ќе (чест.) - ти (чест.)

Со народот да си добар, тоа ќе ти остане. Да му појдеш на радост, да ти дојде...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Никој не ќе ти се насмее, сите сме пијани.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ќе ти се зададе вака и ќе ти го зачачка носот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги чистиме, ги подмачкуваме и ги завиткуваме во мушами, во чаршафи, во што ќе ти се најде...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку - така, ќе ти направат, и нема мрдање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)