crumble - онтологија

доиздроби повеќе

Види и: издроби (св.)
доиздробат
Вид збор: Глагол, свршен
Издроби нешто до крај, додроби.

дорони повеќе

доронат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрони до крај.

зарони повеќе

заронат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да рони.
Албански: thërmoj, troshit
(се зарони) Почне да се рони.
Албански: thërmoj, troshit
(се зарони) Почне да паѓа едноподруго.
Албански: troshit
Употреба: Преносно значење

затроши повеќе

затрошат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да троши, да прави трошки.
Албански: fillon të harxhoj, shpenzoj

издроби повеќе

издробат
Вид збор: Глагол, свршен
Со дробење иситни нешто до крај, целосно дроби.
Албански: grimcoj, thërmoj

изрони повеќе

изронат
Вид збор: Глагол, свршен
Одрони, поткопа земја, камења и сл.
Албански: shkërmoqet
(се изрони) Се одрони, се поткопа земја, камења и сл.
Албански: shkërmoqet

нарони повеќе

наронат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрони доволно, колку што е потребно.
Албански: thërmoj
Употреба: Гастрономија

одрони повеќе

одронат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели мал дел од нешто со ронење (земја, камен).
Албански: shembet, rrëshqet

понадроби повеќе

Види и: надроби (св.)
понадробат
Вид збор: Глагол, свршен
Надроби уште малку, донекаде.

понарони повеќе

Види и: нарони (св.)
понаронат
Вид збор: Глагол, свршен
Нарони, изрони трошки, ронки во некоја мера.
Албански: thërrmoj

порони повеќе

поронат
Вид збор: Глагол, свршен
Рони малку, некое време пченка и сл.
Албански: kokërroj pak

растроши повеќе

растрошат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрони, направи да стане во вид на трошки, ронки.

рони повеќе

ронат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одделува зрна, обично на пченка, лисја, цут на дрво и сл.
Албански: shkëlmoqet
Руши, троши нешто на ситни парченца, на пример, леб, брег и сл.
Албански: prish
(се рони) За зрна, лисје, цут - паѓаат едно по едно.
Албански: bien
(се рони) За леб, брег - се троши, се руши.
Албански: shkërmoqet
опаѓа, папсува
Албански: bie
Употреба: Преносно значење

сипе повеќе

сипат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се сипе) се рони

срони повеќе

Види и: рони (несв.)
сронат
Вид збор: Глагол, свршен
одрони, изрони
Албански: shkërmoq
(се срони) се осипе, се изрони
Албански: shkërmoqet, shembet

сронува повеќе

Види и: срони (св.)
(се) сронуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) срони

троши повеќе

трошат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави трошки, дроби на трошки нешто.
Албански: harxhoj, shpenzoj
(се троши) Се прави на трошки.
Албански: thërmohet

урне повеќе

урнат
Вид збор: Глагол, свршен
одрони
Албански: shemb
(се урне) се одрони
Албански: rëxoj

урони повеќе

(се) уронат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) изрони
Употреба: Народна поезија