enjoy - онтологија

благува повеќе

благуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ужива, се насладува на животот, живее во задоволство.
Албански: shijoj

ведри повеќе

ведрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува радост, развеселува, бодри.
Албански: gëzojnë
Употреба: Преносно значење

весели повеќе

веселат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се весели) се радува
Албански: argëtohet, dëfrehet

густира повеќе

густираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ужива во нешто.
Албански: shijoj

заарни повеќе

(се) заарнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заарни) Стане некому нешто зрно, пријатно.
Албански: shijoj
Употреба: Разговорно

зарадува повеќе

зарадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зарадува) Доживее радост.
Албански: gëzoj

изнарадува повеќе

Види и: нарадува (св.)
(се) изнарадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Се израдува, се нарадува многу на нешто.

израдува повеќе

Види и: радува (несв.)
израдуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се израдува) Почувствува радост.
Албански: kënaqem, gëzohem

милее повеќе

милеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мил му е некој или нешто, го исполнува со задоволство, со пријатни чувства.
Албански: pëlqej

нарадува повеќе

(се) нарадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во радост со некого, со нешто.

наслади повеќе

(се) насладат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наслади) Се задоволи со насладување, се наужива.
Албански: ëmbëlsohem
Употреба: Преносно значење

наужива повеќе

(се) науживаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се задоволи во уживање.

обожава повеќе

обожаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сака некого или нешто, се восхитува од некого или од нешто; е приврзаник, љубител на нешто.
Албански: adhuroj, admiroj

повесели повеќе

(се) повеселат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине во веселба кратко време.

понасладува повеќе

Види и: наслади (св.)
се понасладуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се насладува малку, уште малку, доволно.

поразвесели повеќе

Види и: развесели (св.)
поразвеселат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поразвесели) Стане весел, се развесели малку, во мала мера.
Албански: gazmoj, disponoj pak

поужива повеќе

Види и: ужива (несв.)
поуживаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ужива малку, кратко време.

пријатно повеќе

Вид збор: Извик
Пријатно - желба за добар апетит.

провесели повеќе

Види и: весели (несв.)
провеселат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во веселење со песна и игра.

радува повеќе

радуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се радува) Преживува радост, пројавува радост, се наоѓа во весело настроение.
Албански: gëzohem

разрадува повеќе

разрадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разрадува) Доживее радост.
Албански: gëzohem, kënaqem
Примери:
Многу се разрадувал стариот.

слади повеќе

сладат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се слади) Причинува задоволство, ужива.
Албански: kënaqem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се слади јадејќи.

ужива повеќе

уживаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее во изобилие и задоволство.
Албански: kënaqë, shijoj
Има чувство на радост и задоволство.
Албански: kënaqem

услади повеќе

(се) усладило
Вид збор: Глагол, свршен
(се услади) Најде задоволство или уживање во нешто.
Употреба: Безлично
Примери:
Премногу му се услади дружбата со убавите девојки.