека.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А оттаму повремено злослутно ќе се извишеше волчешко завивање и долго се простираше низ снежната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тие придодавки ќе се добиеја и без капка крв.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не очекував само дека партијата на власт ќе бара еден вид услуга: откога ќе се заврши водоводот, јас да сум бил кандидат за пратеник за наредните избори од изборната единица во која влегуваше и Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И јас ќе се држам за опашката и ќе паткам по коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако решиш да ме заборавиш еден ден... во мене нема да згасне огнот, сѐ додека постоиш ти, јас од бескрајот ќе се надевам, дека барем уште еднаш.... ќе го слушнеш крикот на една вљубена душа барем уште еднаш ќе бидеш само мој!!!!
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
— Офна силно и се спружи на неговите колена на грб; со рацете му го стисна вратот и му се заѕвери во очите, небарем ете сега ќе и го грабне некој и таа за секогаш ќе се лиши од она без кое не може да живее.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако Татко, реферирајќи за овие зборови, му ги изложи основните податоци, за нивното присуство и попатни лексички и семантички метаморфози на балканските јазици, надоврзувајќи се со претходно третираните поими (ајде-јаваш, јаничар, зандана, кадија...), со кои беше во голема мера претставено владеењето на Османската Империја, рече: Отсекогаш владеењето најмногу зависело од табиетот на врвниот владетел, отколку од институциите под него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само да трепне во сонот и јас ќе се наднесам над него, ќе го наткрилам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ќе се фатам за него, а тој ќе ме фати за раце и си пее: „Колку години и да минат, првата љубов не се заборава“. Некоја шпанска песна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кои ќе бидат теоретиците на новото течење, каде тие теоретици ќе ја развиваат својата дејност, каде и каква ќе биде нивната аудиторија, од каде ќе се земаат средствата за пропагирањето на идејата, како ќе проникне таа во народот и како ќе се поддржува во него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со тоа име ќе се наречеше некој од Словените ако требаше да се различи себеси од некој Романец или Германец, и тоа не секаде само тоа се употребуваше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш моите добри пријатели, бубачките, тревите и цвеќињата ќе се удават во солзи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Додека нѐ држат нозете ќе одиме по нашите мажи. Потоа ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе тивнат малку болките и пак ќе се накренат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Но веројатно не знае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Има и ќе се најдат мнозина интелигентни Македонци што се готови да си го дадат животот за интересите на својата татковина и својот народ, коишто ќе се запрашаат: што е поважно за нас Македонците – општобугарските, општосрпските, општогрчките или македонските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немало да има ни граѓански отпор, ни борба за човечки права, ниту Роза Паркс ќе седнела на предно автобуско седиште резервирано за белци, ниту Кенеди ќе ги добиел изборите, ниту Мартин Лутер Кинг ќе држел историски говори, ниту Врховниот суд ќе ја укинел расната сегрегација по училиштата и универзитетите, ниту ќе се случел маршот на Вашингтон, ниту Црните пантери ќе имале муда да кренат глава, ниту демократите ќе се степале со полицијата на својата чикашка конвенција, ниту ќе се изродел студентскиот бунт, ниту ќе имало мировни движења, ниту ќе дошло до сексуалната револуција, ниту до флауер-пауер, ниту до мејк-лав-нот-вор, ниту до филозофијата "грлс сеј јес ту гајс ху сеј ноу", ниту до појавата на феминизмот и женската рамноправност, ниту ќе имаше слободен печат да го раскринка она лајно Ричард Никсон, ниту ќе имаше нудистички плажи и кампови, ниту ќе имаше екологија и борба против индустриските штеточини, ниту Латиносите и Азијатите ќе добиеја пристап до раководните места во државната администрација, ниту хомосексуалците ќе се избореа за право на слободна љубов, ниту поп- рок ѕвездите ќе држеа концерти за гладните во Африка, ниту јас како тинејџер ќе можев да носам искинати фармерки пред жива мајка Милена, ниту ќе можевме глас да кренеме против крвожедните корпорации, ниту ќе смеевме попреку да ја погледнеме воената индустрија, ниту ќе беше можен антиглобализмот, ниту пак глобализмот, ниту секоја сабота ќе одевме на протести против војната во Ирак, ниту денешниве манекенки ќе шетаа по писта во танги и со разголени гради, ниту Клинтон ќе смееше да зуцне дека дувал хашиш и ја таклабасал Моника Левински, ниту Џена Џемисон ќе направеше толку пари, ниту Ал Гор ќе можеше да попува против глобалното затоплување, ниту Бил Маер и Мајкл Мур ќе можеа осум години да плукаат по Буш и Чејни, ниту медиумите ќе признаеја дека Сара Пејлин е бимба бимбосана, ниту сега јас и ти ќе седевме овде со зелена карта, со другарот Обама на чело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Ќе заспие Калпак, Онисифор ќе го приколе и ќе му ја земе абердарката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама што ќе правиш, секое фаќање и ќе се наспичиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас ќе скокнам од радост, ќе се разбудам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се чуе, ќе чуеме, ама не сега, туку кога планините ќе се променат во зелени фустани! додава Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога ќе се сетам колку години има, пак ми станува помлад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се свртам, никој нема, а јас сѐ нешто си кажувам, се карам со некого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се движев, молчев. Мислев дека зачудено ќе се вртат кон мене дури и ако воздивнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа пукнатини, пукотници испакнат папок, длабок рез.  Ако треба и љубов ќе водиш ќе го одвоиш телото  ќе го осамостоиш - што би се рекло -  ќе се залагаш за самоопределување до отцепување (еуфемија за отуѓување)  ќе се откажеш од независноста ќе се вратиш неколку века назад  никаде, ничија 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ти оди, но јас ќе се вратам дома (Тргнува кон вратата)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Да му се искараше некој друг, тој не ќе се посрамеше толку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имав среќа со инженерот кој добро ја контролираше работата и кој, и кога ќе се појавеше некој застој заради големо дрво, или карпа, ме тераше да не гледам на тоа како на голем проблем, дека машината и неговите луѓе тоа ќе го совладаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така самата со себеси ќе си отворам разговор, кога ќе бувне некој посилен топ, кога ќе се заниша куќава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
6 „Ќе се обесам ако оган не го изеде однатре.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ние не се враќаме без камења, ја разбранувал неочекуваната тишина околу себе Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жива вода станав... Не знам што ќе се стори со мене...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа ќе го вклучи моторот и авионот ќе се вивне во воздух.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Козата бргу ќе се најде во планината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И јас, што од зафатеност, што од слабост спрема него, што од радост дека ќе се направи нешто во тоа место, кај таа куќа што ја сакав, не кренав врева. Грешев, ама ексик парите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако ми паднат на колај, ќе се расправа и со Арсланбеј и со Тренков војвода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оттука е јасно оти ако новото течење и не добие некаква поддршка од многубројната интелигентна македонска колонија во Бугарија, пак ќе се развива, само ќе се развива веќе како течење насочено специјално против бугарските интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако пак тие мислат со нас да не се церемонат и да нѐ лажат Европа и нас со реформи што не ги исполнуваат, тогаш не ќе се зачуди Турција ако и ние ги обрнеме нашите погледи кон Европа и од неа бараме да се воведат во нашата татковина со сила тие реформи што се признаваат од силите европски за вистинска требност за успевањето на религиозно-националното и културното развивање на македонските рисјани 5.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но игуменијата знаела дека во тој миг земјата испушта влажни воздишки, дека се напрега да се разбуди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По некое време пак ќе се поврати. И ќе се превиткува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
14. Набргу пусто ќе е сѐ и некој далечен ќе се насели мир од пештерите, од небото каде што зајде сѐ и од летото обоено со билје изгорено.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Врати се, врати се, будалче! Ќе се каеш, целиот живот ќе се каеш, твојот детински ум те носи во уште поголемо зло, несреќно дете, малечок Леме!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осаменост, ќе легнам врз шините на накој колосек или ќе се обесам на својата врска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ФЕЗЛИЕВ: Ќе се опијам. Чувствувам дека морам да се опијам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ќе ја пикнам главата в перница и ќе се соберам како гол полжав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секако, сега ќе се однесуваат кон тебе многу подобро. – Но, веќе ти реков дека дојдов само за да телефонирам! – му рече Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зар да сум натажен, зар очај да ме фати што негде замина и може не ќе се врати?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сите што се без пушки и без кубури ќе се засолнат таму.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе се сетеше за недоживеаната нејзина премиера со часови не можеше да се смири, земаше некакви капки со алкохол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Оставете!“, со достоинство ја прекина накрај самиот генерал Первоједов гнасната итаница на својот задгробен клиент.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ќе се покриеше со ложникот, чемпресот му удираше во прозорецот, потсетувајќи го на зборовите од Марин Крусиќ, дека сепак најпосле среќата ќе ја дофати. Ама кога? - беше нестрплив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Молчи, се исправил Арсо Арнаутче; треварите го преврзале и виделе дека јатаганот не му го ископал окото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Таа е ...“) грлена и гласна, со распуштени коси и со подадени раце кон неговите раце; ќе се најдат и ќе се јазат по ѕвездена пајажина кон спокојство и тишина во која, најпосле, се разговара со очи и со допири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И додека се води разговорот меѓу стариот сват и „командирот“ на стражата, обично стрикото или братот на невестата ако е поитар — некој од зетовата дружина ќе се префрли некако и ќе ја отвори, небаре насила, портата и овие што преговараат заедно со другите сватови што бодињаа досега, ќе напнат и небаре насила ќе влезат во дворот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Леле, Адо, кој сега ќе се влечка докај тебе со автобус, џенем е тој твој Аеродром! А и многу е жешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Или, ќе исчезнат, ќе го променат изгледот, ќе научат да го зборуваат проловскиот сленг, ќе се вработат во некоја фабрика и така непрепознати ќе си ги одживеат животите во некоја споредна улица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почувствува дека овие што му се смееја ќе се најдат надитрени и драго му беше поради тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Која држава ќе дојде по оваа, рече момчето, кој ќе дојде, стрико Дуко, кога ќе се кренат овие?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— A јас ќе потврда дека го познавам од затворот, та ќе се уреди сета работа, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наеднаш престарен и наполно рассонет почувствувал дека во неговата утроба се кине нешто што било веќе подолго време клопче на болка и дека по сета снага му се разлева горчливост од која не ќе се ослободи долго време.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се оддалечував и овие зборови со мисла му ги упатив на заспаниот човек. Тој продолжи да спие.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Утрото ќе ја отвори вратата Јон и ќе ме викне, ќе се мири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Животов има смисла кога после голема трагедија ќе го дочекам изгрејсонцето, а зад небесниот хоризонт спонтано ќе се појави надежта и без процедурални забелешки после ужасно лоша ноќ може да започне нов ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе се истопи како свеќа, него работата го држеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Неговото чело - погледнете го! Го гледале тоа чело и можеле да го видат она што го виделе пред тоа: на засечената жила лежел црн дукат на мртво месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбираме некако со Витомира. И еба го, не ќе се разбереме! Оти да не се разбереме? Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние наваму зборовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој е повеќе за Русија, кој е повеќе за Америка? (Пауза) Да ве немаше вас, не знам тоа како ќе се одредуваше, мајката. Немаше да се знае кој е што. Немаше да има хи-фи. Вака има два.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Згора на тоа уште и ќе се лути и ќе му вика на Јошета побрзо да му крши од оревите и побрзо да му ги чисти јатките. 16
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го нишаше предавството во корен, и клеветата, заговорот, та секој еден што ќе се обидеше да посегне по него беше погубен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Камилски најпрвин ги извлече од речниците заемките за означување поголеми или помали градови како: касаба (со потекло од арапски, casaba), заемка присутна во сите балкански јазици); паланка (од унгарско потекло во турскиот).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во овој контекст евидентно е дека партискиот апарат со најголем буџет за телевизиска кампања и маркетиншки способности за концентрирање на најтелегеничните, најповршните, најнакитените, злокобни теми (абортус, дроги, ветувања за лојалност, училишни теми, ослободувања од царини и шовинистички воинствен национализам), ќе се вивне во пировата победа со добивање на 25-процентното „мнозинство“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе се спуриме, што се вели, и коските ќе ни се разварат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом ќе се набереше и стежнеше во душата - густи превези му ги затвораа видиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
стравот ќе збифта во мене - тогаш ќе се запали мојата внатрешна телевизија - на екранот сцени од кои не можам да избегам - низ моето вкочането тело програма што не се згасне со притисок на копчето - лекарка,
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некогаш тука имаше едни млаки Една воденица зад млаките висока бреза среде гробиштата птици што разговараа со неа на нејзиното наречје перачка на јазот со црвени коленици и голи дојки сонцето што ја поземаше за раце и ја вглобуваше нејзината сенка врз ѕидовите и вратите на домовите како живо писмо до сѐ што ќе се плоди низ иднината...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе се разневиди племето наше, ќе се угасне, ќе се сотре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јордан Шоп го распрета огнот и стави врз жарот располовена тиква - оскрбен е, му горчи душата, ќе се засладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Следниот пат, кога ќе се вратам дома, ќе се вратам засекогаш.“ „Тате!“ викнав. „Кажи ѝ го тоа на мајка ти кога ќе се разбуди“, рече тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За акумулацијата ќе се користеле водите од Мелошката Река, потоа од Гаровица, од двете мали реки што доаѓаат од Сарајаново, од потокот што врви крај Долнец, а со еден попречен канал ќе се собереле водите и од Сината Планина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Едно утро, една година по заминувањето на Рајнер, додека се приближував кон неговиот дом, го видов како стои зад прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Апостол Макаровски ќе се поднагали сосила и некои црвени облачиња ќе почнат да му врват преку лицето, насадено со болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со текот на времето, ако сѐ биде како треба, ќе даде Бог, сѐ одново ќе се изгради.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа дошла со студенти најверојатно оти стои Ми се чини дојдоа за некакви предавања, ми рекла дека пак ќе се видиме оти стално ќе доаѓале на предавања во гимназијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А тогаш сите заедно ќе се вивнат, ќе запловат, ќе јурнат, ќе се размавнат, ќе скокнат и ќе полетаат кон Сонцето, Месечината, ѕвездите, ќе појдат над Атлантикот и Медитеранот; над полињата, дивината, градовите и населбите; кон спокојот на небото, со раскрилените пердуви, трескавичниот шум на телото од леталото, ерупцијата на вулкани, во застрашувачката, трескотна грмотевица; отпрвин трепет, колебање, потоа возлет, издигање, чудесно наднесени ќе се засмеат и ќе си ги провикнат имињата во просторот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Смислата на животот ја наоѓаа во недоразбирањата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дојдени од далечните азиски степи и од Монголија, Османлиите во Цариград ќе се здобијат со нови навики, но не ги напуштаат старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се туткам на креветот, како дете повојниче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во утрините не можеше да се смири, ако не развртеше неколку пати околу пиланата, загазувајќи до појасот во снегот, а квечерините не забораваше да ги испрати на прозорецот, за кога ќе се стемнеше да може пак да почне да ги исчекува пријателските довикувања на гладната дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе постелиме и ќе се наредиме по целото собиче: јас и Оливера на една страна, а мажите на друга. Крлаган, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Грегор, Грегор ... добро ли си? Го потапка по грбот неговиот пријател Мел, исплашен дека ќе се задави.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дрн наутро телефонот и слушалката ќе ти шепне – си отиде П . И во одговор велиш – ќе се видиме пред капелата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Значи, четириесет камења за дваесет воденици, ја извлекол главата од волнената облека чпртавиот домородец Гавруш Пребонд. - Оние осумнаесет ќе се здружат во девет запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инфиделитетот, неверувањето е нашиот непријател, не станувајте опсесивни, фригидни, нека не ве обзема негативна инфлуенција од некој лош настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Или ќе се донесе некаква измена во законот за пушење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ова се – трагите! Прашинка ако се сочува Изгребана од стапалките на оној што отиде - Ќе се врати! Некогаш ќе се врати...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А потоа ќе наполнеше петнаесет, ќе пушеше, ќе добиеше струпчиња, ќе беше простак и ќе се загледуваше во дамските деколтеа. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 157
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неодамна отидов во болницата и за момент за малку ќе се загубев во минатото.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И велиш ќе се вратиме дома, во старата куќа, ќе ги откриеме жарчињата и ќе го распалиме огништето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ее! Супер! Тоа е уште подобра идеја. Со Саво со нетрпение те очекуваме! За деталите уште еднаш ќе се договориме. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А во моментите кога едната од нив ќе се обидеше божем да ме одбрани од некоја невкусна шега, другата ќе се послужеше со нова досетка!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ќе видиме, ќе се спогодиме. Ни досега не сме живееле од туѓо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, не, тие не очекуваат никакво внимание, тоа само така ви се чини, бидејќи пред нивната убавина ќе се почуствуваш некако потфрлен, понижен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој од сопствената моментална вина на совеста градеше одбрамбен механизам, заканувајќи им се на луѓето на кои им значи, дека ќе се самоубие, само за да му ги простат направените грешки и за со мирна совест да продолжи да прави нови уште поголеми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А со малку техника, ќе се спасеа многу, многу животи. Но, кој помислуваше тогаш на луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Бне...“ „Посилно, молам!“  „Реков: тогашниот претседател на Бне Брит...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И сѐ што ќе се примеше летоска во неговиот булук не се враќа веќе во својот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На масата ќе ја забележат чашката со сѐ уште топол чај, омилен пијалок на Арафат, но тој се спасува во последен миг и заминува во Јордан, потоа во Каиро, кај што ќе се сретне со Титовиот пријател Насер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе се алкам вака надолу да видам дали ми стои покрај другата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- И ова го рече тогаш на советувањето и си спомна уште дека посебно подвлече: Преминувањето во класична војна за партизанските кадри кои неопходно ќе се судрат со стручњаци и воени специјалисти, за партизанското движење ќе биде катастрофа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само да ја превалиме угорнинката, а удолу сам ќе се тркала.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Која како ќе стане и ќе се накрене да ми врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната рака ќе си потурам, со другата ќе се замивам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се веднеа да му подадат рака и да го смират, се потргаа од неговото грчење и чекаа: ќе се исцимоли, ќе каже како ја запалил лесновската куќа. Го жалев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ја праша дали размислува да работи, бидејќи има завршено Радничка школа, на што таа рече дека нејзината фамилија очекува дека таа ќе се омажи во добра фамилија, па ќе нема потреба да работи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
СОЊА: Ќе се навикнеш. БОРИС: Не сакам да се навикнувам. Цел живот на нешто се навикнувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„И не помислив дека такво нешто ќе сториш, реков, но сепак, мило ми е дека самиот си го избрал правото решение“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе се истрча малку напред, ќе нѐ измине и пак ќе нѐ пречека на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто кога човек не е сам и сувата трева е повесела, ќе се сетев.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А тој ќе се тепа, тепа, па ќе го земе кандилото, ќе го запали, и ќе го клоца низ гумното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ДИМИТРИЈА: Ќе се расположи Димитрија во гроб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Малечката Пелагија ретко доаѓаше, кога ќе се појавеше обично беше со мајка си или со бабата Перса, згора на тоа, Мурџо или беше пред нив или зад нив со високо крената опашка и веднаш штом ќе се појавеше Дончо, ги покажуваше забите како предупредување да не се случи нешто со неговата Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Грахм... како да ви кажам... тоа е како бркотниците на мачките во февруари, односно... кога една чавка ќе се оддели од јатото и ќе почне да изведува бесни глисти... Заборавете!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На почетокот тоа ништо не ми значеше, дури, во извесна смисла го сфаќав и како еден вид понижување, како одмазда која ми ја смислил Јан Лудвик; но по извесно време почнав да тонам во некакви непознати длабочини; мислев дека ќе се онесвестам, оти пред мене почна да се јавува некаква непозната светлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште од првиот ред таму се нагласи дека темата што ќе се изучува се однесува на тоа како мажите што веќе се геј се здобиваат со свесен идентитет, со заедничка култура, со одреден светоглед, со заедничко чувство за себството, со свест дека ѝ припаѓаат на посебна општествена група и со особени сензибилитет и субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој измислил воденица. Воденичките камења пееле додека ја мелеле пченицата: Разлистајте, шуми, шумолете, води, од брашново денес бел леб ќе се роди.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби беше солза која ќе светнеше и ќе наедрееше по калдрмата, потоа ќе се лизнеше по неа и наместо да ги натажеше луѓето што ќе ја сретнеа, таа ги смируваше, ги успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе бараат доброволци за чистење и јас ќе се јавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ден се месат погачите со кои ќе се канат нункото, попот, деверите, старосватот и другите блиски роднини, а уште подалечните — само со карта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јани го внесе во просторијата во која ќе се држи конференцијата и отиде да „брка“ други „организациони“ работи...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сеедно, оние двајца и да станале, без љубопитност за одамнешните судбини да го оставеле, тој ќе продолжел да преде со атрофираниот баритон за лично задоволство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој само се насмевна. А потоа ми врати и тој со прашање: „Оној што посакува да умре а притоа дури и ќе си ја навлече јамката на вратот, што ќе стори ако му се скине јажето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку за илустрација, ако само машините и инвентарот од фабриката беа демолирани и однесени во отпад, како старо железо, ќе се земеше сума која е повисока од проценетата вредност за кое беше продадено претпријатието!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со прекратувањето на востанието ќе се започне во Македонија мирна културна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беа утврдени рокови: петолетки, десетолетки, кога земјата рајски ќе расцути, кога до небо ќе се извишат фабричките оџаци, кога ќе се описменат луѓето, кога однапред ќе се утврди колку ќе се произведе, колку нови кадри ќе се образуваат...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе се разделиме. Ќе одлетам од тебе како младо пиле од гнездо.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Како тогаш ќе се сетам млад, каква сила и пркос ќе сетам!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Што сакаш да направам, велам, и тоа малку ќе се успокои, ќе се уталожи од гласот мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се спружам на студените плочи, ќе станам виножито на замрзнат смок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: Блазе си ти. По свршената работа одново ќе се вратиш на Пирин, на својот Пирин, а ние ќе останеме... овде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Па зар во државава нема некоја чесна и домаќински воспитана мома која прилега на твојата убавина, што ќе ти биде верна и што ќе се грижи за куќава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога во пустината Мохаве ќе се качиш на највисокиот врв, под тебе се протегаат суви долини прошарани со кактуси и Џошуа Трис, песочни ридови и карпести планини, некакви езера и слични фатаморгани...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Оттаму културата станува сомнителна штом ќе се идентифицира со критичките ставови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако меѓу оригиналот и преписот на пресудата постои несогласност во поглед на некоја одлука содржана во изреката на пресудата, до странките ќе се достави поправениот препис на пресудата со назначување дека со овој препис на пресудата се заменува поранешниот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш сите национални и религиозни пропаганди, коишто го цепеа народот на разни групи, непријателски една кон друга, ќе се отстранат и ќе настапи мир за народот, за Македонија, за Турција и за Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Па нема да ги прашаме? – реков. – Ќе заминеме без да им кажеме и ќе се вратиме пред да се стемни. Никој нема да знае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уште ако не си ти и онаа налудничава Душка ќе се претворам во Робинзон. - Робинзонка!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе се избричи, ќе ги ласне чевлите и ќе излезе да брои муви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прв на нишан беше зборот инает, преземен, на турски inat, од арапско потекло (на арапски inayetçi, на турски), присутен скоро во сите балкански јазици речиси во ист облик (inati на новогрчки, хинает на бугарски, inat на романски, на албански, на српски јазик итн.).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- А дали ќе се плаќа работата, праша некој, што ќе се добива за работата. - Ќе добивате леб, вели војникот, а ти да не сакаш и чин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со полното прекратување на востанието ќе се востановат меѓу нас и Турците односи што им одговараат и на нашите и на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едно цело огниште ми скапа, ќе се туфкаш, ќе се поплакуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнаа да ги заговараат. Да им раскажуваат како ќе одат во Истанбул, како ќе се возат на галии по море, како ќе ги пречека царот и како таму царски ќе живеат како негови синови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Камилски, којшто во меѓусебниот договор беше задолжен да реферира за поимот курбан, откако го слушаше Татко како започна авторитетно да говори, веднаш се увери дека и за овој збор, како и за јаничарството, долго помеѓу нив ќе се кршат копја додека да се дојде до заеднички став.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар така ќе се чекаме, ми вели. Јас чекам, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пеколот ќе се тресе ко иструлен чардак од вашето посакувано присуство, додека рајските порти го ставија огромниот катанец за вас, нема место под тоа небо...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но многу брзо сфатив дека и мислата напати е спремна да го поддржи она што ќе се искаже повеќе интуитивно одошто со активна размисла.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И само ако за момент замижиме ќе пропуштиме сѐ што во меѓувреме се случило и ќе се прашаме: -„Дали во животов задоцнивме за многу работи?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога не сум со нив и кога ќе се вратам од Маврово, треперам да не ми кажат колку фантастично си поминале, па жива да се изедам од мака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе се обидеме. А... од кога се познавате Вие со Ѓорчета?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Изненадувањето врзано во крпчето на тајната ќе се претвори во трагедија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога тој е неспособен за плаќање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штицата беше од обете страни потпрена на два камена и кога поминуваа преку неа, таа се виткаше и се нишаше толку, што се чинеше дека ќе се скрши под тежината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И плач твој немил, некој вака лесно ја убил мајка, како ќе се живеј, твојто срце без татко се стега.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Мамооо! Кажи драгичка! Денес ќе се радуваме на две работи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вчерашните непријатели ќе се гушнуваат еден со друг.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бакнување на друго место (ненаведено) - ќе се наплатува согласно блискоста на невестата со лицето кое сака да биде бакнато.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Знаеме ние дека мајка ми и татко ми неизоставно ќе дојдат да нѐ бакнат пред спиење, заедно со нив ќе ја отпееме нашата „химна“ пред заспивање: „Ние сме мали дечиња, играме како мечиња“, и ќе се смееме потоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така ќе си редам во себеси и ќе се туткам на скалите, пред врата. Сама со ноќта, со ѕвездите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Грамос, другари, стана симбол на нашата борба. А значењето негово не е само во тоа дали ќе се добие битката на бојното поле или не.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Ти се плашиш“, рече О'Брајан гледајќи го в лице, „дека следниот момент нешто ќе се скрши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа ќе се школува кај скадарски­те језуити каде што ќе се зближи со западните јазици и култура.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нема да му биде јасно како залутал во оваа пустелија, ќе ги собере парталите и ќе се врати назад.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таквите деца уште за долго време, па и кога ќе се облечат сосем во градско, не можат да се ослободат од некаква селанска тронтавост, неизвештеност, и им служат за шега на граѓанчињата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Варзилото сам им го беше донел од бојаџиската чаршија на Тодора, на Паунка, и на мајката Јана, а кромидовите лушпи и цутовите од лутиче сам ги слупи и ги набра, и сѐ се радуваше дека жените ќе се зближат во радосното вапцување, а Тодора ќе ги отпушти дизгините.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во таа година се протерувани од Шпанија со удари на антиклерикалното движење језуитите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Судот нема да постапува по тужба ниту да преземе друго дејствие за кое не е платена судската такса.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ама децата сигурно таму ќе се вратат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знам само дека, кога почнавме да се спуштаме, под нас најпрво забележав густи шуми, а од што беа густи изгледаа не како да се зелени, туку беа модри, темни, како што е водата во Охридското Езеро ако се оди во длабочините со чамец, ама секогаш по малку се плашам кога ќе се оддалечиме премногу од брегот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти не си коркач. - Не сум ни добра самовила од чии чинки ќе се исплаши злото.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гледа дека во него е згаснат секој пламен, па не се ни обидува да го пали оној тектонскиот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Истата тешкотија и во уште посилна форма ќе се сретне при решавањето на прашањето – кој јазик треба да се признае за во училиштата и во општинската управа во патријаршиските реони.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некој ќе се обиде да каже нешто и малку од јадењето ќе му испадне од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш кога Сандре Самарија ќе зинеше се закануваше дека ќе се обеси ако не е прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штом ќе се мине во Австрија, Алпите веќе се покажуваат како на дланка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој што со закана дека ќе напад- не врз животот или телото или имот од поголем обем, со нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не се појави како сведок во постапка пред суд или во управна постапка, или ако е повикано како сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла – ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ич не ми се оди по оваа горештина да копам. Туку сакам, нејќам... (Тргнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Слушам така и на секој збор потрепнувам, целата ќе се занишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вика Нескафе, ќе загрејш вода да зоврие, ќе клајш едно лајче од кафево во поголема шоља за чај и то веднаш ќе се растопи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мнозина му се додворуваа на Боро Селински, небаре тој самиот ќе ги претставува пред Бога и пред св. Петар, небаре тој самиот ќе го држи кантарот на кој ќе се одредува местото во рајот или во пеколот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Наместо да ги објаснувате нејзините средишни обележја, само ги преискажувате и ги репродуцирате. ‌Затоа, јас ќе треба да објаснувам. ‌Моето објаснување ќе се ограничи на мал број примери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе ви ја исмука крвта и ќе ве расфрла. Тогаш јас ќе се смеам, мајката ваша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3.  Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот – ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А јас ќе се правам важен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ја слушна онаа којашто викаше по него - и го препозна гласот: „Ајде, чао! Ќе се слушнеме по домофон. Ама откако ќе прекрши жештината! После шест!“ им викна на другарките, се стрча по него и се втурна во лифтот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Носталгичен призвук мантилот за дожд стекна кон крајот на педесетите во филмот Казабланка, како особен знак на машкиот карактер на големата ѕвезда Хемфри Богарт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Моите претскажувања ќе се случат по нас, кога ние, како царот со едно око, ќе сме само шупливи и пожолтени коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така, на еден природно мистичен народ, каков што е рускиот, ќе се накалеми мистицизмот врз филозофијата, односно теоријата која ќе се повикува на материјализмот, и која на крајот на краиштата, произлегува директно од позитивизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не ќе се најде ли некој, што ќе го пречека нанишан некоја вечер, без многу да му ја мисли што може да му се случи после, некој, кому ќе му биде и премногу стемнето пред очите, за да не може ни да се обѕрне на тоа; да му биде сосема сеедно тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, навистина, ова беше најсушната година во последните десеттина сушни години со ред, а овие денови на август, најсушните денови, и јас целото лето како додолец стоев на балконот и следев дали ќе се појави облак и дали ќе се чуе грмење од зад врвовите на планините.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со истата казна ќе се казни и тој што заради одмазда за дадениот исказ на лицето повикано како сведок или нему блиско лице ќе му одземе некое право, ќе го малтретира или телесно ќе го повреди.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова ѝ го реков на Пеперутката кога ѝ се роди онаа необична замисла за порачка на повеќе свилени платнени ленти во сите бои: и бела , и црвена, и розова, дури и виолетова.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или, можеби, си се вратил одново на твојата стара идеја дека пролетерите или робовите ќе се кренат и ќе нѐ соборат од власта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе се должи и на тоа што гејовите, според Флорида и соработниците, се „ластовички на креативната доба“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
55. Штом ќе се установат правилни односи помеѓу нас и другите македонски – христијански и муслимански народности, штом ќе се признае нашата народност од владата на Н.Ц.В. Султанот, ќе се внесе во нуфузите името Македонец, ќе се направат првите постапки за нашето национално и религиозно ослободување од пропагандите и ќе се воведат политичките преобразувања предвидени од реформаторските сили, штом ќе се преземат мерки за економското поправување на нашите селски стопани, па и до воведувањето на сите тие подобрувања во нашето национално религиозно и економско живеење, ние – македонската интелигенција ќе треба да направиме уште едно, а тоа ќе биде и најважното: да ги вложиме сите свои физички, интелектуални и морални сили во нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
– „Ако не веруваш, Силјане, оти човек се прави штрк, еве јас ќе се искапам за да поверуваш".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мешаше вино, ракија, пред јадење, по јадење, како секој сводник што не смее да рече „неќу“ оти ќе се нејќат младите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ѝ слушаше и потврдуваше, додавајќи нови зборови Кога ќе те засука животот ќе се нема време за безгрижни игри! Сука сукалото, нели мајко Персо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не знаел кога му се подавале рацете по туѓо. Да се сети, а? Добро, ќе се обиде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, добри мои читатели, да го завршиме разговорот со тоа што ќе повториме дека сите сме должни да се бориме за поубав свет, свет во кој сите ќе бидат еднакво среќни, во кои сите ќе се почитуваме и ќе си помагаме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се надева дека ќе се отвори работно место за наставник во второто полугодие.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На подготвителното рочиште претседателот на советот, во однос на управувањето со постапката, ги има сите овластувања што ги имаат претседателот на советот и советот на главната расправа (чл. 274, ст.1 sq и ст.4 од 172 ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако почесто се среќаваа на скалите на зградата или во дворот, таа во почетокот не обрнуваше внимание на него, но со време, кога ќе се сретнеа, таа ќе го загледаше малку подолго, а и тој ќе ја загледаше малку подолго и тогаш автоматски се поздравуваа, како луѓе што им е непријатно молчешкум да се разминат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе се споулавеше таа. Врвеа денови, а него го немаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но сега те молиме врати нѐ пак на Земјата. Снежана ќе се разбуди и ќе нѐ бара.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе квикне Чако и пак ќе се вдаде, ќе им се нурне со лаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никого таа не послушува, неа ни казни не ја вразумуваат, сè си тера по свое, тивко, мирно, ама пак по свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Телесната работа ќе се смета за примитивна форма на ропство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Па, Даг, ќе се видиме“, ќе речеше тој и ќе се ракувавме. „За околу три месеци?“ „Точно.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така ќе се повика на најдлабоките стравови на рајата, која со години гледаше како оние на север мајка ѝ ебаваат на Југославија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На господин Бизонд, што работи на преврски, за кого вршам мали „работички“ , ќе му изгледам уште поблед. Ќе се помири.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако ова јадење еднаш се проба, ќе се побара нова порција.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но има еден лош поглед у Петрета, тој следи намрштено и спотаено, како од темница, каде ќе се упати Богдановото девојче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Знаев - вели тој - дека тие за времето ќе се разберат со Гарванов и со Делчев“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Молкум ми ја подаде стомната загледана во мене како да сум игла низ која треба да се спровре конец и со која треба да се закрпат сите пукнатини на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, раскопувањето на гробот ќе покаже, си реков, ќе се види, бил ли внатре закопан човек? Ќе се најдат, макар трули, коски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во Маказаречката река останаа уште некои јаблиња кои набрзо ќе се исушат без дотекот на водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
МАРИЈА: Ќе се вратите на вечера. АЦО: Мислам. Не знам. Не верувам дека ќе се задржиме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе се почекаме и ќе се разминеме. Неми сме и ние и тие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете што значи кога во нешто ќе се истури благослов.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој човекоморен виор, сеедно кој од каков сој е, од каква вера и какво потекло, им го пиел мозокот на луѓето и им ги јадел срцата, и никаков господ не можел да создаде поредок во кој ќе се живее и ќе се умира како што му доликува на најумното и најулавото суштество на светот што секогаш се движело по границата на доброто и на злото, ту со ум на една страна ту со срце на друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Пеце ја фати Трајанка за рака: - Ама ќе се делиме ли?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јосе Натемагото почна и на девојчиња да им гледа и да им претскажува која кога ќе се омажи и каков маж ќе земе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Катерина Кедрос ќе „блада на јазик што го мрази“, авторот ќе се моли за спас на душата на својата (можна) сонародничка, а книгата „Псалми“ ќе биде сместена во музеј крај црквиче во реонот на Фенер - за да остане засекогаш неодгатнато колку таа книга навистина била стара, кој ја напишал и која е нејзината смисла.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И затоа во учењето тешко ќе се снаоѓа, ќе се мачи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Штом ќе изгубев трпение, ако за нешто ми досаѓаше, веднаш ќе се сетев колку и таа е осамена, без мама и сѐ ќе ѝ простев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Класиката“ значи недоверба спрема чувствата и умот, со надеж дека тие ќе се поврзат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Ништо. Не пијам. - Пушиш, а не пиеш. Не оди тоа. Ќе се напиеш нешто за мој атер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога вака ќе се стрелнеше ѕвезда по небото баба му велеше дека умира некој човек.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе се засркнам, не можам да завршам. „Девојките од Сиера Морена...“ не давај се, Небеска, си велам, а вилиците ми се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, така, откако ќе се прошета матерката, откако ќе заврти неколкупати меѓу војниците, уште повеќе ќе ни се отвори устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наведнувајќи се, честопати и ќе офнеше, а потоа ќе се исправеше и со рацете ќе се фатеше за половината.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
ТОМЧЕ: И него ќе го отепам! Сега ќе го отепам! (Појдува кон вратата.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАРИЈА: Каде ќе се селиме? СИМОН: На Марс. МАРИЈА: Каде е тоа? СИМОН: Во Пајко маало.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Бидејќи беше август, врело лето, стануваше многу рано, уште само што ќе се зазореше и јас од мојата соба горе на катот, го слушав цвичењето на тркалото од количката и грагорењето при истурањето на камењата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше во селото и неколку куќи населени со Унгарци, мислеле ќе се обогатат од афионот што тука многу се раѓаше, па се населиле дури од Војводина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Гревота е, Онисифоре, ќе му дадам ракија. - Дај му. Раскажувај, попе. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Непушењето ми предизвикуваше дополнителна нервоза, се чинеше ќе се распрснам одвнатре.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој уште одамна ќе се убиеше, но, ете, се запозна со мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
4 На самиот крај, таа додава дека – според неа – процесот на приватизација нечесно се одвивал, а притоа многу голем притисок се вршел врз работниците во смисла на ментален, психички и физички терет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- И уште многу ќе се забави, вели Маса Ќулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кој си ти и кој ти ги видел очите да те праша за кого јас ќе се мажам?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Куно, до полноќ за тебе, од полноќ за мене. - Како да не. Арсо ќе донесе, Арсо ќе се мези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од нив како жолти пеперуги ќе се разлетаат лисја и слетуваат на зелената трева.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Срцето на Винстон одново се стегна. Да беше можно, ќе се вовлечеше подлабоко во креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Жарко бре, доста, ајде, си дојде татко ти за ручек.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некогаш само вака со очите ќе прашаш и така ќе се разбереш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
САВЕТКА: Не ќе одседне, туку ќе се сокрие кај тебе, оти со тенеќиња ќе тропа народов по него.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Откако ќе сретнеа некого кого од поодамна не го виделе луѓето ќе се провикнеа: „Од каде ти сега овде, па згора на тоа уште и жив?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со каква љубов ќе се нурнеме во светот знае ли некој, а сѐ е можно, Сѐ Е, Ana, sorror?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Може и од друг материјал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби ќе се почудите, како што се чудев и јас, што ли сум сторил за да заслужам онакво внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Тоа е, дошло, ќе се трае", си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За тоа маче со шарено главче и долго меко опавче ќе се раскажува во оваа приказна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сепак го предупредив: - Не обидувај се да ме нападнеш. Ќе се каеш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога пак ќе се разединат, се враќа да ги потсети на она што вистински се.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Остави ги работите сами да си бараат корито, сами да си се редат, навистина така си реков и кренав раце, иако, ова нешто за прв пат го признавам, на жената не ѝ е лесно кога нејзиниот маж ќе се заплетка на такво место и со такви луѓе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Благодарејќи на козите, козарите тие ќе се осмелат да им се противстават на партиските комунистички власти, на нивните заповеди да ги напуштат козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе се надеваме оти турската влада и турската интелигенција ќе се уверат во сета штета што ја причинува таквата предрасуда и ќе се потрудат да ја искоренат и со тоа ќе ги поправат односите меѓу христијаните и муслиманите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се турчиш и готово! Ти реков: бурда шега јок!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаете нашите сопствени зборови како ќе се изненадат кога ќе ги пресретне впечатливо видение.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега тие не знаеја кога ќе се донесе одлуката и дали тие се вработени или не!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Додуша натрупаниот снег и едните и другите ги правеше приближно исти, само растреперената душа на Пелагија како да открија одвај забележлива разлика, некаков крцкот што не доаѓаше од тлото на земјата, туку негде од погоре, скоро знаеше кој ќе се појави со Танаско уште пред да се отвори вратата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
АНЃЕЛЕ Како си чичко Димитрија? ДИМИТРИЈА Сполај му на Бога.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нарипаа сите, спремни за борба или бегање, а Пере прв проговори: — Има право Толе што не потсети дека луѓево од ова село не се за вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама посиромашки, ама со голема мака, како досега и отсега ќе се бориме и ќе живееме!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Малку посовесните имаат ментална болка од инсолентното лицемерство, фарисејството, неограничената глупост која не може да се контролира.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, ако Лидија не попуштеше, тие сигурно ќе се скараа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе ти дојде за смеење, па ќе се сетиш кај те водат и, смеењето ќе ти се поткине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите се фрлаат на работа. Грозјето се товари со лопати, паѓа од сите страни а за целото време избезумениот дилер вреска „More raisins, more raisins!“ (Повеќе грозје, повеќе грозје!).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човек не може да каже кога ќе се случи тоа, но неколку секунди претходно би требало да може да се предосети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, нема да се донесе ваква пресуда иако се исполнети таксативно наведените услови – ако судот најде дека се работи за барања со кои странките не можат да располагаат (чл. 319, ст.1-2 од ЗПП). 6.  Секоја странка претходно сама ги поднесува трошоците што ги предизвикала со своето дејствие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како глувци ќе се издавиме, и тоа на крајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе се видиш еднаш неделно и толку, пак си сама без никој и ништо (солзи ми навреа на очите).
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
П.В.: А близнак во тревките чај, или во етеричните испарувања на тревките, или близнак на некој бран среде океан што токму издишува, или само некаква капка што ќе се слизне, и крај, израмнети енергии, ентропија, смрт...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Реков дека страшно ќе се налутам ако ми го направи тоа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе ги нас`скаше едни спроти други, а таа ќе се измиголеше и ќе се вртеше во дворот, ќе легнеше во собата од куќата на стопанот и до стариот кревет, ќе заспиеше во длабок сон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Монголските коњаници ќе ги донесат буреците и баклавите на бреговите на Босфор во султанските палати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Геле ѝ вети на Донка Чучуковска дека ќе најде работа и соба в град и ќе се ожени со неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас поради тоа сметав дека сум излишен овде во ЈугоМак и дека ми се готват да ме избркаат од работа, а малку да ми покачеа плата, колку да се смирам, ни несреќата ќе се случеше ниту пак јас ќе бев нервно поболен и позависен од алкохолот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не, на момчето му немав ништо спомнато за тоа какви мисли ми наидуваа кога ќе го погледнев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- На силата треба со сила да се одговори! Само така ќе се ослободиме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тие рекоа дека ќе повикаат стручњаци, ќе се види...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Ноќе и лисиците се кикотат“, рече еден Сандре Самарија. „Ќе се обесам ако не е така.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако судот го прифати предлогот за одлагање на рочиштето – новото рочиште ќе се одржи најдоцна во рок од 45 дена од денот кога било одложено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој му ја доближи кошницата на заптијата и му рече: - Празникот наближува, ефенди!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По овие страни, по пределот бујат, во црвени крвје што пребликнал сега, за храбрите еднаш песни ќе се чујат и како во синџир оро ќе се стега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
„ Јас ќе се вклучам за петнаесет минути.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А може затоа ме пика во пазувата за со рацете да стигне до неа, ѓомти случајно, а таа кучката, ќе се таи и ќе се насладува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И врбите и јасиките ќе се покријат со зелени дамки, дренот ќе се искити со жолт цут.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Господ Исус Христос ќе се појави од небото со моќните ангели свои, со разгорен оган, ќе ги казни со вечна смрт сите оние што не сакаат да го признаат Бога!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овој ќе се штрекне и запира со плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Копај повнатре, море Јован“, рече друг, „околу наоколу, околу наоколу, повнатре, зашто подоцна ќе се стесни“. „Ќе излезе на осум метри. Да се кладиме!“ „На дванаесет до тринаесет“, рече друг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И потоа тие ликови ќе се доближеа, најблиску што можеше да биде до мене, без да испуштат глас, но со силно отворени очи, се губеа засекогаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го заборавил попот и наеднаш, со месеци ноќен осаменик, се разжалил над себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И некое камче ќе се одрони, ќе се истркала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не! - зборувале тие. - Ќе се бориме додека загинеме!“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кажи прво ти колку даваш, па ќе се најдеме на средина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе се поврткаше низ градот, проверувајќи ги скудните права на остатокот од својот живот, па ќе се вратеше дома утешен што утрешните грижи не му се поголеми од денешните.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Гетото, синагогите, гробиштата се само детаљ од Прага. Штом ќе се напуштат човек бара веднаш да се турне во бучавата Прага, во некоја пивница за да се оттргне од средновековието.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ТЕОДОС: А тоа е друго. Сосем друго. Тоа е страшно.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Космополитизам или не, уште помалку фатализам или не, и Зигмунд Фројд не бил начисто дали еден ден човештвото ќе се ослободи од религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Сѐ. Инаку ќе се обидам поинаку...“ Се насмевна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не давам, што ми можеш. Слободен сум јас човек!“, ќе речеш и ќе се притопориш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Привилегиите и посебните погодности за вложување и стопанисување на странски лица се определуваат со закон (чл. 31, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А пари, чедо, велиш немате. Ако свртите опуљ на кај нас, можеби и ќе се најдат пари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Скопје ќе се најде и под византиско владеење, нарекуван Јустинијана Прима, според византискиот император Јустинијан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ама таму ќе се смират, рече попот, само што ќе се сретнат и ќе се смират.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Светот е круг, врз тој круг лежи светлина. Надвор од тој круг, зад студените рабови на испраќањето на денот, се постилал еден поинаков свет чија распливнатост се вообликувала само ноќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова му е прво залајување. Вистина засипнато, и натанко, како петле кога пропејува, ама лае, се мачи. Имало господ, си велам, белки ќе се раздени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зар можеше да е тоа истата онаа девојка која уште пред некој ден ме дочекуваше во ходникот за да ме обавести дека во вечерната програма на телевизијата ќе се прикажат прекрасни филмови, но дека најдобрите играат сепак во киното Центар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе се пресега, нагоре, кон пилето, кон празното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во општиот метеж сеедно е од каде ќе се почне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби поради детето во мене, сѐ уште не можам да се ослободам од анегдотата што мајка ми ја раскажуваше секогаш кога ќе се најдеше во ситуација да го подели она што го приготвила како храна (ќофтиња, пилешки крилца, колачиња, јаболки и слично): „Мајка имала девет деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби се плашиме дека што и да откриеме би се искористило против нас. (Како што сигурно и ќе се искористи, па тие стравови и не се баш неосновани).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ќе се ослободам од егото и суетата, кога ќе ги симнам маските и костумите, кога ќе се демистифицирам, кога не сум на работ на амбисот, кога имам можност барем за момент да бидам среќна, јас сум едноставна личност која умее да сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, in concreto сѐ уште се чека отпочнување на кривичната постапка, бидејќи велешкиот основен јавен обвинител, 4 од само за него познати причини, сè уште не се изјаснил дали воопшто, и против кого, ќе поведе постапка или, пак, оштетените ќе треба да се јават во улога на приватни тужители во казнена постапка.5 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А таа кога ќе се кршне, ако така дебеличка, како ремен се вие, половината напред, половината назад. А Доста ѝ држи само „сенка“!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Легнав на погрешна страна. Бргу ќе се свртам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја очекува слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како ’анархистичка’ беше погодна за најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите“212.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој малку тажно, или само мене така ми се причини, се насмевна и рече: - Кутриот Борис, постојано се враќа во своето детство, затоа сѐ таму го наоѓаат кога ќе се загуби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако некоја се накашлаше, речиси, мигновено долу, меѓу нозете, устинките формираа крукче кое потоа се разобличуваше и пак устинките се слепуваа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Нема проблем, само ѝ паднал шеќерот. Набргу ќе се стабилизира.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаме само една Мајка и тоа засекогаш... Му ја искажав својата согласност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понекогаш ќе се сретнувам со студентите. Ќе им расправам со фаталистичка сериозност измислена одмазда а тие ќе се смеат, ќе играат околу мене и ќе ме збунуваат со чудни прашања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Името се состои од два слога трај и анка! Ако на слогот трај му се одземе последната буква ј ќе се добие тра.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не беше сигурен дали е тоа гласот на О'Брајан; но беше истиот оној глас што му беше рекол „ ќе се сретнеме на место на кое никогаш нема мрак“, во оној другиот сон, од пред седум години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Симон Наконтик, в темница уште повретенест, стоел над него, веќе чекал да биде повикан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само така ако гледа, далеку ќе догледа, само така ако се искачува - високо ќе се искачи, само така ако учи - ќе научи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако се спроведе стечај или ликвидација на ТД – по завршувањето на стечајната, односно на ликвидационата постапка, странското лице има право да си го врати назад внесениот непаричен влог под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие извикуваа навреди кон чуварите, даваа жесток отпор кога им ги одземаа личните работи, пишуваа безобразни зборови по подот, јадеа прокриумчарена храна што ја вадеа од некои мистериозни скришни места во нивните алишта, па дури му се извикуваа на телекранот кога овој ќе се обидеше да воспостави ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ќе се смирам и вечно ќе патам за едно минато...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Сте зјапнале, ќе се расплачете над неговите лаги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа го соблекува палтото, му го подава на Васила и зема да се качува направо спрема седелката, која е водорамна пукнатина во спилата и пред која, од левата страна, расте ниско и осамено дреново дрво; за него, смета Максим, ќе се држи кога ќе го убива кобникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Никој не ноќевал на Орелска Чука! Никој. Дедо ќе се грижи. Нека се грижи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Често по тоа надметнување и надлажување ќе се изнервиравме па доаѓаше и до тепачки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Умрете, умрете, бев немилостив, овој оган, ова срце што се пали, проклет да бидам, еден ден бел-сив, ќе се види кој е прав, кој е крив!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Овој огранок на едно од шесте најголеми семејства во Албанија (барем така се веруваше во семејната легенда), по престојот во Влора, на крајот ќе се најде во Тирана, обединето но без Мајка, која ќе следи друг пат на судбината, мажена кај Сул-Старови, кај друго големо семејство на Албанија, во крајезерскиот Поградец...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако се Бугари, арно, - ќе се разберам; ами ако се Турци или Власи или Арнаути, како ќе се разбирам за да зборувам?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сигурно ќе се врати... Така ли е, синко? – Се разбира, Татко, ќе се вратам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со секое стемнување неговиот разум заспивал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А еден ден и ќе му раскажам. Кога ќе се смират времињата! Ако некогаш се смират, за нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако треба ќе преболам, а потоа ќе се качам на уште повисоко, за да бидат уште побезобѕирни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па и за Влатко: ново училиште, нова средина, ќе имаме многу расходи, а набргу ќе се заесени и разлади“, туривајќи таратур коментира мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Многупати помеѓу ветеното и она што ќе се случи доаѓа до недоразбирање.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
До трипати смее да се отвори одајата, велеше преданието, и ако од трипати не се растолмачи записот, сонцето ќе се помрачи, земјата ќе пропадне, ќе се отвори и ќе проголта сѐ што лази, ползи, плива и лета по лицето нејзино.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во таква состојба ќе се најде кралот Шарл Кине, кога на врвот од својата слава ќе абдицира во Брисел, за да предизвика восхит за покажаната храброст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега сум исмукан кожурец со душа во носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со истата казна ќе се казни и тој што ќе отстрани или уништи докази што се од значење за постапката пред суд или управната постапка (чл. 366-а, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А Темјанка? Што ќе се случи со нив? Не, останувам!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Замавнуваа една кон друга и се судираа како да ќе се борат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Може ладна вечера? Што ќе се најде, со малку винце?  - Може и слама, само да се џвака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе се стаи и она што со цедело по грешка низ пукнатината во којашто еден живот се должи на друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сите тие дополнувања што ќе се придодаваат кон понапрешниот руско-австриски проект за реформи не само што не чинат 100000 обездомени души, 3-5000 човечки жртви и полно обескуражување на жителството во Македонија, ами не чинеа ни 100 човечки жртви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И после чувме дека виното претекува, и Левтерија се тргнува, како кога ќе се разбудиш од некој страшен сон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се врати водата“, вели, „рака сечам!“ Го затворив бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ТРЕТАТА ЖЕНА: А јас кога ќе се сетам, веднаш по разводот на мама и тате, ми беше интересно да заминам кај новата жена на тато, таа беше монденка, тенка и заводлива и сѐ ми ветуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Околу него ќе се зберат луѓето да видат како телото ќе се залула на јажето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе биде, ќе биде, и внукот со мустаќи ќе се закити, но уште е рано, тој нема ни дваесет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа ќе се случи и со Татковото третирање, според утврдениот поредок со Камилски, на зборот табиет, табиетлија, преземен од турскиот јазик (со арапско потекло) tabiat, tabiatli, присутен во балканските јазици со значење на нарав, ќуд, природа, карактер, обичај, навика.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со тоа не мислам дека сите корисници ќе си создаваат свои светови, ќе се продаваат многу веќе изготвени производи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе помуабетиме, ќе се изнасмееме, а може да падне и песна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Простете, им пришол Васко Тушев; очите сѐ уште го болеле - ја слушал во ноќта својата песна, со разденувањето ја заборавил, останала пустош во душата; еднаш, во некоја друга ноќ, ќе се сретне со сенката на својот мртов баџанак и пријател, те чекам, дојди, ќе му рече таа сенка, и тој ќе ги подаде рацете кон сите сеќавања на својот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сеќавав на неколку сведоштва на Бургибини врсници и сопатници во апсолутната власт, без оглед на режимот кој владееше во земјата и до која степен тие владееја со него, кај кои беше силно чувството што ќе се случува во историјата со нив откако ќе ги нема.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас ѝ велам: ќе се здавам со кучињата и искината ќе им ја земам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не напуштај­те го домот. Со Италијанците ќе се снајдете.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За среќа или несреќа, ќе се сетев на Водомаровата доверба кон мене и на страдалниците од Шумшул- град, вклучувајќи го и човекот со два гласа, и ќе се откажев од коркачката намера.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сигурно не ќе се вратат веќе?“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа јас останувам овде, во земјава наша, да го поделам злото со народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако го прежали коњот ќе ја омажи ќерката си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Револуцијата стана и иако има најужасни последици за нас, пак даде некои благодатни резултати со коишто можат да бидат задоволени нашите борци за национална слободија: тоа се Мирцштегските реформи3, кои ќе бидат раширени спроти нуждите што ќе се покажат со време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се обесам ако не е така.“ „Ќе ти помогнам да ја врзеш јамката.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во текот на наредните седум месеци (од март до септември 2005) тие постојано истакнуваат дека плата ќе почне кога-тогаш да се исплаќа и дека моменталната ситуација набрзо ќе се надмине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И после ќе се мачам да презаспијам, пак да ми дојде да се видиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дора со комплетот си играше жена-мајка и му готвеше на мажот кога тој ќе се вратеше од работа, ако Ники дојдеше на гости за да си играат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ТЕОДОС: Ме покапале в црква со свеќа... Си прават ќеф... Гледај, Параскево, влакненце...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По нас клинка и Чако, ќе се заврати по некоја гуштерица, ќе ја збрка и пак иди по нас. 151
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но сега ќе се обидеме да согледаме еден друг аспект од неговото дело.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И кога тоа задушување станува неиздржливо, тогаш проговорувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајсторот на театарот на апсурдот, со поглед секогаш свртен кон големите теми на времето и битот - фанатизмот, страданието и смртта, се плаши од она што ќе им го остави на своите најблиски откако ќе се раздели со светот на живите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден волк ќе излази едно место, па ќе се притаи залепен за земјата. По него друг тргнал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Кој вам ви рекол дека ќе се вратите без камења? прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Утре ќе се видиме пак, - рече Бојан па замавна со секирата и ја остави забиена во телото на Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И Мајка, која ги допрати до капијата не знаејќи што се случува, се смири кога Татко кусо ѝ рече дека брзо ќе се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жената на средниот брат ја наполнила тавлијата со алишта и тргнала, па клекнала пред жената на најстариот: „Сестро, ѝ рекла, сестро мила, денес јас сум редница, мене ми е редот да им однесам храна на мажите, арно ама маж ми ми рече оти ќе ме убие ако не му ја исперам преслеката, а тавлијава ми е полна, дури и преполна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Често се случува кога ќе се задржи овдека, во гостинската одаја, некое од нив да се разбуди, сонувало лош сон, да дотрча ваму, па побрзува да отвори и - силно се изненадува: нагрнат со веленце, по чорапи и со свеќа во рацете доаѓа Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ем да видиш, Доцо, ќе се чудиш. А бре, рацете да ѝ капнат на таа шо и везела?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, ќе се случи ли дотогаш нешто, Исусе?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кај да е ваперот, ако чуе гајда, ќе дојде, вели, и ќе се фати напред или на крајот ќе се фати, вели, и ќе ти тежи, ако е фатен до тебе на орото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка ѝ на Благуна, и сама посветена во Организацијата, претрнета од страв и очајна, а немајќи на кого да му се обрати за помош, ја посоветува Благуна да отиде кај Десимира и да го замоли да дојде дома кај нив и пред стрико ѝ Крстета да се заколни дека меѓу него и Благуна ништо не било и дека таа Благуна не ги предала луѓето од Началството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отиде да гледа како ги молзат овците и кравите, а кога ќе се врати ќе донесе котле млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Обајцата, пошле секој на своја страна, едниот Онисифор да копа јама, сам, со циганска дурија, другиот да собира гранки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетила - по неколку месеци ќе прсне искра од чобански оган и ќе се присокрие во сув мов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бургиба до крајот на животот ќе се прикажува како неподобен Картагинец како и владетелот Југурта (владеел со северноафриканското кралство Нумидија, под Римјаните), кој во еден период се побунил против Рим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе се држи за мешето и рацете и колената ќе ги собира на едно место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АНЃЕЛЕ Ќе се напиеш нешто? ДИМИТРИЈА Пиво. АНЃЕЛЕ Ме памтиш? ДИМИТРИЈА Не. СЕ ГЛЕДААТ.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
БОРИС: Ќе се шишаш? МАТЕЈ: (Се фаќа под стомакот) БОРИС: Денес нема да јадеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но коцката беше фрлена. Границата- Рубикон ќе се мине.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И јас ќе се вратам во пустата куќа и почнува да ми е мака дека не ме заклале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над фабриката беше отворена стечајна постапка и беше назначен стечаен управник од Скопје.4 Сите вработени отидоа „под Биро“ – т.е. секој, зависно од својот стаж, неколку месеци земаше паричен надоместок во случај на привремена не- вработеност, кој им следува како уставно и законско право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Чекај, - рече шоферот, - ќе се погодиме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
АРСО: (Го бутка благо.) Арно ќе биде! Само никому ни збор!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе дојде време ќе се знае вистината: дали сум или не сум рака на правдината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не толку од срце, но надежта дека ќе се починува, жетварите пак зашумеа со срповите, а Танасица го фрли буклето на рамо и се упати по ридот попреку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пишпирик и Барбут- бег ги доближија главите и веќе пееја со издолжени шии: Трговци сме чесни, продаваме чуда, по достапна цена ви нудиме рудар.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога ќе ми се врати по војнава, дојди и ти со него. Ќе се честиме со она што дал господ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Играа, пееја, со вода од кладенецот, што ја црпеа со лејки, со бардињата што ги понесуваа од дома и кои како и момите беа закитени со маслинови гранчиња, со полски каранфили и црвени рози но и со плодови од цреша, со одмиваа - за здравје, за среќа и за личнота, На пладне се враќаа во населбата на ручек, а во бардињата понесуваа вода, од Кладенец, која не ја пиеја; ги затнуваа бардината и ги чуваа на темно и студено, сè додека не се исушеа гранчињата, цвеќињата и црешите на нив, а тогаш, кога тие ќе се исушеа, пред изгрејсонце, во недела, чупите ја истураа водата на куќните прагови, на портите, пред пондилите и трлата и на крстопати - овој пат за здравје, напредок и личота на домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Не се разбудија уште ваше превосходство, тоа треба предвид да се земе; тоа тие не се навикнати: ќе се разбудат и инаку ќе ве примат...“ „Оставете”, повтори генералот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да ви кажам право, баш ми недостигате.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме понесуваше таа сличност и забележував дека кога ќе се насмевнеа усните на некоја од жените и дундата ѝ се подоптегнуваше во должина, и во исто време се подрашируваше, потреперуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Ни вчера си се колел, ни денес ќе се колеш. Онисифор Проказник ќе се расправи со нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби светлината не ќе се врати, но излезот до белиот свет е тука некаде.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој сакаше на прекрасната Французинка да ѝ го покаже својот младешки дух - затоа, кога ќе се вратеше од работа, готвеше вечера, па со најлуксузните тренерки и спортска чанта гласно ја треснуваше вратата со надеж дека таа ќе го види низ дупчето и така ќе се заинтересира за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се бегаше, само се бегаше, од своите, од себе си, се бегаше без оглед каде ќе се стигнеше, само да се избега од родната земја…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Малку по малку, должностите почна да ги извршува нередовно; а посебно кога во разговор со управникот или со главната сестра требаше да каже нешто за каков било предмет, кога ќе осетеше дека на дотичниот предмет и самиот треба да му подари некаква изјава, буквално ќе се скршеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Животот е проба на духовната претстава -Човекот, создавајќи слика, претстава за светот, во животот која е проба на претставата за која не се знае дали и кога ќе се игра, цел живот се обидува да го пронајде најдоброто.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Погодува кога ќе се каже непријатната вистина в очи, но уште повеќе погодува невистината, лагата и сплетката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ќе се разбудиш, расправај се со кавгаџиите. Подвикни им со некој трет глас и смири ги. Тие сепак се твои.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да го допуштиме уште и тоа, тој да добие бугарска служба. Но ќе се чувствува ли тој на неговото место? – Не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ти си чуварот на човечкиот дух. Сега ќе се видиш таков каков што си. Соблечи се.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ќе дојде време, велеа, кога војводата пак ќе се јави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со раната врамена во скинат опинок, со таа втора дамка што можела да ги врати кон многубоштво, тие знаеле дека старецот е мртов од птици до чело и верувале дека од изгниеноста под земја брзо ќе се вообличи издолжена подвижност, најпрвин пелтеста, потоа густа и стврдната, најпрвин човек-труп, потоа труп-земја, најпосле змија-отров за нечија несреќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кришум поткраднувало што ќе му дошло под рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако го извлечеме најдоброто од лошите работи ќе се инфилтрира причината, ќе сфатиме подобро зошто тоа се случило.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Камилски потоа утврди дека од урбаните средини влијанието се распространува и во руралните предели каде што турските лексички елементи ќе влегуваат од втора рака, но и натаму дури и до денешни дни ќе се чувствува нивното присуство и влијание.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сепак, најстрашно беше кога ќе запенавеше, кога без никаква причина ќе се разбеснеше и ќе фатеше некое дете да дави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што знаеш, вели потоа, може ќе се согласам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од кујната одново почнува да се слуша пијаното пеење на Фезлиев: „Не плачи, мило моме, не жали, Јас пак ќе се вратам...“)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, по оваа, само навидум добиена битка – следуваше уште едно разочарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да скокнам преку пенџере, високо е, ќе се отепам; да седам нема кој да ме одбрани, ќе ми ја земе честа...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Навечер, ќе се слушнеше пукот, ’рскот и ропотно паѓање на дрво на кое далечината не можеше да му се одреди зашто укитот и сулундарите по стреите долго одѕвонуваа во темнината, како да офкаа наместо дрвјата осудени на таква смрт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Водата ќе се користела за наводнување на Црноечката долина и дека на тој начин ќе се постигнеле поголеми земјоделски приноси.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во слободните балкански државици, одвреме-навреме, македонската интелигенција, без разлика на пропагандите, треба да организира свои македонски собири, на кои ќе се разгледуваат и ќе се решаваат прашања за духовниот и националниот расцвет на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ајде, довидување. Утре повторно ќе се слушнеме за да се договориме за деталите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас - како Снешко декемвриски, а ти смрзнати грутки снег, со срце врело зашто ќе се врати оној „првиот“... и пак со љубов и поглед ќе ме топиш мене. Твојата снегулка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не ни насетуваа тогаш што ќе се случи кога ја управија арабата на другата страна од котлината, кон планината Караџица.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мавале доаѓајќи и се распаѓале во прав и пепел за иднината, могила или тулбе на она што било и што ќе е трева или куп непознати цвеќиња со горчлив мирис на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Авторот е склон кон суеверие, кон откривање знаци што нешто укажуваат; така, на пример, кога при бричењето ќе се исече, верува дека е тоа некој лош знак и цел ден страхува дека може да му се случи нешто непријатно)
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И овде-онде, ми светнува по некоја ѕвезда меѓу буките. Една ќе се скрие, друга ќе се појави. Како што ќе мрдне некоја парошка, така и ќе се појави. 202
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зетовите јавнале на најубави коњи и само се крстат со старисватот и деверите, со сваќите што одат пеш до сваќата — да помогнат кога ќе се качува невестата и да ѝ се најдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А знаеш како е кога ќе се фати капина за тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На мајка си, која долго време не стануваше од постела, ѝ велеше: Твојата ѕвезда, мајко, ќе се затемни и ќе се смени во сечко.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во Елбасан ќе добиеш нови, не грижи се.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па ќе излезам надвор, вели и ќе седнам на некој камен. И ќе седам, така, ќе се думам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргна кон центарот на градот и по изминати сто и педесет метри забележа жена во црно како тромаво се движи по тротоарот. Ете, во неа ќе се заљубам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас знам само едно: уште еднаш ќе го прашам. Ако рече пак не, ќе се отепам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тие сега ќе добијат крилја и нивната агресија ќе расне и нивниот подбив ќе се шири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ех, вели Цветан Велјаноски, ако ни успее ова со општинава и со училиштево, отпрвин ќе ни служат само нас, ама после, ко ќе ја видат ползата од нив, може ќе се здружат со нас и веселчанци и тројкрстчанци и тополчанци, а може и некои подалечни села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На овој начин ќе се создаде впечаток дека ДАГ ќе го почне нападот во насока на Нестрам - Костур, а со тоа ќе се сврти вниманието на непријателските единици кои држат позиција на Алевица - Гинова.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иницијативата била поздравена и од претседателот на САД, Ф.Д.Рузвелт, кој во писмото упатено до секретарот на Словенскиот комитет, Георги Пирински, го изразил своето задоволство од високиот патриотизам на детроитските Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дури одоздола, од петиците до темето ќе ми помине и јас ќе се приберам кај децата. А којзнае дали вошките не ни ја донесоа таа палена болест. 79
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Козата ќе вреска, ќе клоца, а ние ќе се држиме за козината, за вимето и ќе се влечкаме низ шумата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утредента ме разбуди рано. „Трудна е, од мене, ќе се женам!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа може да се направи откако ќе се одговори на главните приговори на нашите противници, со кои тие се мачат да покажат дека нема потреба за одделно македонско друштво и дека неговото формирање не е своевремено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден ден и херметички затворените граници на Балканот по повеќе од половина век ќе се отворат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- И сега, кој со кого ќе се здружи? со очај рекол Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одовде ќе се убеди човек оти центарот и најголемата улога во таа империја ѝ припаѓаше на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние мислиме оти Европа ќе се сожали над мирното население и заради него ќе се замеша во нашите работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој не го беше видел него, и ваков, во никоја од своите преуранети слики, па да претпоставува што ќе се случи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вие научете го, изучето го, усовршете го... пред борба, а потоа во борба сами ќе се убедите дали добро сте го научиле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето коишто можат да бидат горди на своите лични достигнувања, ќе бидат попаметни и посамостојни и побрзо ќе се спротистават на авторитетот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Записникот, односно белешката за гласањето, ја потпишуваат сите членови на советот и записничарот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе се насмееш, а смеењето ти стои некаде настрана од устата, од лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога ќе се залажеш себеси да мислиш дека гледаш нешто, ти заклучуваш дека и сите други го гледаат истото тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти ќе се викаш Летка“, ѝ рече Едо. Елефтерија ништо на тоа не приговори. Премолча. А немаше таков обичај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
50. Сегашниот политички опит да беше бил кај Бугарите понапред, ќе се пристапеше прво кон разделувањето на сферите за влијанието во Македонија меѓу Србите и Бугарите, а после, во време на востанието, српските и бугарските војски ќе навлезеа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе тргне и пак ќе се поврати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеше дека, кога луѓето не ќе се помират со забраната на козите, ќе пројават револт, ќе се противстават, ќе се борат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ти, Арсо, ќе се ослободиш од твојата фатална хуманост?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во селото секогаш ќе се најдеше некој што не можеше да плати.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но покрај ова што ти го кажувам и што не може да се протолкува на повеќе начини, кажав и уште нешто за кое подоцна бев спремен да се посомневам дека ако не ги поттикнува намерите тогаш може да се сфати како подршка на неговата идеја, која за жал постоела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие, по сила на условите, се трансформираа во латентна сила готова да избувне кога за тоа ќе се укаже првата можност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нема да рече веќе „шега јок”, туку само ќе се искркоти на мојот голем уплав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
НЕДА: Рече дека ќе се врати порано.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Времето си врви, синко, в гроб ќе се оди...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога по таквите обиколки ќе се вратеше во својата соба, често ги превртуваше рацете и ги посматраше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ќе се разбудам и капки роса ќе си најдам на градите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ширата и мамалигата, и печената пастрма и попатните земјоделски изложби, брзо се забораваат кога на влашката рамнина ќе се појават петролејските кули, чиниш безброј како една шума.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Тревки фалиш, винце локаш“, жолчно рече Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се загрееш, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се соединат социјализмот и национализмот, или национализмот и клерикализмот, тогаш значи дека на патријархализмот му догорело сѐ до ноктите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зад него се влечело рапаво, пискаво, гровтаво и секакво кикотење и го сопнувало, чиниш ќе се заниша побелен и ќе падне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ВОЗДИШКИ МОЖАТ да остават траги и во напластен снег... Кога ќе се истопи - трагите ќе останат... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Додека има идеалисти и глупаци, сиве овие истории ќе се повторуваат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- И така, не знаејќи кој си и што си, си ја запалил куќата, повторно се замешал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Погледни нѐ, повеќето сме трудни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Дојдени сме како пријатели но можеме и да ги запознаеме вашите закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ќе се обидам да обезбедам кола - рече Елена. - Еден од колегите скоро купи, па таман малку да ја развози.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Среќата е луксуз откако ќе направиме животна ретроспектива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе се омажиш ли за мене? - Не можам, одам да се обесам. - Како тоа ќе се обесиш, кога се заљубив во тебе!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Децата ќе се држат за скутините од мајките и ќе бројат ѕвезди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се караш со некој, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му се чини, а и како на другите да им станува јасно, дека наскоро сиот воздух во собата ќе се истроши и тие сите ќе поцркаат, додека под скафандерот, Мишкец и натаму упорно ќе продолжи да се бори за живот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сега се поставува прашањето: кои колца од нашиот синџир наречја ќе се наречат српски, а кои бугарски и врз која основа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ама како Јон ќе ја затне на едно место водата, таа ќе се подистрга и ќе се загне на друго место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто знаете какви се Турчиштава, на чиј синор ќе се најде убиениот, тамошните луѓе оддеваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Всушност, тоа би било доволно да можат да го кажат она што Ацо Шопов го испеал во песната „ЈУ-Миткање“: „Пред тебе клечам како голтар/ што ти се заканува со ковчести прсти: престани да бидеш црква без олтар/ во која секој ќе се крсти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но ако не бевме и двете токму тоа: (недоразбирања што се движат едното спроти другото), кажи, каде тогаш ќе се сретневме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но ете, и на болките им дојде крајот. Ќе се спасам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човештвото ќе се издигне од емоционалната затапеност и отуѓеност и достоинствено ќе излезе од демилитаризаната зона на глупоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Впрочем со поетите и писателите секогаш е така Цел живот сите ги гледаат како џуџести брези А кога ќе умрат ќе се види дека биле бабачки како секвои Секвоите галиба први рекоа Едно сонување еден век А за Дикенс и научно е утврдено Дека ја откри обратнопропорционалноста на сонот и јавето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кога сѐ беше подготвено за тргнување на пат, баба толку се нажали што очите ѝ се насолзија. „А што ќе прави малечково без мене? Како ќе се снаоѓа?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Камилски беше задоволен од ова ерудитско објаснување на потеклото и распространувањето на модриот патлиџан и затоа предложи тој да заземе важно место во нивната листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби иде денот кога некои поповолни општествени услови ќе им ги оправдаат тврдењата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само зборот да го запаметам па ќе видиме после, ќе се сетам на неговото значење, на тоа зошто ми беше страшно важен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И сите други се прекрстија. Окото на Стефан Писмородецот стрелаше во мене, и гледаше будно дали ќе се прекрстам. Се прекрстив и јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ќе се качи царот повисоко.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Добро е што не ме притисна малку повеќе па ќе морав и сонот да ѝ го кажувам во кој ја видов Пелагија а таа мене не ме виде, не само што ќе се прашуваше себе си гласно како можело да ти влезе во сонот и да не те види, туку и во неа ќе го наголемеше сомнежот околу тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чети од доброволци што ги организираше Парсонс ја подготвуваа улицата за Неделата на омразата, закачувајќи транспаренти, сликајќи постери, местејќи знамиња по покривите, ризикувајќи си ги животите за да растегнат жици преку улиците на кои ќе се веат знаменца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Идат пак лиферантите, проматарите: - Го искачиле уште десет метри топот, велат, Германците го искачиле уште десет метри, погоре, топот. Ако го искачат до врвот, ништо не ќе се види, велат, ни од вас ни од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
(Се прибира.) Наскоро ќе биде војна. Работите ќе се расчистат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ТЕОДОС: Мустаќите... Бетер ќе се од твоите... (Го свива погледот надолу, а ја крева горната усна нагоре, да ги види.) Бетер!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Замислете, еден пријател на ѕвездите ми прорече дека ќе се задушам со полноглавец.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Притоа тврдев дека тешко може да се создаде живот што се разликува од другите и кој ќе се карактеризира како необичен и посебен!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Срцето ќе се распрсне - жива лавина на небесна падина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така ќе знам дека вистински ме сакаш и ќе се омажам за тебе.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но не мируваат лошите очи на Петрета, тие му наѕираат прекорно в душа: зошто се губеше ти во напразни сништа, зошто не одеше устремено со гради накај неа до оној миг кога градите ќе се допрат, зошто не сруши сѐ заради необичноста, да заборавеше дом и име, чест и спокојство, пуста пајажина?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Многу знаеш, Спиро. А со Мечкојадовава кола ... А?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се наведнеш, ќе се исправиш и веќе војникот го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им носат муштерии, а пак сликарите некогаш можат да пијат и на вересија, кога ќе се случи да останат без пари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зарем е можно, ќе се запрашам, бившиот твој соборец, револуционер да стане ембрион?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Турскиот конзул секој ден протестира против исфрлањето на чети, та одвај и јас ја минав границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не ќе се радувам помалку ни јас да можеше тој да појде со мене кон Пупипафија и да живее таму.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
-Штом ќе ја насетам болката, или ќе се појави некој проблем во врска со здравјето, најнапред одам на лекар а потоа постапувам според неговите наоди и совети. Ништо друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и литературата на Партијата ќе се промени. Дури и слоганите ќе се променат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога ќе се збрчкаш, анамо лесновска, ќе се сетиш дека си можела да имаш домаќин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почесто влегуваше во одајата да види дали е тој тука, и кога ќе го видеше, ќе се намуртеше и ќе излезеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас ќе одам дома и сега ќе се обидам да те поминам. Не беше никакво заканување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе се костреши така, велеше, и по некое време ќе се оддалечи, од под буката со влакна назапнати на секачите, на ’рпалите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Машала! Е, кога ќе се вратиш оттаму ќе имаш педесет и кусур. Тоа ли сакаш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Губиш само кога ќе се откажеш...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знаев дека не е далеку и дека ќе го видам кога ќе се раздени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Единствен проблем се чини е тоа дека како резултат на добрите и мудри расудувања Иван се најде в затвор? - ме свести суровиот заклучок на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ги закопаш колената в трева ќе се потпреш на лактите и ќе го пикнеш клунот во брзакот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ај, уште овој пат, си велам, па ќе се сетам, колку пати сум рекол така. И раката си ја соберувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога, еден ден, ќе исчезнат границите, а тие сигурно ќе исчезнат, веруваше Татко, ќе останат уште долго како линии на кои се пластел и ќе се одржува стравот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од каде да помислам дека од сите шеесет и двајца запишани ќе одговарам само јас?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Белки ќе се најде некој што му може, а? - Белки ќе се најде...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега, кога ќе појдам во собата, ќе ги побарам оние скици и цртежи, и ќе го уредам просторот со планираните патеки, со парчињата англиска трева, и со туите и кедрите што ќе се вишат до небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога написот ќе се издвои, потцрта, означи со црвен фломастер, ќе се стават извичници и прашалници, е тогаш се зголемува ефектот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога наутро ќе се симнев да си го земам мојот велосипед, со кој одев на работа, имав што да видам, многу отпушоци од цигари.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се погрижите околу Клаус, додатно ќе се договориме. Намирисајте што сака. Не ви е првпат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Нема потреба“, викав од балконот, „самите ќе се договориме“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Однесувањето на Фјодоровата мачка, славниот пример, со нејзините очекувања на храна и соодветниот избор на место кадешто ќе се склопчи, според ова гледиште, не би можело адекватно да се објасни без да ѝ се припишат, и тоа на не-тривијален начин, состојби како што е имањето претстава за тоа како нештата се распоредени во нејзината околина, и според тоа, извесни верувања и желби со определена содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не се повтори веќе во животот и не ќе се повтори изгледа никогаш таа само замислена, незадоволена сладост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Копук! Мислеше ќе се залетам по неговото партизанско минато. Зарем не се погледнал во огледало.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кон средината на јули, некаде по Петрови пости, групи видни граѓани отидоа кај протојерејот Димко Венкин за да го замолат за молепствие за дожд. белким Господ ќе се смилостивина нашите молитви и ќе не спаси од горот и изгорот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најпосле се јави и Толе, којшто со внимание ја слушаше препирката: — Оставете и кавгите, џанум, токо гледајте, правете планот и како ќе се извлечкаме одутре одовде, оти Бахтијар може да нѐ намириса, та се пусти гаќи ќе останат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ве предупредуваме дека извештаите без точни податоци за името, презимето, датум на раѓањето точна адреса и националноста, не ќе се земаат во предвид.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ми и сестра ми ќе се зачудат, ќе ги рашират очите и ќе прашуваат: „Што е, кажувај брзо?“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Да знаеш, да ти се случеше нешто страшно, ќе се фрлев од единаесетти кат – се растрепери сиот и уште посилно ме прегрна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе навали сонцето, ноќта, и пак ќе отиде на меана. Кај Доксима Тренчески. И таму ќе се долива, ќе дополнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Досега таа не се омажила, одсега ќе се мажи! (убедливо).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И така, во нивниот слеп полет со лоши инструменти, го одредуваат не само местото каде тие ќе се приземјат, туку каде ќе ги приземјат оние што не им се блиски или што не им се на очи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тука ќе дојде честељето со кафе и ракија, ќе напнат гајдите — сега две, една откај зетот што си ја водат сватовите, другата ќе ја најдат кај невестата ,и така ќе се заредат прво песни, потоа и ора, како на свадба!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ти, дали веруваш? – Јас, мили мој, не сум толку учена да можам да посочам философски докази за постоењето на Севишниот. – Имаш право, никој не успеал во тоа, сите учења на човека не се доволни за тоа. – Но јас, сепак, верувам во нешто. – Во што веруваш, мила? – Верувам во чинови на храброст или на верба, кога ќе се соочиме со безнадежноста. – И тогаш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако поради ова дело настапиле особено тешки последици за обвинетиот во кривичната постапка, или на сведокот или нему блиско лице му е нанесена тешка телесна повреда – сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години (чл. 368-а, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми рече дека со него е готово, ќе се убиел. Ги искоцкал вечерта сите пари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ХЕРЦОГ: Дома сигурно сите веќе пристигнале и чекаат. Сѐ ќе се олади.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Така ќе му покаже на малиот кога ќе се вратат дома, ако даде господ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
МЛАДИЧОТ: (Блед е. Се чини секој момент ќе се струполи на земја. Поревајќи се, се довлечкува до една од фотелјата и седнува во неа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И - ќе го однесе кај директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Барбут –бег го дополни. На две нозе – па двајца сме, нели? Утре ќе сме во палати бели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Е, можам да те замислам, со кацига на глава и фустанот кој зад тебе ќе се лелее како барјак низ Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А мајсторот и понатаму го искушувал: „Нели, не е најумно да му се препушташ на стравот кога ќе се спуштиш волку длабоко?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе се јавеа на небото и ние ќе застанеме да ги испраќаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас потскокнувам и си го прераскажувам сонот што треба да ти каже кое момче ќе го земеш, за кој човек ќе се мажиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Срцево ми е меко, сепак ќе се случи еднаш- на овие двајца на тил ќе има седнам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еднипати цела ноќ ќе се гледаме со Горачинов, а како за последен пат да се гледаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тие тогаш ќе се плиснеа во една игрива група, која секогаш беше нешто цело за себе, а која знаеше напросто да се изгуби низ тие бучни улици, да се расплине низ нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ќе се сврти кон мене, а јас ќе му се поднагалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во една од верзиите на ова верување, човекот ќе се потпре на дијалектиката, претпоставена како објективна, која според Маркс треба да го, создаде новиот човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Николај, што ти бил? Тој ќе се исправеше, ќе ја дигнеше главата и ќе зататнеше: - Генерал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На ова рочиште судот ќе ги определи денот и часот на одржување на првото рочиште за главна расправа – во рок кој не може да биде пократок од осум дена ниту подолг од 60 дена, а во сложените предмети најмногу до 90 дена сметано од денот на одржаното подготвително рочиште – потоа доказите кои ќе се изведуваат, како и сведоците и вештаците кои ќе бидат поканети на главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После сами ќе се чуваме, си велиме во молбите, во молитвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со него барем некако ќе се разберам. Шат-пат, ама ќе се разберам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ, дури и неговиот живот, сега излегуваше на една сосема нова, обесмислена чистина, губејќи ги сите свои суштини и останувајќи само празно, попусто талкање, кога ќе се обидеше да си го замисли макар и само тивкото брмчење на човечкиот разговор во некоја квечерина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најде голем и цврст стап на патеката, го крена, го изгледа и удри неколку пати по тревата лево и десно од патчето да види дали ќе се скрши, не, не се скрши, ама тревата ја сечеше како срп сѐ до коренот и така, удирајќи лево и десно по патчето, загледувајќи се по крошните на дрвјата од каде летнуваа куп птици преплашени од мавтањето на стапот, туку одеднаш се најде на една ширинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа гледајте вие да не кодошите еден со друг, живејте како браќа, да не плаќате после борчоите кога ќе се вратит Османлијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одеше во камбанаријата, тргаше на јажето и го удираше ѕвонарот; кога ќе се измореше тој, го заменуваше отец Иларион, па отец Серафим, па се редеа другите калуѓери.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Mope, ќе те закола, да знам да умра, само а де, нека доведат девери ми некоа, таман ќе се отстрама со тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Се спогодуваме како Онисифор Проказник веќе да загинал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, бездруго, ќе започне огнот да гори, а душманите ќе гледаат отстрана и ќе се ситат, ќе уживаат кај што ќе се черечи брегот, кај што ќе се распарчува...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
БОРИС: Некои работи не ги разбираш, а не смеам да чекам полека да ти се разјаснуваат. Ќе се упропастиш. Немам време да чекам да пораснеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Поминува еден камион и за малку убавиот петел ќе се најдеше под неговите тркала.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Одговараат: јазикот на “мнозинството”. – На кое мнозинство? – Тогаш ќе се види.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакате? - ја држеше издолжена празната чаша кон рибарот кој му туриваше радосен што тргна работата, што проблемот ќе се реши многу лесно, без мака, без страв и неспокојство.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едни држеа говори, други командуваа, а некои само ќе се занишаат и ќе паднат ко клада.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Земи го и сонцето, рече Барбут- бег. – Ти го давам за малку месечинена ткаенина, со која ќе се покријам додека ќе спијам на своето парче ноќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Си рековме дека ако одиме по железничката линија, ќе стасаме во Битола, а таму ќе се распрашаме кој пат води за Преспа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега ќе се одделуваат многу поголеми количества домати и друг зеленчук за извоз и за домашна консумација, зашто порано во Бугарија со оранжериско производство биле опфатени само околу 400 декари земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Климент Камилски насети дека Татко како да го релативизира првичниот договор, сугериран според неговата замисла да се исклучат од нивните балкански јазици опасните османизми, но не сакаше да го прекинува, верувајќи дека на крајот, работите ќе се одвиваат според договорот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доставувањето до адвокат може да се изврши и со предавање на писменото на лицето кое извршува какви било работи во неговата адвокатска канцеларија (чл. 134, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Што ќе се напиеш? - праша Геро, како да го викнал во негово маало, и ја крена раката да штракне со прстите, како да ги довикува другите тепачи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Товарена со нарамок дрва за малку ќе се сопнеше од расфрланите обувки на прагот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но како ќе се чувствуваат сите тие ништожнички сега, кога ќе те среќаваат по улицата волку жив и мажествен?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со ова прашање ќе се справи во студијата Неологизмите и законитостите на фонетската еволуција на албанскиот јазик во своето списание Albania.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега се прашува: дали од нашето отцепување од балканските народи ќе се восползуваат нашите непријатели и кои се тие?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И по шест фамилии ќе се менат секоја недела”.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Маката што те мачи пак ќе се врати и пак ќе те зароби темното кое низ грчеви сака да се породи во светлина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие знаеја дека од него помош не можат да имаат, но како да не се занесеш во надеж кога ене онаму од ридот да скочиш низ баџа дома на софра ќе се најдеш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
53. Тогаш ќе се избегне конфликтот помеѓу и Грците и Македонците, зашто последниве не бараат тие што зборуваат грчки да имаат во своите цркви старомакедонски јазик а во училиштата сегашниот македонски јазик, ами тоа се бара само за оние што зборуваат македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Така си мислеше Доста Рожденката, но поп Петко којзнае дали ќе се согласи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ловиштето го покриваа со веленце и тивко, за да не ги возбудат врапците, за секого од домаќинството уловуваа по еден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа, решението е вакво: ќе се формираат групи кои тајно и неусетно ќе се вовлечат во селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Какво варварство! Да се земе живо дете, да се сошие во кожа на мртовец - и тоа ќе се задуши во тоа старско детство во кое не треба да прави ништо друго освен по сопствената смрт да загорчува други детства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сложениот проблем на пренос, односно прикопчувањето на човечката свест кон машина и новото создавање на свест внатре во машината најпосле ќе се реши.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Повелете и добро дојдовте. А кафе ќе се напиете. - Да – реков – ама турско...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во нив требаше да снесат јајца, од кои ќе се изведат пилиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
САВЕТКА: Ами седнете де, невестава по едно слатко да донесе. Така е адет збор кога ќе се даде.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Молк! И да се јавиш во управата, каталавес?! Таму ќе се разбереме!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Кога знаеш што прашуваш? За таа пушка нечии прсти ќе исечам.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено, барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во Република Македонија ќе се одбијат ако: а) шест месеца пред поднесување на барањето за работна дозвола за странец, работодавачот ги отпуштил работниците вработени на неопределено време; б) работодавачот одбил да вработи невработено лице упатено од Агенцијата за вработување кое ги исполнувало бараните услови; в) во рок од три години пред поднесувањето на барањето за издавање на работна дозвола на работодавачот, му била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок на одредбите на овој и друг закон, за незаконска работа или незаконско вработување; г) работодавачот покажал негативни резултати во работењето за претходната година, ако платите исплатени на неговите вработени биле под нивото утврдено со соодветниот грански колективен договор, ако ја прекршил законската регулатива за работните односи или ако не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
* Едно е сигурно: човекот роден под Сина Скала постоеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заедно со искрите на сино заблескотените снежинки, што го боцкаа неговиот поглед во таа пеколна зачекореност, низ лилавата изгаснатост на неговиот поглед, исто онака воздушесто и нереално, ќе се зашаркаше сега и по некоја едвај видлива издолжена црна сенка, која ќе се појавеше некаде на самиот крај од опфатот на неговиот поглед, ќе прошмугаше таму еден миг, а после ќе се повлечеше, недофатливо ни за некаков појасен поглед, ни за слухот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Конечно сепак ќе се одржи Еко- дефилето!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Понатаму тече еден вид растеж во стремежот на постоењето, а тоа е достигнување до петтата димензија, со која ќе се заокружи денешниот вид на постоење на материјата, како форма.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во новото поубаво утро во бескрајот на новиот ден ќе произлезе голема приказна, доволна за да собере цел еден живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако бидеш работлива, ќе се загрееш, се цери на тоа студот во маглушината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Погледни го пријателон, покажал со очи Онисифор Проказник кон постариот тревар. - Поцрнува. Или се лажам, а?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Којзнае друг пат дали ќе се видиме, ѝ вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас останав дома да чекам. Си мислам, како ќе се снајдам со чаши.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
-Матвеј - мутно гледајќи го изговори старецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да не одеме повеќе таму? - А каде ќе се наоѓаме? - Не знам, и тоа не знам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Ме чуди, зашто кога ја проверив, беше полна.“ Ќе се облечам“, додаде таа. „Изгледа како да заладува.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така, од викањето ќе се разбудам, вели Дуковица Вендиоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Авторот го ислуша и несигурен дека со пребарување по својата меморија за она што го чу ќе се снајде, побара келнерот да му го донесе списокот на јадењата. Ако го имаат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спотот беше направен толку сугестивно што поголемиот дел од гледачите мошне се заинтересирале дали нарачката ќе се направи или не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Којзнае дали на сите вака им иде кога ќе се сретнат со смртта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нејасно се радував: по неколку дни бело ќе прснат бадемовите пупки, над ретките потоци ќе се доселат синоглави птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Петрис ќе се насмее, ама некако изнудено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако си малку од малку среќлија, ќе се сликаш со некоја Викуња и на сликата нема да личиш на суров ловџија што си го истура бесот врз недолжни животинчиња.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Што ќе се напиете?“ и понатаму стоејќи праша домаќинката откако дочека гостинот да седне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Заѕвони. Еднаш, двапати. Чу чекори како се приближуваат, па вратата полека крцна. ­- О!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А јас пред лицето Твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твоја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Потем ќе требало да се изигра едно оро, за да се сочува здравиот народен дух; потем таа замислила самата да ѝ се обрати на публиката, и да говори за перспективите на народната уметност денес, за лажните и вистински вредности во уметноста; потем рече дека ќе се изведувале рецитации од наши ученици.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толе го бодна, просто го разигра белиот коњ и дотрча прв.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Марк, беше лек за секоја женска болест, само требаше да замижите и да си го повикате името Марк во вашите мисли и тој за миг ќе се отелотвори пред вас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ги насетив опасностите, ама не верував дека толку брзо ќе се разбудат старите страсти и зависта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе се фатиш вака за лице, за коса, и пепел ќе си најдеш во рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
A сами вие кумитите, сигурно ваа работа не можите да а свршите. Како и сам шо гледаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога децата ќе се заиграат помеѓу себе, тогаш и ние двајцата ќе можеме да се придружиме на трпезата да принесеме уште нешто, пред да ја изнесеме најголемата тава што специјално за нас ја печеа грнчарите дури во Велес.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во XIV век Скопје ќе стане втора царска престолнина на српскиот цар Душан, а кон крајот на истата година станува дел на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ќе се родиш ли и по третпат, честит стрико, замислено прашал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се овршат и ќе се мери житото, та ќе се најде средниот принос од сноп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да се молчи, да не се засилува огнот со железо, да не се загризува неначнат леб, да не се оди по главни друмови, да не се гледа во ноќното небо, набаре непознати, како никогаш да не се виделе, како никогаш да не се допреле: сега сме два живи камена, некогаш само ветар меѓу нив ќе се провира и пишти...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога ќе се искачиш по тие скали има мала врата која води до моето купатило и уште една врата за мојата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Првиот ред, точно ако е сочинет, самиот ќе се сети што треба зад себе да роди, како што зрното само од себе, со Светиот Дух во него се буди точно во времето на кроењето на лозјата, напролет, и никогаш не доцни, иако сонце не гледа, оти под земја е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се разбира, не се бореа ни луѓето, коњите, како Крали Марко и Лутаца Богдан, ами ги удираа двете шишиња и чие шише ќе се скрши, таа група се враќаше и се придружуваше кон победничката, така што оваа стануваше поголема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некогаш, кога ќе ни препадне време, ќе се качиме на некоја тумба и ќе гледаме во градините, во природата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немајте сомнеж во срцата свои дека Тој ќе се врати!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 62/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Клекна и почна да ги бере делумно за да му мине времето, но и поради една нејасна желба да има букет цвеќе да ѝ го понуди на девојката кога ќе се сретнат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш се обеси на вратот од Сатурн, врескајќи како навистина да е луда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама не се трпи, не се трае. Ќе се оди. Што сака нека биде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ДЕПА: Море, ние немаме касмет, вака сме се родиле и вака ќе се искинеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе се вратите пак кога ќе помислите дека е свршено со мене. Мојата жолта старост ќе ја купите за една обична дневница. Но луто ќе се излажете што го оставате мојот корен зашто вашите брчки пак ќе ги лечите со мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Понекогаш, кога сончевите зраци ќе се измешаат со есенските бои на лисјата, Билјана е весела.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
АРСО: Па, кога ќе те заболи нешто... И ти преѓе ќе се расплачеше за кумството.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Акција, другари. Секавично ќе дејствуваме. На препад и - магла. Братот сѐ испланирал.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грдо е, ќе се согласите со мене, што денес луѓе кои живеат во иста зграда, во ист влез, на ист кат, не се познаваат, не се поздравуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога султанот си отиде и ги испофали валијата и сите големци за убавата саат-кула и за џамијата на тој Мурат-ага, која е вистина не многу голема, но дајбоже, нека биде долговечна, Мехмед-паша му даде, како што му вети на Марко, еден гаваз, и макар што овој се противеше, го убеди дека со него и со Бошко, полесно ќе се справат со калуѓерките на Свети Никола кожленски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе се истоварат над нас и ќе се загубат зад вршките, зад сртовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се замислел Силјан штркот понекогаш вака тики ќе се заборавел кај што стоел.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И што не ќе се чуди: фустанот како да не стои на мене, како да е наврен на прачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакаше да влезе во кругот и да им каже дека ќе се поправи но силите го издадоа и тој пригушено заплака сам и незабележан во својот заклон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- И јас ќе се извишам над тебе, - рече второто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Под видливоста на небото нив не ги засегало што било пред тоа и што ќе се случи потоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И поубаво и побезбедно. А и поблизу ќе бидеме. А и со храната ќе се здружиме. Ако не ви чини - бегајте!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еве што се случи понатаму: кога во Бошка остана малку вера дека ќе се спаси од Лумана и покрај готовноста на Дика за атер негов да рече некој збор, во одајата влезе некој од момците и рече: - Чорбаџи, ефенди Луман доаѓа!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Малку тоа. Мнозина, па и најголемиот дел од македонската емиграција во Бугарија, ќе се противат на новото течење од чисто егоистички причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе се сретнеме ние уште еднаш, на кампување, на летување, на некое егзотично место, или во Трпејца.....
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓу овие две зданија никогаш се немаше пробиено ниту зрак сонце, ниту зрак месечина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можело, на пример, поради каква да е причина да не дојдат тие двете на изложба, или да дојдат дури откога ќе биде затворена, или да намине само девојчето, во кој случај изненадата полесно ќе се изживееше, зашто немаше да се гледаат меѓу себе ужалани и немошни пред уште една навреда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Конференцијата ќе се одржи во ,Баљшој театар" и јас и Оливера уште в зори се забравме да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И покрај тоа што сѐ уште не ги добил своите средства, нашиот соговорник е сигурен во тоа дека нивните побарувања ќе бидат подмирени – а, како што вели, „каматата си тече“, па кој и да ја преземе компанијата ќе мора да ги плати нивните побарувања.6 Тој е свесен и дека допрва им останува доста борба, но дека ќе истраат и ќе ги остварат своите работнички права. 1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 11.III.2011, во Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Та-ра-та-там!... Ќе се џитне сега во водата!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти со мисла, јас со мисла, продолжив. Ќе се разбереме, ќе се зближиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ако се обвистини тоа, - рече Илко, - ќе се потврди она што го кажуваше мудрецот за моќта на сонот: тој велеше дека пет нешта на светот имаат шеесетинки: огнот медот, саботата, спиењето и сонот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И сешто ќе се испомешало во бркотницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овој пат ќе се претставиме во машкиот логор номер 23.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тој впечаток брзо се брише, штом ќе се стигне во градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако главите ќе се исечат и исушат, формираат тврди, кафеави дискови или „копчиња“ кои се џвакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Напати ќе се избезумам и ми идат мртовци на сон.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше денови кога ќе се состанеа и веднаш ќе се разотидеа, чесно признавајќи си меѓу себе дека навистина нема што да се работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако гледаме така на трудот и ако искрено сакаме да се оддолжиме пред нашиот народ, тогаш не ќе се извинуваме дека нема почва за културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно- политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но набргу го опседна мислата како ќе се справи со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Велат, можеш сѐ, сѐ, ама да дојдеш во одајата на волшебникот Желбоноско – тоа ќе се случи кога мушмулата ќе роди краставици.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Какви биле тие девојки што се треселе над ова пузе-маже? И подземните јуди ќе се исплашат од него. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2. Ване не очекуваше дека кога ќе се врати дома да го истера летото тоа ќе му помине како летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ден-денес не сум сигурен дали Луција имаше право; она во што сум сигурен е дека, под други околности (доколку таа не беше член на Партијата, на пример), јас полесно ќе се согласев со тезите за здрава и нова народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Онисифор Проказник имаше крвави очи. За да не гледаат во него, во крвта на тие очи - неколцина ископаа плиток гроб и го припокрија со земја во неколку дни престарениот Неделко Шијак - умре пред самото разденување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покрај сѐ, ние заедно со Мане Шнајдерот работевме за движењето, а јас си размислував ако одиме во партизани и ако останеме живи, можеби животот ќе се измени, па тогаш можеби и ќе се земеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А и учителот не го разбираш убаво, па тој ќе се налути дека не го разбираш, ќе земе прачка, и - рас-трус, ќе те шврка со прачката по прстињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јордан Шоп не се согласи: „Тогаш качи се на ридон и види кој се кикоти, кому му се јаде варена пченица над туѓ гроб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Уште колку минути ќе се вратиш, мамо?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само да му помине срамот, велеа и ќе се врати. Зборови човечки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, сепак, до решавање на ова чувствително прашање ќе дојде во текот на XIX и на XX век, кога со либералните струи во Шпанија, нараснува свеста за комплексниот шпански идентитет рече Татко замислено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зашто да беше тоа, ќе се собереа на срецело а не дури ваму, најгоре на Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа најчесто им се додворува на непресметливите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ќе се молам, цела ноќ ќе му се молам на господа, поскоро да ме прибере кај него, кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа барем имаше некаква смисла и ми даваше одреден идентитет и личност. (Што ве наведе да го промените мислењето?) Кога се уверив дека ќе ми дозволите да се чувствувам како ваше дете и дека ќе се грижите за мене со љубов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да ме фрлеше тогаш во вода ќе се удавев.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе се затрчам да им се доближам, а тие само ми се оддалечуваат, ме заобиѓаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сивотијата на небото беше пуста. И на птиците им е туѓо нашето зло, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Невестите ова на соне да го видат, ќе се израдуваат, соколи кутри на тетка...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се намуртија, си рекоа, скар скар скар, до година скар, ако си се смириме, пак ќе се скараме, скар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- *** - Облачиштана се спуштиле над сртовите пелистерски. Како ќе се искачуваш, Ѕвездо моја?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во него, како северен гегиски пол, наспроти јужниот, тоскискиот пол на идентитетот, ќе се пластат повеќе цивилизациски слоеви.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И за тебе ќе се наредат, и ти ќе „скокнеш“, му реков, освен ако не претераш крајно, тогаш тешко ќе те оженат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се изукаат и ќе се опулат нагоре дали иде ручекот и до кај дошло сонцето. И јас што ќе правам, нема да се тепам, си го терам редот пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Кога ќе се видиме? — Тогаш и тогаш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонцето ќе се опули, и сите работат и јас работам. Некои собираат желади, други кастрат шума за лисници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако на лицитација биде ставена кичма со поминат рок, но репариран на костозглобна клиника, за колку ќе се продаде?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Утредента тројцата браќа ги префрлиле преку рамо токмаците и казмите и тргнале накај кулата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Не чалма, ве молам! Мама многу ќе се исплаши...“ зацимкав. „Ако може - газа и фластер.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нешто што ќе купува чевли и ќе пие вода и еден ден можеби ќе се венча и ќе чини повеќе зло на светот отколку што досега е воопшто сторено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се надеваше оти Али Фетхи набргу ќе се врати во Истанбул, тој остана рамо до рамо да се бори за нова Турција од првите битолски идеали на младоста до позлатените идеали на староста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, тука постојат две правни „кваки“ кои мора- ме да ги споменеме: прво, за застареноста судот не води сметка по службена должност [ex officio] сè додека спротивната странка т.е. должникот не приговори на овој факт (чл. 349, ст.3 од ЗОО); и, вто- ро, ако должникот исполни веќе застарена обврска, тој нема право да бара да му се врати назад она што го дал или платил, дури и ако не знаел дека обврската е застарена – бидејќи, во случајов, станува збор за т.н.„природна облигација“ (obligationеs naturalеs – в. и чл. 356, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите реки ќе проплачат, сите планини ќе се навалат, и езера ќе пресушат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу што може да биде тоа е – европска конференција; но таа конференција не може да се зафати порано од пролетта; и тоа тогаш ќе се зафати само ако востанието тогаш биде посилно од сегашното.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од прозорецот до брегот долу, како што мисли Едип, е потребна ортома сто лакти долга. Уговорено е со луѓето што ќе се прави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Обидот да се искачите по импровизираното минималистичко скалило за спас од бездна за вас ќе се сруши ко кула од карти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некои ќе речат дека, кога сѐ ќе се земе предвид, тоа останува работа на индивидуалниот вкус или талент, дека сите повеќекратни значења остануваат достапни при кој било пристап.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Побрзајте — рече, вие, ама тие секако ќе се чекаат кај Плачиврба“...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од двете страни е на грмадата од планини , повеќе во карпи одошто во красти, меѓу нив е бунарот на небото по кое се расцветуваат и прецветуваат од облачиња во пропатување, а ти си сред еден усој во кој сонцето само ќе наѕре и зиморливо ќе се скрие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И слушај и добро запамти - ми велат - кога ќе се врати од болница да ја стрелаш!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
МЕШАЕВ: Во таков случај ќе се ограничам на тоа, што ќе ви го честитам роденденот, почитувана Антоњина Павловна. (Подава подарок)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Едно утро, кога Мегалон веќе сметаше дека бербата привршува и дека децата ќе се вратат по своите домови, дотрчаа слугите избезумени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Убави се додека се меки. Но кога ќе се стврднат, само волчи вилици се за нив.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Откако поминаа низ обуката, дресерот побара од селото доброволци кои ќе се кријат на разни места за да се увери до која степен кучињата се извежбани да следат разни миризби на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само што ќе се пресегнам и водата ќе ја снема. Така, трчајќи по водата, се разбудувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се зададат од некаде, ги гледам се држат за раце и ме гледаат како да не ме познаваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Бабо, - прашува еднаш Зоки, - кога ќе се женам јас? Баба му малку се чуди на ова прашање, но пак му одговара: - Кога ќе пораснеш, Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе се вратам и, ќе ги подземам и пак им бегам напред, глава не покревам. Само гледам пред нозете, пред прстите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одвреме-навреме ќе се пронесеше вест низ селото (вистинска или лажна) дека го виделе Анко во некоја пештера во планината и џандарите започнуваа со потера.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Историјата бездруго познава такви табиети од најстарите времиња до денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кој како ќе дојде и ќе се отпушти на земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето тоа ќе ја раскости ветерницата, фиран ќе се стори.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иако и јас, како наш Кочко почнав да си го прочистувам грлото со зборовите што ме измачуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште кога придавката ќе се споеше со именката на која најмногу ѝ прилега (како во паровите ’пулсирачка...хипотенуза’ или ’автоеротична...пирана’) глетката стануваше трогателна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Овие интелектуалци, најдени среде ужасите на војната, вкопани со месеци во рововите на смртта, во интервалите кога биле поштедени од смртта, го следеле животот на луѓето крај нив, нивната природа, песни и јазик, носии и обичаи, во надеж дека заедно ќе преживеат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако на подготвителното рочиште која било од странките не дојде, а изостанокот го оправда, рочиштето ќе се одложи (чл. 277, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Систематски и контролирано ќе се следи здравствената состојба на учениците, како и подобрувањето на средината во која учат и живеат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Отворам весник: во Алма Ата ќе се одржи советување за унапредување на земјоделството.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не заборави да земе и некоја пара од Митра, убедувајќи ја дека сега ќе оди да бара место каде ќе се приберат кога ќе побегнат од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пазарот се свршува докај ужина, но нашите свадбари ќе преноќеваат и оваа ноќ, да се почестат и вечерва со тава риби, оти света Петка не дава мевце. A за винце — пак ќе се напијат, ако им остане по некој динарец од денеска, ако не, ќе запише Селчанецот, тако што запиша и Мечето од Пушмарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Потковицата сите знаеја дека за предавниците од страна на Организацијата пропишана е само една единствена казна - смрт, а можеше да го стигне и секого друг кој ќе се ставеше на нивна страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Којзнае и нему како му е, ќе си речам, и ќе се вратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе почнеме ли од љубовта? Ќе се осмелиме ли да почнеме токму од неа? ***
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На неа почнав да работам во септември 1963.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
АМЕРИКАНЕЦОТ: (Станува) I'll have a shower now, Matthev. (Оди во бањата.) БОРИС: Како? МАТЕЈ: Ќе се тушира.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таму малку да здивнете од оваа жега, а тие многу ќе се израдуваат кога ќе слушнат дека сте од Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наведнувајќи се, честопати и ќе офнеше, а потоа ќе се исправеше и со рацете ќе се фатеше за половината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Забрзувањето што го добива куршумот кога ќе се изврти низ цевката, барутот што се распрснува, пробивноста на забрзаниот метал со заоблен врв во однос на другите текстури, особено месото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе потече ли еднаш водана, мислеше, ќе се откине ли таа од оној мраз, и ќе ја плисне ли еднаш својата сила во црнине копанчиња на турбината долу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И децата разгологазени ќе се пикаат во тланикот, ќе мешаат во пепелта, во жарјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така се шанташе во одењето. Ќе се надвисне над мене и ќе рече: - Бравос, синко!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А времето е со триста умови: ќе натежне, ќе се потргне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само неколку железни монети од по една и една од пет денари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе се родеше едно смрзнато дете, ќе ја побараше смрзнатата цицка на мајка си и, со мајчиното млекце на устето, му ја предаваше смрзнатата душа на Господа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе го грабнеше Ренди за рака и силно ќе го стиснаше, сакајќи да му предизвика бол, па потоа ќе се покаеше и ќе го обземеше срам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоците во формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот, ќе ги поправи претседателот на советот, односно судијата поединец во секое време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Венче и Милчо беа соседи; куќите им беа отспротива. Кога ќе се вратеа од училиште, играа во паркчето меѓу нивнивте куќи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ќе го брани тој долот дури да падне мракот, а во темницата ќе се извлечкаме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едо е преплашен не толку дека со паѓањето диференцијалот ќе се оштети туку дека ќе падне на стапалата од нозете, ќе му ги здроби.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во таков ред ќе се најде и татковиот брат, без апсолутно никаква вина, и нему без да му се знае гробот, како на многумина други од семејството во родниот град Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Турското господство во Македонија ќе се зачува само тогаш ако во неа има многубројно население што ја гледа својата благосостојба обезбедена само под власта на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- И нафрлете гранки над него. Проказник ќе отпее молитва. Ех, господи...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи со љубовта и тоа со нејзините најразлични видови и појави! сите имаме одредени искуства, како и одредени знаења за неа, лесно ќе се согласиме со Барт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Рачињата му биле меки, нечујни биле, петоглави гуштерчиња во човечка кожа. Ќе се подадат, ќе дрпнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што е потивко: да се чека и сонува нешто што го нема и не се знае дали ќе дојде и дали ќе се обвистини и по крајот на сонот или да се исчезне еднаш засекогаш?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вистинска зимска ноќ, а во неговиот поглед тоа прилегаше на една топло расплавена цветна априлска или мајска утринска ледина во која цветовите, испреплеткани со рамката на една заедничка слика, те повикуваат со добрината на играта која, до колку не ја прифатиш, цел живот ќе тагуваш, ќе се каеш, ќе болуваш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Подоцна прашањето за примереност одново ќе се постави во врска со положбата на Сократ кој удобно седи и пишува додека Платон седи заканувајќи се со прстот, во текстот La carte postale (Разгледница).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Петлите и да не пеат ќе се раздени, велам, а ти оди и носи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш ќе заземеа предизвикувачки став, ќе си ги истегнеа накострешените шии, ќе си ги исчистеа пердувите, долго ќе гледаа еден во друг, но секогаш едниот или другиот ќе се повлечеше назад.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ѝ велеше дека го чека Јована Дамчески да се врати од војна и дека кога ќе се врати тој, таа одново ќе си стане лична и млада и тогаш ќе се венчаат со Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе се раздени, кога со првите зраци на муграта, ќе дојдат да проверат, ќе најдат многу пцовисана мачки и суви липи и багреми.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само што ќе се роди детето, ќе го закопаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мисле, дума маштеата како зло да £ напраит на паштерка си и је дошло на ум една вечер да ја пуштит на вода кај една чешма, што била од град надвор; до чешмата имало едно дрво вет'рничао и под тоа дрво се збирале ѓоамити ветроштињето, да белким ќе ја искинат самовилите паштерка је и назад уште еднаш не ќе се вратит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кој знае не ли ќе се сретнат еднаш тие на вселенска журка, на која Сатурн и Венера ќе пеат своја песна: Сонцето ум изгубило и се заљубило!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За тоа дополнително ќе се договориме.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но оваа оптимистимистичка претпоставка потемнуваше штом ќе се свртев кон темните ридови на сомнението.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Над случката на призрачното умирање на мртвите низ векови, од незнамкога до последниот ден на неговите шеснаесет години, ќе се веела проѕирната птица на една душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се руши фронтот, вели, нема веќе кој да се бори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се качи едниот на рамената од двајцата, ќе го исправат тие до таванот и ќе го крепат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тогаш ќе се појави глувчето и од него, „како да се стресе, како да се размрда“, ќе оживее и куќата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бидејќи беа нарачани од вечер по еден од куќа, а се погоди недела, црквата се наполни со народ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој записник може да го разгледа само повисокиот суд кога решава по правен лек, и во тој случај записникот повторно ќе се затвори во посебна обвивка и на обвивката ќе се назначи дека записникот е разгледан (чл. 120, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- У секое време можам да им свртам, одма ќе се нацртаат тука за мене.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осамноста, ќе легнам врз шините на некој колосек или ќе се обесам на својата врска. понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас веднаш како санитарка му ја преврзав раката, а тој ми рече: Сега, нема ли да ми кажеш дека ме сакаш, а јас му одговорив: Ќе се земеме ако останеме живи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Велат дека кметот и жена си ја вооружил, па штом малку ќе се смрачело, почнувале со вртење околу куќата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По тоа ќе се запомнат годинашниве Водици во Потковицата, што беа крвави, го убија стрика Анѓела!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гробарот ја поттикнуваше родилката да бутка - „Ајде мајко, уште малку, главчето само што не излегло!“, со насмевка, иако благо стискајќи ја устата кога ќе се сетеше на дупката во која тоа сега мало и нејако тело некогаш ќе заврши, во рацете пречека здраво, машко дете, 51 сантим во должина и речиси 5 килограми тежина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Беше тоа слично на илузијата на Винстон додека гледаше во срцето на стаклениот тег за хартија и си замислуваше дека би било можно да влезе внатре во тој стаклен свет и дека кога човек еднаш ќе се најде во него, времето може да биде запрено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Донесувањето на ваква пресуда ќе се одложи доколку е потребно, претходно, да се прибават известувања за наведените околности. Признанието на тужбеното барање, на рочиштето или во писмен поднесок, тужениот може – и без согласност на тужителот – да го отповика сѐ до донесувањето на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе си најде мана пред децата дека дошол компири да купи за дома, а насамо ќе се посоветува со стариот пријател и ќе го моли за помош.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И си додава во мислите И добро е што тогаш не се сети на тоа, зашто во стравот може ќе се излажеше и ќе застанеше, па заптиите врзан ќе го отераа на ујќумат, а таму...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стана и се извини оти не може да го дочека кафето, a по цедилото ќе се врати попосле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледаш се руши ѕидот, во твојата душа се втиснува радосно чувство дека ќе се исполнат желбите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога, одеднаш, го чула како блада, покривајќи се преку глава: ’Срце мое, срце мое во градиве мои, брзо ќе се спасиме...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Паѓале луѓе во афект и бесознание, кога ќе го виделе моето бричало.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Божем сум сонувал дека плачам и знам оти на сон да плачеш значи дека на јаве ќе се радуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Оти, кога од автобусот ги здогледа многубројните тезги на Бит-пазар, рече: - Е, сега ќе се симнеме на оваа станица и ќе одиме право во дуќанот на Анка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Каде ќе стапнеше озеленуваше трева, каде ќе се насмевнеше - расцветуваше цвеќе, до што се допреше - олистуваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Не можам да се сетам”. „Ќе се сетите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако, пак, се направи споредба со одредбите од Законот за јавни претпријатија, кој се однесува и на јавните претпријатија кои стопанисуваат со шумите (чл. 2, ЗЈП), ќе се заклучи дека одредбите од ЗШ предвидуваат поедноставна процедура за отпочнување на штрајкот, додека во однос на останатите обврски кои им се наметнуваат на работниците кои штрајкуваат не постои некоја позначајна разлика помеѓу овие два закони.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Па ние не ќе се венчаме овде, шо велат селаните!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако ќе се врати, го гледа Фезлиев така гровнат и скршен.) Ќе го носиш ли писмово?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така ќе се разлабават пантликите и ќе се испушти плодот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Записникот за советувањето и гласањето ќе се затвори во посебна обвивка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Влегле веќе, не ќе се враќаат назад?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш кога човек со срце, со хи-фи, ќе направи нешто, ќе се заебе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ем метално, ем цврсто, ем тркалата ќе се вртеа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Мртвите ја немаат среќата да решаваат проблеми, а уште помалку да исполнуваат желби“ ме сепна предупредувањето изречено лично од мајка ми некогаш одамна, веројатно со единствена цел да ме ослободи од збунувачките пораки, што можеби ќе се обидат да ми ги наметнат лековерните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И многупати ќе се случеше да ни напишат некоја порака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа согласување досега се сметаше за државно предавство, но откако бугарските дипломати си го испитаа сето бессилие, и при најголемите свои усилби сами да го решат македонското прашање, ќе се најдат цел ред бугарски дипломати што ќе погледнат на тоа согласување како на неизбежно зло.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првин ќе видам слечена змијска кошула, ќе наѕрам во неа, а некаде од зад мене, ќе се појави змија или смок или слепјак и ќе ми се качи да ме облазува, да ме врзува, да ме цица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Се плашиш?“ „Не. Отсекогаш сум мислела дека ќе се плашам, но не се плашам.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ќе појдете кон Лесново, ќе го оставите моето колило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зракот стана патоказ. Патоказот ми ја покажа насоката по која ќе се движам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мајката, толку многу останав што ќе се посереше човеков?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И за да ме ослободи од сомненијата најде за потребно да додаде: „Не, чичко Боге, ни не помислувајте дека веднаш ќе се затрчам да го барам татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако ќе се избере наречјето што има да биде македонски литературен јазик, ќе треба да се разгледа и, прашањето за македонскиот правопис. За правописот како и за правецот на нашето културно развивање, ќе треба тука да се направат неколку забелешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога тоа ќе се случи, мозокот веќе не може да ги отфрла алтернативните специјални вектори.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога облеката ќе се искинела, била користена како суровина за производство на хартија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А јас во нивните откровенија откривав аргументи за моето соочување со разликите кои ги зајакнува историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„ Треба да ви биде јасно“, рече тој, „ дека ќе се борите во темнина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не мора таа да станува рисјанка, јас ќе се потурчам,“ рече најпосле ибн Тајко, лесно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ова не го потпомага дијалогот кој е потребен за технологијата да стане проблем со кој ќе се бават нашите луѓе, ќе се зафатат со него на еден рефлексивен филозофски начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одам таму каде сѐ започнува каде сѐ се раѓа, каде ќе се сопнам од вистината и разбудам во еден друг свет, каде ќе можам да бирам како ќе живеам....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како некакво тотално прочистување, аскеза речиси, при што почисто ќе се лоцираат оние пар ентузијасти („фрикови, особењаци, откачени”) коишто се токму некакви столбови на духовност на оваа инаку моронска социјална градба?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако не можеш да запамтиш, тогаш ќе се најдеш во колоната и тоа пред неа!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„И апеш. Сега кажи ни кога навистина ќе се обесиш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислеше дека од тоа можеби, колку-толку ќе се врати во нормала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, Вие, кого, според книгите, го сметаат за пророк -  Зарем...?  ...пророк на апокалипсата, зарем навистина верувате дека небото ќе се затемни?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дури и сега му се чинеше сосем можно дека девојката, кога ќе се сврти и ќе го погледне, ќе се предомисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
АНЃЕЛЕ: Далеку е, стрико, многу. Во Солун ќе се качиме и три недели само по вода, а друго башка.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си одевме по овците така молчејќи, а трите кучиња- Шарко, Геско и Мурто- радосно трчаа околу булукот; ќе се сретнеа на горниот крај, ќе се здавеа и пак го обиколуваа булукот, сега трчајќи во обратен правец.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да не беа пристаништата, морињата, а рака на срце - и компасот, сѐ уште ќе се занесувавме дека земјата ни е рамна како тепсија, и дека никакви непознати земји и народи не постојат од другата страна на нашава планета.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ќе се збрчкуваат, ќе станат старци без мустаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За постелата од трње други ќе се погрижат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во далечина се лелеел предаприлски воздух и можел да биде река на стопена срма, тек на проѕирни настани од волшебна приказна од која во душите ѕвонат танки жици на тага по нешто што било и што не ќе се повтори веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одиме нога за нога, кроце, како да демнеме арамија, па наеднаш ќе се свртиме и ќе речеме „здрув!“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го извлекла трнот, мечката рикнала и почнала да бега и да рика; бегала, потоа ќе се свртела, клекнувала и рикала: Сѐ додека ме гледаше така правеше, раскажуваше мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајката, ќе си речам, селото мое беше нагоре, зошто јас одам надолу. И ќе се повратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отидов, а не знаев дека со нив се договорила што да направат кога ќе се појавам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога ќе се погледнев во огледало, не можев да се препознаам, бев облечена во тетовска облека, образите ми ги нацрвија небаре тетовски јаболка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе се роди кај некого желба да измами другого, ќе се појави желба да се излаже, желба на лесен начин да се дојде до корист, преку грбот на други.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И така Јоше правел сѐ што ќе му речел татко, само за да може да свири, да има некој да го слуша, да има и друг што ќе се радува со неговото свирење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не си ти, јас ќе се вратев, а тогаш би ме чекал тој мене...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе влезе учителот на час, а таа по малку ќе се заниша низ дворот и се потпира со грбот врз стеблото на сливата: плете некакви чипки и бедени што никогаш немаат крај.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прекршочните одредби од овој закон нормираат дека глобите за прекршителите на Законот ќе се движат од 400 до 1.000 евра во денарска противвредност, во зависност од повредата и органот, односно лицето кое ја извршило повредата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ми вели: „Запеј им некогаш на твоите цвеќиња кога се будни и самата ќе се увериш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
КОТЕ: Море, море... ќе се рече многу ги љубел!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Затоа и некој чудак, кој шета во близина, или пладнува во својата мирна чувствена градина при случај на отворена врата наеднаш ќе се вознемири и притоа неосновано ќе го оцени нашето однесување како недопустливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се прашува ли уште, дали Тората ќе се пишува одново или ќе се продолжи со едно ново, неизвесно поглавје? О, Hashano!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас се исплашив дека ќе се сврти да ми ја лапне ногата или нешто да ми направи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во еден период, најчесто ја кажуваше поговорката: Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë! (Албанија, педа земја, сет свет на нозе го крена!) Татко, во тие моменти, ќе ја погледнеше, небаре отсутно ќе се согласеше, во потрага по новата кота на нашиот егзил, а ние, децата, настојувавме во разните фази од животот, вистински да ја протолкуваме Мајкината поговорка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Се загледа во фотографијата, се растажи, речиси ќе се расплачеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние во подруми. – А кај беа нашите борци, нашата власт, Мајко? – запраша најстариот брат. – Сите думан фатија. Ќе се организирала нова војска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Спијте колку што душа ви сака, ама кога ќе се разбудите фаќајте се за некоја работа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ќе се врати на Балканот, долго време ќе преовладува инерцијата на османското време и во доменот на јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ибн Тајко дојде во Скопје тоа претпладне, чекајќи да му се оствари претчувството. Што ќе се случи?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Она што било фалична анализа на нашата сегашност можеби ќе излезе точно предвидување на нашата иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многу ретко ќе се случеше волци да нападнат добиче или да се доближат до колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А јас млада, па убава, во туѓа земја, а од турски знам само да кажам „Бир тане туркиш кафе шеќерли... беш тане шеќер“ и да се насмеам како глупача кога некој, мислејќи дека зборувам турски, пријателски ќе се расприкаже на долго и на широко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гледаше замислено во далечината, како да ќе се обраќа на публика некаде зад грбот на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мечката ќе рика, а крмакот ќе квичи, ќе гровта, велеше, ќе се подисправа, ќе ги чепатат вилиците. 65
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го снесам ко јајце и со кракање ќе се вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Во мансардата? Тргни ја раката од скалилата, Вилијаме Финч. Ќе се качам горе и ќе те избркам од тоа гнасно место!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Штом ќе се чуеше езанот од минарето, повикот за клањање, и штом муезинот ќе го кажеше она „Господ е голем”, Неби-ага паѓаше на коленици врз своето чергиче и почнуваше да клања во правец на Кибла, или кон патот за Мека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оние, будните крај купиштата жар и пепел, мислеле дека ништо не се менува освен движењето на ветрот, ништо, ни двајцата вкочанети - Онисифор крај зинатиот гроб и Онисифор зад насобраните гранки, секој од нив во исчекување другиот да заспие за да го стори она што мора да го стори со мртовецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве, и јас се прашувам што ќе се случело?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И каков избор имам пред смрта, да го кажам тоа што толку долго чекаше да излезе од мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе се изјазам по стеблото на лозницата на чардакот, а таа горе чека, потреперува како лист од трепетлика, по кошула, на градите грее месечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе се згмечам толку добро, како изџвакана мастика, залепена за ноќното масиче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па господ ме дал, господ нека ме земе, ќе си речам, и пак ќе се окуражам: - Ајде, бре, колете, ќе им речам, што чекате? Не се противам, ќе им речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наскоро лентата ќе се обои и летањето ќе стане сосема неможно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Онисифор Проказник рече дека тој ќе ја тера кон Лесново. Неговиот имењак ќе се врати.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сведок, вештак, преведувач или толкувач кој пред суд или во управна, прекршочна или дисциплинска постапка ќе даде лажен исказ – ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Навистина, во кого ќе се вљубиш?” Откако ја бакна во челото и се врати на својот стол Стариот писател погледна кон мене: “Кој ќе стане среќно вљубениот што толку нестрпливо ја очекувал смртта на нашиот пријател?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А, пак, приватен тужител е лице кое поднело приватна тужба заради гонење на кривични дела кои се гонат по приватна тужба (чл. 21, ст.1, ал.6-7 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали од алвата му залетна, дали од некоја питулица, дали од ракијата или од чадот, ама гледаме ќе се удави. Помодрува во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ќе ти се насмевне, и сам ќе се насмевнеш и ќе му посакуваш и добар пазар, каков и да е...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога татко ми ќе дојдеше од пазар и нешто ќе ни купеше за јадење, некои слатки работи, јас не ги јадев, на мајка ми ќе ѝ ги дадев, а таа ќе ми речеше – ти касни, треба да растеш, а јас ќе се навредев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- А на кој глас ќе се пее? - Па, синко, на тој, кој дава пари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Пред мојава куќа секогаш има некого. Ноќе секакви суртуци клечат пред прагов. (Арсо Арнаутче секако ја зграпчил за рака.) Пушти ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали понатаму ќе се измени, не знаев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На крај, пред да го завршат разговорот, само рекоа: - Ќе се проучи...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Слично така, дали хуморот на Лени Брус и на Вуди Ален ќе ја загуби моќта да нѐ насмее кога Евреите сосема ќе се асимилираат, ако се асимилираат?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ помина сјајно, но јас излегов од кругот со извесно чувство на горчина; ѝ реков на Ина: „Овде се смеат. Но дали ќе се смеат и на друго место?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако ќе се исплискаа и освежеа, се враќаа пак назад, бришејќи се со своите големи шамии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Сѐ живо на нозе“, ревеше младоженецот. „Малку сте. На оние што ќе се фатат на оро има давам по пет долари.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, да знаеш, ова е навистина добро, сега толку ќе се искомерцијализираат дрогите, што веднаш ќе излезат од фазон.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Исѝ одос”, ќе се повика на солидарноста во името на Бога, ќе го заколне во споменот на Соломон, во Ерусалимскиот Храм, во Светијата на светиите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се надеваме дека императорската влада, откако ќе се увери во нивната невиност, ќе заповеда да бидат ослободени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
“И знам дека никогаш нема да заборавам, но дозволи ми да простам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Ќе се проучи... Ќе се види... Затоа сме дојдени...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ќе дојде време, велеа луѓето, кога војводата пак ќе се јави, ќе се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Туку овде јас сум ти бог. Овде јас заповедам. Ќе се вратиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во почетокот планерите на СОЕ сметале дека во окупираните земји било потребно да: - огранизираат големи национални востанија кои временски ќе треба да се активираат во времето кога ќе пристигнат сојузничките сили и - во моментот кога ќе се активираат да бидат ставени под команда на Британците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А оној кој ќе почне да му сочувствува и несакајќи ќе се исправи пред неслутени околности.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше една книга од Роналд Сирли наречена „Женскиот приод”, со цели серии на стрипови за Убавиците на Св. Тринианс, женско училиште полно со деликвенти кои меѓусебно ќе се избодат со ножици.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе отпие, отпие, па ќе се загледа некаде пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пуштете сега и вие еден коњ да спие кај вас.“ „Будала некој, тој ваш отец“, со кикот рече девојката и пребрзо за нивното разбирање симна сѐ од себе и се прозевна. „Ајде кажете каде ќе се легнува?“ По подот лазеа чудни мириси на мастика, на лук и на женска топлина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе се подзавртат и ќе си шепнат, вака, пред рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се погледнеме и ќе прснеме, се кинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку ќе се збудалам. (Оди, зема од скривалиштето шише со ракија, се обидува да го отвори. Не може.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Мајко, дојди и ти со нас. Не сме далеку. Ако се предомислиш, брзо ќе се вратиш!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си велам вака: „Ќе киднеш штом ќе се раздени...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеше да се рече дека, не сметајќи го Жеро Жерав, на тој простор сум сам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во тие денови не едно од децата туку ќе се штрекне среде ноќ, туку ќе скокне од креветот, зар мислите се виѓаваше во каква жалосна состојба се наоѓа, - просто го тера нешто и тој летајќи излегува од спалната. Птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
ЉУБА: Да. Можеби ти по повод среќната педесетгодишнина исто така ќе се напиеш?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Врати се при нас не биди палаво, кај ќе се бараме низ неизвесноста, кај ќе се најдеме низ заборавот? ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но, ако тоа се среди законски, ако е потребно и со казни, преку некој вид јавна служба што ќе се грижи за точното регулирање и за синхронизацијата на сите градски, односно државни јавни часовници, тогаш нештата сигурно би се подобриле.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Подобро од балкон ќе се јавам. (оди и се појавува од балконот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Ние, другар Џоџо, вели Никифор, ќе се повлечеме со Небеска за да направиме план.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас можам да ѝ пишам на сестра Хазбије и да ја замолам да останеш овде, таа бездруго ќе се сложи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беа преморени и изгубени. „Не ќе се зарадува кога ќе го види пак коњот“ , рече Мануш, откако ја најдоа зоолошката градина затворена. „Кој тоа?“ праша Јанкуло. „Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Облечена лесно, во практична, врзглавна пелерина-пелена, кога ќе се испогани со лиги, со флеки, со дупчиња од жарчиња, треба да се смени.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Не знаела Симон дали ќе се врател и кога. Да сум ја однел со тракторот до Црноеч.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Западниот човек со векови ќе го оправдува своето постоење на земјата во рамките на Историјата и историското време, создавајќи го своето општеството и силните личности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За момент - и следејќи ја логиката на јавен собир и потребата од понепосредна „легитимизација“, но пред сѐ држејќи се до „трамбулинскиот начин на мислење“ кадешто секоја претходна мисла се одбива од претходната според принципот на трамбулина, „настојувајќи да биде во ортогонална проекција во однос на претходната мисла“ - дополнително ќе се „идентифицирам“ како уредник на списанието за ширење на децентралистичка култура (и за сурфирање по рабови), Маргина, и како човек од списанието за стрип, Лифт.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Што?! – рече мама. – Сега ќе се преправаш дека ти се спие само за да не те карам, нели?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но Калчо ќе се тргнеше некаде во ќошот од дворот, ќе поседеше тука счучурен и по некое време пак ќе ја провереше главата низ оградата: - Пуштете ме, ќе донесам уште една тиква за вас...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да стигнам во понеделник во Америка, денот на Колумбо Ќе се вратам полн со импресии И сѐ ќе ви пренесам, сѐ што ќе купам и оставам Ќе ви ја наслика Фелипа Перестело Мониз Женоо! прерано го напушти Педро Ското Синовите Диего и Фернандо...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тој набој попушташе, од кога небото ќе се олеснеше, па можеше полесно да се диши...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Па, ќе даде господ, калта ќе се олабави, ќе попушти и јас ќе почнам да се враќам пак назад, на земјата. На здраво да згазам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби тука лежи тајната на поврзаноста на мајката со детето – таа го гледа како дел од себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму границата, претпоставуваше Татко, сигурно ќе се затвореше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Судот може да определи прекин на постапката кога одлуката за тужбеното барање зависи од тоа дали е сторен прекршок или кривично дело за кое се гони по службена должност, кој е сторителот и дали е тој одговорен, а особено кога ќе се појави сомневање дека сведокот или вештакот дал лажен исказ или дека исправата употребена како доказ е лажна (чл. 201, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко му и мајка му мислеа ако го женат ќе се скроти, ќе се измени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И се надеваше дека, еден ден, овој живот, нашиот, мачниот, неизвесниот, ќе се соедини со животот таму и обата живота ќе бидат само еден живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе се напиеме нешто?“ „Не пијам“, му рече. „Далакот ми е начнат.“ „Ќе пиеш“, стежнаа уште повеќе клепките. „Ќе пиеш, кога ти велам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И им реков тогаш на оние луѓе дека ако сме на вистинското место, морето само ќе се отвори, и земјата ќе се покаже.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе собереше поголемо купче и кога ќе се измореше од товарањето и туркањето на количката, онака испотен на августовската жега, седнуваше само за кратко и испиваше голтка ракија од едно плоснато шише оставено до новиот ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— А како ќе се загреам, прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Добро, таа ќе спие и можеби некое време доцна во денот заедно со сите, или со половината од децата, ќе дојде да го посети и ќе седне под сенка наблизу, тргајќи долга цигара меѓу модрите усни, но тој што ќе стори? Дали ќе се разбуди?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас ќе се турчам, само луѓето од сургун да ги спасам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега ти ќе го готвиш петелот, јас ќе и испеча погачите, ама пак право да ти кажа, мене не ми се праве ќевот угу со петелот, ми е стра, ќе се посрамотиме без тепциа со месо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А јас нешто ќе ви речам - ако сме умни и претпазливи, сите ќе стасаме до своите куќи, до своите жени и деца, здрави и живи. Ќе се обесам ако не биде така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тестото ќе се извива во безброј нови облици, ќе доминира баклавата којашто ќе ги придружува Османлиите во нивните слави и празници, освојувачки походи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Навечер, ќе се прикрадевме до чардакот за да го слушнеме гласот од радиото па да дознаеме дали е готово со Сталин и дали, дефинитивно, ќе стигне каталогот на Ла Ринашенте за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ги изнесуваат сликите, цел град се отворил, нема повеќе затворање, и гробовите ќе се отворат за да кажат. Купишта, купишта — Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станувај. Одиме горе. Ќе се прегрупираат и ќе тргнат во напад. Станувај...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Доставувањето се врши секој ден од 6,00 до 21,00 часот во домот или на работно место на лицето до кое треба да се изврши доставувањето или во судот кога тоа лице ќе се затече таму или на кое било друго место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И Марија, која секогаш кога ќе се вратеше од работа дома, ја тераше да се мие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И од таа темна гора песни наши, ора ќе се вијат, ќе се веат, надежта ќе сеат. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Се исправаат, се наведнуваат, мислам ќе се превртат, ќе ни се истурат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е можно, се противев јас, ти ништо не знаеш, лекарите не знаат, јас знам, таа ми е другарка, ја познавам јас нејзе, нема да ѝ се допаѓа долго да спие, ќе ѝ се смачи, ќе видиш, ќе се побуни и ќе стане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од нив како жолти пеперуги ќе се разлетаат лисја и слетуваат на зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми пречеше и дебелион. Сфаќајки сѐ седеше глупаво опуштен, дебело, ќосаво бебе што само не ќе се расплачеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Додека беше зафатен со работа не мислеше на себеси, на тоа како ќе се чувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А таа не запира: Како ќе се живее?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Христијанското население живеело постојано во очекување дека нешто крупно ќе се случи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пее, како и на почетокот од овој дел, додека сам стражареше: „Не плачи, мило либе, не жали Јас пак ќе се вратам...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И од оваа стапица ќе се извлечам. Само вие подгответе сѐ што ќе речам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во време на божиќни пости, во студените и куси доцнадекемвриски вечери, кога врапците, навечер, ќе се сплотеа во копите и под стреите, домаќинствата тргнуваа да ги ловат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Да се иставиме, туку каде ќе се задржиме кога ќе се раздени и кога ќе нѐ поткачи Бахтијар? — му упадна Митре Влавот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во право си, мој Камилски, без оглед кај кој народ или нација ќе се појави, табиетот си останува табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Размислувам за Иван. За тоа како ќе се однесував јас во слични околности? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како ќе се бориме за свој јазик, велат, ако се служиме со туѓ?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Но зошто ја бараш од мене?“ „Челник си, реков. Се заколна дека ќе се грижиш за нас. Стани и најди го крадецот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До таванот! Полн-преполн. Гонцо, како во филмовите!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да ме пуштат малку да ти побуричкам по тиквата, ќе се сетеше дури и на кој ден си му ветил на господа свеќа што никогаш не си ја забуцал во негов шандан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои офицери ќе се опијанат и ќе одат по селата со војниците, ќе крадат, ќе земаат и ќе напаствуваат жени. Жените ќе се драскаат со војниците, ќе припискуваат. 139
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се видиме кога ќе окопнат снеговите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако оние што се нарекуваат спасители на верата, со огрлица од заби на див вепар околу дебелиот врат, упаднаа во Градот, и расфрлајќи пцости и оглодени коски од недоноќните гозби, ги изгнасија плоштадите, не е сигурен дали следниот пат ќе се запрат на искршените порти и ограбувањето...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во Цариград на Сандета му било издадено решение парите да се исплатат во Монастир, меѓутоа, во тој момент во Монастир касата немала доволно пари, та се решило парите да се платат откога ќе се продадат на лицитација турските чифлици Кале и Каменци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакањето беше некое чувство на задоволство кога ќе се сретнеа и кога заедно ќе си играа во дворот и градината, иако на крајот играта завршуваше со плачење од страна на Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На излегување ѝ порачав на девојката, да ѝ каже на жена ми дека имам работа во провинцијата и дека ќе се задржам таму неколку дена...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Божем можело таквата тежина да се поднесе само со стегнување на усните, или пак да се совлада на тој начин што ќе се однесат на реката еден рид черги, па сиот бес ќе се истури преку пиралката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мнозина ќе се запрашаат: За каков национален сепаратизам овде се зборува?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Но еден ден ќе се пробијам надвор, ќе ги раширам крилјата и ќе бидам привлечна и убава како тебе.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ќе се разбранам и толку развилнеам та да се кренам, да стигнам насекаде, да давам секому сѐ што ветувам и како далга неукротена од брег на брег моќно да прелетувам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Ами, кај ќе бегам јас сирота, и велам, кај ќе се давам со овие ранети пилиња?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кога судбината ќе се обиде да ти го скрши вратот, тресни ја по муцка, со тврд глас рекол Пандил Димулев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Атентатите ќе имаат за последица интелигенцијата да падне по затворите и востанието ќе се осуети.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Обрачот ќе се стега додека не се ликвидира и последниот бунтовник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Она во што биле сигурни британските експерти, според развојот на настаните, било дека самото формирање на македонската држава во основа не го исклучувало прашањето за обединувањето на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
До кога ќе живееме под земја? Ќе се исчисти ли надвор воздухот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Рајнер го беше посетил и доктор Ауербах, кој некогаш во детството го лечеше од очај, но Фридрих Рихтер и нему му немал кажано дека синот бил посвоен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не“, ќе ми преречеше тој. „Јас најневерувам. Да беше ти тој којшто најневерува, досега ќе се имаше испосрано во црквата“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе се моли, ќе се преправа“, дојде Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и ако нема место каде да фрлите отпадок, не ќе се уморите ако го носите малку со себе и го фрлите таму каде што никому не му пречи и не создава грда слика.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
КОСТАДИН: Зафире!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
108. Затоа, имајќи предвид оти новото течење само од себе ќе расте, треба да се разгледа прашањето дали комитетите ќе се борат со него или пак ќе го поддржуваат?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Вечер или утре ќе ме распрашува за сѐ, а потоа ќе се фали пред сите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наеднаш врз нив легнала таква тишина што изгледало, ако некој се накашла, сѐ ќе се исчанчи од своето место - некои ќе попаѓаат, трупот ќе стане и ќе појде на скршени нозе да го бара гривестиот белец. За миг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе се оди ништо друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се случи тоа ти тогаш ќе можеш да речеш: камен си, светот израстува и врз твоите урнатини...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го оженив. Така вака ќе се приврзе кон жената.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Ќе се видиме кога ќе се вратиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ревејќи, чакалите бегале – ќе се скријат. Но каде?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Каде тогаш ќе се скрие, разголена издраскана, мокра?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Речи сега право, не сме во некој кијамет да се лажеме, што ќе сакаш, кардаш, да бидеш откога ќе се потурчиш?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Не, ти никогаш не си бил женет, ниту пак ќе се ожениш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знаеш, ете, заборавив... штом ќе се оддалечам од елените, почнувам да заборавам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Море, тој е видра! Ќе видиш, ќе се извлече! - додаде трет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе се извлечеме и пак ќе не зграпчат гардистите на Мортенија, реков во себе. Гардистите се моја грижа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На состаноците на училишната еколошка секција велиме дека кога ќе пораснеме, кога ќе се вработиме, па и ќе дојдеме на раководни места - ќе се грижиме нашиот град да биде нормално чист - да го смени ликот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Точно, помисли Едо, но како еден по еден да ги откопа неоштетени и притоа да им ги отслика на читателите онакви какви што низ неговото истражување ќе се покажат да бидат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе се однесувам навистина како да сум дома“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ВЕРА: Да, знам. Да бев на твоето место, јас одамна ќе се разведев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не му беше повеќе важно како и кога ќе се случи тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
После тие ги тресеа со метлата и своите ќуркови, во чија волна на јаките снегот беше така впиен, што можеше да биде исчистен само кога ќе се стопи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе се одземе човекот и во раце и во нозе и не може ни да се закопча, ни да се почеша, ни од муви да се одбрани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, што е, тука е. Тука е. Ќе се тегне, ќе се дотегне како што напишал Севишниот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе се пресрамам и ќе се вратам од кај што сум дошол.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пеш ќе се вратам до дома. И јас, исто така.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И, како што се појави така и исчезна. „Живот на сенките“, заклучи Филип Д. „Ги снемува на ист начин како и што ќе се појават. Недопрени“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некои ќе се расплачат и немаат време да си ги избришат солзите, што се вели, зркнале во мене и гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со луѓето надвор разговорите и кога ќе се поведат, се скудни. Тие се само за моментот, суви и лицемерни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И пак ќе се стемни и пак ќе ме викнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немоќна пред агонијата на сопственото лудило очајнички се обидувам да се соочам со сопственото “Јас”, да го откријам стравот на сопствената душа, страв од солзите во очиве, од последната надеж дека во моето срце ќе пронајдам светлина и ќе се покаам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Горе се виде, ја украдоа дарванската вода, и никогаш не ќе се врати“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
2.  Должникот може да го пребие побарувањето што го има спрема својот доверител со она што овој го побарува од него, ако двете побарувања гласат на пари или други заменливи предмети од ист род и ист квалитет и ако двете се стасани (чл. 325, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, сите се прашуваа дали ќе најдат работа кога ќе се вратат во својот крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас сега конечно ќе се упокојам, ќе спепелам и ќе се вратам во утробата на земјата од која бев создаден.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од сега па натаму ќе се најдеме на исправена линија со народните републики на Европа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вчера за малку ќе умрев. Ќе се отруев од прскачот за тавтабити. Многу се исплашив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе остане да ве спотнува вас, живите а со мене, напуштена, ќе се подбива ли, ќе се подбива! ____
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога ќе се стемнел, со жили и мускули во својата става за тројца, мечката бегала од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега легни, одмори се, а кога ќе се разбудиш, сѐ ќе ти биде јасно!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ако ѝ рече да си оди, таа ќе се врати, зашто и Амдие, Разие и Селвие трчаа по неа да ја прашаат што да прават со сланутокот, или дали е арно ралата, плуговите, дрвените лопати за веење, вилите, греблата и срповите да стојат на истите места како и порано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од КСС, пак, објаснуваа дека во укинување на работничката книшка не гледаат ништо спорно, бидејќи сѐ ќе се евидентирало компјутерски, а работникот, секој месец, ќе добива компјутерски извештај!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пак ќе се вратам во кривиот ќорсокак и пак ќе се судирам со Баждера, со агентот и со сивите жители.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога некое рипче ќе се превртеше, ќе блеснеше на сонцето како да беше сребрено.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Идевме во светот на овие книги и на нивниот господар на несетно топење и исчезнување на нашите илузии и вознеси, со кои во спротивно ќе застраневме и ќе се судревме со балканската калдрма.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога Гоше ќе се појавеше на вратата на аптеката „Здравје“, на Ласте срцето му заигруваше, го фаќаше под рака и заедно влегуваа во малата просторија наменета за прием на стока, за да кренат по едно до две чоканчиња ракија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сето тоа беше толку мачно, и толку тажно и беше лицето, усните ѝ потреперуваа и ми се чинеше дека во секој момент ќе се расплаче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Другите писмена ќе се достават лично кога тоа со овој закон изрично е определено или кога судот смета дека поради приложените исправи во оригинали 132 или од некоја друга причина е потребна поголема претпазливост (чл. 137, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многу работи ќе треба да се разјаснат пред да го сторам тоа!“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Шака не е. Нови берданки за по три лири кој ти дава?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, мене, ќе ми се сожали, некако, за човекот, ќе ми падне грев, којзнае и нему како му е, пак ќе си речам, и ќе се истргам од класината зад амбарот. Ќе излезам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги прашав дали сакаат она што останало од нивниот однос да биде и понатаму детерминирано од овие форми, или пак повеќе сакаат да интервенираат и да влијаат на развојот на настаните - да определат како ќе се развива (она што останало од) нивниот однос на начин кој и на двајцата би им одговарал? 42 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нејзиниот адвокат се обиде да внесе чувство и почна трогателно: Замислете, господине судија, да ни се случи вакво нешто на нашите жени или ќерки, како ќе ни е, како ќе се чувствуваме...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сега ќе се женам и на свадба ќе те канам. Ама да ми дојдеш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само да ги ѕирнам децата, велам, макар од врата да ги видам, велам, макар од преку пат да ги видам и ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За секое нешто ќе се советувате со поп Јанчета.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И само ако се пофати правиот конец, таа преѓа ќе се расплете и ќе се ослободи заробениот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Е, ништо, сега ќе се умира, си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, со стисокот на твојата рака, ќе се обидеш да го пренесеш и да го прикажеш твојот голем „успех“, долго држејќи ја мојата нежна рака во твојата дланка, обидувајќи се да се сетиш на моето име...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бев спречен да присуствувам на погребот на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Чекај малку! - врескаше Бистра, а сестра ѝ потскокнуваше во место или се испречуваше пред лулашката, но кога ќе видеше како Бистра со голема брзина се враќа накај неа, ќе се тргнеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Камбо тогаш ми рече: Миле, ќе кажам дека јас ја прекинав колоната, јас сум Циган и не е штета што ќе загинам, а ти си убаво девојче и ако загинеш цел баталјон ќе плаче, а кога ќе чујат во селото и тие ќе се расплачат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Богуле, уште пред да дојдат тие, ќе се качеше на петаврите од плевната и ѕиркаше озгора гледајќи ги легнати на сеното.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се заборавале непријателства, се раѓале пријателства, се довикувале едни со други лутите противници, се заканувале, се исмејувале, а одвреме-навреме и за гуша ќе се дофателе будали поединци а оние другине, поумните, брзале да ги раздвојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Селаните кришум се подбиваа со неа кога ќе се говореше за некој далечен настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Кога ќе се омажите, момчињата до улица ќе си ги испратите, убаво ќе ги загледате од сите страни, да не ви се смее народот (ако го пуштиш маж ти со некој залепок-флека)“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе се присетите кога мајка ви ви дава подзасушено лепче, а вие одбивате, барате топол леб.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа доаѓаа на ред јаболката, а на крајот, на истекот од зимата, кога сѐ веќе ќе се дојадеше, доаѓаа на ред дивите јаболчиња, киселиците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се умира ли кога ќе се исечат ноктите?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе прецапа, ќе види колку е длабоко и пак ќе се врати. По мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Првите денови, кога нешто ќе спремев, и ќе ставев на маса, тој ќе ја земаше својата чинија и ќе се повлечеше во собата, или пак ќе јадеше отпростум, свртен на некоја страна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но најчесто се случува луѓето кога ќе се најдат во спиралата на потрага по моќта за владеење, да се однесуваат како суштества кои живеат во илузијата дека нивното присуство во светот станува капитален чин, небаре неопходен за движењето на материјата, рамнотежата на светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бошко обично ѝ седеше крај нозете, лигавејќи се од радост кога врз ѓерѓевот ќе се појавеше нешто познато.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе се вратиме сакам и ти да го запознаеш. Сигурно ќе ти се допадне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
4.  Инаку, во нашиот Кривичен законик (1996) постои и кривичното дело „Злоупотреба на овластување во стопанството“ кое спаѓа во групата на казнени дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој ли конец во кое клопче тогаш ќе се смота?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А лебот се испарува, како нечија душа да се испушта оттаму. Ќе се пресегнам и нема ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светот е направен од челик, светот е брич, систем на жилети, без мене во него ќе се исечеш за три секунди.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Оргијата инаку нема да ни успее. И таму ќе се расоблечеме. Голи, како од мајка родени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Само кога ќе се случеше да ја стави дланката на ќелавото теме, изгледаше како да се сеќава на уништеното лице што го гледаше од огледалото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако требаше, на пример, да оди во бавчите од татко му кон охридското џаде, пред да оди таму тој небаре веќе беше стасан во бавчите и береше јаболка, а и кога ќе се отклонеше назад, тој сѐ уште живееше со сѐ што погледот му беше насобрал оттаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дел од католичките конзервативни интелектуалци блиски до тогашните клерикални кругови долго време ќе се противат на синкретичната арапско-шпанска цивилизациска синтеза, додека за прифаќање на нејзиниот траен удел во обликувањето на националната шпанска култура не можело да стане ниту збор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нека ме видат другите, си помисли, ќе се правам наудрен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кај и да ја шутнеа, топката, ќе се дотркалаше до мене. Просто ме бркаше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Најпосле, и мнозина Македонски Словени со грчко образование ќе се признаат за Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На прашањето од татка му кај оди толку рано одговори дека има нешто да учи со другарите Лулето, Русета и други, та ќе се соберат" кај Шпира Калешков да им покаже тој како ученик од II одделение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Прашуваат што ќе се случи со нив?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе се сретнеме на место на кое не постои темнина“, му беше рекол тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ќе дојдат и ќе се одмаздуваат. Овие ќе отидат како што дошле, ние ќе останеме да плаќаме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Познато ви е, нели, дека и најмалиот поток никој не го води, никој не му одредува патека по која ќе се движи, а сепак слегува во долината и ќе се влее во големата вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Е па, дали блазе си ми или еба си ми, како ќе се земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не од понизност, од самољубие приложувам една реминисцентна сцена во која ќе се препознавам трајно можеби не само јас: од мојата уста-песна на мајчин јазик излетува опсесивен копнеж - некој речиси жив човек а јас останувам устремена на истото место но божем се враќам Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ќе се најде со семејството во егзил во Либан, каде што за првпат ќе го разбере значењето на зборот татковина, потоа на зборовите, војна, бегалци граници, чија реалност ќе го следи до крајот на животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе им кажеме кои сме и што сме и ќе се пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред секое тргнување некаде, ќе се испули во небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ќе те удира, а ти ќе се превиткуваш, ќе потсинуваш, ќе се собираш копец во вратот и во срцето, ќе ја собираш устата, ќе ја собираш раката и, примижувајќи пак ќе ја подаваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Болно е, велам, ќе се расплаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мене да ми беше мајка, ќе се убиев за да најдам мир!!! Нималку не се насмевнав и засмеав.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе се измочате од страв, бе. Пуздер ќе ве направам. Ќе видите убаво.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како која Русинка ќе се доближи до војникот и — паидјом, — ќе му рече.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина ги одбра луѓето, по чии што стапалки ќе се загледаш како теле, мислеше солзејќи од смеење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
60. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, битно е тоа дека – теоретски е можно – работник кој тужел и по истекот на застарениот законски рок да успее да го добие спорот доколку тужениот работодавач не поднел навремен приговор за застареност на побарувањето!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тие ќе се наредеа, во низа ќе се наредеа и ќе си подаваа котли и грнци со вода, и ние ќе ги натуравме цевките. Бжж!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ракописот беше спокоен, како со него да беше испишана едноставна порака, известување дека излегла од дома, и наскоро ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— Ќе причекаме, деца, да видиме белки сами ќе се ископелкаат некако.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И налето, по вршење, ќе се прошета лично бацко Пере по селата, ќе се види со пријатели и ќе ја собере вересијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зарем да нема никој свој во салата, блиски очи што ќе те храбрат кога ќе се јавиш на бината, што ќе се израдуваат повеќе од очите на сите присутни кога ти ќе излезеш, кога ти ќе рецитираш...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Доколку му забрани или го успорува влезот на Светиот ветар, во неговиот ум ќе владее темнината: тогаш како на пустинскиот рамен песок, ишаран од ветарот на пустината, во неговиот ум, секогаш ќе се повторуваат истите нешта, врз површинското платно на секојдневието.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога ќе му дојдеа пријатели дома, ќе им речеше ѓаволесто: „Денеска не мислев да пијам баш - но ќе се кандисам за атерот ваш...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Другари, четници! — се провикна потем Пере. — Нашиов штаб, како што слушнавте, ќе се прибира во Бугарија, да ги спасува своите глави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе замине и ќе се врати качен на коњ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога ќе прозбореше или ќе се насмееше, само два-три заба наѕирнуваа, а тие беа излижани и пожолтени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И кој умее и кој не умее на свадба и на коледица ќе се научи и ќе се пресрами.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тогаш му се чинеше дека ѕидовите на станот ќе се срушат од дивиот ритам на бесот што го слушаше во себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А другачки ми: ха, ха, ха, - ихи, една ќе се изука, друга ќе ѝ се привдаде, се смеат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ТЕОДОС: Кој знае колку време ќе се матка онаа фатена во рацете со таа дамка.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Погоди, - повтори Барбут- бег, и самиот намигнувајќи ми, но со двете очи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога во глобалистичката агенда не е предвидено Формирање на невладини организации Кои сесрдно ќе се борат за неотуѓивите права на кривите краставици И од нив да се прави салата на европските трпези Како што на пример на почетокот на дваесет и првиот век Имаше портокалови и други невладини организации Кои со каранфили и рози им го поплочуваа патот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Татко најмалку очекуваше дека оваа турска неодредена заменка, од арапско потекло (на турски falan, на арапски fulan), но набргу, откако Камилски реферира за нејзината генеза и значење (некој, тој и тој) и посебно за фактот што големиот француски славист Андре Мазон ја анализирал и ѝ посветил посебно место во своите Документи, познати како Словенски прикаски и песни од Југозападна Македонија (1923), забележани за време на Првата светска војна, кога како резервен офицер на француската Источна армија, со други илјадници француски резервни офицери, голем број интелектуалци од најразлични професии, ќе се најде на Балканот, посебно во Македонија и во Албанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Немој, ќе се отруеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не, не плачи Луцијо; овој свет за мене без тебе е безвреден, и затоа си одам, и ќе бидам нешто друго, оти и твојата партија од мене бараше да бидам нешто друго; но јас по божја волја ќе се видоизменам, а не по желба на човек; оти јас веќе некогаш порано сум бил и момче и девојка и грмушка и птица и лушпава риба што од морето скока...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се колат брави, овци, јагниња, па некаде дури и крави, волови и се спремаат манџите за утрото, да бидат готови, оти тогаш ќе се стои од други поважни работи — пречекај испрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со оглед на ваквите податоци, предвидениот законски цензус од 50 работници се чини превисок и во иднина би требало тој да биде преполовен, со што ќе се овозможи поголема ефективност на оваа законска одредба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Јас ќе се стресам: кај им ги носат нозете и рацете со кои се служеле дотогаш, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Би си ја разгалиле душичката и со пилешка супа со рузмарин, а за десерт смокви со рикота сирење или најдобриот лек за да ја заблажите болката, парче чоколадна торта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се направи болен. Хашишот само навреме да стигне. Триесет грама сигурен...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Што туку си се разврескал! – му се вдаде тетка ми – каде си пак ти толку долго?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И ќе се покрене ли оној дебел ремен, ќе тргне ли...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тој ден уште повеќе се немтуросал, се замислил, и тој како и Селџик-бег бил смирен објаснувач на Коранот: Алах нѐ создал сите, само тој може да нѐ успокои.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто ми е замрежен погледот кога под нив ќе се насмевне песокот?
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И можеби некогаш таму, во некое друго време, раце ќе се подадат над нашите коски, ќе ги израмнат гробовите и врз нас мислите ќе полетаат високо до небото...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СЕЛАНЕЦОТ: Ако земам, белќи ќе се пишманам, ако не земам, бездруго ќе се пишманам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Рацете и нозете ми беа врзани со дебело јаже од кое ни најмускулест орангутан не ќе се ослободеше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зар тоа доволно не објаснува од каде сум“, ќе соопштеше со некој нагласен патос уметникот - Генерал, и наеднаш ќе се сепнеше и самиот изненаден од големината на зборовите што ги изрекол, па затоа и ќе се насмееше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За тоа време, скриена од светот Горда го родила детето и го оставила да го чуваат јабанџии, ветувајќи им дека наскоро ќе се врати да си го земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој ќе треба да се заколне дека ќе се придржува кон сите точки што тој ги предвидува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Европа и Русија настојуваа да се изработи план за реформи во Македонија и во 1882 година тој план беше веќе готов и ќе се настојуваше да се воведе, кога „новиот политички фактор на Балканот” го кажува своето вето и наместо реформи – сака за Македонија бугарски владици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Утре в зори ќе ја земеме таа што ќе дојде да ни донесе храна, и неа ќе ја заѕидаме во темелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поправањето ќе се изврши со посебно решение и ќе се внесе на крајот на оригиналот, а до странките ќе се достави препис од решението.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Дури ќе бидат тука четите таинот го сакам навреме, — си ја даде наредбата кога излезе од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По југословенско-советскиот судир кон крајот на 1948 година и нарушувањето на односите со Југославија, младиот брачен пар, во знак на патриотизам ќе се врати во земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Надевај се. Тебе во гроб ќе те спуштаат, ти уште ќе се надеваш”. Ќе се поправам. Нема време за ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Колку и да сум претпазлив, низ буквите и редовите се исцртуваат патиштата и станиците, и јас потоа одам по нив и запирам, го чекам автобусот во кој е веќе речено дека ќе се качам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Толе вети дека ќе се држи како вистински проповедник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Благодарение на годините што си ги поминал со Елен Лејбовиц сосема непозната жена што во Твојот живот влегла буквално од никаде, та и излегла од него по истиот терк, исчезнувајќи (во текот на Божиќната ноќ) во некоја конечна бартовска тишина...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
— „Море, ќе седна кај Арслан шо седеше, макар да знам и ќе се поѓупча, не само шо се посрби!“ — се заколнуваше Јован и се гледаше да му подметне нешто на Бина за да го турне од мудурскиот стол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што сакаше да рече Турција со тие списоци е многу јасно: „Јас сакам да воведам реформи во Македонија, но наместо реформи сега-засега ќе воведам аскер и маки, зашто земјата се готви за револуција, подготвувана од престапното работење на комитетите, коишто претставуваат како држава во држава: ќе ми дозволите првин да ја смирам земјата и да воведам мир, а после ќе се воведат нужните реформи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истиот миг ние двајцата се смиривме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стар адет на Велигден да се кршат јајца и чие ќе падне — ќе се скрши — ќе му го даде на победникот. Не само децата и ергените, ами и по некој постар, та дури и старци си прават разонода со ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи директивата едногласно беше прифатена од селото, на дневен ред дојде да решиме како ќе се собираат кучињата, каде ќе се тепаат, и кој и како ќе ги убива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Одеше по фабриките и ги поттикнуваше работниците да штрајкуваат за покусо работно време и поголеми плати, а фабрикантите плаќаа луѓе да ја претепуваат толку крвнички што со денови лежеше во бессознание, а потоа, кога ќе се исправеше на нозе, одново одеше по фабриките и ги организираше работниците и одново ја претепуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу комитетите тогаш ќе се зафатеше погубна меѓусебна борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе се стемни, можеш и од под куќа да им го наслушуваш чешањето на луѓето. 78
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога имав осум години, сакав да имам дванаесет, кога наполнив дванаесет, се си велев, ќе станам ли јас еден ден голема, ќе престанат ли веќе еднаш да ме сметаат за дете?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е наивно да веруваме дека доброто со добро ќе се врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И така со години: кога ќе се повлече езерото - умираат, кога ќе надојде - оживуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Македонецот ни лук јал ни ќебапи мирисал освен кога ќе земеше плата ама и тоа кратко траеше затоа што за 5 дена парите ќе се спичкаа за сметки и основни намирници.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И нешто од носењето, но повеќе од сонцето и прашината, - палтото избледе и некако потемни, што можеше најарно да се забележи кога ќе се кренеше реверот или низ малиот процеп на испараниот астар. Но ништо за тоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Постојано ќе се поздравува со некој пред себе на масата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се „фурам на шема – Гонцо“: храната е супер, луѓето се богати, имам пари колку сакаш, не сум болен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ме сметаш за враг, Орлене, знам. Младиот Куно Бунгур го сфатил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навечер, кога ќе се враќаше пијан, со замрсена брада и крвави очи, пеејќи низ нос некаква рзвлечена песна, децата одеа по него и пакосно му довикуваа: Руски чо-ло-век врзан за ди-рек плаче за ѓеврек...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе се свртам да видам кој вика и тогаш ќе се фатам дека јас сум викала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сезаме, отвори се - ѝ вели на аеродромската врата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јасно ми е со какво негодување ќе се однесат мнозина кон овој мој предлог.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Една, една нека биде. По неа в година ќе дојде друга, трета и така народот ќе се пробудуа по троа, по троа. Ногу убаво си намислила.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И куќите туку ќе клекнат, ќе се преполоват.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако делото е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се буниш што луѓето се затворени, а ако ги пуштиме надвор ќе се задушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе е од за верување оти ќе се најдат и такви. И тие ќе бидат крајните сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кон болките сега се придаде и една тешка грижа, да не го побараат, да не го спашкаат по адресата, и дедо Иван ќе се разочара во него, ќе види со кого имал работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таквите ограничувања на количините воздух какви сѐ последици ќе создадеа и каков колапс ќе се случеше?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нам ни остана само клучот од куќата, во врската со други­те клучеви од напуштените куќи, при преселбите, со пустата надеж оти ќе се вратиме во нив пред да ’рѓоса бравата на заборавот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дојде џип да ме земе и сега пак ќе се делам со детево.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За попот си ја зеде грижата дедот Петко, а вечер ќе се приберат Стојо и Трајко, угате по некој поблизок роднина и — тие ќе бидат, нема да собира „Чочово бачило!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се вртам, вртам така па ќе ми притежи ногата и ќе се одвалам на креветот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност, повремено заспивајќи –насекој час по десет до петнаесет минути – ни овозможуваше да здивнеме, без да го забележи тоа тој или некој друг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ајде, Цезар... Кога животот на еден кловн ќе се заборави, неговата смрт, ако е необична, може долго да се памети.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Или, Кетрин ќе умре и со вешто маневрирање Винстон и Џулија ќе се венчаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И токму кога помисливме дека пламенот ќе се вивне до небесата... - а солзата која последна капна го изгаси и последното недогорено жарче, остана само пепелта која никогаш повеќе не се распали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стотици мртви и еден коњ, премногу за тоа запурно лето без гуштери на излишавените карпи, сите до една слични на згрчени чудовишта, еднаш, кога и да било, ќе се тргнат од летаргија и ќе појдат да се хранат со човечки коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Аждерот беше незаситен, затоа како најслатка храна му ги даваа и сите што ќе се разбудеа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
— Бујрум, бујрум, повели кога сакаш, дуќанов е твој, Стевко, Да те викам дома на ручек, знам ота не идиш, туку дојди барам овде, на дуќан — ќе се полафиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се фатам кај што го гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се чуеме“, рече другарка ѝ, и благо одмавна со раката, упатувајќи се во спротивен правец.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Колку ќе се успокоиме кога камените ѕидови ќе нè разделат од калешава...’ А најмладиот се вратил под својот шатор, пеплосан и помирен со судбината, како човек кој на својот пат ја сретнал Смртта лично, со коса на рамо, како кога оди да ја собере својата жетва.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Китна и убава е Осогово Планина. Особено во пролет, кога ќе се искитат со зеленило убавите стрмни зелени падини.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еден авион ќе си го истера редот, а друг ќе се зададе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Немој да си замислуваш, Винстоне, дека ќе се спасиш, сѐ едно колку целосно ќе ни се предадеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Марко, баш затоа што ја знаеше маката на Мехмед-паша, божем му ги чита мислите, рече сега: „Слушам, светол пашо, откога ќе се одмориш од бојот, си наумил да вршиш некои поправки во Исхак-беговата џамија?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Постапувајќи така ние ќе се ослободиме од грешките што ги прават другите балкански народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А таа, Љуба, не можела, трпи и црнеј, крепи ја куќата, за кога ќе се врати тој, големиот домаќин Никола, чесниот божем и почитуваниот и од слуги и од Турци големци, да му биде сѐ подредено и зачувано.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Крцкаат гранчиња, крцкаат и моите коски. Сѐ туку мислам дека некоја ќе се одвинти или ќе пукне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ќе смелете, тоа ќе изедете. Децата пак ќе ви се збрчкуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
10.  Во главата која носи наслов Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот, постои казнена одредба со наслов „Предизвикување опасност при градежни работи“ која гласи: Одоворно лице кое при проектирање, раководење или изведување на некаква градба или градежни работи ќе постапи спротивно на прописите или на општопризнатите технички правила и со тоа предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери – ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на летото ќе се снимаше целата документација на изградбата, а по потреба на етапите во градењето ќе се продолжи и вон сезоната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
— А бре, како ќе се главиш, бре Крле, главата да му падни да даде господ, вешчерот стар! Кој ќе чуе, ка ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога одев да ја посетам Сара, сѐ почесто ја наоѓав во пеперуткарникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме мачат така соништата и не ми оставаат ни мирна ноќ, ни мирен ден. Ќе станам, ќе земам стомне од водникот и ќе се измијам образ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЛУКОВ: Не мислиш сигурно јас да останам невооружен, кога ќе се вратат од акцијата?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но незбежно така испаѓа и според судбината и според неговата желба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А тој самиот си се познаваше добро: ако тргне по патот на козарите, ќе им се предаде со сета душа, ќе ги поведе, ќе им ги открие своите книги за козите, ќе се вклучи вистински во времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сѐ така: не обраќајќи внимание на никого и ништо, загледан вземи ќе се покаже и ќе одмине...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Каде, во кој правец ќе се оди? (На југ, на југ...) Во секој вагон влегува по една милосрдна сестра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Откорнатите грамади ги преземаше втората група и ги ситнеше со чекани – бараше дијаманти. ( Ако се знае дека еден грам од таа скапоценост на 15 000 тони ископан камен, лесно ќе се замисли тешкиот живот на малите несреќници).
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сликата не се движеше. Чекавме што ќе се реши за внесувањето на ковчегот во куќата, а кога веќе се виде дека не се внесува, остана ковчегот на тракторот и тргнавме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секоја вечер, коа си идело момчето од чаршија, сѐ ќе се допрашало момчето до старио за некој работи што видел и чул дента и сѐ нешто ќе се понаучело момчето од старио си татко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Море, кажи дали ќе се расправи времево?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сповојница ќе се збира утре ... па шо сака нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„А во кого ќе се вљубиш сега” следуваше сериозната зачуденост што можеби најјасно ја отсликуваше нивната загриженост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- „Го обрав бостанот! Да ги видев порано, ќе се скриев негде крај патот во трњето.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе се свртам и — го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе се обеси кога ќе си го видиш тилот“, мудро се сети Никола Влашки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се качеше во камионот од другата страна и тогаш ќе се одвезеа во големиот град по долгите улици сѐ додека не доаѓаа до местото од каде што отпочнуваа со работа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во откраднатата крбла за млеко гмечел со боси нозе туѓо грозје, се опивал, ревел споулавено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна (чл. 289, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со измените на членот 16-а од јули 2008 потенцирано е дека доделувањето на неповратни средства ќе се врши „во рамки на расположливите средства на Посебниот фонд“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако поживее година две, ќе се научат со дете, па после не ќе можат без деца, та ќе си го земат Илка мој. И така името му го носи на браче Илка.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А сепак беше пријатен, особено кога ќе се насмевнеше. Тогаш од неговоте очи избиваше топлина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога стигнал со своите голтари до Скопје, она што никој не го памети и што го запалиле австриските војски на честитиот или никаквиот цар Леополд, ајдутот Парамон дошол пред књазот Карпош и му рекол дека ќе се бори на негова страна за човечки правдини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рецензијата, го измазнив гласот, што ќе се обидам да ја напишам: ќе биде само недостоен, блед одглас на суптилната вредност на неговото дело.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас тоа го избегнав, само му ја дадов пушката и му посакав сè убаво да му биде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не ќе се смирам никогаш во загушлива атмосфера од пцости...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ако се промени нешто овде, на оваа страна од границата, тешко ќе се промени таму.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе се најде кој да нареди – да ни цркнат козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги ослободил очите од тешките клепки начичкани со невидливи боцки на недоживеан замор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па ќе се престрашам, ќе одам да го барам, натемаме натема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога некој ќе се најдеше да дојде кај Бошка и наместо да побара заем да моли за прошка, тој ќе му речеше: - Не можам, не моли ме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А за крај ко ќе ја пуштиме сирената да рика, леле мајко, ќе се скапи од бегање.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Возрасните не го сакаа. Се плашеа од него, па кога ненадејно ќе се појавеше на плажата, одеднаш ќе се создадеше необична забрзаност: почнуваше панично викање, мајките ги довикуваа своите деца и ги засолнуваа подалеку од брегот, во безбедност.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе се каже кога пристигнува возот со децата и ние, од рани утрини, ќе се наредиме на станица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттогаш кога на небото ќе се појави авион, Гошко ја крева главата, го гледа, се восхитува и си вели: - Одамна, кога дедо ми бил дете, немало авиони.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И, којзнае кој ѓавол ќе им влезеше в глава, ќе се погледнеа како затвореници разделени со јаки железни шипки и со олкави солзи, ќе се изнаплачеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А магарето колку може да згази, кога копитата му се ко излижани стопариња. Ама ќе се мачиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ќе видите и - ќе се вратите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Ами, каде е сега, прашува Уља. - Штом се растураат војските подома, вели Јон, сигурно и тој ќе се врати. Кој е за враќање, ќе се врати, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со даноците кои ќе се собираа од 100 000 курви сите ќе живеевме као у Калифорнија. И волкот сит и овците поебани.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)