class - онтологија

клас повеќе

мн. класови
Вид збор: Именка, машки род
Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма.
Албански: klasë
Употреба: Образование
Група ученици што заедно посетуваат таква настава.
Албански: klasë
Употреба: Образование
Училница во средно училиште.
Албански: klasë, mësojtore
Употреба: Образование

класа повеќе

мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и иcти економски интереси.
Албански: klasë
Употреба: Економија
Поими, предмети, појави коишто според својата структура или по некоја своја особина претставуваат посебен вид, посебна група.
Албански: klasë
Единица во класификација на растенија и животни (потесна од коло или тип, а поширока од ред).
Албански: klasë
Степен на напредување во службата.
Албански: klasë
Употреба: Административен термин
Како дел од називи за одделни чинови во војска за определување на старешинскиот степен.
Албански: klasë
Употреба: Воен термин
Поделба на местата за патници во некои превозни средства, во зависност од удобноста, комфорноста што ја нудат.
Албански: klasë
Употреба: Транспорт
Група ученици или студенти, што се школуваат кај еден предавач, професор по уметност (глума, музика, сликарство).
Албански: klasë
Употреба: Образование

класен повеќе

класниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на клас.
Употреба: Образование
Што се однесува на класа.
Употреба: Филозофија

курс повеќе

мн. курсеви
Вид збор: Именка, машки род
Кратка настава и обука од теоријата и практиката на некоја наука или струка.
Албански: kurs, mësim
Употреба: Образование

одделение повеќе

мн. одделенија
Вид збор: Именка, среден род
Клас во основно училиште.
Албански: klasë
Употреба: Образование

општество повеќе

мн. општества
Вид збор: Именка, среден род
Група луѓе обединети со заеднички интереси, статус и потекло.
Албански: komunitet

разред повеќе

мн. разреди
Вид збор: Именка, машки род
дел, група
Албански: klasë

ранг повеќе

мн. рангови
Вид збор: Именка, машки род
категорија, положба, достоинство, класа
Албански: rang, klasë
Употреба: Административен термин

ред повеќе

мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
значење, важност, класификација, група
Албански: rradhë, klasë

слој повеќе

мн. слоеви
Вид збор: Именка, машки род
Група луѓе со еднородни признаци.
Албански: shtresë
Употреба: Политика

сословие повеќе

Види и: сталеж (м.)
мн. сословија
Вид збор: Именка, среден род
сталеж

сталеж повеќе

мн. сталежи
Вид збор: Именка, машки род
Општествена група; група лица обединети со професионални интереси.
Албански: klasë
Употреба: Економија