anchor - онтологија

вкотви повеќе

вкотват
Вид збор: Глагол, свршен
Спушти, фрли котва, за пловен објект, брод и сл.
Албански: ankoroj
(се вкотви) Се постави на одредено место, за пловен објект.
Албански: ankoroj

закотви повеќе

закотват
Вид збор: Глагол, свршен
Спушти котва од пловен објект на дното во водата, запре на едно место со помош на котва.
Албански: lëshoj spirancë, ankoroj
Се закотви, се задржи на едно место со фрлање котва.
Албански: ankoroj

котва повеќе

мн. котви
Вид збор: Именка, женски род
Железно орудие cо свиткани краци што се спушта cо синџир на дното за да го држи бродот на одредено место.

мачка повеќе

мн. мачки
Вид збор: Именка, женски род
Железо за закотвување на чун, кајче, брод.

сидри повеќе

сидрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Фрла, спушта сидро од брод, пловен објект за да се држи, да стои на едно место.

сидро повеќе

мн. сидра
Вид збор: Именка, среден род
Железно орудие за врзување на пловни објекти.
Грчки: σίδηρος

укотви повеќе

(се) укотват
Вид збор: Глагол, свршен
Фрли котва.
Албански: ankoroj
(се укотви) Фрли котва.
Албански: ankorohet

укотвува повеќе

Види и: укотви (св.)
укотвуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Фрла котва.
Албански: ankoroj
(се укотвува) Фрла котва.
Албански: ankorohem

усидри повеќе

усидрат
Вид збор: Глагол, свршен
закотви
(се усидри) се закотви