исчуканиот
Вид збор: Придавка
Што е збудален, ненормален.
налудничавиот
Вид збор: Придавка
Што не е сосема луд, мрднат, чакнат.
наудрениот
Вид збор: Придавка
чукнат, мрднат, луд
Примери:
Кога треба да враќа пари – тогаш се прави наудрен.
поулавени
Вид збор: Придавка
Што е избезумен, што е полуден.
разлудениот
Вид збор: Придавка
Што е умствено растроен во нагласена мера; станал луд или уште полуд.
Непромислен, неразумен во голема мера.
разулавениот
Вид збор: Придавка
Што е поулавен, безумен, избезумен, збеснат.
смавнати
Вид збор: Придавка
спобудален, спопалавен, споулавен
чалнати
Вид збор: Придавка
За човек – мрднат со умот, удрен, мавнат, чакнат.
чукнати
Вид збор: Придавка
Благо ментално заостанат.
Примери:
Чукнат глава, чукнат од умот.
шашави
Вид збор: Придавка
будлест, луд, несериозен, неодвоворен, налудничав
швркнатиот
Вид збор: Придавка
удрен, луд
Примери:
Тој изгледа малку швркнат.